Бугарија ја „поддржува“ Македонија
3 posters
Страна 1 of 1
Бугарија ја „поддржува“ Македонија
Не по врат туку по шија ...
..или шијем ти га Ѓуро е работата..
бугаристанска работа .... дуваат у иста тиква со јужноциганското племе...
...добрососедски односи ?????
... ако сакаат такви какви они си замислиле .... нит ЕУ нит бутур ни треба ....
...едните името ... другите ... едн народ две држави ...
..или шијем ти га Ѓуро е работата..
бугаристанска работа .... дуваат у иста тиква со јужноциганското племе...
Бугарија ја поддржува Македонија, но договорот за добрососедство и е приоритет
Бугарија не сака да биде пречка за членството на Македонија во ЕУ и НАТО, но истовремено не се откажува од договорот за добрососедство како услов за евроатлантската интеграција на земјава. Бугарскиот премиер, Бојку Борисов, вчера одговарајќи на пратеничко прашање на поранешниот шеф на бугарската дипломатија, Кристијан Вигенин, изјави дека потпишувањето на договорот останува основен приоритет на Софија во односите со Скопје. Борисов притоа рече дека политиката на Бугарија кон Македонија останува непроменета и константна и оти Софија го поддржува членството на Македонија во ЕУ и НАТО, но оти истовремено е јасно укажано и очекувањето Македонија да ги исполни сите критериуми и услови за членство во Унијата, вклучително и принципот на добрососедство.
„Наш став е дека договорот не значи никакви дополнителни барања кон Македонија и оти ќе даде дополнителна правно-обврзувачка сила на политичките договори постигнати со декларацијата на премиерите од 1999 година“, изјави Борисов.
Бугарскиот премиер говорејќи за Македонија се осврна и на соработката меѓу двете академии на науки и уметности, при што рече дека дебатата и спорот меѓу историчарите, не се одразува на политичките односи меѓу двете држави.
„Ќе направиме напори со нашите толку блиски соседи од Македонија да не и им бидеме пречка, да им помогнеме за членство во НАТО и ЕУ, и се разбира да не дозволиме, знаете од време на време тие пројавуваат национализам, но со повеќе такт, умеење и разбирање ќе преминеме преку тој период“, рече Борисов.
Борисов притоа рече дека имало повеќе барање од македонската страна за средби на премиерско ниво и оти ќе се направат напори во наредните две недели тоа да се реализира.
http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=88215#.VLqk9KJhqUk
...добрососедски односи ?????
... ако сакаат такви какви они си замислиле .... нит ЕУ нит бутур ни треба ....
...едните името ... другите ... едн народ две држави ...
king- Posts : 11124
Join date : 2014-02-19
Re: Бугарија ја „поддржува“ Македонија
А па гестот нивни колку е добрососедски, чудо едно.
чучулига- Posts : 13528
Join date : 2014-07-11
Similar topics
» Бугарија .... кон Македонија, од осамостојувањето до денес
» Билатерални односи меѓу Бугарија и Македонија
» ЏУКЕЛИТЕ во Македонија
» Договор за добрососедство помеѓу Македонја и Бугарија
» Македонија за почетници
» Билатерални односи меѓу Бугарија и Македонија
» ЏУКЕЛИТЕ во Македонија
» Договор за добрососедство помеѓу Македонја и Бугарија
» Македонија за почетници
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот