ХОЛОКАУСТОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

ХОЛОКАУСТОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Пишување by king on Сре Јан 14 2015, 21:54

И, иако прашањето за холокаустот во Македонија e едно од најмаргиналните, речиси невидливи во дискусите за односот на Европа кон географските граници на холокаустот во нејзините т.н. периферни делови, т.е. во Македонија - сепак останува фактот дека холокаустот во Македонија се случил и тој не претставува научна, историска или пак политичка тајна. Холокаустовскиот настан во Македонија подлежи на проверливост и податливост, оттука тој не е скриена историја и секакво спротивставување на тој факт, најскромно кажано, би било неприкладно, и најпосле, таквото спротивставување би претставувало само обелодинување на само еден крајно недоличен апофатичен однос кон есхатолошките димензии на холокаустовскиот настан во однос на тоталното збришување од лицето на земјата на македонските Евреи.

Во Македонија, под бугарска окупација и со германско-бугарското сојузништво, холокаустот безмилосно ги однесе животите на 7. 148 Евреи, кои беа депортирани и веднаш беа убиени во гасните комори во логорот на смртта Треблинка 2. Потоа, нивните тела беа изгорени, а пепелта од нивните изгорени тела со булдожерите во кампот беше израмнета со земјата. Тоа се случи во март во 1943 година.

Еден од компромисите кои Бугарија требала да ги направи, со цел да се спаси од германска окупација и да не се инволвира во војна со Германија - се однесува на решавањето на еврејското прашање. Како награда за цврста лојалност, од својот германски партнер Бугарија ги добива назад изгубените територии од Втората Балканска војна и Првата светска војна, со што беше остварен империјалниот сон на Цар Борис III за обединета и моќна царска Бугарија. Во новата географска мапа на Бугарија, во април 1941, влезе најголемиот дел, од тогаш веќе поделената Македонија - Вардарскиот дел, над кој, бугарскиот окупатор славеше победа како за своја т.н. новоослободена територија. Тогашната фашистичка Влада на Бугарија, на чиешто кормило бил Богдан Филов, на голема врата го носи и го спроведува Конечното решение врз Евреите од Вардарска Македонија. Ургентно беше воспоставен и активно беше спроведуван бугарскиот административно-политички систем кој вклучуваше и јазична, културна и секаква друга асимилација на македонскиот народ, и паралелно од друга страна, ургентно го институционализираше Конечното решение преку Законот за заштита на нацијата и бројните антисемитски закони, кои педантно ги спроведе во сите нивни фази. Македонскиот субјект беше преименуван во: бугарски субјект, а Евреите во Македонија имаа третман на лица кои престојуваат, а не лица кои живеат во Македонија. Последниов елемент ќе се покаже како клучен за трагичната судбина на еврејскиот народ во Македонија. Тука спаѓа депортацијата на Евреите од Вардарска Македонија, беспрекорно организирана од бугарската политичка елита, администрација и полиција, изведена преку бугарските железници (БГЖ) во три т.н. еврејски возни транспорти (на 22, 25 и 29 март, 1943), од привремениот концентрационен камп Монопол во Скопје до главната железничка линија меѓу Варшава и Бјалисток, на станицата на Малкиња, каде се наоѓал логорот Треблинка. На оваа железничка постројка, македонските Евреи им беа предадени на германските власти, кои веднаш ги однеле на брза егзекуција во гасните комори во Треблинка 2. Преку претходно потпишаниот Договор меѓу Александар Белев, раководителот на Комесаријатот за еврејски прашања и неговиот германски колега, СС-хаупштурмфирер Теодор Данекер, од 22 февруари 1943, била правно утврдена институционалната гаранција "дека Бугарија во никој случај нема понатаму ниту да ги бара назад Евреите кои ги депортирала, ниту дека понатаму ќе се интересира за нив". Од Треблинка 2, назад во Македонија не се врати ниту еден депортиран Евреин. Оттогаш поминаа точно 70 години.

И додека Бугарија ги депортираше Евреите од нејзините т.н. новоослободени делови на обединетото Царство - т.е. од окупираната Вардарска Македонија, истовремено, во нејзините стари делови се одвиваше моќен институционалeн отпор од страна на бугарските интелектуалци, уметници и писатели, на Управниот совет на бугарските адвокати, на Министерот за правда Димитар Пешев, друштвото на адвокатите, Централниот консисториј во Бугарија, бугарскиот лекарски сојуз, како и на Светиот синод. 48. 000 Евреи од старите краишта на Бугарија - не беа депортирани и тие беа спасени.

Погорните редови со право ја поттикнуваат потребата прашањето за имплементацијата на конечното решение над Евреите од Македонија, во рамки на генералната наука за холокаустот, да излезе од полето на нејзините маргини и да добие правилен, точен и експлицитен третман. Притоа, подразбирам исклучително компаративен пристап кон прашањето и различниот третман на Евреите во новослободените и старите делови на тогашна Бугарија од страна на истиот антисемитски административно-идеолошки кабинет на Бугарија, и од едната иста фашистичка Влада на Бугарија во времето на Богдан Филов. Овој предлог за научно разгледување, преиспитување и поставување на старо-новото прашање на нови позиции, предлагам да се стави во објективот на синхрон пристап кон овој аспект на холокаустовскиот настан, бидејќи тоа безпоговорно го условуваат двете антиномични холокаустовски искуства кои се случиле во тогашната географска карта на Бугарија: едните да останат во живот, а другите да заминат на тотално горење ((????.

Ваквиот предлог за нова позиција на старо-новото прашање, е исто така генериран и од фактот што по 70 години од депортацијата на македонските Евреи и нивната анихилација, и по исто толку години по недепортирањето и спасувањето на Евреите од старите делови на Бугарија - сеуште останува нејасен третманот на Европа во однос на географските граници на холокаустот којшто се случил во нејзините т.н. периферни делови, т.е. во Македонија. Најсвежите примери кои доаѓаат од говорницата на Европскиот парламент, во неколку наврати укажуваат дека современата европска држава Бугарија денес одлучно стои на позицијата на "моделот Данска", истакнувајќи го единствено фактот за спасувањето на 48 000 Евреи во холокаустот, тогашните Евреи од старите делови на Бугарија, а денес под националниот предзнак: бугарски Евреи. Ако е тоа навистина така, тогаш навистина останува прашањето: дали гаранцијата која Бугарија му ја даде и на писмено на својот германски партнер во 1943, дека таа "во никој случај нема понатаму ниту да ги бара назад Евреите кои ги депортирала, ниту дека понатаму ќе се интересира за нив", сеуште важи и денес по 70 години? Дали тоа значи и експортирање на став кој го суспендира фактот за вистината за трагичниот крај на Евреите од Вардарска Македонија? Дали тоа значи експортација на јасен апофатички став кон директната одговорност за депортацијата на 7.148 Евреи од Вардарска Македонија во март 1943 година, кога Македонија имаше статус на новоослободена територија во рамки на Бугарија и во чија што географска мапа тогашната бугарска политичка елита ги депортираше Евреите од Вардарска Македонија и оттука, го спроведе тоталното збришување од лицето на земјата на Евреите од Македонија? Ако е тоа така - тогаш, дали тоа и значи дека Европа, прашањето за холокаустот во нејзините периферни делови, и по 70 години сеуште го нема затворено, како на пример во Македонија, во однос на одговорноста за имплементаторите на настанот, иако холокаустовскиот историски ентитет како таков одамна заврши, меѓу останатото, и заедно со животите на 7.148 Евреи од Вардарска Македонија, тогаш под бугарска окупација и бугарско-германското партнерство?

Д-р Софија Грандаковска


http://www.globusmagazin.com.mk/default-mk.asp?ItemID=92702F0689C5BF41BCA17C0B164248B5

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8676
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОЛОКАУСТОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Пишување by Laba on Сре Јан 14 2015, 23:42

Колку евреи, потомци на овие кои се депортирани во логорите на смрта, денес живеат во Македонија?

Laba

Posts : 377
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОЛОКАУСТОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Пишување by VOL on Сре Јан 14 2015, 23:43

par stotini.. neka se okolu dveste, dvestepedeset.

se istrebile ovie mongolive komsijski

_________________
The greatest trick the Devil ever pulled was convincing the world he didn't exist. And like that...he's gone.

https://www.youtube.com/watch?v=EZ4ELvmTOnw

VOL

Posts : 13549
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОЛОКАУСТОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Пишување by king on Сре Јан 14 2015, 23:46

Порано .... упм ... пред 15-на години .....
извесен Драган Шами беше задолжен за евиденција на евреите во Македонија ...
... сега е иселен во Канада ..

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8676
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОЛОКАУСТОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Пишување by Laba on Сре Јан 14 2015, 23:49

мислам дека бугарите имаат истребено скоро 99 проценти од еврејската популација во Македонија.така некако ми се врти бројката некаде по интернет видов.

Laba

Posts : 377
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОЛОКАУСТОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Пишување by VOL on Сре Јан 14 2015, 23:51

Laba напиша:мислам дека бугарите имаат истребено скоро 99 проценти од еврејската популација во Македонија.така некако ми се врти бројката некаде по интернет видов.

pa ovie sto preziveale se onie sto izbegale kako deca. celi familii se unisteni. del od niv se kriele a nekoi i se spasile begajki vo drugi zemji. znam deka ima i vo partizani otideno baegi..pisuvav porano vo utopenica za toa Cool

_________________
The greatest trick the Devil ever pulled was convincing the world he didn't exist. And like that...he's gone.

https://www.youtube.com/watch?v=EZ4ELvmTOnw

VOL

Posts : 13549
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОЛОКАУСТОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Пишување by VOL on Сре Јан 14 2015, 23:51

ti be da ne si evrejka, a?

_________________
The greatest trick the Devil ever pulled was convincing the world he didn't exist. And like that...he's gone.

https://www.youtube.com/watch?v=EZ4ELvmTOnw

VOL

Posts : 13549
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОЛОКАУСТОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Пишување by Laba on Сре Јан 14 2015, 23:53

не, Smile и немам сретнато никој до нив . освен на телевизија (Виктор Мизо мислам дека е..ама не сум сигурна)

Laba

Posts : 377
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОЛОКАУСТОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Пишување by king on Сре Јан 14 2015, 23:55

Laba напиша:мислам дека бугарите имаат истребено скоро 99 проценти од еврејската популација во Македонија.така некако ми се врти бројката некаде по интернет видов.
Сегде некој среќлија ќе се протне ...

.... овде ..во првиот пост ... акцент е ставен на двојната политика на бугаристанците ... едните евреи ги испратиле на туширање додека другите ги извлекле ...

...најверојатно причината за тоа е ..што новоприсвоената територија сакале да ја исчистат од „небугари“ (небугари по нивно поимање) ... сметале дека македонците за подолго или пократко време би ги целосно асимилирале додека со евреите потешко би им одело

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8676
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОЛОКАУСТОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Пишување by Laba on Чет Јан 15 2015, 00:02

има ли информации, можеби би можеле да побараме,дали бугарите имаат само евреи интернирано во логорите на смртта или и други (македонци, срби, роми,власи, турци. итн)?

ова го поставувам како прашање, затоа што од фамилијата на баба ми имаа инернирано во Бугарија, за време на 2.Светска војна , и не се вратиле никогаш во Македонија. Не се сигурни дали се работи за конц. логор или работни логори за присилна работа

Laba

Posts : 377
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОЛОКАУСТОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Пишување by VOL on Чет Јан 15 2015, 00:04

mozno e da se odneseni na prisilna rabota . ama kako bugaristancive ja gubele vojnata ( a koja ja dobile..) mozno e i metak u cello.

_________________
The greatest trick the Devil ever pulled was convincing the world he didn't exist. And like that...he's gone.

https://www.youtube.com/watch?v=EZ4ELvmTOnw

VOL

Posts : 13549
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОЛОКАУСТОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Пишување by хан Ацо on Чет Јан 15 2015, 17:33

Laba напиша:мислам дека бугарите имаат истребено скоро 99 проценти од еврејската популација во Македонија.така некако ми се врти бројката некаде по интернет видов.
Бугарите имаа истребено?!Или германците?

хан Ацо

Posts : 323
Join date : 2014-11-15
Location : Бугариjа

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОЛОКАУСТОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Пишување by хан Ацо on Чет Јан 15 2015, 17:36

king напиша:
Laba напиша:мислам дека бугарите имаат истребено скоро 99 проценти од еврејската популација во Македонија.така некако ми се врти бројката некаде по интернет видов.
Сегде некој среќлија ќе се протне ...

.... овде ..во првиот пост ... акцент е ставен на двојната политика на бугаристанците ... едните евреи ги испратиле на туширање додека другите ги извлекле ...

...најверојатно причината за тоа е ..што новоприсвоената територија сакале да ја исчистат од „небугари“ (небугари по нивно поимање) ... сметале дека македонците за подолго или пократко време би ги целосно асимилирале додека со евреите потешко би им одело
Сега ако беше можно некой да исчисти Македония од албанци ке бидеше задоволен,а?
Smile

хан Ацо

Posts : 323
Join date : 2014-11-15
Location : Бугариjа

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОЛОКАУСТОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Пишување by king on Чет Јан 15 2015, 19:15

А бе остај ти сеа .... утре ќе врне муабетите ...

... збориме за евреите и бугарите ...

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8676
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОЛОКАУСТОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Пишување by VOL on Чет Јан 15 2015, 19:28

za zal,(nivna) taa damka, ke si ja nosat I nemoze da bide isbrisana kolku I da se koprcaat.

od edna strana se gordeat so toa, za da izgledaat pogolem papa od papata, pred "stormfront" forumi i na zapad, a obiduvajki se da izbegaat od odgovornosta , se treskaat od zemja deka go spasuvale- a vistinata e dea gi "spasile" pakuvajki gi vo bugaristanski vagoni i
ispratile za Treblinka.

Kolku maloumno e da kazes " ama ne sme nie krivi tuku germancite" a onaka "nevino i naivno" ispratile vo smrt  98 procenti od makedonskite gradjani so evrejska veroispoved.

_________________
The greatest trick the Devil ever pulled was convincing the world he didn't exist. And like that...he's gone.

https://www.youtube.com/watch?v=EZ4ELvmTOnw

VOL

Posts : 13549
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОЛОКАУСТОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Пишување by Sponsored content Today at 07:05


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот