ВЕТЕРНИЦА
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Проблемот што грците го имаат со нашето име

+11
Фири
VOL
чучулига
OSA
Arhimed
кнез
YAS
Centarec
concrete
punter ohrid
king
15 posters

Страна 1 of 13 1, 2, 3 ... 11, 12, 13  Next

Go down

Проблемот што грците го имаат со нашето име Empty Проблемот што грците го имаат со нашето име

Пишување by king Сре Јун 11 2014, 23:15

Македонија во НАТО со референцата.... пробен балон или ...

Никовски - Сериозни обиди за решавање на спорот за името

Постои можност, ако не се најде решение за името, сепак да се направи притисок од страна на Америка врз НАТО и пред сè врз Грција на Самитот во Велс Македонија да помине со референцата, вели поранешниот дипломат Ристо Никовски во разговор за Радио Слободна Европа.

Господине Никовски, посредникот Нимиц најави посета на регионот по завршувањето на изборите во Македонија и изборите за Европските парламент во ЕУ. Дали се создадени услови за продолжување на тие разговори, што може сега да очекуваме пред Самитот во септември?

Во тек се сериозни обиди, пред сè на Нимиц, во рамките на кризата што ја зафати Украина да направи сè што може за евентуално решавање на спорот за името пред Самитот на НАТО во Велс. Тоа го започна во невообичаени услови, бидејќи никогаш досега за време на избори немало разговори и негово посредување. Овој пат тоа го направи со исклучок затоа што се работи за притисок врз него од страна на Америка, тоа е основен американски интерес во веќе отворената конфронтација меѓу Русија и Америка да се зацврсти јужното крило на НАТО со евентуално влегување во септември на Македонија и на Црна Гора. Меѓутоа, објективно нема никакви изгледи за успех, бидејќи ако беше толку лесно да се реши ова прашање, ќе се решеше многу одамна. Ама знаете, надежта последна умира, се обидуваат да го направат невозможното и во тој склоп постои сега една друга можност, ако тоа веќе не успее сепак да се направи притисок од страна на Америка врз НАТО и пред сè врз Грција на Самитот во Велс Македонија да помине со референцата. Тоа е мала можност, можеби сега засега е микронска, бидејќи токму во врска со тоа НАТО сè уште нема став - ќе има ли проширување во Велс или нема да има проширување. Чекаат да видат постои ли можност Македонија некако да „се квалификува“ или нема. Ако тука се постигне некаков напредок, преку Нимиц, веднаш ќе има проширување. Доколку нема, а тоа нема да се случи, кога Нимиц во јуни ќе ја заврши својата втора епизода од овој циклус и ќе се види дека тука нема реални можности, тогаш ќе дојде на дневен ред другата опција Македонија да влезе со референцата. Тоа за нас би било исклучително важно да се постигне, меѓутоа објективно за да дојде до таква разврска не е многу реално.

Освен тој обид на Нимиц ќе има ли некои други процеси во текот на летото, а пред Самитот на НАТО, Македонија да се придвижи кон членство во Алијансата?

Мислам дека со тоа завршува таа процедура. Нимиц и евентуалната американска спремност, подготвеност да оди со референцата. Ние тоа треба да го искористиме, треба да видиме што сè може да направиме во таа насока, да се притиска во Вашингтон на еден сериозен начин, да се бара, да се инсистира да се направи таков пробив, бидејќи објективно во последните 10 години не е можен договор со Грција, особено сега кога Златна зора станува сериозна политичка сила во земјата.

http://www.makdenes.org/content/article/25418656.html
king
king

Posts : 11124
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Проблемот што грците го имаат со нашето име Empty Re: Проблемот што грците го имаат со нашето име

Пишување by Guest Чет Јун 12 2014, 16:20

Нема никаков спор за името со Грците.
Европа барем оние што ја водат сакаат да не нема и тоа е целата приказна.

Guest
Гостин

Вратете се на почетокот Go down

Проблемот што грците го имаат со нашето име Empty Re: Проблемот што грците го имаат со нашето име

Пишување by punter ohrid Пет Јун 13 2014, 07:05

јас по ова прашање сум кажал и претходно, јас лично не очекувам решение со грците, и ако дојде до решение за мене би било големо изненадување, и а подобро и да не дојде до тоа изненадување, се некако сум уверен дека ке биде на наша дебела штета, грците мува нема да ги полази.Се чудам само на кој начин би било сето тоа изведено !

punter ohrid

Posts : 95
Join date : 2014-05-21

Вратете се на почетокот Go down

Проблемот што грците го имаат со нашето име Empty Re: Проблемот што грците го имаат со нашето име

Пишување by concrete Пет Јун 13 2014, 07:54

punter ohrid напиша:јас по ова прашање сум кажал и претходно, јас лично не очекувам решение со грците, и ако дојде до решение за мене би било големо изненадување, и а подобро и да не дојде до тоа изненадување, се некако сум уверен дека ке биде на наша дебела штета, грците мува нема да ги полази.Се чудам само на кој начин би било сето тоа изведено !

...многу едноставно... сдсм-овците мислам дека сосема јасно и постојано ни мафтаат пред нос со решението за начинот како.... Very Happy Very Happy Very Happy
concrete
concrete

Posts : 7035
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Проблемот што грците го имаат со нашето име Empty Re: Проблемот што грците го имаат со нашето име

Пишување by king Пет Јун 13 2014, 10:21

concrete напиша:

E da,da ... da podvitkame kichma odnosno da se napupime i podnamestime ... e sea dali na suvo ..ne znam ... Laughing 
king
king

Posts : 11124
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Проблемот што грците го имаат со нашето име Empty Re: Проблемот што грците го имаат со нашето име

Пишување by king Сре Ное 26 2014, 09:57

И овој си има проблеми

http://www.telegraf.mk/aktuelno/makedonija/218648-butaris-sosedite-se-bugari-ne-postoi-makedonski-jazik

... па сеа некој нека пак рече дека треба да си ја подвиткаме кичмата .....
.. нека каже дека ние ги провоцираме јужнитецигани,....

... сме ги провоцирале со некакви си аеродроми и патишта ... а тие не бе ич не провоцираат ... кога на секое и секакво спомнување на зборот Македонија реагираат ко збеснати кучиња, понатаму директно ти викаат дека ти не си ти, дека јазикот што го збориш не е тој јазик, државата ти е некоја вештачна направија  итн ....

.... и после да преговараме со такви ... а бе ајде ...сиктер таму ..
king
king

Posts : 11124
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Проблемот што грците го имаат со нашето име Empty Re: Проблемот што грците го имаат со нашето име

Пишување by Centarec Сре Ное 26 2014, 10:05

апсолутно се слагам дека срамните преговори кои ги почна сдсм а еве уште ги тера дпмне мора да прекинат. а зашто уште не се прекинати тоа ќе дознаеме во некоја друга епизода.

Centarec

Posts : 996
Join date : 2014-11-16

Вратете се на почетокот Go down

Проблемот што грците го имаат со нашето име Empty Re: Проблемот што грците го имаат со нашето име

Пишување by king Сре Ное 26 2014, 10:18

А што па ги мешаш сдсм и вмро-дпмне?
...тие се минлива и променлива категорија, додека овие суштинскиве работи не се баш ствар на промени на кој како ќе му текне ... тие работи може само биолошките закони да ги сменат ...
king
king

Posts : 11124
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Проблемот што грците го имаат со нашето име Empty Re: Проблемот што грците го имаат со нашето име

Пишување by king Сре Ное 26 2014, 10:22

А кога сме веќе кој како и зошто ги започнал ....

... некој ги започна со убедување на народот ... за два три месеци се ќе се среди ...само од себе ...
..ама јок... еве веќе не се ни бројат годините ...
..има една работа ..... ако нешто не знаеш да го направиш, ич не го почињај ...
king
king

Posts : 11124
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Проблемот што грците го имаат со нашето име Empty Re: Проблемот што грците го имаат со нашето име

Пишување by YAS Сре Ное 26 2014, 10:29

Не вади се Кингу.Прочитај нешто од Игор Јанев.Сепак имаме можност да ги прекинеме преговорите.Посебно после пресудата во Хаг.

YAS

Posts : 774
Join date : 2014-11-16

Вратете се на почетокот Go down

Проблемот што грците го имаат со нашето име Empty Re: Проблемот што грците го имаат со нашето име

Пишување by king Сре Ное 26 2014, 10:35

Стварно!

А кој тоа да ги прекине?

.. а кога ќе ги прекине да овде започне соросоидната артилериска канонада ...како некој запнал против целиот свет, како некој не тера во самоизолација и слични срања ...

..такво нешто ..прекинување на „разговорите“ околу разликите за името ... не е можно без концезус на се што овде има и минимално политичко значење ...
... вака со раштимуван оркестар, и политика водена од дневнополитички побуди (калиф и калиф наместо калифот) ..јок ...
king
king

Posts : 11124
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Проблемот што грците го имаат со нашето име Empty Re: Проблемот што грците го имаат со нашето име

Пишување by YAS Сре Ное 26 2014, 10:42

Ајде бре.Сите анкети покажуваат дека најмалку 70% од македонците не сакаат влез во ЕУ со промена на името.Колку и да не верувам на анкетите овие се точни.Ако поголемиот дел сакаа да влезат безимени во ЕУ,Грујо веќе ке го направеше тоа.Затоа никаква канонада не може тоа да го промени.
Не заборавај дека имаше канонади и против тужбата против Грција во Хаг.

YAS

Posts : 774
Join date : 2014-11-16

Вратете се на почетокот Go down

Проблемот што грците го имаат со нашето име Empty Re: Проблемот што грците го имаат со нашето име

Пишување by кнез Сре Ное 26 2014, 11:01

Ние ако ги прекинеме разговорите кога ќе ни стегнат таков политички ако треба и економски притисок да после 6 месеци тој што ги потпишал ќе биде политички мртов сосе неговата партија.
Некој ќе рече зошто па и сега не ни стегнат таков еден притисок за да потпишеме некаков си договр со Грција,т.е. да капитулираме.
Тоа е прашање за милион долари,а мое мислење е дека тој што  не натера на разговорите, на тој му треба точно овој замрзнат спор  во овој 20 годишен интервал, кој сега индиректно, а после и директно преку албанците  ќе ја загрози македонската држава и нејзиното постоење.

Последната промена е направена од кнез на Сре Ное 26 2014, 11:13. Мислењето е променето 1 пати

кнез

Posts : 688
Join date : 2014-06-04

Вратете се на почетокот Go down

Проблемот што грците го имаат со нашето име Empty Re: Проблемот што грците го имаат со нашето име

Пишување by concrete Сре Ное 26 2014, 11:04

YAS напиша:Ајде бре.Сите анкети покажуваат дека најмалку 70% од македонците не сакаат влез во ЕУ со промена на името.Колку и да не верувам на анкетите овие се точни.Ако поголемиот дел сакаа да влезат безимени во ЕУ,Грујо веќе ке го направеше тоа.Затоа никаква канонада не може тоа да го промени.
Не заборавај дека имаше канонади и против тужбата против Грција во Хаг.
TY  , многу бе обесуеш. Јасно е дека во моментов апсолутно е невозможно , некој кој не е соросоид или негов платеник во Македонија да ги прекине преговорите. За соросоидите не е страшно , нив и онака Македонија им е последното дупче на кавалот , ако такво, последно  и има на нивниот кавал на кој изгледа има само едно  сорос дупче...( нели јасно ти е што се се олицетворува под поимот сорос , кој го користиме да не набројуваме многу.)
Посебно пак вмро..тоа би ги закопало за вјек и вјеков, освен ако немаат намера да преминуат во герила, ама јасно им е дека тогаш ќе им се загнат јаче него што сега наводно го "бомбардираат" ИСИЛ  и Македонија ќе биде раззбуцана док кажеш кекс...
Несакам да верувам дека на времето Киро свесно не турна во овие говна, но дефинитивно ништо не го оправдува за тоа , ниту староста, ниту сенилноста, ниту меракот за млади бели буткици,  ниту апсолутната политичка наивност.  Глуп дефинитивно не беше.
Сега и не е битно што било , главно ние пливаме у фекална канализација на која не и се гледа крајот...и мораме да пливаме , во надеж дека некој друг..ние сигирно не...однадвор ќе ни подаде стап и ќе не извлече од неа. Или јеби га...ќе се удавиме у тоа говната.
concrete
concrete

Posts : 7035
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Проблемот што грците го имаат со нашето име Empty Re: Проблемот што грците го имаат со нашето име

Пишување by king Сре Ное 26 2014, 11:18

И ти очекуеш да те разбере!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
king
king

Posts : 11124
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Проблемот што грците го имаат со нашето име Empty Re: Проблемот што грците го имаат со нашето име

Пишување by concrete Сре Ное 26 2014, 11:26

king напиша:И ти очекуеш да те разбере!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
..ако знае да јава елен.....би требало Very Happy
concrete
concrete

Posts : 7035
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Проблемот што грците го имаат со нашето име Empty Re: Проблемот што грците го имаат со нашето име

Пишување by YAS Сре Ное 26 2014, 11:52

Добар обид цигло.Но има многу начини да се одере мачката.Еден од нив е овој...Во меѓувреме размисли зошто Грујо не го усмерил телескопот кон брегот во потрага по спасоносниот стап,туку упрно продолжува со пливањето шпо фекалната канализација.Да не му е нешто од интерес да се удавиме у тоа говната???

Игор Јанев, професор по меѓународно право

"Целиот процес треба да се прекине. Треба да се побара советодавно мислење преку Генералното собрание на Обединетите нации, дали преговорите се легални и дали референцата е легална." вели професор Јанев во интервју за Радио Слободна Европа.

http://www.makdenes.org/content/article/1956873.html

Последната промена е направена од YAS на Сре Ное 26 2014, 12:19. Мислењето е променето 1 пати

YAS

Posts : 774
Join date : 2014-11-16

Вратете се на почетокот Go down

Проблемот што грците го имаат со нашето име Empty Re: Проблемот што грците го имаат со нашето име

Пишување by YAS Сре Ное 26 2014, 11:56

кнез напиша:Ние ако ги прекинеме разговорите кога ќе ни стегнат таков политички ако треба и економски притисок да после 6 месеци тој што ги потпишал ќе биде политички мртов сосе неговата партија.
Некој ќе рече зошто па и сега не ни стегнат таков еден притисок за да потпишеме некаков си договр со Грција,т.е. да капитулираме.
Тоа е прашање за милион долари,а мое мислење е дека тој што  не натера на разговорите, на тој му треба точно овој замрзнат спор  во овој 20 годишен интервал, кој сега индиректно, а после и директно преку албанците  ќе ја загрози македонската држава и нејзиното постоење.
Кога тогаш Кнезу ке бидеме изложени на притисок за промена на името.Затоа ние треба да ја преземеме иницијативата.Постирав погоре линк.Би било добро да прочиташ уште нешто од Јанев.Мислам дека човекот има добри предлози.

YAS

Posts : 774
Join date : 2014-11-16

Вратете се на почетокот Go down

Проблемот што грците го имаат со нашето име Empty Re: Проблемот што грците го имаат со нашето име

Пишување by Centarec Сре Ное 26 2014, 12:35

кинг - ти викаш шо ги мешам партиите, за веќе во наредниот пост да посочиш на привремената референца и кој го тоа направи - ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ!

а од друга страна имаш влада која добива гласови на база на патриотизмот и непокорот која сеуште учествува во преговори кои се нелигитимни, ама ок е за нив, не се криви они.

толку ми беше муабетот без многу расплинувањеу шта би било кад би било.

Centarec

Posts : 996
Join date : 2014-11-16

Вратете се на почетокот Go down

Проблемот што грците го имаат со нашето име Empty Re: Проблемот што грците го имаат со нашето име

Пишување by кнез Сре Ное 26 2014, 12:44

Има туиа две работи кои се битни за да се разбере проблемот.
Прво зад проблемот како главен не стои Атина туку Вашингтон.
Второ во овој временски интервал Вашигтон не сакаше да биде решен спорот на ниеден начин(во целиот дијапазон од капитулација на Македонија до капитулација на Грција)
Затоа нема никаков притисок на ниедна страна и се глумат некакви преговори.
Ние во неколку обиди се согласивме(зошто нас ни гори) дури и на некој компримисен предлог(Букурешт и после тоа)ама од другата страна немаше никава реакција која ќе иницира договор.
Нимиц ништо не предлага,(oficijalno тоа не е негова работа),туку само "помага".
Прво никој нема да предложи за себе најлош предлог,второ дадено му е право да ги разгледува предлозите од двете страни па да најде нешто заедничко,што го прави апсолутен владетел на состојбата околу разговорите.
Значи ние немаме директни преговори со Атина.
Грујо за воља на вистината проба еколку пати и веднаш доби корпа и едно големо тмурење од  Вашингтон
Се што оди, оди преку Нимиц,,кој знае и е вешт како сето тоа да го направи да не успее.
Нимиц е 20 години медијатор и не е сменет од нели "неуспехот "на неговата мисија да помогне при овој спор.
Сите ја знаеме американската Холбрук дипломатија која кај нас не најде примена.
Тие две работи ако се знаат тогаш станува јасно дека политиката која сега ја води Македонија да не брза во спорот со името не е антиамериканска и Грујо затоа и не е нападнат.
Ако излеземе од разговорите кој всушност и ги нема и немаме никаков притисок врз нас тоа за нив  ќе значи обид да се реши спорот и тек тогаш ќе следи жесток за да се врати состојбата назад а тој што го направи тоа и неговата партија(а и Македонија) ќе бидат политички мртви.

кнез

Posts : 688
Join date : 2014-06-04

Вратете се на почетокот Go down

Проблемот што грците го имаат со нашето име Empty Re: Проблемот што грците го имаат со нашето име

Пишување by YAS Сре Ное 26 2014, 13:05

Ти реков ли јас тебе да читаш.Потруди се и немој да чекаш се на готово.

Игор Јанев: Немаме проблем со Грција, туку со Обединетите нации

http://vecer.mk/makedonija/igor-janev-nemame-problem-so-grcija-tuku-so-obedinetite-nacii

И доста поопширно...

http://www.mkd.mk/makedonija/politika/igor-janev-kvazieksperti-i-defetisti-go-kochat-reshavanjeto-na-problemot-so

YAS

Posts : 774
Join date : 2014-11-16

Вратете се на почетокот Go down

Проблемот што грците го имаат со нашето име Empty Re: Проблемот што грците го имаат со нашето име

Пишување by YAS Сре Ное 26 2014, 13:47

king напиша:И ти очекуеш да те разбере!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Научи дефиниција за патриот... Twisted Evil Twisted Evil Twisted Evil

YAS

Posts : 774
Join date : 2014-11-16

Вратете се на почетокот Go down

Проблемот што грците го имаат со нашето име Empty Re: Проблемот што грците го имаат со нашето име

Пишување by concrete Сре Ное 26 2014, 15:03

YAS напиша:Ти реков ли јас тебе да читаш.Потруди се и немој да чекаш се на готово.

Игор Јанев: Немаме проблем со Грција, туку со Обединетите нации

http://vecer.mk/makedonija/igor-janev-nemame-problem-so-grcija-tuku-so-obedinetite-nacii

И доста поопширно...

http://www.mkd.mk/makedonija/politika/igor-janev-kvazieksperti-i-defetisti-go-kochat-reshavanjeto-na-problemot-so
Игор Јанев???   ..не го познаам човекот.., но ако тврди тоа што цитираш , неважно во која комбинација елеборирано од според него самиот...вистински експерт за проблемот тогаш имаме работа со мегало шалабајзер и самобендисан и набеден генијалец за вакви спорови.
Незнам колку пати треба да се нацрта:  ние немеме никаков проблем, некој во даден момент ( точно се знае кој поданик на кралицата) дообро осмислено..го бутна Глигоров во говна , топтан со сите нас и за доолго време... кое по многу основи мноогу не чини. Вадењето од доа ќе биде поволно за МАКДОНСКИТЕ РАБОТИ  , а може и нема да биде.., тоа сеа никој не може да го каже. Најмалку Грујо или Зајко со Шеќерната. Сега само држиме палци и чекаме на хоризонтот да се појави големиот бран на преуредување на светскиот поредок.. Дали ќе дочекаме?? по стоти пут..никој , ни оџата од Битола... не би знаел... Cool
concrete
concrete

Posts : 7035
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Проблемот што грците го имаат со нашето име Empty Re: Проблемот што грците го имаат со нашето име

Пишување by YAS Сре Ное 26 2014, 16:03

concrete напиша:

Игор Јанев???   ..не го познаам човекот.., но ако тврди тоа што цитираш , неважно во која комбинација елеборирано од според него самиот...вистински експерт за проблемот тогаш имаме работа со мегало шалабајзер и самобендисан и набеден генијалец за вакви спорови.
Незнам колку пати треба да се нацрта:  ние немеме никаков проблем, некој во даден момент ( точно се знае кој поданик на кралицата) дообро осмислено..го бутна Глигоров во говна , топтан со сите нас и за доолго време... кое по многу основи мноогу не чини. Вадењето од доа ќе биде поволно за МАКДОНСКИТЕ РАБОТИ  , а може и нема да биде.., тоа сеа никој не може да го каже. Најмалку Грујо или Зајко со Шеќерната. Сега само држиме палци и чекаме на хоризонтот да се појави големиот бран на преуредување на светскиот поредок.. Дали ќе дочекаме?? по стоти пут..никој , ни оџата од Битола... не би знаел... Cool
Пријатно изненадуваш со еволуцијата цигло.Добро е што си престанал да им веруваш на куририте и шителите.Забележа од каде се линковите , нели???

Инаку песимизмот не е здрава работа, води во депресија. Twisted Evil

YAS

Posts : 774
Join date : 2014-11-16

Вратете се на почетокот Go down

Проблемот што грците го имаат со нашето име Empty Re: Проблемот што грците го имаат со нашето име

Пишување by Arhimed Саб Ное 29 2014, 05:30

кнез напиша:Има тука две работи кои се битни за да се разбере проблемот.
Прво зад проблемот како главен не стои Атина туку Вашингтон.
Второ во овој временски интервал Вашигтон не сакаше да биде решен спорот на ниеден начин(во целиот дијапазон од капитулација на Македонија до капитулација на Грција)
...
Ако излеземе од разговорите кој всушност и ги нема и немаме никаков притисок врз нас тоа за нив  ќе значи обид да се реши спорот и тек тогаш ќе следи жесток за да се врати состојбата назад а тој што го направи тоа и неговата партија(а и Македонија) ќе бидат политички мртви.
А која е целта на САД?

Да ја прекројат Македонија? Да направат војна и да имаат каде да продаваат оружје?

Македонија веќе им плаќа данок во крв (мировни мисии), нешто повеќе се бара од нас?

Arhimed

Posts : 242
Join date : 2014-06-11
Location : Мисисага, Канада

Вратете се на почетокот Go down

Проблемот што грците го имаат со нашето име Empty Re: Проблемот што грците го имаат со нашето име

Пишување by Sponsored content

Sponsored content

Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 13 1, 2, 3 ... 11, 12, 13  Next

Вратете се на почетокот

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот