Разни вести, онака без врска - 3

Страна 34 of 35 Previous  1 ... 18 ... 33, 34, 35  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: Разни вести, онака без врска - 3

Пишување by чучулига on Нед Ное 12 2017, 19:48


_________________
BITCH
avatar
чучулига

Posts : 13317
Join date : 2014-07-11

Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести, онака без врска - 3

Пишување by VOL on Нед Ное 12 2017, 19:55

e aj.
avatar
VOL

Posts : 14761
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести, онака без врска - 3

Пишување by VOL on Вто Ное 14 2017, 07:03

ne znam koj bese pred toa, nitu koj e sega , selo-gradonacalnik vo ovaa opstina.
 spored tekstot, seto ova trae uste od SFRJ.
preporacuvam da se procita celiot tekst, zatoa i celiot go prenesuva, za da stoi- da se vidi, eventialno ako web sajtot od kade e zemen, vo idnina go trgne od arhivata.

znaci, od bivsa juga, preku nezavisna Makedonija do den denesen.
i ama voopsto ne e bitno koj politicar, cija partija, i taka nataka: site se isti!



 За да се одбранат од волци, со петарди в раце одат пеш на училиште и по шест километри
Четиринаесет основци од кумановското село Бајловце учат во никакви услови, немаат чиста вода за пиење, тоалет, ниту надгледни средства за нормална настава. Факултети.мк го посети училиштето и помина еден ден со учениците и нивните наставници.



Бисера и Мила пешачат по шест километри преку ридот до дома

Бисера и Мила секој ден стануваат во шест наутро, се облекуваат, ги ставаат ранчињата на грб и излегуваат од дома. Навидум сосема обична слика за ученици што одат на училиште. Но Бисера и Мила и уште десетина деца од неколку села од Општина Старо Нагоричане во зима мора да се „опремат“ и со петарди, и понекое стапче во малите смрзнати рачиња за да се одбранат од волци. Низ планинските ридови, на непрооден терен, пешачат и по три километри во еден правец, додека да стигнат до локалниот пат. Оттаму е полесно, се качуваат во комбето кое ги носи до кумановското село Бајловце. Кога ќе завршат со настава, повторно ги чека истиот пат до дома.



Водата е луксуз за децата од Бајловце

Автомобил не врви до нивните домови


Лето или зима, пеколно жешко или смрзнувачка, овие дечиња за да стигнат на настава мора да пешачат и по шест километри на ден. Братче и сестричка од Аљинце мора да преминат и река за да стигнат до асфалтираниот пат.
- Скокаме на камчиња низ реката, не е голема – велат тие.
Нивните соученици доаѓаат и од Канарево, Жељувино, Облавце.
 - Лани им текна да носат петарди за да се одбранат од волци. За среќа, досега не се случило нешто сериозно. Овие дечиња се мали херои – вели одделенската наставничка Љубица Симоновска, која 35 години работи во ова селско училиште.





Малиот Давид од Канарево храбро вели дека воопшто не му е тешко да оди на училиште.
- Во зима студи, потешко е кога ќе падне снег, но не ми пречи – вели тој.

Во време кога сите се мислиме дали да го однесеме своето дете на училиште кога роси, а школото не е оддалечено ни 500 метри, се прашуваме, како е можно мали дечиња во 21 век во Македонија да пешачат со километри секој ден и во олку сурови услови?
Ги прашуваме сите присутни во училницата. Нам не ни е јасно, но ним им е секојдневие. Едноставно автомобил не врви до нивните домови, вели учителката Љубица.

- Таков е теренот. Селата се раштркани, една куќа на еден рид, друга на друг. Поделени се на маала. Пат до нивните домови нема. Затоа секое од нив пеш оди до локалниот пат, од каде што ги зема комбето или теренско возило. Нема друг избор. Зиме првачињата ги испраќаат некои од родителите, но сепак веќе од второ доаѓаат сами. Навикнати се веќе – вели Симоновска.

Таа се сеќава дека пред десетина и повеќе години, кога зимата знаела да биде многу сурова и имало и по неколку метри снег, наставниците преспивале во селото. Некои во училиштето, некои во куќите на жителите.
- Последниве години сме немале такви ситуации – вели таа.



Тоалетите во дворот на училиштето

Нема чиста вода за пиење, интернетот е луксуз


Покрај тешкотиите да стигнат дотаму, 14 ученици од шест села што учат во „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бајловце немаат ниту чиста вода за пиење. Раце мијат од пластична канта, користат полско веце, небаре живеат во среден век. Вода за пиење добиваат од донации, а купуваат и наставниците и родителите. Тука и тетратките, лектирите, боичките и атласите се луксуз. Ако некој им донира, ќе имаат. Немаат телевизор, ниту пак интернет, кои им се неопходни за современата настава во 21 век.

- Неопходно ни е да добиеме интернет бидејќи ИКТ-наставата го бара тоа. Имаме три компјутери, но немаме интернет-врска. Е-дневник пополнуваме дома. Да бидеме реални, пишуваме дека држиме настава согласно програмата, но како да предаваме така кога немаме услови. Ја запишуваме, а не ја предаваме – вели Мирјана Томиќ, одделенска наставничка.

Во малата наставничка просторија, во која неколку од наставниците го поминале работниот век, дел од нив ги отворија срцата и раскажаа дека со тешки маки се обидуваат да држат нормална настава која ја заслужува секое дете.
- Немаме географски карти, немаме атласи, децата немаат тетратки, лектири, прибор за цртање. Ако некој ни донира, ќе имаат. Сите доаѓаат од социјалнно загрозени семејства. На некои родители поважно им е да купат пиво отколку тетратка за детето. Тоа е реалноста – вели наставничката Симоновска.
Таа предава комбинирана настава. Во иста училница учат првачето Мила, вторачињата Никола и Бисера, Анастасија, која е трето, и четвртоодделенците Давид и Мери. Петар е петто одделение и учи сам, со неговата наставничка Томиќ. Останатите ученици учат во предметна настава.



Во една училница заедно учат од прво до петто

Пред триесет години имало 230 ученици, сега само 14


Училиштето е реновирано пред десетина години, условите во училниците не се лоши, но сепак потребно е уште многу да се направи за учениците и наставниците да имаат нормални услови за работа. Подовите на ходниците во еден дел од училиштето се со стари штици, а внатрешните ѕидови се камени. Исто е како од времето кога било изградено. Училиштето е огромна голема зграда, која за жал сега зјае полупразна. Се користи само еден дел. Пред триесетина години во ова училиште имало 230 ученици, сега само 14.



Хол на училиштето

Учителката Симоновска е сведок на неговото замирање.
- Тешко беше да се гледа како умира ова училиште, го снемуваше бавно и болно. Една генерација си оди, другата што доаѓа - преполовена. И така, година по година, дојдовме до ова. Причина е иселувањето, селата ги снемува, а со тоа и детскиот џагор. За некоја година не знам дали ќе има деца. Овде се тешки условите за живот. Родителите се главно со основно образование. Или се иселуваат во градот или во странство – вели таа.

Светла точка во ова училиште е наставниот кадар, кој на некои од децата им се и мајка и татко. На шега велат дека се како мало семејство. Ние воопшто не го сфативме тоа како шега, тие се навистина како фамилија која негува вистински вредности. Токму тие им ја всадуваат желбата за учење уште кога првпат ќе стапнат во училиштето.

Наставникот по физичко образование, Никола Конески, посочува дека децата што растат и учат во вакви средини ретко го продолжуваат образованието.
- Да не се сфати дека ние, наставниците, се жалиме. Овде работат најсилните луѓе. За мене, секое дете е најважно, без разлика каде ќе се роди. Децата што живеат во вакви краеви имаат посебен менталитет. Сѐ влијае врз развојот на едно дете. Децата од вакви рурални средини тешко комуницираат сами со себе, а не пак со околината. Кога ќе одат во град, тие немаат доволно интерес да му се посветат на учењето. Постои една барикада и не се одушевени да продолжат со учење. Сум влегол во многу нивни домови каде што ретко можете и книга да видите – вели тој.

На училиштето му се потребни донации

 


Симоновска е сведок за замирањето на некогаш големото училиште

Наставничката Симоновска објаснува дека родителите на дечињата главно се занимаваат со сточарство и земјоделство, а и дечињата многу работат низ полињата.
- Децата се трудат колку што можат, но дома не добиваат многу внимание околу учењето. Тие и дома им помагаат на своите родители. Некои немаат ниту телевизија – додава Симоновска.

Најстарата наставничка од ова училиште ни призна дека не е лесно да се предава комбинирана настава. Таа за секој ден подготвува од 20 до 24 часа.
- Кога се воведе „Кембриџ“, наидовме на тешкотии. Нашите деца не се подготвени за оваа настава зашто не одат во градинка, немаат предзнаење за таа програма, некои не се ниту социјализирани.

Наставниците со децении работат во вакви услови. Тие не ги штедат пофалните зборови за децата што се трудат повеќе.
- Викторија ни е највредна од сите деца, сите наставници ја фалат и сака да ги прочита сите книги во нашиот кабинет – вели наставничката Томиќ.
Викторија сѐ уште не знае каде ќе продолжи со образование.



Викторија со наставничката Томиќ

- Сакам да учам, убаво ми е на училиште, би сакала да завршам факултет – вели таа.
Малиот Давид, пак, се надоврзува дека сака да учи музичко, а првачето Мила - македонски јазик. Таа без грешка ни ја изрецитира песничката „Прваче“.






Овие наставници сами си го плаќаат и превозот до училиштето. Кога децата треба да одат до некаде, на пример, театарска претстава, дури и да е во матичното училиште, не можат да одат. Превозникот тоа ќе им го наплати, а Општината не го покрива трошокот.
Децата нѐ испратија насмеани, со надеж дека на следното видување ќе добијат нови тетратки, боички и, најважно, вода за пиење.

Бидејќи учениците имаат потреба од многу надгледни средства, вода за пиење, интернет, телевизор, потребни се донации. Факултети.мк од наставниците доби список со најнеопходните нешта, кој ќе го доставиме до неколку општествено одговорни компании од кои ќе побараме донација.

e oa gospoda vo kostimi, so po 4 para sezonski gumi za sekoja sezona na crnite vi auta od po ispod 150 konja- nikako, koi ne se ni navednuvate da vrzete cevli tuku soferot ili sekretarkata vi gi vrzuvaat,
iskreno, od mene licno, SE PO SPISOK. ja barem taka osekjam u momentov da vi poracam.

vo nato em eu ke ne nosite zedni preku voda, treba  muckite i suratite sekoj den da vi gi gledame po televizii, zaradi vakvi mucki 30 godini televizija ne mi se gleda vekje, a decinjana pETARDI nosele za da se branat od divi zivotni. nema koj ne mu smetale petardi posebno pred nova godina, dosadni se a i opasni pa i decista razbrkuvano da ne besneat po ulici, ili da ne se povredat.  a vidi ti vo nasava cudesna zemja , imalo i decinja koi kupuvale petardi za da si go socuvaat zivotot.
e bravo be , lokalna samoupravo. i drzavna vlast. bravo.
avatar
VOL

Posts : 14761
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести, онака без врска - 3

Пишување by concrete on Вто Ное 14 2017, 09:47

Јеботе благи бог , за вакви златни деца, треба  од одма еден М113 или какви беа тие кои  ни ги подарија германциве , да се преправи за да ги вози у школо преку зима. И онака седат и кородираат...
avatar
concrete

Posts : 6475
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести, онака без врска - 3

Пишување by king on Вто Ное 14 2017, 13:20

Овие М113 од алуминиум беа и глумат оклопни транспортери ... Twisted Evil

_________________
Види аватар!
avatar
king

Posts : 9138
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести, онака без врска - 3

Пишување by concrete on Вто Ное 14 2017, 18:45

king напиша:Овие М113 од алуминиум беа и глумат оклопни транспортери ... Twisted Evil
Таман се за вакви ситуации. Со мала преправка и редизајн на ентериерот, сончев кров горе , купола за возачот и замена на моторот со поасален половен  добиваш исклучив транспортер за школски деца во беспатни услови...до растојанија од десетина километри... Very Happy
avatar
concrete

Posts : 6475
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести, онака без врска - 3

Пишување by чучулига on Вто Ное 14 2017, 21:22

http://www.plusinfo.mk/vest/133700/uapsen-kosovski-drzavjanin-koj-pravel-skici-od-kasarnata-ilinden

Хммммм

шо се спириле толку во касарната... пред некое време имаше и друг странец шо влезе во касарната и него го уапсија ако арно памтам...

scratch scratch scratch

да, најдов

https://www.mkd.mk/crna-hronika/britanec-uapsen-vo-krugot-na-kasarnata-ilinden

_________________
BITCH
avatar
чучулига

Posts : 13317
Join date : 2014-07-11

Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести, онака без врска - 3

Пишување by VOL on Вто Ное 14 2017, 22:15

pa, mozda gi baraat raketnite lanseri za Topol-M.
a vojskava gi krie izgleda tokmu tamu.
avatar
VOL

Posts : 14761
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести, онака без врска - 3

Пишување by чучулига on Вто Ное 14 2017, 22:19

матно е тука нешто ептен!

_________________
BITCH
avatar
чучулига

Posts : 13317
Join date : 2014-07-11

Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести, онака без врска - 3

Пишување by concrete on Вто Ное 14 2017, 22:21

VOL напиша:pa, mozda gi baraat raketnite lanseri za Topol-M.
a vojskava gi krie izgleda tokmu tamu.
...ако е така ондак и генерал штабот е квислиншки.Тоа треба да биде во Штип, добро заштитено , бидејќи е последната линија на Македонската одбрана...... Very Happy Very Happy Very Happy Very Happy


Последната промена е направена од concrete на Вто Ное 14 2017, 22:22. Мислењето е променето 1 пати
avatar
concrete

Posts : 6475
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести, онака без врска - 3

Пишување by VOL on Вто Ное 14 2017, 22:21

pa ti kazav za sto e.
avatar
VOL

Posts : 14761
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести, онака без врска - 3

Пишување by VOL on Вто Ное 14 2017, 22:24

concrete напиша:
VOL напиша:pa, mozda gi baraat raketnite lanseri za Topol-M.
a vojskava gi krie izgleda tokmu tamu.
...ако е така ондак и генерал штабот е квислиншки.Тоа треба да биде во Штип, добро заштитено , бидејќи е последната линија на Македонската одбрана...... Very Happy Very Happy Very Happy Very Happy

konkrit be..... Laughing Laughing Laughing
topol-m...

aman... Laughing Laughing Laughing Laughing
avatar
VOL

Posts : 14761
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести, онака без врска - 3

Пишување by king on Вто Ное 14 2017, 23:16


_________________
Види аватар!
avatar
king

Posts : 9138
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести, онака без врска - 3

Пишување by чучулига on Сре Ное 15 2017, 10:08

king напиша:Ова ... либертас го објавил .. не ми се веруе ....

http://www.libertas.mk/geroski-novoto-rakovodstvo-go-nateralo-vrvniot-kardiolog-bakracheski-da-mesti-holteri-kako-meditsinska-sestra/
Одговорност!!!

http://makfax.com.mk/daily-news/директорката-која-го-прераспредели-б/

Нека ја клат сега и неја и мажот му да бидат сестри!!!

Еееееј, кај јавното здравство кубури со специјалисти па уште некои исфрустрирани створења ќе се изживуват...

МРШ!!!

СДСМ нека покажат сега дека не се исти ко претходниците.

_________________
BITCH
avatar
чучулига

Posts : 13317
Join date : 2014-07-11

Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести, онака без врска - 3

Пишување by concrete on Сре Ное 15 2017, 17:57

VOL напиша:
concrete напиша:
VOL напиша:pa, mozda gi baraat raketnite lanseri za Topol-M.
a vojskava gi krie izgleda tokmu tamu.
...ако е така ондак и генерал штабот е квислиншки.Тоа треба да биде во Штип, добро заштитено , бидејќи е последната линија на Македонската одбрана...... Very Happy Very Happy Very Happy Very Happy

konkrit be..... Laughing Laughing Laughing
topol-m...

aman... Laughing Laughing Laughing Laughing
..не си знаел???? Very Happy Very Happy
avatar
concrete

Posts : 6475
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести, онака без врска - 3

Пишување by VOL on Сре Ное 15 2017, 19:39

aha.
avatar
VOL

Posts : 14761
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести, онака без врска - 3

Пишување by VOL on Чет Ное 16 2017, 21:32

Otvoreno studio na tv nova vo momentov...

Nano Ruzin vs Jovan Donev. vo momentov
avatar
VOL

Posts : 14761
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести, онака без врска - 3

Пишување by VOL on Чет Ное 16 2017, 21:36

ne znam koj e ovoj Jovan Donev, ama vidov STO e ovoj nano ruzin.

neznam dali ke ima repriza koj nema da ja vidi ili dali ke ja ima na internet..
 covekot  e totalka- izguben, nema argumenti. deluva kako lezaren lazov, malce argoantno  najverojatno zaradi opienosta od pobedata..

poentata e: ovoj Donev, mu veli, za menuvanjeto na imeto,deka apetitite na grcite se pregolemi a ne se prikazuvaat vo Makedonija , deka sds krie vistinata za predavstvoto, a ovo nano ubeduva deka nemalo da se smeni, odnosno ke se smeni so nekoja dodavka na imeto.

 i tuka e MAT za ovoj nano..

ovoj Donev mu replicira, deka ako bilo taka nano ko sto veli, togas i do sega ke vlezevme , imavme 3 dodavki na imeto ( Makedonija)

mizerija
avatar
VOL

Posts : 14761
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести, онака без врска - 3

Пишување by чучулига on Чет Ное 16 2017, 21:41

Антикорупциска отворила предмет за охридската болница

http://plusinfo.mk/vest/134033/antikorupciska-otvori-predmet-za-unapreduvanjeto-na-soprugot-na-direktorkata-donevska-

Ај аирлија

_________________
BITCH
avatar
чучулига

Posts : 13317
Join date : 2014-07-11

Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести, онака без врска - 3

Пишување by VOL on Чет Ное 16 2017, 21:48

ama, kako, ama zasto sega odma da se mati vodata koga neli, dojde "zivotot em slobodata" na krilata na zajacarnikot,
kako odma da i se ispusti na zajacicava kooolku samo dolgu cekala da i se ovozmozi vakvo nesto na direktoricava..

Laughing Laughing Laughing
koza neprokopsana selska.
avatar
VOL

Posts : 14761
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести, онака без врска - 3

Пишување by чучулига on Чет Ное 16 2017, 21:49

шо сега, не чини шо антикорупциска презема чекор?

_________________
BITCH
avatar
чучулига

Posts : 13317
Join date : 2014-07-11

Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести, онака без врска - 3

Пишување by VOL on Чет Ное 16 2017, 21:57

sakas da ti kazam sto ne cini?
ama iskreno?
avatar
VOL

Posts : 14761
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести, онака без врска - 3

Пишување by чучулига on Чет Ное 16 2017, 21:58

Мора да се воведи ред еднаш 

http://24vesti.mk/so-kakvi-avtobusi-se-prevezuvaat-uchenicite

на кој како ќе му дојди така си прај и ич не одговара.... овие од транскоп се катастрофа невидена во тој поглед.

И шо мајка барале возрасни во автобус за превоз на ученици???

_________________
BITCH
avatar
чучулига

Posts : 13317
Join date : 2014-07-11

Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести, онака без врска - 3

Пишување by VOL on Чет Ное 16 2017, 22:32

чучулига напиша:шо сега, не чини шо антикорупциска презема чекор?
antikorupciska, ?
imame i takvo nesto?

so sega necini-necini divinata i nekontroliraniot poriv za nepotizam,bez sram, bez perde.
ako sds ne moze da si gi kontrolira clenovite koi, prirodno- kako i koga vmro dobi vlast- se mestat partiski kadri,
..velam prirodno zatoa sto sme sepak 19 vek i sme na balkanot.
koga ke dojdeme do 21 i pak ke bideme na balkanot, mozda seto ova nema da se slucuva

ama seficava, aj sto i bil mazot i vraboten kade sto e i taa, tuku aj i da si go naprai i nego sef, nekoj, direktorce, nekoe, da se ima povekje, da se zagrabi, neli dojde zivotot i slobodata..

sega ako ima pravda posto neli imalo -mir ( nema pravda nema mir, taka bese sarenata parola?)
bi trebalo da ja suspendiraat i nejze i nego= pa neka stiskaat bubuljici i lecat hemoroidi so travi po selana  i selskine ambulatni,.

ama , ko kucka vrzana 10 godini, ko ke ja pustis prvpat od lanec...
avatar
VOL

Posts : 14761
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести, онака без врска - 3

Пишување by чучулига on Чет Ное 16 2017, 22:49

VOL напиша:
чучулига напиша:шо сега, не чини шо антикорупциска презема чекор?
antikorupciska, ?
imame i takvo nesto?

ммм да, те разбирам...

цели 11 години од нив не се слушаше ништо или ептен нешто ко дека се ненадлежни...

е да, имаме антикорупциска комисија замисли. ем то од поодамна. Не е нова работа.

_________________
BITCH
avatar
чучулига

Posts : 13317
Join date : 2014-07-11

Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести, онака без врска - 3

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 34 of 35 Previous  1 ... 18 ... 33, 34, 35  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот