Анализирајќи ги актуелните состојби во сите сегменти и нивоа од системот на образование во нашата земја, Владата на Република Македонија на предлог на Министерството за образование и наука, иницира и пристапува кон круцијални и суштински промени во насока на постигнување на една од најприоритетните цели во Програмата за работа, а тоа е создавањето на општество базирано на квалитетно знаење. Знаење кое ќе биде основен стожер во понатамошното трасирање на севкупниот општествено и економско - социјален развој  на земјата.