Како тоа Заев си замислил да го урива ВМРО-ДПМНЕ кое има најмалку 150 илјадници членови, а години наназад на избори освојува и по 500 илјади гласа. Дали Заев не се сети дека поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ нема да стојат настрана додека некој насилно им ја зеде победата или токму тоа е идејата на „готвачите“ овде – да исценираат некакво „украинско сценарио“ за да може потоа некој да си прави што сака со така заслабена држава, како што сега се случува со Украина, прашува Ирена Радовановиќ во својата колумна во Дневник, во врска со случајот „Пуч“.