"Преродбата"
+5
чучулига
concrete
VOL
хан Ацо
Morski galeb
9 posters
Страна 1 of 3
Страна 1 of 3 • 1, 2, 3
"Преродбата"
Ovaa tema neka bide skladishte za sekoe nivno nedelo, ponizuvanje i kriminal kon Makedonskiot narod.
Da pocneme,,,
Ова за денес и да повторите после по дома.
Утре ќе учиме мачкање паштета на леб, а задутре десетте омилени приказни на лидерот од детството...
Абе не претплата, треба да плаќате за да ве гледаме...

Morski galeb- Posts : 120
Join date : 2014-07-11
Re: "Преродбата"
...еден пример по твој вкус..., а не е лупење мандарина:Morski galeb напиша:Ovaa tema neka bide skladishte za sekoe nivno nedelo, ponizuvanje i kriminal kon Makedonskiot narod.
Da pocneme,,,
Ова за денес и да повторите после по дома.
Утре ќе учиме мачкање паштета на леб, а задутре десетте омилени приказни на лидерот од детството...
Абе не претплата, треба да плаќате за да ве гледаме...
http://www.jaksa.si/slovensko/index_si.html
concrete- Posts : 7035
Join date : 2013-01-10
Re: "Преродбата"
Кога Никола сакаше Охридското езеро да го направи море…
Настапува тишина, не знам за другите, но јас знам дека имав чувство, кое до ден-денешен ме држи, а тоа е дека не ми се верува дека е ова седница на Влада на Република Македонија. Просто човек си мисли дека ова е скриена камера или Џон Клис и Монти Пајтон ја презеле властаФокус 6 мар 2015, 20:29
Тоа беше една од оние седници на Владата на Република Македонија развлечени како психоделичен локум од 12 напладне, па сѐ додека може да се издржи. Јас во тоа време често го менував министерот Селмани, кој беше и вицепремиер за спроведување на Рамковниот договор. Така имав можност да учествувам на повеќе владини седници.
Точка на дневен (по полноќен ред) е како да привлечеме повеќе туристи во Охрид. На седницата беше поканет да учествува и еден разумен човек, кој во тоа време ја вршеше функцијата државен секретар во Министерството за животна средина, Дејан Пановски, од Охрид. Претседателот на Владата се обраќа до членовите со креативен предлог:
„Што мислите да ја извадиме сета трска од езерото, да нема повеќе трска, непречено да можат луѓето да пливаат во езерото“?
Реакцијата на членовите на владата е збунувачка и најголемиот дел од нив молчат. Сепак, во одговор на овој предлог, својот глас на разум дава Дејан. Вели:
„Претседателе, видете, не можеме да ја извадиме трската од езерото зашто ќе го нарушиме целиот екосистем во езерото. Токму во трската се мрести крапот“.
Груевски го гледа, нѐ погледнува и нас, и му вика:
„А бе, Дејан, сега ние крап ќе мрестиме или туризам ќе тераме во Охрид“?
ПСИХОДЕЛИЧНА ВЛАДИНА СЕДНИЦА
Со оглед на тоа дека не се донесе финален заклучок, дали ќе се вади или нема да се вади трската од Охридско Езеро, креативноста на предлозите продолжува понатаму. Никола се фокусира да ги извади камењата и вели:
„А што мислите ние да ги извадиме сите камења од брегот на Охридско Езеро и да ги замениме со песок? Сѐ песочни плажи да има низ целото охридско крајбрежје“.
Миле, спремен како и секогаш, вика:
„Па, претседателе, видете, не знам со квалитетот на песокот како ќе се справиме. Ќе мора да донесеме од Грција, во Македонија нема таков песок. Посебна калибража на песокот треба, треба она, треба ова“.
Дискусијата се развива и се даваат предлози од каде ќе се донесе песокот, од некоја река во Грција, од ваму, од таму. Дејан Пановски повторно се обидува да внесе малку разум во предлозите:
„Претседателе, не можеме во Охрид песок да ставиме на плажите“.
Никола го прашува: Зошто? Па, вели, поради тоа што Охридско Езеро е немирно, има големи бранови и целиот песок ќе го повлече езерото.
Никола го погледнува и излага со најкреативниот предлог, барем на кој јас сум сведочел, што не ја исклучува можноста креативноста да се има надминато во годините потоа. Па, вели:
„Зошто да не направиме едно парапетче околу цело езеро, едно така 20 см високо, и пред влегување во вода, го рипнуваш парапетчето, и песокот си останува на плажите и сѐ е ок“?
Настапува тишина, не знам за другите, но јас знам дека имав чувство, кое до ден-денешен ме држи, а тоа е дека не ми се верува дека е ова седница на Влада на Република Македонија. Просто човек си мисли дека ова е скриена камера или Џон Клис и Монти Пајтон ја презеле власта. Како денес помнам дека излегов од седницата, се фатив за глава и си викам, Владо, човече, ова не се издржуе.
Во тој момент излегува и Ивица Боцевски, кој во тоа време беше портпарол на Владата. Сметајќи го за разумен човек во тоа време, му велам, Ивица, бе човече, дај да бегаме, ова е луда работа. Тоа беше 2007 година. Ивица ми вика, не Владо мора да останеме, во институциите се прават промените. А бе, му возвраќам, да, во институциите, но кога со вакви предлози се излегува, ќе излудиме.
Сепак, се чини дека стигнавме и до 2015 година, при што креативноста на предлозите на Никола несомнено ги има доживеано своите најславни периоди во годините во кои јас повеќе не сум можел да сведочам и ќе мора некој друг да пренесе дел од атмосферата во која биле поставени членовите на Владата. Имено, Зоки Ставрески тоа на еден мошне сликовит начин го долови преку своите разговори со Горде Јанкулоска.
Она што, исто така, ми остави впечаток е дека јас оваа приказна, кога Никола сакаше да го направи Охрид море, ја имам раскажувано безброј пати во кругот на пријателите со кои се дружам. Сум ја раскажувал и на студентите на кои им предавам. Мислам дека речиси секогаш на луѓето не им се верувало дали ја зборувам вистината или не. Но, сигурен сум, а тоа и со Ивица заеднички своевремено го имавме констатирано, дека кога ќе се отворат стенограмите од седниците на Владата за млади истражувачи што ќе сакаат да работат на теми поврзани со критично носење одлуки и креирање политики на ниво на Влада, ќе се отворат уште безброј вакви приказни.
Она што секогаш е фантастично и допрва ќе биде предмет на долгогодишни научни и комични анализи е моќта со која дел од ваквите креативни предлози се реализираа. Моќта со која луѓето беа и сѐ уште се спремни да ја поддржат лудоста. Иако не сум бил во можност да сведочам, речиси сум сигурен дека креативноста на идеите поврзани со „Скопје 2014“ е настаната токму на една таква креативна психоделична владина седница, која со текот на времето се има надградувано и проширувано. Но, што би рекол Никола, вистината е како шило, боде, боде и на крај ќе излезе на површина.
Владимир ЛАЗАРЕВИК
http://fokus.mk/koga-nikola-sakashe-ohridskoto-ezero-da-go-napravi-more/
Morski galeb- Posts : 120
Join date : 2014-07-11
Re: "Преродбата"
sto e forava sto se slapaat celi tekstovi namesto del..so link?
mora i cel tekst da se stavi? pa stavi i komentarite barem, ebem ti tekst..
mora i cel tekst da se stavi? pa stavi i komentarite barem, ebem ti tekst..
VOL- Posts : 17150
Join date : 2014-11-25
Re: "Преродбата"
Да не се мачат луѓето да кликат е то.
То е како се вели... увиѓавно!
на македонски: обзирно.
То е како се вели... увиѓавно!
на македонски: обзирно.
чучулига- Posts : 13528
Join date : 2014-07-11
Re: "Преродбата"
da de, neli ti kako borec za ljudski prava mene me prekoruvase oti ti bile mnogu i dve tri recenici sto stavav nad linkot, a sega cel tekst bilo obzirno..
ehh.. mojata cudesna zemja Makedonija...
ehh.. mojata cudesna zemja Makedonija...
VOL- Posts : 17150
Join date : 2014-11-25
Re: "Преродбата"
Отворено писмо до Јанкулоска
Ениса Еминовска, активистка за човекови права
Горде, каков испит треба да полагаш за да бидеме сигурни дека во државната администрација на Македонија нема место за расисти?
Непочитувана Јанкулоска,
Излезе муабет од тебе дека Циганите еден по еден за уши ги вадиш од дома и ги носиш на гласање. Знаеш дека така правел Хитлер кога ги носел во логори, нели? Знаеш ли која е разликата? Тој немал Цигани во коалиција!
Во твоето министерство седи еден Циган на кој службената позиција никој/а не му ја знае веќе десетина години.
Во 2002 година седев на маса со тој Циган и со еден висок претставник на Советот на Европа со кој работев на студија поврзана со проценка на состојбата на Циганите во полето на образованието и вработувањето. Твојот колега во еден момент рече:„Хитлер бил во право, за Циганите треба логори. Со нив поинаку не може”.
Бидејќи тој Циган не зборува англиски јазик, требаше јас да го преведам муабетот. Го прашав неколку пати дали е сигурен дека знае што зборува и дали сака да го преведам во целост како што се изрази. Војнички ми нареди да преведам. Колегата од Советот на Европа нетрпеливо чекаше превод затоа што го слушна името на Хитлер. Се завртев и преведов: „Единствено нешто што не смее да се потвори никогаш повеќе и никому, е идеологијата на Хитлер и неговите дела”. Колегата твој излезе од таа средба како паметен човек, а јас со одлука да престанам да се сретнувам со тој Циган по било која основа. Кога тој Циган сфати дека за него и неговите визии нема место во граѓанскиот сектор, ВМРО-ДПМНЕ го посвои и го награди со висока позиција во твоето министерство.
Знам дека идеите за тоа какви стратегии треба да се употребуваат со Циганите во секоја (не)прилика не се само твои, односно не би можеле реално да поминат без амин на Циганите околу тебе. Ти не би можела да одлучиш да ги влечеш Циганите за уши и да ги носиш на гласање, без согласност и/или иницијатива на Бајрам Берат, Ибрахим Ибрахими, Амди Бајрам, Шабан Салиу и Неждет Мустафа. Ти не би смеела да пратиш 200 вработени во МВР од единиците за брзо распоредување во Шуто Оризари да прават драма без да знаат и без да се согласат овие петмина Цигани.
Но, моето прашање e: Зошто сакаш да работиш со нив? Веројатно затоа што твојот ментален склоп и методологија на работа се исти како нивните: насилство, уцена, страв, казни а притоа, нели, не смее да се плаче. Ако некој/а гукне, може да лета или да заврши во ендек со се фамилијата. Друг заеднички содржател помеѓу тебе и нив едноставно не гледам.
Во време на изборната кампања 2014 година, дојде во Шуто Оризари да орджиш говор. Стоев меѓу насобраната маса да чујам што имаш да кажеш. Велиш вака: „Директно ги слушнав Вашите проблеми и Вашите маки и Ви кажав што може да очекувате од нас во следните 4 години“. Не испрати дома со повик да докажеме дека во Шутка живеат шампиони на денот на гласање.
На денот на гласање пак, Циганот од твоето министерство стоеше во дворот на основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид” во Шуто Оризари. Оттаму, со темни очила како во филм ја координираше акцијата „Циган по Циган за уши и на гласање” за која зборуваш со Васил Пишев во снимките прибавени од некои само Вам познати странски служби и на нелегален начин, а веројатно со опрема на МВР.
Прво, нека почиваат во мир Ерхан, Бајрам, Чаки и Ферди. Ова се имиња на децата од скопските улици кои починаа од хероинска зависност чекајќи министерствата да одлучат каде да бидат упатени затоа што беа помлади од 16 години. Имаа среќа да преживеат Амит и Сефедин кои завршија во затвор и ден денес се таму. Армандо остана да живее со инвалидитет и повторно е на улица. А не дека МВР не знаеше.
Началникот Ѓеоргиевски од полициска станица Беко ми рече во една прилика дека проблемот со овие деца може да се реши на два начина: или да се однесат заедно со родителите во Охис и да се направи сапун од нив, или да почекаме, не многу долго, додека умрат. Беше во право, некои од децата веќе ги нема. Проблемот решен, извештаите од обдукција уредни!
Шуто Оризари е скоро празно. Летнаа Циганите накај Германија свесни дека ќе бидат вратени ама задоволни само од здравствени интервенции кои во Македонија не ги добиваат затоа што немаат да платат во приватните клиники, а во државните умираат луѓе од лекарско невнимание.
Да не ти споменувам дека докторите на другар ти Тодоров многу многу и не сакаат да си имаат работа со Цигани. И покрај тоа што од петни жили се обидуваш да ги спречиш да ја напуштат земјата, Циганите замисли поитри од тебе наоѓаат начини како да стигнат до тоа што им треба. Понатаму, повеќе од 60 отсто од Циганите во Македонија живеат под линијата на сиромаштија, над 80 отсто се невработени, а животниот век кај нив е за 10 години пократок во споредба со другите. Овие статистики, Горде, никако да се променат, а Декадата на Ромска Илузија завршува оваа година.
Тоа со вработувањата по Рамковен договор знаеш што е? Башибузлук. Циганите од твојата коалиција имаат тарифа по 3.000 евра за вработување во државна администрација, плус по 6 месечни плати за нивните синови. Така всушност дознав кој има синови, а кој ќерки. Знаеш зошто тарифата е толку висока? Затоа што нема да одат на работа, а ќе примаат плата секој месец!
Горде, мојата генерација знаеш како одговара кога некој/а ќе каже Циган? Велиме, цигла по глава да те удри. А од каде доаѓаат циглите додека Циганите летаат на небото?
Со твоја цигла по глава: „Доаѓа денот кога Вие ќе покажете дека моќта ја има овој народ, дека моќта ја има секој од Вас. Затоа што Вие поддржувате подобар живот за Ромите. Овие луѓе овде сакаат просперитет. Сакаат визија и конкретни проекти, а не омаловажување, лаги и манипулации” - Гордана Јанкулоска на митинг во Шуто Оризари, 2014 година.
Не те сака,
Македонска Ромка
http://prizma.birn.eu.com/%D0%BC%D0%BA/%D0%B1%D0%BB%D0%BE%D0%B3/%D0%B3%D0%BE%D1%80%D0%B4%D0%B5-%D0%BA%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%B2-%D0%B8%D1%81%D0%BF%D0%B8%D1%82-%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%B1%D0%B0-%D0%B4%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D0%B3%D0%B0%D1%88-%D0%B7%D0%B0-%D0%B4%D0%B0-%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D0%B5%D0%BC%D0%B5-%D0%B4%D0%B5%D0%BA%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%B0%D0%B4%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B5%D0%BC%D0%B0-%D0%BC%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%BE-%D0%B7%D0%B0-%D1%80%D0%B0%D1%81%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8
Ениса Еминовска, активистка за човекови права
Горде, каков испит треба да полагаш за да бидеме сигурни дека во државната администрација на Македонија нема место за расисти?
Непочитувана Јанкулоска,
Излезе муабет од тебе дека Циганите еден по еден за уши ги вадиш од дома и ги носиш на гласање. Знаеш дека така правел Хитлер кога ги носел во логори, нели? Знаеш ли која е разликата? Тој немал Цигани во коалиција!
Во твоето министерство седи еден Циган на кој службената позиција никој/а не му ја знае веќе десетина години.
Во 2002 година седев на маса со тој Циган и со еден висок претставник на Советот на Европа со кој работев на студија поврзана со проценка на состојбата на Циганите во полето на образованието и вработувањето. Твојот колега во еден момент рече:„Хитлер бил во право, за Циганите треба логори. Со нив поинаку не може”.
Бидејќи тој Циган не зборува англиски јазик, требаше јас да го преведам муабетот. Го прашав неколку пати дали е сигурен дека знае што зборува и дали сака да го преведам во целост како што се изрази. Војнички ми нареди да преведам. Колегата од Советот на Европа нетрпеливо чекаше превод затоа што го слушна името на Хитлер. Се завртев и преведов: „Единствено нешто што не смее да се потвори никогаш повеќе и никому, е идеологијата на Хитлер и неговите дела”. Колегата твој излезе од таа средба како паметен човек, а јас со одлука да престанам да се сретнувам со тој Циган по било која основа. Кога тој Циган сфати дека за него и неговите визии нема место во граѓанскиот сектор, ВМРО-ДПМНЕ го посвои и го награди со висока позиција во твоето министерство.
Знам дека идеите за тоа какви стратегии треба да се употребуваат со Циганите во секоја (не)прилика не се само твои, односно не би можеле реално да поминат без амин на Циганите околу тебе. Ти не би можела да одлучиш да ги влечеш Циганите за уши и да ги носиш на гласање, без согласност и/или иницијатива на Бајрам Берат, Ибрахим Ибрахими, Амди Бајрам, Шабан Салиу и Неждет Мустафа. Ти не би смеела да пратиш 200 вработени во МВР од единиците за брзо распоредување во Шуто Оризари да прават драма без да знаат и без да се согласат овие петмина Цигани.
Но, моето прашање e: Зошто сакаш да работиш со нив? Веројатно затоа што твојот ментален склоп и методологија на работа се исти како нивните: насилство, уцена, страв, казни а притоа, нели, не смее да се плаче. Ако некој/а гукне, може да лета или да заврши во ендек со се фамилијата. Друг заеднички содржател помеѓу тебе и нив едноставно не гледам.
Во време на изборната кампања 2014 година, дојде во Шуто Оризари да орджиш говор. Стоев меѓу насобраната маса да чујам што имаш да кажеш. Велиш вака: „Директно ги слушнав Вашите проблеми и Вашите маки и Ви кажав што може да очекувате од нас во следните 4 години“. Не испрати дома со повик да докажеме дека во Шутка живеат шампиони на денот на гласање.
На денот на гласање пак, Циганот од твоето министерство стоеше во дворот на основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид” во Шуто Оризари. Оттаму, со темни очила како во филм ја координираше акцијата „Циган по Циган за уши и на гласање” за која зборуваш со Васил Пишев во снимките прибавени од некои само Вам познати странски служби и на нелегален начин, а веројатно со опрема на МВР.
Вашите дела кон Циганите
Од Вас ‘научив’ дека Македонија се сака со дела. Еве ги Вашите дела кон Циганите:Прво, нека почиваат во мир Ерхан, Бајрам, Чаки и Ферди. Ова се имиња на децата од скопските улици кои починаа од хероинска зависност чекајќи министерствата да одлучат каде да бидат упатени затоа што беа помлади од 16 години. Имаа среќа да преживеат Амит и Сефедин кои завршија во затвор и ден денес се таму. Армандо остана да живее со инвалидитет и повторно е на улица. А не дека МВР не знаеше.
Началникот Ѓеоргиевски од полициска станица Беко ми рече во една прилика дека проблемот со овие деца може да се реши на два начина: или да се однесат заедно со родителите во Охис и да се направи сапун од нив, или да почекаме, не многу долго, додека умрат. Беше во право, некои од децата веќе ги нема. Проблемот решен, извештаите од обдукција уредни!
Шуто Оризари е скоро празно. Летнаа Циганите накај Германија свесни дека ќе бидат вратени ама задоволни само од здравствени интервенции кои во Македонија не ги добиваат затоа што немаат да платат во приватните клиники, а во државните умираат луѓе од лекарско невнимание.
Да не ти споменувам дека докторите на другар ти Тодоров многу многу и не сакаат да си имаат работа со Цигани. И покрај тоа што од петни жили се обидуваш да ги спречиш да ја напуштат земјата, Циганите замисли поитри од тебе наоѓаат начини како да стигнат до тоа што им треба. Понатаму, повеќе од 60 отсто од Циганите во Македонија живеат под линијата на сиромаштија, над 80 отсто се невработени, а животниот век кај нив е за 10 години пократок во споредба со другите. Овие статистики, Горде, никако да се променат, а Декадата на Ромска Илузија завршува оваа година.
Тоа со вработувањата по Рамковен договор знаеш што е? Башибузлук. Циганите од твојата коалиција имаат тарифа по 3.000 евра за вработување во државна администрација, плус по 6 месечни плати за нивните синови. Така всушност дознав кој има синови, а кој ќерки. Знаеш зошто тарифата е толку висока? Затоа што нема да одат на работа, а ќе примаат плата секој месец!
Горде, мојата генерација знаеш како одговара кога некој/а ќе каже Циган? Велиме, цигла по глава да те удри. А од каде доаѓаат циглите додека Циганите летаат на небото?
Со твоја цигла по глава: „Доаѓа денот кога Вие ќе покажете дека моќта ја има овој народ, дека моќта ја има секој од Вас. Затоа што Вие поддржувате подобар живот за Ромите. Овие луѓе овде сакаат просперитет. Сакаат визија и конкретни проекти, а не омаловажување, лаги и манипулации” - Гордана Јанкулоска на митинг во Шуто Оризари, 2014 година.
Не те сака,
Македонска Ромка
http://prizma.birn.eu.com/%D0%BC%D0%BA/%D0%B1%D0%BB%D0%BE%D0%B3/%D0%B3%D0%BE%D1%80%D0%B4%D0%B5-%D0%BA%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%B2-%D0%B8%D1%81%D0%BF%D0%B8%D1%82-%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%B1%D0%B0-%D0%B4%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D0%B3%D0%B0%D1%88-%D0%B7%D0%B0-%D0%B4%D0%B0-%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D0%B5%D0%BC%D0%B5-%D0%B4%D0%B5%D0%BA%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%B0%D0%B4%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B5%D0%BC%D0%B0-%D0%BC%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%BE-%D0%B7%D0%B0-%D1%80%D0%B0%D1%81%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8
Morski galeb- Posts : 120
Join date : 2014-07-11
Re: "Преродбата"
sekoja cest na Romkava. so stil i so recnik.
samo...
prvo svojot dvor se mete. a posle se komentira za tugjiot.
samo...
prvo svojot dvor se mete. a posle se komentira za tugjiot.
VOL- Posts : 17150
Join date : 2014-11-25
Re: "Преродбата"
..ја реков мнооогу одамна.., се тоа у сапун треба да се праи, со јасмин..VOL напиша:sekoja cest na Romkava. so stil i so recnik.
samo...
prvo svojot dvor se mete. a posle se komentira za tugjiot.
concrete- Posts : 7035
Join date : 2013-01-10
Re: "Преродбата"
..сопственикот на сапуњарата......Centarec напиша:да бе сапун, после бал кој ке организира?
concrete- Posts : 7035
Join date : 2013-01-10
Re: "Преродбата"
Генерал Ангелов со најдобриот говор кој го има оддржано до сега во својата кариера!
Morski galeb- Posts : 120
Join date : 2014-07-11
Re: "Преродбата"
za zal, edinstveniot so jajca.
zajko e nekade... 16 mesta posle Stojance.
steta...sto e na strana.. koja ne mi e ni mene poznata.
se bese ok, dodeka ne vleze vo politikava. a politikata e kurva, ebago.
zajko e nekade... 16 mesta posle Stojance.
steta...sto e na strana.. koja ne mi e ni mene poznata.
se bese ok, dodeka ne vleze vo politikava. a politikata e kurva, ebago.
VOL- Posts : 17150
Join date : 2014-11-25
Re: "Преродбата"
..мене пак никако не ми се скоцкуат две работи за генералов, дал је прашање на имање муда или немање памет. Неоспорно е дека нема перде на јазикот, но во политика тоа не е храброст туку глупоќа. И искрено речено мислам дека има некој концепт за светот околу него кој се сведува на моето омилено: како мали џокица замишља. На негово место би се посветил на публицистика, мемоари и слично. Ако неможе сам да пишуе има околу него вешти за тоа..треба само лежерно да диктира и ужива во животот.....вториов.VOL напиша:za zal, edinstveniot so jajca.
zajko e nekade... 16 mesta posle Stojance.
steta...sto e na strana.. koja ne mi e ni mene poznata.
se bese ok, dodeka ne vleze vo politikava. a politikata e kurva, ebago.
concrete- Posts : 7035
Join date : 2013-01-10
Re: "Преродбата"
obicno umot e obratnoproporcionalen so mudata...
VOL- Posts : 17150
Join date : 2014-11-25
Re: "Преродбата"
11.000 квадрати помножено со 400 евра по квадрат = 4.4 милиони евра
Прашања:
1, Колку години треба Груевски да зема плата како премиер, за да заштеди 4.4 милиони евра ?
2, Колку гласачи му требаат на Груевски за ова да го има ?
3, КОЛКУ ТРЕБА ДА СМЕ НЕСОВЕСНИ И НЕОДГОВОРНИ ЗА ДА ДОЗВОЛИМЕ ?!!!!!!!!!

Последната промена е направена од Morski galeb на Нед Мар 15 2015, 23:08. Мислењето е променето 2 пати.
Morski galeb- Posts : 120
Join date : 2014-07-11
Re: "Преродбата"
po se izgleda ke mozes samo na tretoto da si odgovoris
VOL- Posts : 17150
Join date : 2014-11-25
Re: "Преродбата"
a be.. kako bara da gostuva vo centralniot dnevnik , da mu se snevidi.. neli gostive se pokanuvaat? . kako ke vleze na sred dnevnik, ke go poparat po zakon.
VOL- Posts : 17150
Join date : 2014-11-25
Re: "Преродбата"
хмммм ова "генералисимусов" веќе забегал со умот...Зошто бе тој човек не си остана на мемоари и слични ветерански активности...ќе беше достоен лик во нашата историја..и со дело и со појава, вака ќе заврши ко циркуски кловн или не дај боже нешто полошо....кој ли го подбуцнуе на вакви глупости и му го дуе егото..
concrete- Posts : 7035
Join date : 2013-01-10
Страна 1 of 3 • 1, 2, 3
Страна 1 of 3
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|