Поврат на ДДВ

Go down

Поврат на ДДВ Empty Поврат на ДДВ

Пишување by трендафил on Вто Мар 19 2019, 10:15

Во пресрет на претседателските избори се најавува дека по изборите ЌЕ почне враќање на ДДВ на граѓаните. Наводно од тоа ќе имаме голема полза. На артиклите на кои се плаќа 18% ДДВ ќе ни се враќаат по 27 денари на 1.000 денари. На тие со 5% (храна пред се) по 7,5 денари на илјадарка. На лекови хунтата го покачи ддв-то од 5 на 18%, односно ни зема по 130 денари повеќе отколку во времето на ВМРО, а ќе ни враќа по 27. Ќарува по 103 денари за свои потреби. На комунални услуги, струја, вода, телефони, интернет, телевизија (кабловска), ѓубретарина и друго нема да има враќање на ДДВ затоа што нема фискални сметки. При тоа тој што бара пари ќе треба да има мобилен или компјутер со интернет (што не е без пари) и да знае да работи со нив, а граѓаните ќе ги платат и државните службеници што ќе работат на овој проект како и опремата и софтверот за истиот.

трендафил

Posts : 143
Join date : 2017-12-02

Вратете се на почетокот Go down

Поврат на ДДВ Empty Re: Поврат на ДДВ

Пишување by king on Вто Мар 19 2019, 12:22

Гола вода е работата....
... кога веќе решиле да ни враќаат пари зошто воопшто и ни земаат?
Нели е поедноставно  ддв-то да го намалат за 15% и чиста сметка ... ни собирање фискални, ни телефонски и компјутерски перипетии ни дополнителни вработени за таа намена, ни жалби за грешки.... ни уште којзнае што ...
ама јглг зошто просто кога може сложено... а кај секое сложено и изгледите за малверзации и подкраднување се поголеми...

... ама ете... вака некој ќе има можност да се фали со чист популизам ... дека ете мислеле на народот и му враќаат пари.... абе упм е работата ... прво зему му па потоа дел врати ...

... со два  збора ... невидена глупост...

_________________
Види аватар!
king
king

Posts : 9986
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Поврат на ДДВ Empty Re: Поврат на ДДВ

Пишување by трендафил on Вто Мар 19 2019, 16:30

На лекови владата на СДСМ и ДУИ го зголеми ДДВ-то за 260%, а сега наводно ќе ни враќаат 15%, но не по автоматизам и веднаш, туку со поднесено барање и одобрување. Ништо чудно парите за сите сметки за кои граѓаните нема да поднесат барање ќе завршат кај политичарите. Ајде да напишам кај опозицијата затоа што во власта според институциите (МВР и правосудството) нема криминалци. На пример ДУИ, која е на власт од 2002 година со пауза од 2006 до 2008 година) и нема никаков криминал. Дури и за банални работи како кога пајак во име на нивни функционер ќе истепа полицајка.

трендафил

Posts : 143
Join date : 2017-12-02

Вратете се на почетокот Go down

Поврат на ДДВ Empty Re: Поврат на ДДВ

Пишување by VOL on Вто Мар 19 2019, 16:53

ke ima dosta lagi bez kraj predizborni
taka da mozebi podobro ke bese da se otvori takva tema, vo koja bi vlegle site pa i ovaa fatamorgana za povrat na DDV.
nejse.

lesno e da se presmeta, ako se soberat site plusevi i minusi..
iskustveno, ne treba ni da pomisli coek deka ke stekne nekakov benefit od bilo koj poteg na ovaa banda na vlast.
ama ete, vetile, neli, kako sto vetile dodeka disele vazduh, deca, roditeli i slicni minhauzenovi bajki...
pa i ovoj povrat na DDV ke si vrvi niz seloto dodeka kucinjaa ke si laat ....
VOL
VOL

Posts : 16187
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Поврат на ДДВ Empty Re: Поврат на ДДВ

Пишување by трендафил on Вто Мар 19 2019, 18:35

Човек верува во тоа што сака. Слушав изутрина како гледачка на телевизија говори дека има 11.000 денари пензија и дека добро ќе и дојде враќањето на една пензија. Таа може максимално (ако сите пари ги даде за производи на кои се добива фискална и се плаќа по 18% ддв (да не јаде и не плаќа комуналии да добие 3.564 денари назад. Но верува дека ќе добие многу повеќе. 
Немам ништо против тоа да се смени насловот на темата во нешто генерално за изборните лаги. На пример нели минатата година добивме датум за преговори. Сега ако не добиеме датум (што сме го добиле божем) виновна ќе биде опозицијата. Бидејќи за се лошо е виновна опозицијата, а за се добро е заслужна власта ќе излезе на крај дека со државата владее опозицијата затоа што ништо добро не се случува, а има само лоши работи.

трендафил

Posts : 143
Join date : 2017-12-02

Вратете се на почетокот Go down

Поврат на ДДВ Empty Re: Поврат на ДДВ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот