На денешен ден: од македонската историја...

Страна 2 of 6 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by VOL on Пон Јан 12 2015, 23:18

dovolno e kazano, neli? slava im.
da ne navleguvame vo nebulozi.ne e fer.

_________________
The greatest trick the Devil ever pulled was convincing the world he didn't exist. And like that...he's gone.

https://www.youtube.com/watch?v=EZ4ELvmTOnw

VOL

Posts : 13549
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by king on Вто Јан 13 2015, 10:43

1879.- Во селото Мирковци, Скопско, е роден Петар Манџуков, македонски револуционер, просветен работник, анархист, учесник во четата на Гоце Делчев, еден од основачите на Македонскиот таен револуционерен комитет во Женева (1898 г.), како и соработник на илегалните весници „Отм`штение“ и „Глас“. Позната е неговата мемоарска проза „Предвесници на бурата“. Умре во Пловдив, на 1 јануари 1966 година.

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8676
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by king on Вто Јан 13 2015, 10:44

1948.- Во селото В`мбел, Костурско, Народноослободителниот фронт (НОФ) на Македонците од Егејска Македонија го одржа својот прв конгрес на кој се резимирани постигнатите резултати во тригодишната дејност и тригодишната оружена борба на македонскиот народ за опстанок, за национални и социјални права и слобода и се дадени насоки за натамошно дејствување. Овој конгрес има големо историско значење и претставува симбол во аналите на револуционерната борба на македонскиот народ.

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8676
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by king on Вто Јан 13 2015, 10:46

1994.- Во Скопје умре Добри Ставревски, еден од најпознатите пејачи на македонската естрада. Роден е во 1934 година.


_________________
Види аватар!

king

Posts : 8676
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by VOL on Вто Јан 13 2015, 12:09

slava mu.
retko ubav interesen glas. ne bi ja sirel prikaznata na ovaa tema, ama vo negova cest

samo sporedete go OVOJ glas , so trtomudaljkite na Grand I Pink koi ne ni se trgaat od televizor, I razmislete ZOSTO bugaristancite NE MOZAT nitu im ide vo glava kako da ukradat pesna od Dobri STavreski . Ova se peaci I pesni koi samo od nasi I za nas ispeani mozat da bidat ubavi I da se razberat, so dusa..



kapata dolu..

_________________
The greatest trick the Devil ever pulled was convincing the world he didn't exist. And like that...he's gone.

https://www.youtube.com/watch?v=EZ4ELvmTOnw

VOL

Posts : 13549
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by Прч on Сре Јан 14 2015, 15:20

14.јануари

Освен што е Нова Година и ден на Свети Васил, на 14.јануари

1953 Јосип Броз Тито е избран за прв претседател на Југославија,
1988 починал Георги Маленков, советски државен и партиски функционер од македонско потекло - од Охрид;
1833 упокоен свети Серафим Саровски (дел од неговите мошти се во манастирот Свети Јован Бигорски)

Прч

Posts : 151
Join date : 2015-01-08

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by king on Пет Јан 16 2015, 15:58

2008.- На 80-годишна возраст почина академик Никола Кљусев, првиот премиер на првата експертска Влада на Република Македонија (1991-1992) и имаше значајна улога во воспоставувањето на независноста и сувереноста на македонската држава. Дипломирал економија во Белград во 1953 година, а докторирал во 1964 година. Кариерата ја почнал како асистент на Институтот за научни истражувања во индустријата на Македонија, а од 1972 година бил редовен професор на Економскиот факултет во Скопје. Во 1989 година бил избран за член на МАНУ, каде што бил претседател на Советот за демографски истражувања. Раководел голем број домашни и странски проекти од областа на економијата. Објавил повеќе книги, монографии и научни студии, како и неколку збирки поезија, есеи и други трудови. Роден е во 1927 година во Штип.

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8676
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by king on Саб Јан 17 2015, 13:41

1939.- Со учество на многу жандарми и војници во Велес беа задушени тридневните демонстрации на монополските работници и на другите граѓани. Демонстрациите имаа големо економско и политичко значење во тоа време.

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8676
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by king on Саб Јан 17 2015, 13:42

1948.- ВО Скопје почна да функционира Претпријатието за градски сообраќај. Претпријатието е формирано со одлука на Извршниот народен одбор на Скопје, на 11 јули 1947 година.


1953.- Во Скопје излезе првиот број на "Стопански весник", весник на Стопанската комора и стопанството на Македонија. Во почетокот се појави како орган на Трговската угостителска комора на НР Македонија. Од 1983 година излегува како ревија која стручно и аналитички ја третира стопанската проблематика во Македонија и светот. Од 1984 година се појавува со поднасловот: Ревија на Стопанската комора на Македонија.

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8676
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by king on Саб Јан 17 2015, 13:43

1996.- Во Скопје и во Атина се отворени канцелариите за врски на Република Македонија и на Република Грција.

1997.- Умре проф. Славко Поп Антовски, еден од основачите на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје и негов прв декан. Роден е во Прилеп, во 1913 година.

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8676
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by king on Нед Јан 18 2015, 23:30

1862.- Во Цариград, во полициската болница, умре Константин Миладинов, македонски поет, собирач на македонски народни песни и умотворби. По завршувањето на основното образование во Струга и гимназија во Јанина, во 1847 година стана учител во селото Трново, Битолско. На 14 октомври 1849 година се запиша на Филозовскиот факултет (филолошка група) во Атина. По завршувањето на студиите престојуваше во манастирот “Зограф” на Света Гора. По враќањето во Струга, стана учител во битолското село Магарево, а потоа во 1857 година се запиша и студираше словенска филологија во Москва, каде што членуваше во Словенскиот кружок и соработуваше во неговиот весник “Братски труд”, како и во весникот “Дунавски лебед”. На 24 јуни 1861 година во Загреб излезе Зборникот на народни песни и умотворби на браќата Димитар и Константин Миладинови. Роден е во Струга, во 1830 година.

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8676
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by VOL on Нед Јан 18 2015, 23:43

19. Januari  1871 godina, vo Smilevo, roden  e DAME GRUEV, makedonski revolucioner

zaginuva vo s. Rusinovo, 1906 godina.

_________________
The greatest trick the Devil ever pulled was convincing the world he didn't exist. And like that...he's gone.

https://www.youtube.com/watch?v=EZ4ELvmTOnw

VOL

Posts : 13549
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by king on Пон Јан 19 2015, 00:01

DAME GRUEV


Се родил во селото Смилево, тогаш во Османлиската империја, а денес во Македонија, во семејството на Јован и Тула. Се школувал во родното село Смилево, Ресен и Битола, Солун и Белград и во Софија, каде што студирал историја на Високата школа. Во Солунската егзархиска гимназија Св. Кирил и Методиј (1887/1888) учествувал во големиот бунт на учениците во борба против бугарската пропаганда во Македонија, со барање за воведување во настава на македонски народен говор, а во Гимназијата во Белград во бунтот против српската пропаганда . На Универзитетот во Софија го формирал Македонското студентско друштво, кое имало за цел ослободување на Македонија од османлиската власт. Меѓутоа поради убиството на бугарскиот министер за финанси, Белчев, Македонското студентско друштво се самораспуштило, а Даме заминал за Македонија.

Смртта на Дамјан -Даме Груев



Учителот Дамјан Груев392, еден од основоположниците на МРО, нејзин прв секретар и член на ЦК,  војвода и непомирлив борец за македонското ослободување, го завршил својот живот на 23 декември 1906 година, во близината на с. Русиново, Малешевско.

И токму неговите последни мигови ги запишал еден од најголемите синови на Малешевијата - Никола Петров Русински. За последните денови на Груев, Русински запишал: "Даме и четата, која го придружуваше и во Русиново, само неколку дена пред заминувањето од Струмица за Русиново, претерале неколку коњи натоварени со пушки за Кукуш. Близу до аржанското блато, еден од натоварените коњи со оружје се изгубил и отишол во с. Гаваланци, во чифлигот на Зора - бег". Бегот го вратил коњот, плашејќи се дека намерно му бил испратен и дека веројатно ќе му бараат откуп за пушки. "По оставањето на оружјето во Кукушко, без да се задржуваат, заминале за Струмица и до последниот нивни крај Русиново - Петлец"393.

Четата влегла во селото и заседнала во куќата на Димитар Р. Алаѓозов, но направила фатална грешка бидејќи не обезбедила стражари внатре и околу куќата. Надвор, Иван Белчев "не направил ништо за заштита на околиската чета", а потоа се сокрил и не им помогнал на другарите со што сторил кукавички и предавнички чин.

Во сплетот на несреќните околности во куќата на Алаѓозови влегле двајца Турци. Тие качувајќи се по скалите ги виделе низ отворената врата комитите кои живо разговарале во собата на горниот кат. Турците наместо да побегнат, се наместиле под скалите и отвориле оган. Прв слегол по скалата Сандо Китанов, но не бил погоден. По него се симнал Даме кој се здобил со рана во десната нога. Другите четници излегле на задната врата и тргнале нагоре кон плотовите. Четникот Ѓорѓи Поп Стојанов од с. Владимирово, којшто ја следел трагата на Китанов, правејќи обид да се префрли преку плотот бил погоден од два куршума. Тој бил првата жртва блиску до куќата.

Привлечени од пукањето, на помош на Турците, на местото пристигнале и "таксилдарот - бирник и заптијата којшто го придружувал. Пристигнала и војската која престојувала во Владимирово...".

 Даме Груев и Ѓорѓи Карчов излегле надвор од селото со еден смел курир Григор Митов Крапев, кој за жал бил без оружје и не можел да им дава помош. По Дамета имало неколку потери на војски, а раната која крвавела оставала траги по пресниот снег на земјата. Стасале до југоисточната стрмнина на врвот Петлец, во месноста Валмето, кај Белите Камења. Тука се отворила борба, а Даме го отстранил курирот за да не стане и тој жртва.

И така, запишал Русински, "во крвавата битка прочуениот смилевски  даскал, апостолот на македонската слобода Даме Груев, ја најде својата херојска смрт" на 23 декември 1906 година. Следниот ден, на 24 декември турските воени власти наредиле убиените да се кренат од местото на погубувањето и да бидат погребани. Селаните ги погребале Даме Груев, Сандо Китанов, Ѓорѓи Карчов во еден гроб кај русинската црква. Телото на Ѓорѓи Поп Стојанов си го однесле во Владимирово.

Сопствениците на куќата во Русиново, Димитар Р. Алаѓозов и неговата жена Божана без да знаат што се случило во нивната куќа и што ги чека, биле пречекани пред куќата од разлутените заптии кои без да ги прашаат ги застрелале.

Иван Белчев, кој се криел во друга куќа и не учествувал во престрелката, се скрил во јаслите на едно магаре, откако го собрал сеното врз себеси394. Селската револуционерна организација, огорчена од поведението на И. Белчев "врз кого се стовари целата вина за скапата жртва, го повика да одговара пред селскиот револуционерен суд". Белчев не се потчинил на Револуционерната организација туку пребегнал кај врховистите. Оттаму му се заканувал на раководството, разбојникувал и убивал. Набргу тој го убил највредниот член на раководството Мито Ников Трнков. Подоцна следеле и убиствата на вредни членови на Организацијата: Серафим Горѓирв Трнков и Горѓи Василев Хоџов.

За жал Организацијата не можела на време да се пресмета со предавникот Белчев. Во 1918 година, по отстапувањето на бугарската војска, тој заминал во Бугарија, а неговото семејство останало во Русиново. Српските власти, нудејќи му да се врати кај семејството му предложиле и голема служба -инспектор на тајната и на јавната полиција со голема плата. Притоа му било наредено да ги убие сите "опасни луѓе" за власта. Пред да ја прими официјално својата служба, Белчев го убива бившиот селски војвода Васил Стоицов на патот кога се враќал од пазар на месноста Палазлија. Белчев ревносно им служел до 11 февруари 1921 година кога бил убиен од оние кои скапо му плаќале395.

 На апостолот Даме Груев и на паднатите со него, русинската селска револуционерна организација им подигнала скромен споменик. Со загинувањето на Даме Груев, запишал Димитар Влахов, "му се нанесе огромен удар на македонското ослободително движење. Местото што тој го имаше остана незафатено, празно. Немаше фигура што можеше да го замени паднатиот на својот боен пост македонски револуционер, немаше лице што можеше да го има авторитетот на Груев и да служи како центар за обединување на македонските сили...

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8676
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by хан Ацо on Пон Јан 19 2015, 17:18

Laughing


хан Ацо

Posts : 323
Join date : 2014-11-15
Location : Бугариjа

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by VOL on Пон Јан 19 2015, 18:06

aj sea trgni go ova, posto temata ne e za nekakvi blgaristanski nastani, tie se neguvaat vo PAMIR, IRAN, MONGOLIJA I delovi od TURCIJA.

ovaa tema e za MAKEDONSKITE nastani.

a ovaa kniga sto si ja postavil NEMA NIKAKVA VRSKA so denot na postavuvanjeto.

imas drugi temi kade bi mozel da se obides da doznaes vistina I istorija, ( posto da prodavas, nitu mozes nit znaes nitu imas kapacitet).

_________________
The greatest trick the Devil ever pulled was convincing the world he didn't exist. And like that...he's gone.

https://www.youtube.com/watch?v=EZ4ELvmTOnw

VOL

Posts : 13549
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by king on Нед Јан 25 2015, 12:15

1852.- Во Кратово е роден Ефрем Цветков Каранов, собирач на македонски народни умотворби. Тој, заедно со Ѓ. Пулевски, П. Гиновски, Ѓ. Абаџиев, В. Икономов и други, се појави како значаен популаризатор на македонското народно поетско творшетво. Тој е основач и претседател на Македонското емигрантско друштво во Ќустендил. Умре во Ќустендил, на 6 декември 1927 година.


http://falanga.com.au/se-navrshija-163-godini-od-ragjanjeto-na-efrem-karanov




1954.- Во Скопје, во издание на Институтот за македонски јазик, излезе првиот број на списанието “Литературен збор”, орган на Друштвото за македонски јазик и литература.

1961.- Во Скопје умре д-р Сотир Ставридис, македонски хирург и уролог, прв асистент на Хируршката клиника во Скопје, основана во 1947 година, а подоцна нејзин долгогодишен директор. Тој е основач и раководител на Уролошкото одделение на Хируршката клиника. Во својот творечки живот објави повеќе од 20 стручни трудови од областа на хирургијата и урологијата. Роден е во Скопје, на 10 октомври 1904 година.


Последната промена е направена од king на Нед Јан 25 2015, 12:32. Мислењето е променето 1 пати

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8676
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by king on Нед Јан 25 2015, 12:18

1981.- Во Прилеп е роден Тоше Проески. Музичката кариера ја започна со настапот на „Мелфест“ во 1997 година. Патот кон ѕвездите му го отворија песните „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998). Тој беше претставник на Република Македонија за песна на Евровизија во 2004 година во Истанбул, Турција, и го освои 14-то место со песната „Лифе“. Во 2004 година, Проески беше именуван за регионален Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја издаде песната „За овој свет“. Со песната „Чија си“ во 2003 година Тоше победи на белградскиот музички фестивал „Беовизија“. Тој ги објави албумите „Синот Божји“ (2000), „Некаде во ноќта“ (2001), „Ако ме погледнеш в очи“ (2003), „Ако ме погледаш у очи“ – верзија на српски јазик (2003) „Ден за нас“ (2004), „Дан за нас“ – верзија на српски јазик (2004) „По тебе“ (2005), „Пратим те“ – верзија на српски јазик (2005) „Божилак“ (2006), „Игри без граници“ (2007) и „Игре без границе“ – хрватска верзија (2007). Сингловите од албумот „По тебе“ по неколку месеци се наоѓаа на највисоките места на музичките топ-листи во Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина. Неговото издание „Божилак“ е компилација од 14 избрани традиционални македонски песни. Објавени се и ДВД-изданија на негови концерти во 2004 и 2006 година. Негови најпознати хитови се „Усни на усни“, „Соба за тага“, „Ако ме погледнеш в очи“, „Тајно моја“, „Немаш ни благодарам“, „Срце није камен“, „Кој ли ти гризе образи“ и други. Тоше ги привршуваше студиите на Музичката академија во Скопје и работеше на музичката кариера во светски рамки. Последниот концерт во Македонија го одржа на 5 октомври на Градскиот стадион во Скопје. Концертот беше хуманитарен и наменет за обнова на основните училишта во земјава. Постхумно Владата на Република Македонија го прогласи за заслужен граѓанин на државата. Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска.

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8676
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by king on Пет Јан 30 2015, 09:27

1830.- Во Охрид е роден Григор Прличев, еден од најпознатите македонски писатели од 19. век. Меѓу најпознатите негови остварувања се поемите “Сердарот” и “Скендербег” и познатото дело “Автобиографија”. Со поемата “Сердарот”, за која на поетскиот конкурс во Атина доби Ловоров венец. Умре во Охрид, на 6 февруари 1893 година.


http://mk.wikibooks.org/wiki/%D0%A1%D0%B5%D1%80%D0%B4%D0%B0%D1%80%D0%BE%D1%82_%E2%80%93_%D0%93%D1%80%D0%B8%D0%B3%D0%BE%D1%80_%D0%9F%D1%80%D0%BB%D0%B8%D1%87%D0%B5%D0%B2


Последната промена е направена од king на Пет Јан 30 2015, 09:33. Мислењето е променето 1 пати

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8676
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by king on Пет Јан 30 2015, 09:28

1951.- Во Битола умре Павел Шатев, македонски револуционер, родољуб и публицист, еден од легендарните солунски атентатори, наречени „гемиџии“, крунски сведок што остана да раскажува за она што се случуваше во Солун во 1903 година. Неговиот живот е мошне бурен и мачен. Беше член на АСНОМ и министер за правосудство во првата македонска влада. Поради несогласувањето со повоената политика, беше отстранет од политичката сцена. Роден е во Кратово, на 15 јули 1882 година.

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8676
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by king on Пет Фед 13 2015, 00:24

1944.- Во местото Барбарас, кај Македонски Брод, бугарскиот окупатор стрела осум борци - учесници во Богомилскиот поход.

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8676
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by king on Пет Фед 13 2015, 00:25

1946.-  Весникот „Лаки фони“, орган на Бирото на КПГ за Македонија, објави дека од 12 февруари 1945 година до 12 февруари 1946 година од грчките власти и терористичките банди беа убиени 1.300, затворени 20.000 и прогонувани 200.000 луѓе. Од убиените 200 беа од Македонија, а од убиените од Леринско, во Костурско и во Соровичко - 98 отсто беа Македонци.
1949.- Грчка владина чета од специјалните единици ЛОК и вооружените припадници на реакционерната организација МАИ го опколија селото Изглеби, Костурско. Притоа ги фатија и на најѕверски начин го убија Ѓорѓи Делов, Христула Делова, Глигор Шишков со жена му, ги запалија нивните куќи, каде што ги изгореа нивните тела, а Анастасија Минџова жива ја изгореа во нејзината куќа.

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8676
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by king on Пет Фед 13 2015, 10:03

1947.- Во Скопје е основано Друштвото на писателите на Македонија. Основачи беа Блаже Конески (прв претседател), Димитар Митрев, Славко Јаневски, Ацо Шопов, Владо Малески, Ристо Крле, Васил Иљоски и Иван Точко.

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8676
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by king on Вто Фед 17 2015, 23:10

1946.- Во Скопје е основано Здружението на професионалните журналисти во Македонија. За прв претседател беше избран Мито Хаџивасилев - Јасмин.
1947.- Во Битола почна со работа Нижото музичко училиште, кое во 1962 година прерасна во Средно музичко училиште.
1952.- Во Скопје умре Ангел Динев, македонски општественик и публицист, бескомпромисен борец против великобугарските фалсификации и против сите други негирања на македонската национална историја, односно на македонскиот национален индивидуалитет. Неговата книга „Македонските Славјани“ одигра значајна улога во популаризирањето и смелото истакнување на македонскиот национален индивидуалитет. Роден е во селото Смоквица, Гевгелиско, на 1 октомври 1891 година.

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8676
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by king on Сре Фед 18 2015, 20:51

1992. - Со одлука на Собранието на Република Македонија е основана Македонската Информативна Агенција (МИА), јавен информативен сервис, од редот на новинските агенции што настојуваат да ги задоволат професионалните стандарди во сферата на нејзината функција – секојдневно континуирано регистрирање настани и појави и продукција и емитување вести и други прес-информации и материјали. МИА 24 часа емитува вести на македонски, на албански и на англиски јазик. Го сервисира целиот информативен простор – печатените и електронските медиуми во земјата и медиумите на македонски јазик во странство, државните органи и институции, македонските амбасади и други странски организации, институции, мисии… МИА произведува и специјални тематски потсервиси и дневни и неделни билтени. МИА, исто така, продуцира Фото-сервис и Фоно-сервис што се достапни преку веб-страницата на Агенцијата. МИА ангажира педесетина новинари за вести и новинари-репортери во редакцијата и триесетина новинари-дописници од Македонија и од странство. Од непознати причини, активирањето и функционирањето на Агенцијата се одложуваше наредните 5-6 години. Тогашната влада реши професионалното агенциско работење да го супституира со основање на Македонско прес биро (МПБ), кое функционираше во рамките на тогашното Министерство за информации. МПБ во 1994 година стана член на АБНА, Асоцијација на балкански новински агенции. Во почетокот на 1998 владата донесе одлука МИА да се активира и да профункционира, како јавно претпријатие. Редовната продукција на вести, како јавен информативен сервис, МИА ја започна на 30 септември 1998 година. Во почетокот тоа беа вести и извештаи на македонски и англиски јазик. Во мај 1999 година во МИА е формирана Албанска редакција и од тогаш Агенцијата има редовни сервиси на албански јазик. Денес МИА секој ден до своите корисници, од сите сервиси и потсервиси емитува од 300 до 350 артикли, што на месечно ниво изнесува околу 9.750 артикли.  Со одлука на Владата на Република Македонија, од април 2006 година, МИА од јавно претпријатие се трансформираше во акционерско друштво со назив А.Д. Македонска Информативна Агенција, во државна сопственост. МИА е членка на Светскиот конгрес на новински агенции – NAWC, на Асоцијацијата на балканските новински агенции – АБНА, како и на Црноморската асоцијација на национални новински агенции – BSANNA. МИА исто така е и дел на информативните пулови на: РОМПРЕС (Романија), БТА (Бугарија), АТА (Албанија), ТАНЈУГ (Србија), МИНА (Црна Гора), ФЕНА и СРНА (БиХ), СТА (Словенија), ХИНА (Хрватска), АНА-МПА (Грција), АНАДОЛИЈА (Турција), АПА (Австрија), ЕФЕ (Шпанија)… МИА соработува и со големите новински агенции – француската ФРАНС ПРЕС, кинеската ХСИНХУА, иранската ИРНА, британскиот јавен сервис Би-Би-Си, германската ДПА, руската ИТАР-ТАСС, а сервисите на МИА ги користат и светските информативни сервиси ДОЈЧЕ ВЕЛЕ, СЛОБОДНА ЕВРОПА, ГЛАСОТ НА АМЕРИКА…

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8676
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by VOL on Саб Фед 21 2015, 10:13

21 fevruari
Denes e den na majciniot jazik.
Makedonskiot jazik go govorat kako prv.(majcin ) jazik od dva do dvaipol milioni luge sirum svetot Vo zemhata i dijaspirata kako i sosednite zemji.
Makedonskiot e del od okolu 6500 jazici vo svetot.

_________________
The greatest trick the Devil ever pulled was convincing the world he didn't exist. And like that...he's gone.

https://www.youtube.com/watch?v=EZ4ELvmTOnw

VOL

Posts : 13549
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Re: На денешен ден: од македонската историја...

Пишување by Sponsored content Today at 16:36


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 2 of 6 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот