ВЕТЕРНИЦА
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Музички легенди - ABBA

3 posters

Go down

Музички легенди - ABBA Empty Музички легенди - ABBA

Пишување by king Вто Мар 31 2015, 09:59

АББА е шведска поп група, формирана во Стокхолм во 1972 година. Групата се состои од: Агнета Фaлтског,

Музички легенди - ABBA F38h84
Музички легенди - ABBA 2uo6wc4

Бјорн Улвеус, Бени Андерсон и Ани-Фрид Лингстад.

Музички легенди - ABBA 6iwdwi
Музички легенди - ABBA 657ckm

АББА всушност е акроним од првите букви на нивните имиња. Тие станале едни од најпознатите успешни изведувачи во историјата на поп музиката, достигнувајќи го врвот на топ листите во целиот свет од 1972 година до 1982 година. Тие се исто така познати по победувањето на Евровизијата во 1974 година, донесувајќи Ѝ ја на Шведска првата победа во историјата на натпреварот и станувајќи најуспешната група која некогаш учевствувала на натпреварот.

Музички легенди - ABBA 2a6r03m
Музички легенди - ABBA 2929nwp


АББА имаат продадено околу 370 милиони плочи низ целиот свет и сè уште се продаваат милиони годишно, со што ги прави едни од најпродаваните музички уметници на сите времиња. АББА е првата поп група која дошла од неанглиско говорно подрачје и која ги усвоила топ листите во земјите каде се зборува англиски јазик: Велика Британија, Ирска, САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд и Јужна Африка. Групата исто така, имала значителен успех на пазарите во Латинска Америка и снимени се многу нивни хитови на шпански јазик.
За време на активните години на бендот, Фaлтског и Улвеус биле брачна двојка, како што биле и Лингстад и Андерсон, иако и двете двојки подоцна се развеле. Достигнувајќи ја кулминацијата на популарноста и двете двојки биле жртви на напорност, што довело до развод на Улвеус и Фалтског во 1979 година, а бракот на Андерсон и Лингстад се распаднал во 1981 година. Овие промени во нивните врски се одразиле на нивната музика, така што подоцна следувале поинтроспективни стихови.
По распаѓањето на АББА при крајот на 1982 година, Анедрсон и Улвеус биле успешни во пишување на музички текстови, додека Фaлтског и Лингстад продолжиле со соло кариери. Популарноста на АББА била намалена сè додека не се појавиле во неколку филмови, особено во ,,Muriel's Wedding‘‘, ,,The Adventures of Priscilla‘‘, и ,,Queen of the Desert‘‘. Со ова се обновил интересот за групата. Во 1999 година, музиката на АББА се адаптирала во успешниот мјузикл Mamma Mia. Со тоа имале турнеи низ целиот свет. Еден истоимен филм издаден во 2008 година станал најуспешниот филм во Велика Британија таа година. Групата била примена во ,,Rock and Roll Hall of Fame‘‘ на 15 март 2010 година.
king
king

Posts : 11124
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Музички легенди - ABBA Empty Re: Музички легенди - ABBA

Пишување by king Вто Мар 31 2015, 10:00

Бени

Бени Андерсон (роден на 16 декември, 1946 година во Стокхолм, Шведска), станал (на 18 години) член на популарната шведска поп-рок група, ,,The Hep Stars‘‘, кои се појавиле на многу насловни страни со нивните меѓународни хитови. ,,The Hep Stars‘‘ се исто така познати и како ,,The Swedish Beatles‘‘. Тие исто така го поставиле ,,Hep House‘‘, нивниот еквивалент на ,,Apple Corps‘‘. Андерсон свирел клавијатура и започнал со пишување на оригинални песни за својот бенд, од кои многу станале големи хитови, вклучувајќи ги: ,,No Response‘‘ која го достигнала третото место во 1965 година, ,,Sunny Girl‘‘, ,,Wedding‘‘ и ,,Consolation‘‘. Сите овие песни биле хит број еден во 1966 година. Андерсон исто така, имал плодна текстописна соработка со Ласе Берхаген, со кого тој ја напишал ,,The Story of Little Sophie‘‘ во 1968 година.


Бјорн Улвеус (роден на 25 април, 1945 година во Гетеборг, Шведска), исто така, ја започнал својата музичка кариера на 18 години (како пејач и гитарист), кога им се спротиставил на ,,Hootenanny Singers‘‘, популарна шведска фолк-скифл група. Улвеус почнал со пишување на англиски песни за неговата група, па дури и имал кратка соло кариера.


Во јуни 1966 година, Улвеус и Андерсон одлучиле да напишат заедничка песна. Нивниот прв обид бил ,,Isn't It Easy to Say‘‘, песна која подоцна била снимена од ,,The Hep Stars‘‘. Стиг Андерсон бил менаџер на ,,The Hootenanny Singers‘‘ и основач на Polar Music. Тој видел потенцијал во соработката со нив и ги охрабрувал да пишуваат повеќе. Двајцата, исто така почнале да свират со други бендови, сè до 1969 година, кога парот ги напишал и објавил некои од првите вистински хитови: ,,Merry Sixties‘‘, снимени од Брита Борг и хитот на ,,The Hep Stars‘‘, ,,Fiddler‘‘. Во 1969 година за Мелодифестивален,(Melodifestivalen) Андерсон ја напишал и доставил песната ,,Hej, Clown". Тој фестивал се одржувал во Шведска за избор на евровизиска песна. Песната требала да го добие првото место, но повторното гласање ја пласирало песната на второ место. По тој повод, Андерсон накратко ја запознал неговата идна сопруга, пејачката Ани-Фрид Лингстад. Таа исто така учевствувала на натпреварот. Еден месец подоцна, тие станале двојка. Како што бендовите на Андерсон и Улвеус почнале да се распаѓаат во 1969 година, тие се здружиле и го снимиле својот прв заеднички албум во 1970 година, наречен ,,Lycka‘‘ ("Happiness"). Во овој албум биле вклучени песни, отпеани од нив двајцата. Нивните сопруги често присуствувале во студиото, а понекогаш биле придружни вокали. Фалтског дури и напишала песна заедно со нив двајцата. Сè до летото, 1974 година, Улвеус привремено снимал со ,,The Hootenanny Singers‘‘, а Андерсон учевствувал во продуцирањето на нивните песни.

Агнета Фалтског (родена на 5 април, 1950 година во Jönköping, Шведска) пеела со локален бенд, предводен од Бернт Енгхарт, кој испратил демо снимка од бендот до Карл Герхард Лундквист. Демо снимката ја содржела песната напишана и отпеана од Агнета, ,,Jag var så kär‘‘. Лундквист бил толку импресиониран од нејзиниот глас, така што бил убеден дека таа ќе стане ѕвезда. По макотрпни напори за да ја најде, тој договорил Агнета да дојде во Стокхолм за да сними две нејзини песни. Така Агнета го достигнала првото место на слушаност во Шведска со песната која ја напишала таа. Имало продажба над околу 80 000 копии кога имала само 17 години. Таа за кратко време била забележана од критичарите и композиторите. Главната инспирација на Фалтског во нејзините рани години биле многу пејачи, од кои и Кони Франсис. Со нејзините сопствени композиции, таа снимила преработки на странски хитови и ги изведувала на турнеите во шведските фолк-паркови. Повеќето од нејзините хитови ги композирала таа, што било невообичаено за пејачка од тоа време. Агнета објавила четири плочи помеѓу 1968 година и 1971 година. Таа имала многу успешни песни на шведските топ листи. За време на снимањето во една шведска телевизија во мај 1969 година, Фалтског се сретнала со Улвеус. Се венчале на 6 јули 1971 година. Фалтског и Улвеус биле вклучени во секое од нивните снимања, а наскоро дури и Андерсон и Лингстад додале придружни вокали во третиот студиски албум ,,As I Aм‘‘ (1970). Во 1972 година, Фалтског станала ѕвезда како Марија Магдалена во оригиналната шведска продукција на Jesus Christ Superstar и добила позитивни критики. Помеѓу 1967 и 1975 година, Фалтског издала 5 студиски албума.


Ани-Фрид ,,Фрида‘‘ Лингстад (родена на 15 ноември 1945 година во Бјорказен, Баларат во Норвешка) пеела на 13 годишна возраст со различни бендови и работела главно во кабаре со џез-ориентиран стил. Таа исто така формирала свој бенд ,,Anni-Frid Four‘‘. Во летото 1967 година, таа освоила награда на националниот натпревар за таленти со песната ,,A Day Off‘‘. Тоа било шведска верзија на босанова песната ,,A Day in Portofino‘‘, која била вклучена во компилацијата ,,EMI‘‘ на Фрида, 1967-1972. Оној кој ќе освоил прва награда, добивал договор за снимање со ,,EMI Sweeden‘‘ и да пее во живо во најпопуларните телевизиски емисии во земјата. Ова телевизиска изведба, меѓу многу други, е вклучена во 3 ½ час од документарецот на Фрида, на ДВД. Лингстад објавила неколку синглови на ,,EMI‘‘ , но без многу успех. Кога Бени Андерсон почнала да ги произведува нејзините песни во 1971 година, таа го достигнала првото место со нејзиниот сингл ,,Min egen stad" ("My Own Town"), напишана од Бени и со сите идни членови на АББА како придружни вокали. Лингстад правела турнеи и редовно ги изведувала нејзините песни во фолкпаркот и се појавувала на телевизија и радио. Таа се запознала со Улвеус во 1963 година за време на натпреварот за таленти, а Фалтског во почетокот на 1968 година во една телевизиска емисија.


Лингстад конечно се поврзала со нејзините идни членови на групата во 1969 година. На 1 март 1969 година, таа учевствувала во Мелодифестивален (Melodifestivalen), каде што го сретнала Андерсон за прв пат. Тие се сретнале повторно неколку недели подоцна за време на турнејата во јужниот дел на Шведска, па така наскоро станале двојка. Андерсон го издала нејзиниот сингл ,,Петар Пан‘‘ во септември 1969 година, нејзината прва соработка со Бени и Бјорн, така што тие ја напишале песната. Андерсон тогаш го издал деби албумот на Лингстад, ,,Frida‘‘, којшто бил издаден во март 1971 година. Лингстад исто така, свирела на неколку ревиски шоуа и во неколку кабареа во Стокхолм помеѓу 1969 и 1973 година. По формирањето на АББА, таа снимила уште еден успешен албум во 1975 година, ,,Frida ensam‘‘, во којшто бил вклучен шведскиот препев на песната ,,Fernando‘‘. Оваа песна била хит на шведските радио листи, пред да биде претставена англиската верзија.
king
king

Posts : 11124
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Музички легенди - ABBA Empty Re: Музички легенди - ABBA

Пишување by king Вто Мар 31 2015, 10:01

Прва изведба во живо и почетокот на ,,Фестфолк‘‘


Обид за комбинирање на нивните таленти се случил во април 1970 година, кога двете двојки отишле заедно на одмор на островот Кипар. Она што започнало како пеење за забава на плажата, завршило како импровизирана изведба во живо пред војниците на Обединетите нации, кои исто така се наоѓале на плажата. Во тоа време, Андерсон и Улвеус го снимаиле нивниот прв албум заедно, ,,Lycka‘‘, кој требал да биде издаден во септември 1970 година. Фалтског и Лингстад биле придружни вокали на неколку песни во текот на јуни, а идејата за тие двете да работат заедно го поттикнува нивното појавување на сцената на ,,Фестфолк‘‘ (што преведено од шведски значи и ,,Party People‘‘ и ,,Engaged Couples‘‘) на 1 ноември 1970 година во Гетеборг. Шоуто кое се одржало во кабарето привлекло негативни критики, особено за изведбата на Улвеус и Андерсон на песната ,,Hello, Old Man‘‘; првото снимање на Бјорн и Бени за да се промовираат сите четворица.

Првата заедничка плоча ,,Hej, gamle man"


,,Hej, gamle man", песна за еден стар војник од Армијата за спасување, станал нивниот прв хит. Плочата била заслуга на Бјорн и Бени и го достигнала петтото место на продажните топ листи и прво место наSvensktoppen, останувајќи на тоа место 15 недели по ред. Во текот на 1971 година, четирите уметници почнале почесто да работат заедно; додавајќи вокали на другите плочи. Фалтског, Андерсон и Улвеус правеле заеднички турнеи во мај, додека Лингстад сама одела на турнеи. Во текот на летото, честите снимања на плочите ги споиле сите четворица.
king
king

Posts : 11124
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Музички легенди - ABBA Empty Re: Музички легенди - ABBA

Пишување by king Вто Мар 31 2015, 10:06

Формирање на групата (1970- 1973 година)

По издавањето на ,,Lycka‘‘ во 1970 година, уште два сингла на Бјорн и Бени биле издадени во Шведска, ,,No Doctor Can Help with That‘‘ и ,,Imagine If the Earth Were Young‘‘. Во овие песни поистакнати вокали биле Лингстад и Фалтског, со што се достигнал поголем успех. Фалтског и Улвеус кои сега биле венчани, почнале редовно да настапуваат заедно со Андерсон во фолк парковите во Шведска, во 1971 година. Стиг Андерсон, основачот и сопственикот на Polar Music, бил решен да се пробие во главниот меѓународен пазар со музиката на Андерсон и Улвеус.


,, Еден ден вие двајцата ќе напишете песна која ќе стане вистински хит‘‘, предвидувал тој. Стиг Андерсон ги храбрел на Андерсон и Улвеус да напишат песна за Melodifestivalen, и по две одбивања во 1971 година, Андерсон и Улвеус ја претставиле својата нова песна ,,Say It with a Song‘‘ за изборот што требал да се одржи наредната година. Тие ја избрале дебитантката Лена Андерсон за да ја претстави песната. Песната го добила третото место, охрабрувајќи го Стиг Андерсон, па така песнта станала хит во Шведска.


Првите знаци за странски успех се појавиле изненадно, бидејќи синглот на Андерсон и Улвеус ,,She's My Kind of Girl", бил издаден преку Epic Records во Јапонија во март 1972 година. Со тоа, дуото добиле Топ 10 хит. Уште два синглови биле издадени во Јапонија, ,,En Carousel" ("En Karusell" во Скандинавија, претходна верзија на "Merry-Go-Round") и ,,Love Has Its Ways" (песна која ја напишале со Коичи Морита).

Првиот хит на Бјорн, Бени, Агнета и Ани-Фрид


Улвеус и Андерсон опстанале со нивното пишување на песни и експериментирале со нови звуци и вокални аранжмани. ,,People Need Love‘‘




била издадена во јуни 1972 година, во кој жените биле придружни вокали, а на кои им биле дадено поголема важност. Стиг Андерсон кој објавил овој сингл изведен од Бјорн, Бени, Агнета и Ани-Фрид. Песната го достигнала 17 место на шведските топ листи, доволно за да ги увери дека би успеале понатаму. Синглот исто така, го преминал рекордот за квартети во САД, каде што го достигнале 114 место на топ листите на Cashbox и 117 место на Светската топ листа. Назначени како Бјорн и Бени (со Свенска Флика), бил објавен преку Playboy Records. Сепак, според Стиг Андерсон, ,,People Need Love" би можел да биде поголем американски хит, но недоволно познатите Playboy Records немале доволно средства за да ја задоволи побарувачката на трговците и радио програмерите.


Групата одлучила да го сними својот прв заеднички албум во есента, 1972 година и ги започнале нивните средби на 2 септември, 1972 година. Жените ги делеле главните вокали во ,,Nina, Pretty Ballerina" ( Топ 10 хит во Австралија), а кога и двете запеале заедно, ја дале идејата за квалитетот на групата и нивното соединување.

king
king

Posts : 11124
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Музички легенди - ABBA Empty Re: Музички легенди - ABBA

Пишување by king Вто Мар 31 2015, 10:08

,,Ring Ring"




Во 1973 година, бендот и нивниот менаџер Стиг Андерсон одлучиле уште еднаш да се обидат на Melodifestivalen, овој пат со песната ,,Ring Ring‘‘. Студиските проби биле обработени од Мајкл Б. Третоу, кој експериментирал со ,,ѕид на звукот‘‘, продукциска техника кој станал новиот звук на АББА. Стиг Андерсон направил англиски превод на текстот од Неил Седака и Фил Коди и тие мислеле дека со ова конечно ќе победат. Сепак, на 10 февруари 1973 година, песната го освоила 3 место на Melodifestivalen, така што никогаш и не победиле на изборот за евровизиска песна. Без оглед на сè, групата го издала својот деби албум, исто така наречен ,,Ring Ring‘‘. Албумот бил одличен и наречен според синглот ,,Ring Ring" и бил хит во многу делови во Европа и во Јужна Африка. Сепак, Стиг Андерсон сметал дека вистинскиот пробив може да се случи само со хит во Велика Британија или САД. Иако Агнета Фалтског го родила првото дете во 1973 година, таа за краток период била заменета од Ингер Брундин, на една турнеја во Западна Германија.

Официјално именување



Во почетокот на 1973 година, Стиг Андерсон, уморен од секакви имиња, почнал да ја именува групата приватно и јавно како АББА. На прв поглед, ова било игра на зборови, бидејќи АББА исто така било и името на позната компанија за конзервирање риби во Шведска. Сепак, со оглед на тоа што оваа компанија не било доволно позната надвор од Шведска, Андерсон верувал дека ова име ќе стане добро познато на меѓународниот пазар. Во Гетеборг бил одржан натпревар за да се избере име за групата. Групата била импресионирана од имињата како ,,Алибаба‘‘, ,,ФАББ‘‘ и ,,Баба‘‘. На крај сите записи биле отфрлени и летото официјално било објавено дека групата ќе се вика ,,АББА‘‘. Групата преговарала со кознерваторите за заштита на името

,АББА‘‘ е акроним создаден од првите букви на името на секој од членовите: Агнета, Бјорн, Бени и Ани-Фрид. За време на промовирањето слики, Бени забавувајќи се ја напишал буката ,,Б‘‘ наопаку, па од 1976 година па наваму ᗅᗺᗷᗅ станала регистрирана трговска марка на групата. За прв пат ,,АББА‘‘ било напишано на некои листови за време на нивното снимање во студиото Метроном во Стокхолм, на 16 октомври 1973 година. Ова најпрвин било запишано како ,,Бјорн, Бени, Агнета и Фрида‘‘, но потоа било прецртано со ,,АББА‘‘, напишано со големи букви на врвот.


Официјалното лого, користејќи ја задебелената верзија на фонтот News Gothic , било дизајнирано од Руни Зодерквист. За прв пат било објавено на ,,Dancing Queen", сингл од август 1976 година, а потоа и на сите други албуми и синглови. Но, идејата за официјалното лого била направена од германскиот фотограф Волфганг Хајлман, кога ги фотографирал за тинејџерскиот весник ,,Bravo‘‘. На сликата, членовите на АББА држат голема почетна буква од имињата. Откако ги направиле фотографиите, Хајлман видел дека еден од машките ја држи неговата буква наопаку. Тие го дискутирале тоа и им се допаднала идејата. По изработката на нивниот каталог за групата, Polygram почнале да користат различни варијации на логото на АББА, користејќи различен фонт и додавајќи емблем на круна во 1992 година, за првото издавање на ,,ABBA Gold‘‘: Компилација на најголемите хитови. Кога Universal Music го купиле на Polygram, називот на АББА за Polar Music International, бил повратен во Стокхолм. Оттогаш, оригиналното лого е вратено на сите официјални производи.
king
king

Posts : 11124
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Музички легенди - ABBA Empty Re: Музички легенди - ABBA

Пишување by king Вто Мар 31 2015, 10:10

Пробив (1973-1976)
Евровизија


Кога групата настапила на Melodifestivalen со песната ,,Ring Ring‘‘, но не успеала да се квалификува на шведскиот наптревар во 1973 година, Стиг Андерсон веднаш почнал со планирање на натпреварот за следната година. Улвеус, Андерсон и Стиг Андерсон верувале во можностите за искористување на Melodifestivalen и Евровизијата како начин за да му покажат на музичкиот бизнис да биде свесен за нив како композитори, а и за целата група. Кон крајот на 1973 година, тие биле поканети во една шведска телевизија за да изведат песна за наредниот Melodifestivalen. Од поголемиот број нови песна, била избрана ,,Waterloo‘‘.



Групата сега била инспирирана од гламурозната рок сцена во Англија. ,,Waterloo‘‘ била песна во глам-рок стил, направена со ,,звучниот ѕид‘‘ на Мајкл Б. Тетроу. Песната имала слична продукција и арнажман со песната [[,,See My Baby Jive‘‘[[, која била Wizzard's хит во Велика Британија во 1973 година

АББА ги освоиле нивните национални хитови на шведската телевизија на 9 февруари 1974 година, а со овој трет обид тие биле поискусни и подобро подготвени за Евровизија. Освојувајќи го натпреварот на 6 април 1974 година, им се пружила шанса да имаат турнеја низ Европа и да учевствуваат на многу телевизиски шоуа. ,,Waterlo‘‘ бил број еден на АББА на листите на големите пазари, како што биле во Германија и Велика Британија. Во САД, песната го достигнала 6 место на Billboard Hot 100 chart , отварајќи им го патот за нивниот прв албум и нивната прва посета таму како група. Иако кратка промотивна посета, сепак тие го имале и првиот настап во американската телевизија , Шоуто на Мајкл Даглас. Албумот ,,Waterloo‘‘ го достигнал само 145 место на листата на Billboard 200 , но добиле едногласни високи пофалби од американските оценувачи. ,,Los Angeles Times‘‘ го нарекле ,,голем и фасцинантен деби албум, кој доста ефикасно го доловува духот на традиционалниот поп стил... неизмерно пријатен проект‘‘, додека Creem го карактеризирале како ,,совршена комбинација на исклучителни, совршени композиции‘‘.


Следниот сингл на АББА, ,,Honey, Honey‘‘, го достигнал 27 место на американскиот Billboard Hot 100, а 2 место во Германија. Сепак, во Обединетото Кралство, Epic (британската музичка куќа на АББА), одлучила да преиздаде ремкис верзија на ,,Ring Ring‘‘ наместо ,,Honey, Honey‘‘. Главната верзија на Sweet Dreams, го достигнала 10 место. И двете песни дебитирале на листите во Велика Британија во рамките на една недела. ,,Ring Ring‘‘ не успеал да достигне на листата Топ 30 во Велика Британија, шпекулирајќи дека групата била само Евровизиски хит.
king
king

Posts : 11124
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Музички легенди - ABBA Empty Re: Музички легенди - ABBA

Пишување by king Вто Мар 31 2015, 10:14

Периодот по Евровизијата

Во ноември 1974 година, АББА започнале со првата турнеја низ Европа, настапувајќи во Данска, Западна Германија и Австрија. Турнејата не била многу успешна како што очекувале тие, бидејќи не се распродале сите карти. Поради недостаток на побарувачка, тие дури биле присилени да откажат неколку емисии, вклучувајќи го и единствениот закажан концерт во Швајцарија. Вториот дел од турнејата, каде што тие поминале низ Скандинавија во јануари 1975 година, бил многу поразличен. Тие наполниле многу сали. Тие продолжиле со настапите во живо и во текот на летото во 1975 година, кога АББА тргнале на 16 дневна турнеја во Шведска и Финска. Нивното стокхолмско шоу којшто се одржал во забавниот парк Грона Лунд, имал публика од околу 19.200 луѓе. Кон крајот на 1974 година, во Велика Британија бил издаден синглот ,,So Long‘‘, но не успеал да са пласира на листата на Радио 1. Во летото, следната година, АББА ја издале песната ,,I Do, I Do, I Do, I Do, I Do‘‘, којашто овој пат успеала да го достигне 38 место на листата на Радио 1.



Подоцна, во 1975 година, издавањето на нивниот само-насловен трет албум ,,SOS‘‘, им помогнал да се врата на топ листите во Велика Британија, каде што песната го освоила 6 место, а албумот 13 место. ,,SOS‘‘ исто така станал вториот број еден на АББА во Германија и Австралија. Нивниот успех дополнително се зацврстил со песната ,,Mamma Mia‘‘, освојувајќи го првото место во Обединетото Кралство, Германија и Австралија. Во САД, ,,SOS‘‘ го достинал 10 место на листата на Record World Top 100 и 15 место на листата на Billboard Hot 100. Со тоа, тие ја подигнале наградата БМИ, за најслушана песна на американското радио во 1975 година. До почетокот на 1976 година, групата веќе имала 4 песни на американската листата Топ 30, но музичкиот пазар покажал дека нема да биде лесно за да се пробијат. Истоимениот албум ,,ABBA‘‘, достигнал три американски хита, но, го достигнал само 165 место на Cashbox, а 174 место на листата на Billboard 200. Creem ги изразиле своите мислења, истакнувајќи дека АББА во САД немале многу успешна кампања. Cashbox отишле толку далеку, велејќи дека ,,темите и уметноста на АББА се повторуваат, а креативноста и презентацијата придонесуваат до непријатни критики за нивните напори‘‘. Спротивно од нив, Creem напишале: ,,плочата ,,SOS‘‘ содржи многу добри звуци, кои доведуваат до вџашување‘‘.




Во Австралија, обајвувањето на музичките спотови за ,,I Do, I Do, I Do, I Do, I Do‘‘ и ,,Mamma Mia‘‘ на националното телевизиско шоу Countdown (кој премиерино се одржал во август 1975 година), резултирал со достигнување на голема популарнност на групата. Така Countdown, станал клучниот промотор на групата, претставувајќи ги нивните карактеристични спотови. Со ова започнал големиот интерес за АББА во Австралија, што резултирал со нивно задржување на првото место на топ листите.
king
king

Posts : 11124
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Музички легенди - ABBA Empty Re: Музички легенди - ABBA

Пишување by king Вто Мар 31 2015, 10:17

Суперстардом (1976-1971)


Во март 1976 година, бендот објавил компилација од албумот ,,Greatest Hits‘‘, и покрај тоа што имале само 6 од Топ 40 хитови во Велика Британија и САД. Сепак, тој станал нивниот прв број 1 албум во Велика Британија, а исто така го за прв пат стигнале до листата на Топ 50 во САД. Таму тие успеале да продадат повеќе од еден милион примероци. Во исто време, Германија објавила компилација наречена ,,The best of ABBA‘‘, која го достигнала повторно првото место. Исто така во овој албум била приклучена и песната ,,Fernando‘‘, која го достигнала првото место во 13 држави, вклучувајќи ги Велика Британија, Германија и Австралија. Песната била распродадена во 10 милиони примероци ширум светот. Во Австралија, песната била на врвот на топ листата 14 недели (и останала така уште 40 недели), поврзувајќи се со песната на Битлси, ,,Hey Jude‘‘ за најдолготраен број еден, притоа овозможувајќи песната ,,Fernando‘‘ да стане една од најдобропродаваните синглови на сите времиња во Австралија. Истата година, групата ја освоила првата меѓународна награда, така што со ,,Fernando‘‘ биле избрани за ,,Најдобра студиска снимка за 1975 година‘‘. Во САД, ,,Fernando‘‘ го достигнала Top 10 од Cashbox Top 100 и 13 место на Billboard Hot 100. Исто така го достигнале врвот на листатаBillboard Adult Contemporary , првиот број еден сингл на АББА во Америка




Четвртиот студиски албум на групата, ,,Arrival‘‘, број 1 бестселер во Европа и Австралија, претставил едно ново ниво на остварување и во текстопиството и во студиската работа. Тоа предизвикало позитивни критики од повеќе британски неделни весници, како што се ,,Melody Maker‘‘ и ,,New Musical Express‘‘. Најчестите пофалби биле од американските критичари. Од албумот следеле многу хитови: ,,Money, Money, Money‘‘, друг број 1 во Германија и Австралија и ,,Knowing Me, Knowing You‘‘, шестиот хит на АББА со место број 1 во Германија и во Велика Британија. Вистинска сензација била ,, Dancing Queen‘‘,



не само на врвот на топ листите во Велика Британија, Германија и Австралија, но, исто така, го достигнала и првото место во САД. Во Јужна Африка, АББА имала зачудувачки успех со ,,Fernando‘‘, ,,Dancing Queen‘‘ and ,,Knowing Me, Knowing You‘‘, со што биле меѓу топ 20 најпродавани синглови за периодот помеѓу 1967-1977 година. Во 1977 година, ,,Arrival‘‘ бил номиниран за BRIT Award во категоријата за ,,Најдобар меѓународен албум на годината‘‘. Во тоа време АББА биле популарни во Велика Британија, поголемиот дел од Западна Европа, Австралија и Нов Зеланд. Во ДВД-то,на Фрида, Лингстад објаснува како таа и Фалтског се развиле како пејачки, како што снимките на АББА станувале покомплексни во текот на годините.


Популарноста на бендот во САД останала во помал обем, а ,,Dancing Queen‘‘ станал единствениот Bilboard hot 100, број 1 сингл којшто АББА го имале таму, (тие сепак имале уште три синглови на првата позиција на други Билборд табели, вклучувајќи ги Billboard Adult Contemporary and Hot Dance Club Play). Сепак, ,,Arrival‘‘ станал вистински пробив за АББА на американскиот пазар каде што го достигнал 20 место на листата на Blboard 200 и добиле злато од RIAA.
king
king

Posts : 11124
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Музички легенди - ABBA Empty Re: Музички легенди - ABBA

Пишување by king Вто Мар 31 2015, 10:20

Европски и австралиски турнеи


Во јануари 1977 година, АББА се посветиле на својата прва голема турнеја. Статусот на групата се променил драматично и тие биле сметани за ѕвезди. На 28 јануари, тие ја отвориле долгоочекуваната турнеја во Осло, Норвешка, и извеле прекрасен спектакл кој вклучувал неколку сцени од нивната мини опера ,,The Girl with the Golden Hair‘‘. Концертот привлекол огромно медиумско внимание од цела Европа и Австралија. Тие ја продолжиле турнејата преку Западна Германија, посетувајќи ги Гетеборг, Копенхаген, Берлин, Келн, Амстердам, Антверпен, Есен, Хановер, Хамбург, а завршиле со емисии во Обединетото Кралство во Манчестер, Бирминген и Глазгов. Исто така имале два распродадени концерти во London's Royal Albert Hall. Билетите за овие два концерта биле достапни само преку пријави по пошта, а подоцна било откриено дека билетарницата добила 3,5 милиони пријави за влезници, што било доволно да се пополни местото 580 пати. Заедно со пофалбите (,,Излезе дека АББА се неверојатно успешни во снимањето на на нивните плочи‘‘, напишале Creem), имало и поплаки дека ,,АББА изведувале елегантно и со 16 луѓе на сцената‘‘ (Мелоди Мејкер). Еден од концертите на London's Royal Albert Hall, бил снимен како препорака за снимањето на австралиската турнеја за она што станале АББА. Не е точно познато колку било снимено од концертот.


По европскиот дел од турнејата, во март 1977 година, АББА имале 11 концерти во Австралија пред вкупно 160,000 луѓе. Отворањето на концертот во Сиднеј на 3 март во Sydney Showground, пред публика од 20,000 луѓе, бил откажан поради пороен дожд. Лингстад се лизнала на мократа сцена за време на концертот. Сепак, сите четворица подоцна се потсетувале на овој незаборавен концерт од нивната кариера. По нивното пристигнување во Мелбурн, се одржал граѓански прием во Melbourne Town Hall, каде што АББА се појавиле на балконот за да ја поздрават толпата од 6,000 луѓе. Во Мелбурн, групата имала три концерти на Sidney Myer Music Bowl над 14,500 луѓе на секој концерт, вклучувајќи го и австралискиот премиер Малко Фејзер и неговото семејство. На првиот концерт во Мелбурн, дополнителни 16,000 луѓе се собрале надовор од заградената област за да го слушаат концертот. Во Аделаида, групата извела еден концерт на фудбалскиот стадион ,,West Lakes‘‘ пред 20,000 луѓе, а уште 10,000 луѓе слушале однадвор. Во текот на првите пет концерти во Перт, имало закана со бомба па сите биле евакуирани од Забавниот центар. Патувањето било придружено со масовна хистерија и медиумско внимание опфатено во филмот на АББА: ,,The Movie‘‘, во режија на Ласе Халстром.


Австралиската турнеја и понатамошната АББА: ,,The Movie‘‘ придонел и некоја поучност од АББА. Добриот изглед на русокосата Фалтског ја направил пинап девојка на бендот, улога која таа ја мразела. За време на австралиската турнеја, таа излегла во затегнат бел костум, предизвикувајќи еден австралиски весник да го искористи насловот ,,Задникот на Агнета го размрда досадното шоу‘‘. Кога била прашана за ова на прес-конференцијата, таа одговорила: ,,Зар во Австралија немаат задници‘‘?


Во демекври 1977 година, АББА го надоврзале албумот ,, Arrival‘‘ со поамбициозни 5 албуми, објавени за да се совпаднат со дебито на АББА: ,,The Movie‘‘. Иако албумот не бил многу добро примен од критичарите на Велика Британија, сепак имал повеќе светски хитови ширум светот: ,,The Name of the Game‘‘ и ,,Take a Chance on Me‘‘. И двата хита биле на врвот на англиските п тлисти, и го достигнале 12 и 3 место на листата на Billboard Hot 100 во САД. Иако ,,Take a Chance on Me‘‘ не била на врвот на американските топлисти, се покажала како најголемиот хит на АББА таму, со голема продажба на ,,Dancing Queen‘‘. Албумот, исто така ги вклучувал и ,,Thank You for the Music‘‘, Б-страната на ,,Eagle‘‘ во државите каде што таа била издадена како сингл, а подоцна објавена како А-страна сингл во Велика Британија и Ирска во 1983 година. ,,Thank You for the Music‘‘ станала една од најпопуларната и најпосакуваната песна на АББА без да биде издадена како сингл, во текот на животот на групата.

Формирање на студиото Polar Music

д 1978 година, АББА бил еден од најголемите бендови во светот. Тие празниот филмски театар го претвориле во студиото Polar Music. Студиото го користеле и неколку други бендови, особено [[Genesis' Duke[[ и Led Zeppelin таму го снимиле албумот ,,In Through the Out Door‘‘. Во текот на мај, групата отишла во САД за промотивна кампања, промовирајќи се заедно со Енди Гиб, во емисијата на Оливија Њутн-Џон. Сесиите за синглот ,,Summer Night City" биле во тешка борба, но по пуштањето на песната, таа станала уште еден хит на групата. Песната ја поставила основата на следниот албум на групата. На 9 јануари 1979 година, групата ја извела ,,Chiquitita" на музичкиот концерт за УНИЦЕФ (UNICEF), кој што се оддржал во Генералното собрание на ОН за да се прослави годишнината на УНИЦЕФ (UNICEF) за детето. АББА ги донирале авторските права на овој светски хит на УНИЦЕФ (UNICEF). Синглот бил издаден следната недела, и годостигнал првото место во 10 држави.
Турнеи во Северна Америка и Европа


Во средината на јануари 1979 година, Улвеус и Фолтског објавиле дека ќе се разведат. Вестите предизвикале интерес за медиумите, со што излегле многу шпекулации за иднината на групата. АББА ги увериле на новинарите и нивните фанови дека групата нормално ќе продолжи со својата работа и дека разводот нема да има никакво влијание на тоа. Сепак, медиумите продолжиле да ги прашуваат за ова во интервјуата. За да избегат од овој новинарски метеж и да се врата на својата работа, Андерсон и Улвеус тајно отпатувале во Compass Point Studios во Насау,Бахами, каде што за две недели ги подготвиле песните за нивниот следен албум.


Шестиот студиски албум на групата, ,,Voulez-Vous‘‘, бил објавен во април 1979 година, насловната нумера која била снимена во Criteria Studios во Мајами, Флорида со помош на Том Дауд. Албумот бил на врвот на топ листите низ цела Европа и во Јапонија и Мексико, потоа хит Топ 10 во Канада и Австралија, а Топ 20 во САД. Ниту една песна од албумот не станал хит на листите во Велика Британија, но ,,Chiquitita", ,,Does Your Mother Know", ,,Angeleyes" и ,,I Have a Dream" биле Топ 5 хитови таму. Во Канада, ,,I Have a Dream" станал вториот број 1 на АББА на листата RPM Adult Contemporary (откако претходно прво место беше "Fernando"). Исто така во 1979 година, групата го издала нивниот албум Greatest Hits Vol. 2, кој имал сосема нова песна, ,,Gimme! Gimme! Gimme! (A Man After Midnight)", уште еден хит во Германија и Велика Британија.


На 13 септември 1979 година, АББА започнале со нивната турнеја на Northlands Coliseum во Едмонтон, Канада, со преполна сала од 14.000 луѓе. ,,Гласовите на групата, дрскоста на Агнета комбинирана со богати,ниски тонови на Ани-Фрид, беа прекрасни...Технички совршено, мелодички точно и секогаш совршено... Нежниот низок глас на Ани-Фрид и високиот,напнат глас на Агнета беа зачудувачки‘‘, пишувал Edmonton Journal. Во текот на следните 4 недели и тесните панталони кои ги носел Бјорн, ти имале распродадено карти за 17 дати, 13 во САД и 4 во Канада. Последниот закажан концерт во САД во Вашингтон, бил откажан поради летот од Њујорк за Бостон, кога приватниот авион на групата морал да одложи поради лоши временски услови. Тие се појавиле во Boston Music Hall 90 минути подоцна. Турнејата завршила со шоу во Торонто, Канада во Maple Leaf Gardens пред публика од 18.000 луѓе. ,,АББА изведуваат со изненадувачка моќ и волумен, но иако се гласни, се многу јасни... Секој што чекал 5 години за да ја видат групата, ќе биде добро задоволен‘‘, напишале Record World. На 19 отктомври 1979 година, турнејата продолжила во Западна Европа, каде што бендот имал 23 распродадени концерти, вклучувајќи шест распродадени вечери во London's Wembley Arena.
Продирање


Во март 1980 година, АББА отпатувале во Јапонија каде што при нивното пристигнување на Меѓународниот аеродром Нартија, биле пречекани од илјадници фанови. Групата одржала 11 концерти со преполни сали, вклучувајќи и 6 емисии во Tokyo's Budokan. Оваа турнеја била последната во нивната кариера. Во летото на 1980 година, групата го издала синглот ,,The Winner Takes It All", кој го достигнал 8 место на британските топ листи ( и нивниот прв сингл од 1978 година). Песната била погрешно разбрана бидејќи била напишана за брачните проблеми на Улвеус и Фалтског. Улвеус го напишал текстот, но изјавил дека не се однесувал на нивниот развод. Фалтског пак, постојано повторувала дека таа не била причината поради која тие се разделиле. Во САД, песната го достигнала 8 место на листата на Billboard Hot 100 и станал вториот број 1 Billboard Adult Contemporary. Исто така песната била повторно снимена од страна на Андерсон и Улвеус, со друг пратечки вокал, француската пејачка Миреиљ Матју. Песната била преименувана во ,,Bravo Tu As Gagné", со француски текст напишан од Ален Бубил. Истата година во Ноември, АББА го објавиле нивниот седми албум, ,,Super Trouper‘‘, којшто се одразил на нивниот стил со употреба на повеќе синтисајзери и лични текстови.


Тоа го поставил рекордот за најмногу нарачки за британскиот албумот, така што биле направени 1 милион копии уште пред тој да биде издаден. Вториот сингл за албумот, ,,Super Trouper‘‘,



исто така го достигнал првото место во Велика Британија. Друга песна од албумот ,,Lay All Your Love on Me" која била издадена во 1981 година, како 12-инчен сингл во неколку одбрани територии, успеал да го достигне врвот на Billboard Hot Dance Club Play и го достигнал 7 место на британските топ листи. Со тоа, песната станала највисоко рангирана 12-инчна песна издадена во историјата на британската топ листа. Исто така, во 1980 година, АББА снимиле компилација на шпански јазик, наречена Gracias Por La Música. Овој албум бил издаден и во држави каде се зборувал шпански јазик, како и во Токио и Австралија. Албумот достигнал голем успех, а заедно со шпанската верзија на ,, Chiquitita", се сигнализирал пробивот на групата во Латинска Америка. ABBA Oro: Grandes Éxitos, шпанскиот еквивалент на ABBA Gold, бил издаден во 1999 година
king
king

Posts : 11124
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Музички легенди - ABBA Empty Re: Музички легенди - ABBA

Пишување by king Вто Мар 31 2015, 10:21

Последен албум и настапи (1981-1982

Во Јануари 1981 година, Улвеус се оженил со Лена Калерсо, а менаџерот Стиг Андерсон го прославил неговиот 50-ти роденден со голема забава. За оваа пригода, АББА ја снимиле песната ,,Hovas Vittne"



(игра на зборови за шведското име на за Јеховините сведоци и Хова, родното место на Андерсон), како почит кон него и била објавена само на 200 винилски плочи, кои биле подарени само на гостите на забавата. Овој сингл бил колекционерски баран. Во средината на февруари 1981 година, Андерсон и Лингстад објавиле дека поднеле барање за развод. Се ширеле гласнини дека нивниот брак се борел за опстанок веќе неколку години и дека Бени веќе сретнал друга жена, Мона Норклит, со која се оженил во Ноември 1981 година. Андерсон и Улвеус имале текстописни сесии во текот на пролетта 1981 година, а сесиите за снимањето започнале во средината на март. На крајот од април, АББА ја снимиле емисијата ,,Дик Кејвет се среќава со АББА‘‘ (Dick Cavett Meets ABBA), предводена од водителот Дик Кејвет. ,,The Visitors‘‘, осмиот и последен албум на АББА, покажал текстописна зрелост чувство на недостатокот во нивните претходни снимки. Но сепак, групата била постаена во поп жанрот, кој опфаќал прилечни звуци. Иако името на албумот не било откриено за време на објавувањето, според Улвеус, името се однесувало на тајни состаноци одржани против одобрувањето на тоталитарните влади во Советските држави. Други песни пак биле биле наменети за неуспешни врски, зкани од војната, стареење, губење невиност. Единствениот славен објавен сингл на албумот ,,One of Us", бил деветиот број 1 на АББА во Германија и лебедовата песна од нивните шеснаесет Toп 5 синглови на листата во Северна Африка. ,,One of Us" бил последниот Toп 10 хит во Велика Британија.




Иако албумот го достигнал врвот на листите во Европа, вклучувајќи ги Велика Британија и Германија, ,,The Visitors‘‘, не бил толку успешен како претходните албуми. Неговата продажба драстично опаднала во Јапонија, Франција и Австралија. Една песна од албумот, ,,When All Is Said and Done‘‘, бил издаден како сингл во Северна Америка, Австралија и Нов Зеланд и достојно станал последниот Toп 40 хит во САД (водејќи на американската листа до 31 декември 1981 година). Исто така го освоиле и US Adult Contemporary Top 10 и 4 место на RPM Adult Contemporary chart во Канада. Авторот на песната ,,The Winner Takes It All" и "One of Us" се справувал со болно искуство од разделувањето со партнерката, иако кон траумата се гледало пооптимистички. Со објавената приказна за разводот на Андерсон и Лингстад, шпекулациите ги зголемиле тензиите во рамките на групата.
Последни сесии за снимање





Во пролетта 1982 година, почнале сесиите за пишување песни и групата се собирала за да се направат повеќе снимки. Плановите не биле целосно јасни, но се дискутирало за да се направи нов албум и се дал предлог за мала турнеја. Сесиите за снимање во мај и јуни 1982 година биле напорни, па само три песни биле снимени: ,,You Owe Me One", ,,I Am the City" and ,,Just Like That". Андерсон и Улвеус не биле задоволни со исходот, така што лентите биле откажани, а групата зела летен одмор.


Тие се вратиле назад во студиото во август, а групата ги сменила плановите за остатокот од годината. Тие сакале да издадат двоен албум за Божиќ, кој ќе ги содржи сите нивни хитови. Албумот бил насловен ,,The First Ten Years‘‘. Биле одржани нови сесии за снимање и пишување песни. Во текот на октомври и ноември тие ги издале песните: ,,The Day Before You Came", ,,Cassandra‘‘ и ,,Under Attack"/,,You Owe Me One". Ниту една песна не станала Toп 20 во Велика Британија, иако ,,The Day Before You Came" станал Toп 5 хит во многу европски држави како што се Германија, Холандија и Белгија. Албумот бил прво место во Велика Британија и Белгија, Top 5 во Холандија и Германија и Toп 20 во многу други држави. ,,Under Attack", последниот хит на групата пред да се распаднат, бил Toп 5 хит во Холандија и Белгија.



,,I Am the City" и ,,Just Like That" останале неиздадени синглови од албумот. ,,I Am the City" на крајот била објавена како дел од албумот ,,More ABBA Gold‘‘ во 1993 година, додека пак ,,Just Like That" била вклучена во неколку други песни препеана од други пејачи, продуцирана од Улвеус и Андерсон. Преработени верзии на стиховите завршиле во мјузиклот ,,Chess‘‘. Хорскиот дел на ,,Just Like That" бил вклучен во репроспективен сет во 1994 година. И покрај многубројните барања од фановите, Улвеус и Андерсон сè уште одбивале да ја издадат верзијата на АББА за ,,Just Like That", иако подоцна целосната верзија била пиратирана.


Групата отпатувала во Лондон за да ги промовира најдобрите синглови. Албумот ,,The First Ten Years‘‘ во првата недела од ноември 1982 година, се појавил на Saturday Superstore и The Late, Late Breakfast Show, а потоа и во Западна Германија наредната недела, каде што настапувале во Show Express. На 19 ноември 1982 година, АББА за последен пат се појавиле во Шведска на телевизиската програма Nöjesmaskinen. На 11 декември истата година, тие го одржале нивниот последен концерт, пренесуван на Noel Edmonds' The Late, Late Breakfast Show во Велика Британија, во живо преку студиото од Стокхолм.
Последни настапи


Андерсон и Улвеус започнале да соработуваат со [[Тим Рајс[[ во почетокот на 1982 година. Тие пишувале песни за музичкиот проект ,,Chess‘‘. Фалтског и Лингстад биле сконцентрирани на соло кариери. Додека Андерсон и Улвеус работеле на мјузиклот, понатамошната соработка продолжила помеѓу нив тројцата со мјузиклот ,,Abbacadabra‘‘, продуциран во француска телевизија. Тој бил детски мјузикл кој содржел 14 песни на АББА. Ален и Даниел Бубил, кој ја напишал ,,Клетници‘‘ (од француски Les Misérables), бил во контакт со Стиг Андерсон во врска со проектот. Мјузиклот бил емитуван на Божиќ на француската телевизија, а подоцна била направена и холандска верзија. Претходно, Бубил го напишал францускиот текст за ,,The Winner Takes It All"од Миреј Метју.


Лингстад, кој неодамна се преселил во Париз, учевствувал во француската верзија и го снимил синглот ,,Belle", дует со француската пејачка Даниел Балавоан. Песната била обработка на песната на АББА ,, Arrival‘‘. Како што продажбата на песната ,,Belle" одела добро, Камерон Мекинтош сакал да направи англиска верзија на емисијата во Лондон. Песната требала да биде преведена од Дејвид Вуд и Дон Блек. Андерсон и Улвеус исто така биле вклучени во проектот и придонеле со нова песна, ,,The Seeker". ,,Abbacadabra" приемерно бил претставен на 8 декември 1983 година, во театарот The Lyric Hammersmith во Лондон. Лингстат исто така бил вклучен во оваа продукција, снимајќи ја ,,Belle" на англиски јазик како и ,, Time", дует со актерот и пејач Б.А. Робертсон. Песната се продавала одлично, и била продуцирана и снимена од Андерсон и Улвеус.


Сите четири члена за последен пат се појавиле јавно во јануари 1986 година, и тоа како пријатели, а не како членови на АББА. Тие за себе снимиле видео снимка, акустична верзија на ,,Tivedshambo", која била првата песна напишана од нивниот менаџер Стиг Андерсон. Песната била изведена во шведска телевизија за 55 роденден на Андерсон. Четворицата се немале видено повеќе од 2 години. Истата година тие исто така настапиле приватно на друг пријателски роденден, Клаес аф Гејерштам. Тие испеале песна напишана од нив, ,,Der Kleine Franz", која подоцна ја вметнале во ,,Chess‘‘. Исто така, во 1986 година бил издаден ,,ABBA Live‘‘, којшто содржел јавни настапи на групата од 1977 година до 1979 година.Во 1999 година, тие биле гости на 50 роденден на Горел Ханзел. Ханзел бил нивн долгогодишен пријател, и поранешен секретар на Андерсон. Оддавајќи му почит на Ханзел, АББА извеле шведска песна ,,Med En Enkel Tulipan" акапела.


На неколку настапи, Бени Андерсон настапувал со неколку стари песни на АББА. Во јуни 1992 година, тој и Улвеус се појавиле со групата ,,U2‘‘ на концерт во Стокхолм, пеејќи го рефренот од ,,Dancing Queen". Неколку години подоцна, за време на последниот концерт на B & B во Стокхолм, Андерсон се приклучил во бисот на пијаното. Андерсон често додавал песни од АББА кога изведувал со бендот ,,BAO‘‘. Тој исто така свирел на пијано за време на снимањето на новите песни на АББА, ,,Like an Angel Passing Through My Room", со оперската пејачка Ана Софи фон Отер и ,,When All Is Said and Done" со Швеѓанката Викторија Толстој. Во 2002 година, и Андерсон и Улвеус направиле акапела изведба на првата верзија на ,,Fernando", прифаќајки ја наградата ,,Ivor Novello‘‘ во Лондон. Лингстад снимила акапела верзија на ,,Dancing Queen" заедно со шведската група The Real Group во 1993 година. Исто така повторно ја снимила ,,I Have a Dream" со швајцарскиот пејач Дан Даниел во 2003 година.
Распаѓање на групата


АББА никогаш не го објавиле официјално нивното распаѓање. Нивната последна изведба како група била на британската телевизиска програма The Late, Late Breakfast Show (во живо од Стокхолм), на 11 декември 1982 година. Во јануари 1983 година, Фалтског започнала со сесии за соло албум, како што Лингстад успешно го издала албумот ,,Something's Going On‘‘ неколку месеци претходно. Улвеус и Андерсон, во меѓувреме започнале со текстописни сесии за мјузиклот ,, Chess‘‘. Во интервјуата, Бјорн и Бени го негирале распаѓањето на групата (,,Кои сме ние без нашите дами? Иницијали на Бриџит Бардот?‘‘), а Лингстад и Фалтског изјавувале дека групата работи на нов албум. Настанал внатрешен судир помеѓу групата и нивниот менаџер, а членовите на бендот ги продале нивните акции на Polar Music во текот на 1983 година. Освен појавувањето на телевизија во 1986 година, групата не се појавила повторно заедно сè до нивното повторно спојување на Шведската премиера за филмот ,,Mamma Mia‘‘ на 4 јули 2008 година.


Во интервју за ,,Sunday Telegraph‘‘, по премиерата, Улвеус и Андерсон потврдиле дека немало што да ги примами за да се вратат заедно на сцената. Улвеус рекол: ,,Никогаш повеќе нема да се појавиме на сцената.. Едноставно нема мотивација за одново да се групираме. Парите не се фактор и би сакале луѓето да нè запомнат онакви какви што бевме. Млади, темпераментни, полни со енергија и амбиција. Помнам дека Роберт Плант рече дека ,,Led Zeppelin‘‘ биле бенд којшто си ги штител своите работи...‘‘. Сепак, на 3 јануари 2011 година, Фалтског за која се сметало отсекогаш дека била најизолираниот член на групата, а воедно и најголемата пречка за нивното повторно соединување, ја отворила можноста за обединување на еднократен аранжман. Таа признала дека сè уште не им ја претставила идејата на другите членови. Во април 2013 година, таа ги искажала нејзините надежи за обдинување, во интервјуто за ,,Die Zeit‘‘, наведувајќи: ,,Ако ме побараат, ќе кажам да.‘‘
Преродба


Истата година, членовите на АББА се разотишле по своите патишта. Француската продуцентска куќа на емисијата (телевизискиот мјузикл ,,Abbacadabra‘‘)предизвикала нов интерес за музиката на групата. Откако привекле малку внимание за време на средината и крајот на 80-те години на 20 век, музиката на АББА доживеала препород во раните 90-те години на 20 век. Тоа се случило благодарение на британското поп дуо ,,Erasure‘‘, кое ги објавило насловните верзии на песните на АББА, достигнувајќи ги врвовите на топ листите во 1992 година. Како што U2 пристигнаа во Стокхолм за да го одржат концертот во јуни истата година, бендот им даде почит на АББА, поканувајќи ги Бјорн Улвеус и Бени Андерсон да им се придружат на сцената и да ја препеат ,,Dancing Queen", да свират на гитара и клавијатура. Во септември 1992 година било издадено ,,АBBА Gold‘‘ : ,,Greatest Hits‘‘, нов компилациски аллбум. Синглот ,,Dancing Queen", добил шанса да се промовира преку радио во Велика Британија, летото 1992 година. Песната се вратила на британската Toп 20 листа во август истата година, овој пат достигнувајќи го 6 место. Преголемиот интерес за ,,ABBA Gold‘‘: компилацијата ,,Greatest Hits‘‘ следувала со издавање на ,,More ABBA Gold‘‘: ,, More ABBA Hits‘‘ во 1993 година.


Во 1994 година, два австралиски култни филмови го привекле вниманието на светските медиуми, коишто биле фокусирани на восхитувањето на АББА. Тие филмови биле: ,,The Adventures of Priscilla‘‘, ,,Queen of the Desert‘‘ и ,,Muriel's Wedding‘‘. Истата година, ,,Thank You for the Music‘‘ сет од 4 диска кој ги содржел сите хитови на групата, бил издаден со вклучување на сите 4 члена. ,,До крајот на 20 век‘‘, еден американски критичар напишал една деценија подоцна, ,, АББА биле повеќе омразени, отколку обожавани‘‘. АББА наскоро била призната и прифатена од страна на други изведувачи: Еван Дандо од The Lemonheads снимил верзија на ,,Knowing Me, Knowing You". Синид О‘Конор и Бојзонис Стивен Гејтли ја снимиле ,,Chiquitita", Танита Тикарам, Бланкманж и Стивен Вилсон им оддале почит на песната ,, The Day Before You Came". Клиф Ричард ја извел песната ,,Lay All Your Love on Me", додека пак Дајони Ворвик, Петар Керера и Celebrity Skin снимиле нивна верзија на песната ,,SOS". Алтернативниот рок музичар од САД, Маршал Креншоу, исто така направил верзија на ,,Knowing Me, Knowing You" која ја свирел на неговите концерти, а пак легендарниот англиски латино пејач Ричард Даниел Роман, признал дека АББА му извршиле големо влијание во неговата кариера. Шведскиот метал гитарист Ингви Малмстин, ја изведол ,,Gimme! Gimme! Gimme! (A Man After Midnight)", со малку променет текст.


Биле издадени уште два компилациски албума на АББА. Признанието на АББА се совпаднало со прославата за 25 годишнината и содржело 17 песни, од кои некои биле специјално снимени за ова издание. Некои позабележитлени песни биле:,Go West's "One of Us", ,,Army of Lovers‘‘,"Hasta Mañana", Information Society's, [["Lay All Your Love on M, Erasure's "Take a Chance on Me" (со МекКинки), и акапела дуетот на Лингстад со The Real Group, со песната ,,Dancing Queen". Втор албум со 12 песни бил издаден во 1999 година, насловен како ,, ABBAMANIA‘‘, чиишто приходи биле наменети за добротворната организација ,,Youth Music‘‘ во Англија. Албумот ги содржел новите верзии на следниве песни: забележителни песни од Madness (,,Money, Money, Money"), Culture Club (,,Voulez-Vous"), The Corrs (,,The Winner Takes It All"), Steps (,,Lay All Your Love on Me", ,,I Know Him So Well"), и ,,Thank ABBA for the Music". Тие биле изведени од неколку уметници и претставени на Brits Awards истата година.


Во 1997 година, била формирана уште една група, ABBA Teens, која била преименувана во A-Teens. Првиот албум на групата, ,,The ABBA Generation‘‘, содржел неколку поп песни на АББА од 1990 година. Албумот бил светски познат, а исто така и наредните албуми. Групата се растурила во 2004 година поради исцрпувачкиот распоред кој го имале и поради тоа што некои сакале да градат соло кариери.


Во Шведска, зголеменото признавање на Улвеус и Андерсон резултирал со концертите на [[B & B[[ во 1998 година. Концертот (со шведските пејачи кои работеле со текстописците многу години) не ги изложил само нивните години поминати со АББА, но и хитовите пред и по АББА. Концертот бил многу успешен, па потоа било снимено и ЦД. Подоцна имале турнеи во Скандинавија, а дури отишле и во Пекинг каде што имале два концерта. Во 2000 година, АББА се изнајсниле дека добиле понуда од 1,000,000,000 американски долари, за да се обединат и да направат турнеја од 100 концерти.


На полуфиналето за Евровизија во 2004 година, одржан во Истанбул, 30 години откако АББА победиле на натпреварот во Брајтон, сите четири члена направиле кратко појавување во специјално видео направен за овој чин. Видеото било насловено како ,,Our Last Video Ever‘‘. И други добро познати ѕвезди како Рик Мајал, Шер и Еди од Iron Maiden, се појавиле во видеото. Тоа не било вклчено во официјалното ДВД-издание од Евровизијата, но било издадено посебно ДВД-издание, преименувано во ,,The Last Video‘‘ на барање на АББА.


Во 2005 година, сите четири члена на групата се појавиле заедно во Стокхолм за премиерата на мјузиклот ,,Mamma Mia!‘‘.


На 4 јули 2008 година, сите членови на АББА се соединиле за шведската премиера на филмот ,,Mamma Mia!‘‘. Тоа било само втор пат кога тие се појавиле заедно во јавноста од 1986 година. За време на појавувањето, тие повторно нагласиле дека немале намера никогаш повторно да се соединат, истакнувајќи го мислењето на Роберт Плант дека повторно соединетите ,,Led Zeppelin‘‘ биле повеќе кавер бенд, отколку оригинален бенд. Улвеус изјавил дека сакал групата да биде запаметена каква што била за време на нивните успешни години.


Компилацискиот албум ,,ABBA Gold‘‘: ,,Greatest Hits‘‘, првично бил издаден во 1992 година, а по петти пат станал број еден на британските листи на 3 август 2008 година. На 14 август 2008 година, песната за филмот ,,Mamma Mia!‘‘ бил број еден на листата US Billboard. За време на најславниот период на бендот, највисоката позиција која го добил албумот во Америка е 14 место.


Во ноември 2008 година, сите осум студиски албуми, заедно со деветиот кој содржел поретки песни, бил издаден како ,,The Albums‘‘. Бил успешен на неколку листи, искачувајќи се на четвртото место во Шведска и Top 10 во неколку европски територии. Во 2008 година, Sony Computer Entertainment Europe, во соработка со Universal Music Group Sweden AB, го објавиле SingStar ABBA и на PlayStation 2 и на PlayStation 3 видеодисплејот. Тоа било дел од музичките видео игри SingStar. Верзијата PS2 содржела 20 песни на АББА, додека пак PS3 содржел 25 песни.


На 22 јануари 2009 година, Фалтског и Лингстад се појавиле заедно на сцената на Swedish music award "Rockbjörnen" ( за ,,животно дело‘‘). Во едно интервју, двете жени ја изразиле својата благодарност за почесната награда и им се заблагодариле на фановите. На 25 ноември 2009 година, PRS за музика најавиле дека британската публика гласале за АББА како бенд којшто најмногу би сакале да го видат соединет. На 27 јануари 2010 година, ABBAWORLD, изложба од 25 интерактивни и аудиовизоелни активности на групата, била претставена во изложбениот центар Earls Court во Лондон. Според веб-сајтот на изложбата, ABBAWORLD била ,,одобрена и целосно поддржана‘‘ од страна на членовите на групата.


Mamma Mia била издадена како една од првите неколу непремиерни песни за онлајн играта RPG Bandmaster. На 17 мај 2011 година, ,,Gimme! Gimme! Gimme!‘‘ била додадена како непремиерна песна за серверот Bandmaster Philippines. На 15 ноември 2011 година, Ubisoft објавиле игра со танцување наречена ,,ABBA: You Can Dance, for the Wii‘‘. Во јануари 2012 година, Universal Music изјавиле дека повторното објавување на последниот албум на АББА, ,,The Visitors‘‘, се одликувал со претходно нечуена песна ,,From a Twinkling Star to a Passing Angel‘‘.
Процесот на снимање песни


Во студиото тие биле перфекционисти и работеле на нивните песни без престан сè додека не го постигнале посакуваниот ефект. Агнета рекла дека тие не се откажувале и дури останувале до доцните часови со цел да изработат нешто што е можно да биде најдобро. За пример земете ја песната ,,Summer Night City‘‘. Тие воопшто не биле среќни со тоа како излегла таа и трудот кој го вложиле во неа.


Основниот ритам за песната го започнувале со тапанар, гитарист и басист. Сите останати аранжмани: вокали, други инструменти, се додавале на оваа основа. Следувале вокалите а наштимувањето на оркестарот останувало за на крај.


Работејќи во студиото и жените давале свои идеи. Бени и Бјорн отсвирувале некои песни и тие давале предлози и коментирале за нив, особено кажувале ако нешто не е во ред. Според Агнета, жените го имале последниот коментар за тоа како треба да биде конечниот текст на песната. Фрида рекла: ,,Кога се собираме околу пијаното за да си ги наштелуваме гласовите, секогаш наоѓаме нешто што послужува како пратечки вокали‘‘. Откако се средуваат вокалите и се наштимува оркестарот, им биле потребни 5 дена за да ја склопат песната.
,,The Rock and Roll Hall of Fame‘‘


На 15 март 2010 година, АББА биле претставени во ,,The Rock and Roll Hall of Fame‘‘ од членовите на Bee Gees, Бари Гиб и Робин Гиб. Церемонијата се одржала во Њујорк во The Waldorf Astoria Hotel. Групата била претставена од Ани-Фрид Лингстад и Бени Андерсон.
Успехот во САД


За време на нивната активна кариера од 1972 до 1982 година, АББА достигнале 14 Toп 40 синглови на листата Billboard Hot 100 (13 на Cashbox Top 100), од кои 10 биле Toп 20 на двете листи. ,,Dancing Queen‘‘ била прво место на Toп 10. Иако песните ,, Fernando‘‘ и ,, SOS‘‘ не успеале во првите 10 песни на листата Billboard Hot 100, сепак тоа го достигнале на листата на Cashbox и Record World. Групата исто така имала 12 Toп 20 синглови на Billboard Adult Contemporary. ,,Fernando" и ,,The Winner Takes It All" го достигнале првото место. ,,Dancing Queen" и ,,Take a Chance on Me" добиле злато од RIAA. Девет албума на АББА биле меѓу првите на листата на [[Billboard 200 alb. Седум од нив биле помеѓу првите 50. Пет албума добиле златен сертификат од RIAA, додека три добиле платинарен статус (продавајќи повеќе од еден милион копии).
Мода, видеа, рекламни кампањи


АББА биле познати по своите колоритни костуми. Повеќето видеа на АББА (вклучувајќи го и ,, ABBA: The Movie‘‘), биле продуцирани од Ласе Халстром, којшто подоцна ги продуцирал филмовите ,,My Life as a Dog‘‘, ,,The Cider House Rules‘‘ и ,,Chocolat‘‘.


АББА снимиле видеа бидејќни нивните песни биле хитови во повеќе држави, а јавни настапи во сите држави не можеле да се одржат. Ова исто така било направено со цел да се намали нивното патување, особено за држави до каде што би им требало неколу часови за да стигнат. Фалтског и Улвеус имале две мали деца, а Фалтског која се плашела од летање со авион, не сакала да ги остави децата за толку долго време. Менаџерот на АББА, Стиг Андерсон, сфатил дека покажувањето на видео на телевизија за да се рекламира песна или албум, овозможувал полесна и побрза изложеност на албумот. Некои од видеата станале класици поради костимите кои ги носеле во 70-те години на 20 век. Исто така се одразувало и групирањето на членовите во комбинирање на паровите, преклопување на лицето на еден пејач со друг, и спротиставени едни према други.


Во 1976 година, АББА учевствувале во рекламна кампања на Matsushita Electric Industrial (денешниот Panasonic), која била дизејнирана за да се промовира брендот ,,National‘‘. Оваа кампања била креирана првично за Австралија, каде што ,,National‘‘ бил сè уште примарниот бренд кој го користеле Matsushita. Брендот ,,Panasonic‘‘ не бил претставен во Австралија и покрај неговата широка употреба во другите делови на светот како што е САД. Сепак, кампањата исто така била емитувана во Јапонија. Биле претставени пет реклами, секоја траела приближно 1 минута и секоја ја содржела песната ,,National Song‘‘ отпеана од АББА. Во оваа песна биле искористени мелодии и интструментални аранжмани од ,,Fernando‘‘, но со нов текст кој го промовирал ,,National‘‘. Биле вметнати и неколку слогани од ,,National‘‘ за нивно рекламирање.
Политичка контроверзност


Во септемвр 2010 година, Андерсон и Улвеус ја критикувале десничарската Данска народна партија, за користење на нивната песна ,,Mamma Mia‘‘ (со изменет текст) на нивните собири. Бендот се заканил дека ќе поднесе тужба против партијата, истакнувајќи дека тие никогаш не дозволиле некому нивната музика да биде користена за политички цели и дека немале никаков интерес за подржување на партијата. Нивната издавачка куќа Universal Music, изјавиле дека никакви законски дејства не биле преземени бидејќи не бил постигнат никаков договор.
king
king

Posts : 11124
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Музички легенди - ABBA Empty Re: Музички легенди - ABBA

Пишување by king Вто Мар 31 2015, 10:37

king
king

Posts : 11124
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Музички легенди - ABBA Empty Re: Музички легенди - ABBA

Пишување by VOL Саб Мај 02 2015, 20:50

a crvenava bese zatucana ( i tucana ) od Zdravko Colic Wink
VOL
VOL

Posts : 17150
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Музички легенди - ABBA Empty Re: Музички легенди - ABBA

Пишување by concrete Саб Мај 02 2015, 22:50

VOL напиша:a crvenava bese zatucana ( i tucana ) od Zdravko Colic Wink
...така тој кажуе????  Мене поише ми личеше на нешто друго... Wink
concrete
concrete

Posts : 7035
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Музички легенди - ABBA Empty Re: Музички легенди - ABBA

Пишување by VOL Саб Мај 02 2015, 22:55

e ajde de...
VOL
VOL

Posts : 17150
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Музички легенди - ABBA Empty Re: Музички легенди - ABBA

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот