ВЕТЕРНИЦА
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

За власите

Go down

За власите Empty За власите

Пишување by Spray Саб Апр 08 2017, 07:58

за власите често се зборува дека се староседелци во Македонија.
се нарекуваат и цинцари, кај нас, во Македонија, според некои како остатоци од римските војници и граѓани, врзани за 5-та римска легија. Па од самиот наслов „петта..“ наводно , настанал и називот цинцари, т.е на латински quinquie, а романски -cinci
Но, во тој случај, поврзаноста на власите со античките македонци нема смисла, и тука е првиот камен за сопнување на теоријата дека тие се потомци на старите македонци.
- ако се потомци на римјаните- римјани во Македонија немало, до по-распадот на македонската династија, т.е римјаните по македонско римските војни ја претвориле Македонија во римска провинција , во 146 година пне.
значи тие се дојденци а не старомакедонци.
- ако се старомакедоцни, т.е потомци , пак, на античките македонци, на Филип и Александар, тогаш, како дошле до тоа да се и цинцари, т.е наследници на ромеите-римјаните, кога тие дошле како освојувачи на античка Македонија??

градот Москополе, е голем развиен културен и стопански центар на власите, се наоѓал во Албанија, по негово уништување од Али Паша во 18 век, власите се доселуваат по 1788 година во - Крушево.
Spray
Spray

Posts : 220
Join date : 2016-01-12

Вратете се на почетокот Go down

За власите Empty Re: За власите

Пишување by concrete Саб Апр 08 2017, 20:07

.....занимливо гледиште. Има две можеби и три истории: онаа која од свои интереси и причини некој ја бутка како историја, онаа шпекулативната и онаа која вистина се случила. Последнава е многу тешко да се согледа и евидентира. Онаа првата пишана по нарачка е како и се подведено под аксиомата пара буши каде бургија не поминува, обилно истура наслаги кои тешко се отстрануваат и сеприсутна е. Има буџети за да извира од секоја фиока и полица... Smile  Втората шпекулативната најчесто е онаква каква некој би сакал да ја види на основа на то како тој ја гледа , чита или тумачи и најчесто е еден фин историски роман, обично романтичен. Третата е една  заебана работа. Треба ладен ум , апсолутна критичност, широка и длабока култура и познавања и на други научни дисциплини  и желба да се открие вистината небитно дали таа е таква како некој ја очекува или посакува или не...
concrete
concrete

Posts : 7020
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

За власите Empty Re: За власите

Пишување by VOL Саб Апр 08 2017, 21:43

..ako vrne ke bide mokro, ako ne vrne ke bide suvo, a mozda I sonce ke sija Laughing .. I obratno, ako ne vrne , ke bide suvo, ako nema sunce, ne mora da znaci deka ke bide mokro..
taka nesto.. Laughing
VOL
VOL

Posts : 16901
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

За власите Empty Re: За власите

Пишување by Spray Нед Апр 09 2017, 08:11

http://www.maticanaiselenici.com/?p=10069
интересно четиво.
Spray
Spray

Posts : 220
Join date : 2016-01-12

Вратете се на почетокот Go down

За власите Empty Re: За власите

Пишување by concrete Нед Апр 09 2017, 10:10

...интересно во секој случај, иако не го објаснува поимот АЛБАНО-ВЛАСИ..т.е. кој е влавот во конструкцијата , а кој и што албаното. За грците  како грци и врапците знаат дека се франкенштајн направија...
concrete
concrete

Posts : 7020
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

За власите Empty Re: За власите

Пишување by Прч Пон Јун 05 2017, 04:15

Се во свое време. Четивото е напишано во периодот дефиниран како неокласицизам, кога предефинирањето на историјата е дел од општото вриење. Коко такво, има вредност повеќе како доказ каде им шетал умот на тогашните учени запалени во креирањето на нова парадигма за антиката, и тоа во времето кога поимите “Византија“, “хеленизам“ итн биле сеуште непознати, сеуште не биле измислени.

За власите - тоа е еден дел од голема маса народи во Средоземјето. Сличност во јазикот и културата има кај етнилки групи во Романија, Бугарија, Србија, Македонија, Албанија, Калабрија, Сицилија, па до Корзика и Каталонија.

Нормално дека има разлики. Само во рамките на денешна република Македонија има воочлива разлика меѓу дијалектот на штипските и крушевските власи. Уште повеќе меѓу дијалектите од Корча, Мецово, Петрич или Зајечар.

Калбрискиот, сицилијанскиот, зардинсикиот и корзиканскиот може да ги броиме во различни јазици, арно ама имаат доста сличност со влашкиот, повеќе отколку другите латински јазици.

Мислам дека шемата за “дојденци“, било да се однесува за власите или словените, е повеќе дел од лутањето лево-десно во почетокот на 19.век одошто нешто што има реална основа.

Латинскиот јазик бил административен јазик, а не јазик кој го употребувале луѓето од Римската Империја во секојдневнот комуницирање меѓу себе. Исто и со хебрејскиот, старогрчкиот или црковно-словенскиот.

Идејата за “латинска нација“, (или “хебрејска“, или “грчка“) во антиката е многу повеќе потреба на надуеното его на самонаречените европски аристократи одошто нешто што има реална историка позадина.
Прч
Прч

Posts : 231
Join date : 2015-01-08

Вратете се на почетокот Go down

За власите Empty Re: За власите

Пишување by concrete Пон Јун 05 2017, 09:36

тоа е Прч , што знаат деца што е 2000 години. Во денешно време за помалку од 50 години сите спикаат англиски во милион варијанти, а не па 1000 години службениот јазик на римската империја. Инаку имам некој шпириус дека латинскиот кој го слушам кога збори папата , не ќе да е баш оној на кој зборувал Гај Јулие или  Сенека... Smile Smile Smile
Поише ми личи како на нешто што би се изговарало на основа на пишаната форма на англискиот, без некој да го има чуено изворно фонетски..
тхе варехоусе буилдинг  многу ми личи на конкордиа патриа фирмат... Smile Smile
concrete
concrete

Posts : 7020
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

За власите Empty Re: За власите

Пишување by king Пон Јун 05 2017, 14:20

concrete напиша:тоа е Прч , што знаат деца што е 2000 години. Во денешно време за помалку од 50 години сите спикаат англиски во милион варијанти, а не па 1000 години службениот јазик на римската империја. Инаку имам некој шпириус дека латинскиот кој го слушам кога збори папата , не ќе да е баш оној на кој зборувал Гај Јулие или  Сенека... Smile Smile Smile
Поише ми личи како на нешто што би се изговарало на основа на пишаната форма на англискиот, без некој да го има чуено изворно фонетски..
тхе варехоусе буилдинг  многу ми личи на конкордиа патриа фирмат... Smile Smile

Пишаната форма на англискиот јазик во основа се хиероглифи  или кинески, јапонски, корејски начин на сликовен приказ на зборовите ... разликата е само што англискиот начин за основа користи 25/26 сликички од латинското писмо кои во зборовите се редат по принципот ... како ќе ми текне... а така добиената сликичка треба да се изговори ... така и така ...
.... изговорот на „напишаното“ го учат на памет, на принципот  на препознавање на сликата на зборот како целина ... а не како последователен изговор на запишаните гласови (буѕкви, фонети ...)

..па затоа бе они по школите губат толку енормно многу време на пишување диктати...

_________________
Види аватар!
king
king

Posts : 10782
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

За власите Empty Re: За власите

Пишување by VOL Пет Јун 23 2017, 09:57

tuku, da napraime pozitiven divert za vlasive, 
ovoj Vraniskovski e vlav, po rod?
VOL
VOL

Posts : 16901
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

За власите Empty Re: За власите

Пишување by VOL Пет Јун 23 2017, 10:03

od edna druga tema..
tekstov , se vklopuva ovde
"
Кај власите, да си учен по грчки е голема работа.

Памтам на времето, на корзото во Крушево, една мома влаинка по име Алики, се шета заедно со гости од Грција. Муабетот го води на цел глас, како да е приклучена на микрофони. Не е можно да ја игнорираш - мора сите до еден да ја чујат дека знае да лафе по грчки. да знаеш грчки - тоа ти е прашање на престиж кај крушевските власи. Кај битолските власи, од кајшто е Вранишковски, еписибир.

Во разно-разните етнографски карти и статистички прегледи на Македонија од крајот на 19. и почетокот на 20.век, со кои денес мафтаат блгарите сакјаќи да докажат квадратура на круг, како “грци“ воглавно се евидентирани власите. Без нив процентот на грчко население во Македонија би бил занемарлив.

Проблемот со Вранишковски не е во тоа што е гркољубец, туку во тоа што е исклучок од правилото: “кај власите нема будали“. Овој е брлив со тапија.

Неговата историја започнува во 90-тите години, кога владиката Петар организираше “шарена револуција“ против “мешањето на комунистите и државата во црковните работи“. Во превод, тоа беше хајка против владиката Кирил, и наметнуваање на Петар како иден владетел во МПЦ.

Вранишковски, тогаш млад инжењер и световно лице, беше нешто како Боки Бургија - качен на хауба држеше запалителни говори во поддршка на Петар.

Како благодарност, ја доби поткрепата од Петар за да стане црковно лице и владика.

Во мај 2002, српскиот влав Иринеј (тогашен нишки владика, денешен српски патријарх), беше домаќин на средбата на која беше потпишан познатиот Нишки договор. Водач на македонската делегација беше Петар, а заедно со него, од македонска страна, спогодбата ја потпишаа Тимотеј и влавот Наум.

Подоцна кога видоа какви се реакциите дома, Петар и екипата почнаа да ја пеат песната “тази дупка не е дупка“, и “Нишкиот договор не е договор“.

Беше густо, а кога лисицата е фатена во стапица, знае и да си ја одгризе опашката - ако треба.
Така и Петар, си ја одгриза својата десна рака, владиката Јован Вранишковски.
Многу итро, гневот на масите беше насочен кон Вранишковски, а големата риба си остана да си дреме во матната вода, без никој да ја допре.

Вранишковски, како солидна будала, со истиот жар со кој порано држеше говори против владиката Кирил, се нафати сега да игра нова улога - јавно да го брани и застапува Нишкиот договор како да е тоа од Бога дадена вистина. Неговиот духовен водач и ментор, владиката Петар, можеше слободно и непречено да се прави на удрен - “ја нисам из ту и не знам куде е Ниш“.

Кирил беше последниот жив учесник на соборот од 1967 кога е прогласена автокефалност на Македонската Православна Црква. На СПЦ им беше многу битно да го елиминираат како фактор во МПЦ. Владиката Петар (дипломец на богословија од Рим) беше мотор на внатрешната борба против владиката Кирил (дипломец на богословија од Москва)."

/napisano od Prc/
VOL
VOL

Posts : 16901
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

За власите Empty Re: За власите

Пишување by VOL Пет Јун 23 2017, 16:22

inaku...krusevskite vlasi ne se starosedelci vo-Krusevo.
a taa Aliki, poverojatno e deka ima duri i albansko poteklo a nikakva "veza" so grcite taka da najverojatno, kutrata, kako i sekoja selska moma, nasla prilika da odskokne po nesto od okolinata pa makar bilo toa i grckiot jazik.
odkako Ali Pasha im go rastura gradot, masa albanci i vlasi se naseluvaat vo Krusevo. da povtoram, albanci. da pojasnam-pravoslavni...
..zaradi podrskata na peloponeskoto vostanie, kazneti se-vo "sklad so  togasnite metodi" a taa masa narod se ne povekje od triipol veka vo Krusevo.i co Makedonija.
Moskopole e na teritorijata na Albanija.
VOL
VOL

Posts : 16901
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

За власите Empty Re: За власите

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот