ЗАЕВ ОСОМНИЧЕН ЗА ПУЧ
+15
sprinter007
Morski galeb
reiter
gestapo
ribar
кнез
Laba
defo
Прч
хан Ацо
jambo
чучулига
VOL
concrete
king
19 posters
Страна 7 of 40
Страна 7 of 40 • 1 ... 6, 7, 8 ... 23 ... 40
Re: ЗАЕВ ОСОМНИЧЕН ЗА ПУЧ
Шо има јас него да му кажвам?
Оние шо излегоја пред сдсм да ја бранат Македонија од шпиони сакам да ме чујат и сфатат.
Оние шо излегоја пред сдсм да ја бранат Македонија од шпиони сакам да ме чујат и сфатат.
чучулига- Posts : 13528
Join date : 2014-07-11
Re: ЗАЕВ ОСОМНИЧЕН ЗА ПУЧ
kako mislis da im kazes, da im ja preneses porakata?
VOL- Posts : 17150
Join date : 2014-11-25
Re: ЗАЕВ ОСОМНИЧЕН ЗА ПУЧ
чучулига напиша:Не мислам.
''...сакам да ме чујат и сфатат...."
ete vidis..
VOL- Posts : 17150
Join date : 2014-11-25
Re: ЗАЕВ ОСОМНИЧЕН ЗА ПУЧ
karavanot si vrvi... na ovoj site kazuvaat da si odi od fotelja ama nikoj ne mu kazuva..
ebaniot eban tepaniot tepan.od stranskite ambasadi, se prevrtea od leva strana -po nakaj desna strana , od nastanive, se pomestijapred televizor, malce, kolku za reakcija...
..I za brat ljube se krena prasina a sega od nego ostana samo prasina. I posle "bate" e kriv. e ne e kriv..
ebaniot eban tepaniot tepan.od stranskite ambasadi, se prevrtea od leva strana -po nakaj desna strana , od nastanive, se pomestijapred televizor, malce, kolku za reakcija...
..I za brat ljube se krena prasina a sega od nego ostana samo prasina. I posle "bate" e kriv. e ne e kriv..
VOL- Posts : 17150
Join date : 2014-11-25
Re: ЗАЕВ ОСОМНИЧЕН ЗА ПУЧ
премногу е поларизирано македонското општество а башка политичкото самоубиство на Груевски пред целокупната јавност... цк... нема шанси ова само така да помини.
А и сеуште ништо не сме ни чуле од бомбите.
А и сеуште ништо не сме ни чуле од бомбите.
чучулига- Posts : 13528
Join date : 2014-07-11
Re: ЗАЕВ ОСОМНИЧЕН ЗА ПУЧ
Според ојлелелевци тој е веќе 9 години мртов ...чучулига напиша:премногу е поларизирано македонското општество а башка политичкото самоубиство на Груевски пред целокупната јавност... цк... нема шанси ова само така да помини.
А и сеуште ништо не сме ни чуле од бомбите.
..ама па ... тој ги погреба сите ...
... порано негде напишав ... играње со распрснувачки материјал не е за приучени аматери ...
king- Posts : 11124
Join date : 2014-02-19
Re: ЗАЕВ ОСОМНИЧЕН ЗА ПУЧ
Ќе видиме, ќе видиме.... се надевам.
чучулига- Posts : 13528
Join date : 2014-07-11
Re: ЗАЕВ ОСОМНИЧЕН ЗА ПУЧ
Од ... ајде уште малку, па ...готово, готов е ... се стигна до ... ќе видиме.... се надевамчучулига напиша:Ќе видиме, ќе видиме.... се надевам.
king- Posts : 11124
Join date : 2014-02-19
Re: ЗАЕВ ОСОМНИЧЕН ЗА ПУЧ
Мене ме интересират докази за криминал. И ич не ме интересира како се стекнати доказите.
Сакам да знам.
Сакам да знам.
чучулига- Posts : 13528
Join date : 2014-07-11
Re: ЗАЕВ ОСОМНИЧЕН ЗА ПУЧ
mu pukna bombata u pantoloni izgleda,go izvadil osiguracot dodeka si igral nesto so racete u dzebovi.
VOL- Posts : 17150
Join date : 2014-11-25
Re: ЗАЕВ ОСОМНИЧЕН ЗА ПУЧ
..него му пукна бомба до к..от, Грујо одржа вдахновен говор со треперлив глас, а ние???VOL напиша:mu pukna bombata u pantoloni izgleda,go izvadil osiguracot dodeka si igral nesto so racete u dzebovi.
Ние можеме да си купиме по една ваква капа и да тврдиме од вчера дека таа ни е национална...:
concrete- Posts : 7035
Join date : 2013-01-10
Re: ЗАЕВ ОСОМНИЧЕН ЗА ПУЧ
Сево ова почна со вадењето на гомнариите на Миленце,со што почна пукањето на бомбата,па после тоа треторазедното покварено апсење на Верушевски и на крај тотално безумното обвинение кон Заев со што сака да се дефокусира и прикрие содржината на која толку инсистира овде на горумов Чучулига.
Кога дојде на власт Груевски беше вистинско освежување на политичката сцена во Македонија сходно реалните опции во тој момент, во наредните неколку години ги подигна стандардите на политичко владеење во Македонија се до пред неколку години кога полека но сигурно влезе во тоталитарно патолошкио владеење и станува опасен од предизвикување на братоубиствено крвопролевање,се со цел задрување на власта на него и неговите најтесни соработници кој се за жал влезени во тешки,тешки стотицимилионски криминали.
Кога дојде на власт Груевски беше вистинско освежување на политичката сцена во Македонија сходно реалните опции во тој момент, во наредните неколку години ги подигна стандардите на политичко владеење во Македонија се до пред неколку години кога полека но сигурно влезе во тоталитарно патолошкио владеење и станува опасен од предизвикување на братоубиствено крвопролевање,се со цел задрување на власта на него и неговите најтесни соработници кој се за жал влезени во тешки,тешки стотицимилионски криминали.
кнез- Posts : 688
Join date : 2014-06-04
Re: ЗАЕВ ОСОМНИЧЕН ЗА ПУЧ
Инсистирам ами како.
Ако пак не' пренесат жедни преку вода, одма ќе ги прогласам сите инволвирани комплетно за непријатели на Македонија и нејзиниот народ.
Ако пак не' пренесат жедни преку вода, одма ќе ги прогласам сите инволвирани комплетно за непријатели на Македонија и нејзиниот народ.
чучулига- Posts : 13528
Join date : 2014-07-11
Re: ЗАЕВ ОСОМНИЧЕН ЗА ПУЧ
Препорачувам да се прочита
Од изјавата на премиерот дадена денес во 14,00 часот, разбрав дека биле поднесени кривични пријави против 4 лица меѓу кои е и лидерот на опозицијата Зоран Заев поради постоење на основи на сомнение дека ги сториле кривичните дела шпионажа и насилство спрема претставници на највисоки државни органи.
Според премиерот, најголем грев што го направиле осомничените е тоа што соработувале со странски разузнавачки служби заради и прибирање податоци кои потоа би ги употребиле за политички цели против него и неговата власт. На премиерот очигледно не му е познат ноторниот факт дека соработката со странски разузнавачки служби заради прибирање на податоци за потребите на својата земја: на нејзината политика, наука, економија и сл. не е забранета. Дај боже да имаме колку што е можно повеќе вични разузнавачи, научници, професори, економисти, политичари и др, кои ќе воспостават повеќе контакти со претставници на странски разузнавачки служби (кои впрочем многу тешко се воспоставуваат) и да прибираат податоци кои би ги искористиле за потребите на македонската политика, наука и еконоимија. Со член 316, став 4, од Кривичниот законик, забрането е прибавување на тајни податоци и документи со намера тие да се соопштат или предадат на странска држава, странска организација или лице кое им служи. Како што произлегува од изјавата на премиерот, осомничените немале намера тие податоци да ги дадат ниту на странска држава, ниту на странска организација, ниту пак на лице кое им служи, туку, едноставно, да ги употребат во политичката борба против владеачката гарнитура на чие чело се наоѓа тој, заради нејзина замена со друга влада.
Премиерот, исто така, го губи од вид ноторниот факт дека со евентуалното заменување на неговата политичка гарнитура со некоја друга (техничка или политичка) не се руши уставниот поредок, туку само се менува владата. Уставниот поредок е утврден со Уставот и промената на владата не значи негово рушење. Тоа што наводно лидерот на опозицијата му се заканаувал дека податоците до кои што дошол ќе ги објави на граѓаните на Република Македонија, не е кривично дело. Нели, според член 2, став 1, од Уставот, во Република Македонија, суверентетот произлегува од граѓантие и им припаѓа на граѓаните. Според тоа, Република Македонија е држава на граѓаните, а не држава на премиерот и неговата владеачка гарнитура. Имајќи го ова во вид, граѓаните треба да знаат како работи нивната влада, па ако работи лошо и да ја сменат.
Премиерот очигледно е многу уплашен да не му се загрозат позициите, па го обвинува лидерот на опозицијата дека со наведената закана извршил насилство спрема него како претставник на највисок државен орган. Но, ноторен е фактот дека во една демократска држава во која власта им припаѓа на граѓаните тое не е насилство спрема претставник на највисок државен орган, туку извршување на со Уставот и законот загарантираното право на информирање на граѓаните (член 16, став 1 и 2 од Уставот).
Имајќи го ова во вид, му препорачувам на премиерот, да го искористи својот авторитет кај неговите органи за кривично гонење, тие да ја запрат постапката против осомничените за наведените кривични дела, бидејќи, барем спрема неговата изјава, не сториле никакво кривично дело, туку само го користеле своите демократско право на прибирање на информации до кои странските разузнавачки служби им овозможиле пристап (член 16, став 3 од Уставот) а за кои тој и самиот призна дека „некои од нив биле точни, некои делимично точни а некои и неточни“. Наместо да бидат кривично гонети, на нив за ова треба да им биде оддадено признание, бидејќи информациите до кои тие дошле, колку можеби се неповолни за власта, толку се и корисни. Од вистината не треба да се бега. На неа почива напредокот на овој свет. Затоа и најгорчливата вистина е подобра од најслатката заблуда.
Во врска со ова само ќе напоменам дека премиерот, на крајот од неговата изјава однапред ги обвини осомничените велејќи дека на сите прашања ќе оговорел во судска постапка против нив. Еден премиер треба да знее дека за да дојде до судска постапка против некое лице надлежниот јавен обивнител треба да поднесе обивнителен акт против него поради постоење на основано сомнение дека сторил одредено кривично дело.
Но, за волја на вистината, да го кажеме и тоа дека дури и тогаш лицето се смета за невино за казненото дело кое му се става на товар, се додека со правосилна судска пресуда не биде докажана неговата вина (презумпција на невиност- член 13, став 1 од Уставот).
И најпосле, уште една мала забелешка. Премиерот, при крајот на својата изјава, рече: „закани и уцени и вакви местенки не прифаќам“. Демократските лидери, во вакви случаи, не зборуваат во прво лице, бидејќи зборуваат во име на граѓаните, а не во свое име. Затоа тој требаше да каже “закани и уцени и вакви местенки не прифаќаме“. Но, морам да напоменам дека, во една демократска држава, опозицијата, во политичката комуникација со своите политички опоненти, има право да се служи и со закани, со уцени, па дури и со местенки, се разбира, базирани на вистинити факти. Според тоа, премиерот нема право да му замерува на лидерот на опозицијата за тоа што, според него, се послужил со закани, уцени и местенки.
Фејсбук статус на професорот Темелко Ристески
чучулига- Posts : 13528
Join date : 2014-07-11
Re: ЗАЕВ ОСОМНИЧЕН ЗА ПУЧ
Мактел дознава дека денеска владее вистинска паника во ДПМНЕ, како во раководството така и во базата, особено во базата. Локалните шерифи и обичното членство начукано по администрација почнале гласно да коментираат дека им се ближи крајот а само што земале кредити за нови коли и големи телевизори од два метра у дијагонала. Експертската јавност сеуште се чуди што се случи вчера. Дел мислат дека најверојатно финансискиот дел на Вмро-Дпмне, сите оние што се изнабогатија овие 10 години со Груевски се обидуваат да се спасат и брзаат Груевски да го пуштат низ вода, го оставаат сам да се пржи на скарата и затоа не се појавија со него на пресот вчера. Мактел дознава од врвот на Вмро-Дпмне дека Груевски со неговите политички комесари, Илија Димовски, Протуѓер и Ѓорчев е веќе под огромен удар на тендерашкиот дел кои се спремаат да го рушат преку Ахмети и странскиот фактор бидејќи Груевски забегал целосно, нарачал уште стотина споменици и сериозно мислел да се постави себеси за доживотен диктатор на Македонија. Се шпекулира дека дека министри заедно со олигарси блиски до ДПМНЕ, добитниците на разно/разните тендери оваа деценија веќе си ги пакуваат куферите и засилено од нова година ги празнат сметките и ги префрлаат парите во странство. Народна Банка на Македонија веќе алармира за одливи во Јужна Америка, Србија и офшор дестинации. Парите забрзано се префрлаат во милионски суми , а ова почнало нагло да се прави од 20-ти декември. Дури пратеници од Вмро-Дпмне ги ваделе парите од комерцијалните банки и ги префрлале во Грција и Бугарија. Работата е хаос и веќе се знае дека е готово , само членовите сеуште не се информирани, изјави за Мактел еден од високите функционери на Вмро-Дпмне, бивш министер. Експертите предвидуваат дека сето ова ќе екслодира наредниве денови кога ќе почнат да пукаат бомбите на Заев. Тогаш јавноста и членството ќе го видат вистинското лице на Груевски, зад пропагандата и маската која ја прикажуваат режимските телевизии, радија, портали и весници и владините реклами на билбордите. Има шпекулации дека ќе се видат и слушнат разговори на министри и самиот премиер како договараат изборни местенки, провизии од милионски договори, а постојат шпекулации дека дел од министрите и самиот премиер се фатени и во некои не толку симптични лични интеркации кои ќе го нарушат нивниот демохристијански семеен домаќински имиџ. напиша:
ribar- Posts : 415
Join date : 2014-11-27
Re: ЗАЕВ ОСОМНИЧЕН ЗА ПУЧ
Поранешниот шеф на шведската дипломатија Карл Билд на својот профил на социјалната мрежа Твитер објави дека случувањата во Македонија се загрижувачки и повика ЕУ силно да се ангажира за обезбедување на владеење на правото.
„Загрижувачки случувања во Македонија. Обвинувањата за обид за државен удар изгледаат изнасилени. ЕУ мора силно да се ангажира за да се обезбеди владеење на правото.“ напиша Билд.
„Загрижувачки случувања во Македонија. Обвинувањата за обид за државен удар изгледаат изнасилени. ЕУ мора силно да се ангажира за да се обезбеди владеење на правото.“ напиша Билд.
ribar- Posts : 415
Join date : 2014-11-27
Re: ЗАЕВ ОСОМНИЧЕН ЗА ПУЧ
Мене ме интересира шо чекат од СДСМ сега за објавување на информациите.
чучулига- Posts : 13528
Join date : 2014-07-11
Страна 7 of 40 • 1 ... 6, 7, 8 ... 23 ... 40
Similar topics
» ЗАЕВ ОСОМНИЧЕН ЗА ПУЧ - втор дел
» ЗАЕВ ОСОМНИЧЕН ЗА ПУЧ - трет дел
» Метлата на Заев
» СДСМ ... му спремаат ли ПУЧ на Заев
» Заев не сакал власт
» ЗАЕВ ОСОМНИЧЕН ЗА ПУЧ - трет дел
» Метлата на Заев
» СДСМ ... му спремаат ли ПУЧ на Заев
» Заев не сакал власт
Страна 7 of 40
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|