На денешен ден: од македонската историја...

Страна 3 of 6 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by concrete on Саб Фед 21 2015, 16:58

хан Ацо напиша:Ова виц ли е?
......мислам дека ти си вицот , а на фири му е досадно сам , му треба некој да го засмева.... Wink

concrete

Posts : 6050
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by king on Саб Фед 21 2015, 17:37

хан Ацо напиша:Ова виц ли е?
Што сакаш со ова да кажеш?

... а после ќе пиздите и квичите ....

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8679
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by VOL on Саб Фед 21 2015, 19:10

i ke grebete ko macka na staklo. odnadvor.

_________________
The greatest trick the Devil ever pulled was convincing the world he didn't exist. And like that...he's gone.

https://www.youtube.com/watch?v=EZ4ELvmTOnw

VOL

Posts : 13549
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by king on Вто Мар 03 2015, 21:15

70 години од првиот црковно народен собор



Македонската православна црква денеска слави јубилеј, 70 години од првиот црковно народен собир. Во офицерскиот дом во Скопје, 300 делегати испратиле порака дека македонскиот народ има право на своја црква.



денес ние водиме битка за македонската црковна вистина, за докажување на правото на своја црква-истакна во својот говор на свечената академија поглаварот на МПЦ Г.Г Стефан.
 Таа борба нема и не треба никогаш да престане зошто ако ја немаме црквата ќе го изгубиме највредното како народ и држава-порача архиепископот охридски и македонски . Под нејзиниот покров зачувана е нашата национална посебност под нејзината заштита нашиот народ ја зачува и душата и името-рече во својот емотивен говор поглаварот на МПЦ Г.Г Стефан.

- „Да ја немаме МПЦ да дозволиме да ја загубиме охридската архиепископија значи да дозволиме да бидеме изобличени , асимилирани, со еден збор уништени. Непријатели и непријателства и има, и секогаш имало и ќе има,било да се однадвор и однатре. Но наше е, со Божја помош и помолитвите на нашите небесни застапници, предводени од нашиот патрон и покровител - светиот Климент, Охридскиот чудотворец, да го зачуваме тоа што е наше, што е прадедовско, што ни е оставено и како аманет, но и како залог за идните генерации. А најмногу и најдобро се чува, кога самите ќе успееме да се зачуваме, кога самите ќе знаеме да го цениме тоа што го имаме!„

На академијата се обрати и претседателот на собранието Вељановски рече дека и денес МПЦ е повторно негирана и непризнаена.

-Денес, македонската политика има должност да се одважи и да ја понуди сета своја помош, во решавање на овој децениски спор.-изјави Вељановски.

Со првиот црковно народен собор правно и институционално е организирана македонската православна црква охридска архиепископија.

Пандорче Антеска

http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=90355#.VPYWQYxhqcw

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8679
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by king on Чет Мар 05 2015, 23:30

1964.- Во Битола умре Милтон Манаки, прв македонски и балкански филмски снимател. Првите снимки ги направи во 1905 година. Главни негови трудови се: репортажа за престојот на последниот османлиски султан Решад во Битола во 1911 година, сцени од бесењето на македонските борци за независност на Македонија и епизоди од балканските војни, како и многу други снимки од историска важност. Носител е на "Илинденска споменица 1903", на многубројни награди, како и на наградата за животно дело во Пула во 1963 година. Роден е во селото Авдела, Костурско, во 1880 година.

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8679
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by king on Чет Мар 05 2015, 23:31

1993.- Авионот од типот "Фокер 100" на авиокомпанијата "Палер Македонија", веднаш по полетувањето од аеродромот во Петровец кај Скопје, се урна на 400-тини метри од крајот на пистата. Од 91 патник и членови на екипажот загинаа 80-ина.

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8679
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by VOL on Чет Мар 05 2015, 23:35

..sto marki podgoreni imaseee...

_________________
The greatest trick the Devil ever pulled was convincing the world he didn't exist. And like that...he's gone.

https://www.youtube.com/watch?v=EZ4ELvmTOnw

VOL

Posts : 13549
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by king on Саб Мар 07 2015, 23:18

Жртва на бугарските злосторници..

100 години од раѓањето на Страшо Пинџур


Во дневникот си ја предвиде судбината

http://novamakedonija.mk/NewsDetal.asp?vest=35151715346&id=9&setIzdanie=23412

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8679
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by king on Чет Мар 12 2015, 00:19

http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=63771

Бугарските окупатори и злосторници успеале да исчистат дури 98% од македонските евреи, скапани слуги германски ... дури биле и мнооогу поревносни од германците ....

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8679
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by VOL on Саб Мар 21 2015, 14:12

1947.- Во зимскиот спортски центар Попова Шапка се одржа Првиот шарпланински смук, најстара спортска меѓународна манифестација во Македонија. Се натпреваруваа триесеттина смучари од Унгарија, од Романија, од Бугарија и од Југославија. Победи Унгарецот Петер Силко.

_________________
The greatest trick the Devil ever pulled was convincing the world he didn't exist. And like that...he's gone.

https://www.youtube.com/watch?v=EZ4ELvmTOnw

VOL

Posts : 13549
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by king on Нед Мар 22 2015, 10:43

1996.- Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) е примена за член на Асоцијацијата на европските академии.

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8679
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by king on Нед Мар 22 2015, 10:44

2004.- Македонскиот премиер Бранко Црвенковски во Даблин ја предаде апликацијата за членство на Република Македонија во Европската унија.

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8679
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by concrete on Нед Мар 22 2015, 10:48

king напиша:2004.- Македонскиот премиер Бранко Црвенковски во Даблин ја предаде апликацијата за членство на Република Македонија во Европската унија.
...и што го избриша од сеќавање тој догаџај...т.е го направи ирелевантен????? Cool

concrete

Posts : 6050
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by king on Нед Мар 22 2015, 10:57

21-на година не дупат .....

... ред е ..да сега некој им каже ... ДОСТА БЕШЕ ... ЕБЕТЕ СЕ ...

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8679
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by VOL on Пон Мар 23 2015, 08:07

1940.- Во селото Мрсна, кај Серез, Егејска Македонија, е роден Ристо Шишков, македонски драмски, филмски и телевизиски актер. Својата љубов кон театарската уметност почна да ја манифестира уште во училишните клупи во Струмица. Академија за театар заврши во Белград, во 1963 година. Постојан член на Македонскиот народен театар стана од 1964 година. Во децениското живеење на оваа сцена, тој оствари многу ликови. Освен на театарската сцена играше речиси и во дваесеттина македонски играни филмови („Републиката во пламен“, „До победата и по неа“, „Црно семе“, „Жед“, „Истрел“, „Црвениот коњ“ и во други филмови). Умре во Скопје, на 17 јуни 1986 година. 






slava mu.

_________________
The greatest trick the Devil ever pulled was convincing the world he didn't exist. And like that...he's gone.

https://www.youtube.com/watch?v=EZ4ELvmTOnw

VOL

Posts : 13549
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by king on Пет Мар 27 2015, 13:53

1992 година – последниот војник на ЈНА замина од Македонија




27 март 1992 – Република Македонија ја презеде контролата над сета своја територија со своја војска. За ова е потпишан договор во Скопје меѓу претседателот на РМ Киро Глигоров и генералот на ЈНА Никола Узелац. Со тој чин, всушност, од Република Македонија замина и последниот војник на ЈНА – стои на сајтот на АРМ.
На денешен ден, пред точно дваесет и три години моќната војска на ЈНА целосно ја напушти земјава, главно оставајќи празни ѕидови од касарните. Во една прилика Митре Арсовски изјави дека се носело буквално сѐ што можело да се однесе.
Арсовскиво тоа време бил началник на штабот на Третата воена област на ЈНА, а потоа стана прв началник на Генералштабот на Армијата на Република Македонија. За излегувањето на ЈНА од Македонија зборувал многупати, а напишал и книга со многу детали, во која ги внел фактите и случувањата, но и тензијата и неизвесностите што ги чувствувал во тие пресудни моменти. Објавеното дело, како што вели, никој досега не го демантирал.
- Периодот на распаѓањето на армијата во нишките на Југославија беше долг, тежок и болен, зашто беше тешко да се урне една таква вооружена сила, гигант на Балканот и во Европа. Нормално дека ми беше тешко нејзиното распаѓање, зашто бев емотивно врзан за неа, но само до оној момент кога таа почна да се претвора во еднонационална и кога се преобрази во сопствената негација. Во оваа армија јас работев цели 35 години од својот живот, почнувајќи од 1957 година, па сѐ до нејзиното заминување од Македонија, односно до врачувањето на мојот указ со кој бев разрешен од дотогашната должност. И покрај тоа, бев горд што на пепелта на бившата армија се роди една нова македонска армија – објаснува генералот Арсовски во разговор за Нова Македонија пред неколку години.
Во својата книга генералот го документира периодот на распадот на ЈНА и нејзино комплетно заминување од Македонија во периодот од 1 јануари 1991 година, па сѐ до 27 март 1992 година, кога таа беше заменета со единиците на нашата територијална одбрана.
- Времето за кое зборуваме, за среќа, беше кратко, но полно со историски настани, важни за нашата држава. Среќен сум што јас барем малку придонесов за осамостојувањето на Република Македонија и за нејзиното воено осамостојување, бидејќи ЈНА, кога се повлекуваше пред дваесет години, ја стави државата на испит. По обилниот дожд што истури ноќта, утрото беше ведро и полно со сончевина. Токму овој ден вторник е создаден за голем настан, на 10 март 1992 година македонските војници првпат во историјата ги презедоа меѓниците кон Бугарија од ЈНА на караулата „Рамна нива“, каде што тој ден пред дваесет години се развиори македонското знаме – се присетува генералот.
Тој ден, продолжува Арсовски, телевизиските и фотоснимките го заобиколија светот, можеби на неупатените тоа им изгледало како една едноставна рутинска армиска работа, но тој уверува дека преземањето на државната граница била сложена и пред сѐ одговорна задача од каде што почна примопредавањето на воените објекти и мирното раздружување од тогашната ЈНА, но и создавањето сопствена држава и војска.
Арсовски тврди дека, иако формално постоел договор потпишан помеѓу македонскиот претседател Киро Глигоров и генералот Благоја Аџиќ, претставникот на ЈНА за мирно повлекување од Македонија, тој не бил докрај испочитуван. Договорот предвидувал мирно и без никаков инцидент да се повлече целото југословенско оружје, но караулите на границите на државата да останат недопрени за да се зачува безбедноста на Македонија.
- По моите обиколки на караулите по должината на границите на државата, заклучив дека нивната состојба е катастрофална. Сѐ што можеше да се однесе беше извадено. Примопредавањето се вршеше без документација, караулите се предаваа со неисправна техника, недостигаа телевизиски и радиоприемници. ЈНА предаваше средства за бојна потреба, кои одговараа само за педесетина војници, иако на караулите имаше и повеќе граничари. Немаше ниту кревети, постелнина и храна. Недостигаа дури и кучињата и коњите што граничарите ги користеа во своите обиколки на граничната линија – истакнува генералот во разговорот од пред неколку години.
Генералот Арсовски вели дека од Македонија се однеле оружје и опрема со огромна вредност. 
- Некаде од 12 до 16 милијарди долари вредеше сѐ што се изнесе. Тоа се многу пари, ако се пресметува. Ако се земе колку оружје, муниција и храна беа складирани, колку тенкови, топови и авиони беа однесени. Сето тоа се пари. А Македонија, ако паметите, на времето даваше седум отсто во изградбата на таа ЈНА. Тие седум отсто, според бројот на оружјето и опремата, значеа дека сета таа опрема и оружје што се однесе требаше тука да остане – категоричен е Арсовски.


http://republika.mk/?p=406644

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8679
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by king on Пет Апр 03 2015, 23:39

1945.- Во Скопје, со изведувањето на претставата “Платон Кречет” од советскиот драматург Александар Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров, а во превод на Блаже Конески, почна континуирано да работи Македонскиот народен театар.

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8679
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by king on Саб Апр 04 2015, 22:32

2011.- Во Софија умре Доста Димовска, директорката на Македонскиот културно-информативен центар во Софија. Димовска е родена на 17 февруари 1954 во Скопје. Завршила Филозофски факултет во Скопје, каде работела и како стручен соработник. Таа е позната поетеса и политичар. Нејзината политичка кариера почна 90-тите години на минатиот век. Димовска беше на високи државни и партиски функции. Во 1991 е избрана за заменик-претседател на ВМРО-ДПМНЕ на Конгресот на партијата во Прилеп. До 1994 е пратеник, а во тој период раководи со парламентарната Комисија за меѓународни односи. Во 1998 година Димовска е избрана за вицепремиер во кабинетот на Љупчо Георгиевски. Од декември 1999 година до мај 2001 година е министерка за внатрешни работи. Во 2002-та година поднесува оставка од партиските функции од партиски причини. На 25 февруари 2002 година е назначена за директорка на Агенцијата за разузнавање, а функцијата ја напушта на 5 мај 2003 година. Од почетокот на 2007 година Доста Димовска беше директорка на Културно-информативниот центар на Македонија во Софија.

Се прослави со изјавата дека од Групчин натака не ја интересира

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8679
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by VOL on Саб Апр 04 2015, 22:41

arno semceto i se sotre... nemuzena bese...

_________________
The greatest trick the Devil ever pulled was convincing the world he didn't exist. And like that...he's gone.

https://www.youtube.com/watch?v=EZ4ELvmTOnw

VOL

Posts : 13549
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by king on Саб Апр 04 2015, 22:43

Андов ли праша ..
... ваа мажена лие ...

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8679
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by VOL on Саб Апр 04 2015, 22:46

Dosta Dimovska... e od selo Brodec.. na Skopska Crna Gora.. po poteklo.

_________________
The greatest trick the Devil ever pulled was convincing the world he didn't exist. And like that...he's gone.

https://www.youtube.com/watch?v=EZ4ELvmTOnw

VOL

Posts : 13549
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by king on Сре Апр 08 2015, 13:09

На денешен ден пред 22 години Македонија стана „полноправен“ член на Обединетите Нации.

Бевме примени под привремената (за два три месеци, ко некој викаше Twisted Evil Twisted Evil ) референца Бивша Југословенска Република Македонија, невиден преседан во историјата...

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8679
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by king on Сре Апр 15 2015, 23:30

На денешен ден во 1980 година почина познатиот детски македонски писател Ванчо Николески.

Од 1950 година беше член на Друштвото на писателите на Македонија. Автор е на прославената стихозбирка “Македонче”, објавена во 1946 година, со која беа поставени темелите на современата македонска книжевност за деца. Познати негови дела се “Школско ѕвонче”, “Крај огништето”, “Прва радост” и “Чудотворен кавал”. Роден е во селото Црвена Вода, Охридско, на 10 јуни 1912 година.

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8679
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by king on Сре Апр 15 2015, 23:33

1992.- Во касарните во Скопје, Битола, Штип и Охрид пристигнаа првите регрути од регуларниот состав на Армијата на Република Македонија.

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8679
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by king on Вто Апр 28 2015, 02:12

27.04. 1905 – Кај местото Свиланово во близина на селото Рајчани Кочанско во борба против османлиската војска загина Никола Карев , кој бил македонски револуционер и организатор и претседател на Крушевската Република од 1903 година. Роден е во Крушево во 1877 година.


http://www.mn.mk/makedonski-legendi/2372-Nikola-Karev


Последната промена е направена од king на Вто Апр 28 2015, 02:16. Мислењето е променето 1 пати

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8679
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by Sponsored content Today at 17:40


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 3 of 6 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот