ВЕТЕРНИЦА
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Кој влади на Балканот се квинслишки а кој народни?

3 posters

Go down

Кој влади на Балканот се квинслишки а кој народни? Empty Кој влади на Балканот се квинслишки а кој народни?

Пишување by кнез Чет Сеп 11 2014, 20:29

Го гледав Обама  и неговата изјава за борба пртив ИДИЛ, и ќе се обидам да ги селектирам причините за нивното мешање (воено дипломатскоекономско,медијскао.....)во внатрешните работи на други држави,
Прво тие вршат агресија од секаков вид кога владата е нивна марионета, а е нападната од други сили(таков е случајот со Ирак во моментот или Порошенко-Јацењук-Кличко во Украина).
Второ,вршат агресија кога владата не е нивна,а тие преку разни банди и терористи,или пак директно,или пак во надобар случај за нив медијски и дипломатски ја напаѓаат таа држава(Сирија СрбијаЛибија.....)
Трето, вршат агресија кога некоја власт тие претходно ја поставиле како марионета, па таа власт се оттргнала од нивна контрола (Садам Хусеин,талибаните....).
Значи кај обичниот човек се случува еден хаос во кој во еден момент  гледаат како Американците напаѓаат власт од некоја држава за во наредниот момент да напаѓаат некој  "терористи",па во еден момент го напаѓаат нивниот довчерашен сојузник било да е тоа власт или бил теросирст кој претходно нели бил борец за слобода и демократија.
Би сакал да се обидам тоа да го разбистрам за луѓето полесно и правилно да ги сваќаат работите што се случуваат.
Прво треба да им се даде име на властите што се поставени од Американците,а единствено соодветно име би било квинслишка власт.
Аналогно на тоа власта која не е поставена однадвор(Американците) се вика народна власт.
Силите кој се борат против квинслишката власт се викаат народно ослободителни сили  ,а силите кој се борат против народната власт реакционерни сили кој во зависност от методите и силата можат да бидат терористи агресори бандити....
Кога овие прашања ќе се расчистат тогаш лесно се доаѓа до сознание кој води правична и праведна борба а кој е агресосрот,терористот....
Значи најважно од се е да знаеме дали е власта народна или е квислиншка и во однос на тоа да заземем страна.
Пример Украина
Ако Порошенко е квислиншка власт тогаш луѓето што се борат против тоа се борци за слобода.
Пример Сирија
Ако Асад е народна власт( за да нема забуна тоа значи власт која е дојдена одвнатре без разлика на политичкиот систем преку кој е дојдена(изборно,наследно или на друг начин),тогаш тие што се борат против него се реакционерни сили(терористи бандити агресори),освен се разбира кога власта ги крши принципите јус когенс кој се општоприфатени од целиот човечки род.
За крај едно прашање
Кој власти на Балканот се квинслишки а кој народни?


Последната промена е направена од кнез на Чет Сеп 11 2014, 20:42. Мислењето е променето 4 пати.

кнез

Posts : 688
Join date : 2014-06-04

Вратете се на почетокот Go down

Кој влади на Балканот се квинслишки а кој народни? Empty Re: Кој влади на Балканот се квинслишки а кој народни?

Пишување by concrete Чет Сеп 11 2014, 20:33

хе, хе занимливо прашање... Very Happy Very Happy
concrete
concrete

Posts : 7035
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Кој влади на Балканот се квинслишки а кој народни? Empty Re: Кој влади на Балканот се квинслишки а кој народни?

Пишување by кнез Чет Сеп 11 2014, 20:53

Го преправив влада во власт зошто тоа е поточно во вакви системи како што е оваа демократија власта подразбира вкупност на позиција и опозиција,па според тоа позицијата и опозицијата не мора да бидат со ист предзнак.

кнез

Posts : 688
Join date : 2014-06-04

Вратете се на почетокот Go down

Кој влади на Балканот се квинслишки а кој народни? Empty Re: Кој влади на Балканот се квинслишки а кој народни?

Пишување by Arhimed Пет Сеп 12 2014, 00:33

кнез напиша:Значи кај обичниот човек се случува еден хаос во кој во еден момент  гледаат како Американците напаѓаат власт од некоја држава за во наредниот момент да напаѓаат некој  "терористи",па во еден момент го напаѓаат нивниот довчерашен сојузник било да е тоа власт или бил теросирст кој претходно нели бил борец за слобода и демократија.
Заеднички именител на сето тоа е дали Владата игра по нотите на САД или не.
А дали прво ќе се вооружуваат диктатори, опозициони групи, или воена авантура против создаденото чудовиште ( Бин Ладен, ИСИС, ... ) не е толку битно. Важно да се продава оружје.

Тоа што САД себеси се замислуваат на екслузивна нација, ги нервира многумина од останатите.
Римјаните имаат убава поговорка - quod licet jovi non licet bovi - Тоа што му е дозволено (му прилега) на Јупитер ( САД), не му е дозволено на волот!

ПС, Хитлер да беше жив, ќе бараше германските граѓани да не смеат да бидат изведени пред меѓународен суд за воени злосторства.
Нешто што некој друг го смета за екслузивитет.

Arhimed

Posts : 242
Join date : 2014-06-11
Location : Мисисага, Канада

Вратете се на почетокот Go down

Кој влади на Балканот се квинслишки а кој народни? Empty Re: Кој влади на Балканот се квинслишки а кој народни?

Пишување by кнез Пет Сеп 12 2014, 08:05

Arhimed напиша:
кнез напиша:Значи кај обичниот човек се случува еден хаос во кој во еден момент  гледаат како Американците напаѓаат власт од некоја држава за во наредниот момент да напаѓаат некој  "терористи",па во еден момент го напаѓаат нивниот довчерашен сојузник било да е тоа власт или бил теросирст кој претходно нели бил борец за слобода и демократија.
Заеднички именител на сето тоа е дали Владата игра по нотите на САД или не.
А дали прво ќе се вооружуваат диктатори, опозициони групи, или воена авантура против создаденото чудовиште ( Бин Ладен, ИСИС, ... ) не е толку битно. Важно да се продава оружје.

Тоа што САД себеси се замислуваат на екслузивна нација, ги нервира многумина од останатите.
Римјаните имаат убава поговорка - quod licet jovi non licet bovi - Тоа што му е дозволено (му прилега) на Јупитер ( САД), не му е дозволено на волот!

ПС, Хитлер да беше жив, ќе бараше германските граѓани да не смеат да бидат изведени пред меѓународен суд за воени злосторства.
Нешто што некој друг го смета за екслузивитет.
Во твојов пост има два моменти а тоа е дека као цел се поставува продажбата на оружје и како инструмент за тоа да се прави  е ексклузивитетот и посебноста на таа нација.
Јас мислам дека продажбата на оружјето е само еден спорадичен не толку важен момент во однос на нивната пставена цел а тоа е тотална светска доминација и страховлада која и сега е многу убавоо воочлива кај повеќето власти во светот и невидениот страв да преземаат чекори во интерес на својот народ ако тоа не е одобрено од американскиот амбасадор во таа земја9ова за народните влади).
Погледнете го само римерот на санкциите на ЕУ кон Русија.Неверојатен терор на Сад врз владите на ЕУ државите кои работат против своите интереси.
Значи ние живееме во едно мрачно време на американски терор над скоро сите држави.
Затоа е важно дали е една влада народна или квислниншка.
Ако е народна таа американскиот терор  го идентуфикува како терор и ќе се обиде да даде отпор и ќе го отфрли тоа кога ќе види некое светло на хоризонтот,а квислишката влада примајќи ги наредбите од Вашингтон до последен момент ќе го држи народот во покорност и ќе работи против неговите интереси.
После рушењето на такви влади ќе се видат размерите на девастација на таа држава(економски демографски културолошки и во менталитетот).

кнез

Posts : 688
Join date : 2014-06-04

Вратете се на почетокот Go down

Кој влади на Балканот се квинслишки а кој народни? Empty Re: Кој влади на Балканот се квинслишки а кој народни?

Пишување by concrete Пет Сеп 12 2014, 10:54

..некои народи и ќе ги нема.  
Како македонскиот на пример.
Аздисувањето на сите наши непријатели и изразитото или прикриеното квислингарење на македонските влади сигурно ќе доведе до тоа.
Еве интересен податок:  во хемиското училиште Марија Кири во Скопје веќе бараат настава на албански, директор албанец и професори албанци, па и под услов да имаат само средно школо.
Од кал да е албанец да е и тоа насред Македонија и тоа 23 години после СУПЕР ОСАМОСТОЈУВАЊЕТО.  
Доволно е само човек да се сети на оперетската војна 2001, урамувањето и обадентирувањето, шутирањето на цела една камарила на чело со председател на држава и еден брат Љубе во Арачиново, од страна на еден долен платеник.., подарувањето на археолошка истакната локација за регионално циа и нса дувло и феудално-господарското однесување на американскиот амбасадор, обично нижа треторазредна искомплексирана спобода..., па да биде се јасно, што е тоа вјера , а што невјера.
Но кога тоа и се случува на една Германија и една Фрау Меркел што останало за една боранија земја.
Very Happy Very Happy Very Happy Very Happy Very Happy
concrete
concrete

Posts : 7035
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Кој влади на Балканот се квинслишки а кој народни? Empty Re: Кој влади на Балканот се квинслишки а кој народни?

Пишување by кнез Пет Сеп 12 2014, 12:14

Навистина е тешко да даде отпор една мала држава како ние кога Германските владеачки кругови водат квиснлишка политика во оваа гарнитура(Шредер не беше таков).но секогаш треба да се потсетиме со гордост на партизанската епопеја кога тогаш големата сила Франција падна ко круша а "малата" Југославија даде херојски отпор и имаше во однос на својата сила несразмерно поголем придонес на рушењето на тогашниот обид за светска хегемонија. Smile
А тоа за осамостојувањето и неговите "придобивки" е една многу интересна тема, која никако и никој не смее да ја потегне.
Целата власт сосе нивната медијска братија никако не смее да писне да направиме една пресметка завршна сметка за овие 24 години и да ја видиме завршната сметка кога бевме составен дел од Југословенската федерација.
Тука мора да се напомен разликата помеѓу социјализмот како уредување и Југославија како држава.
Тоа се две сосема разлчни работи за кој некој несвесно а политичарите намерно ги постоветуваат.
Југославија како држава на Јужните словени може да постои и како капиталистичка и во било каков друг облик на уредување
Пропаѓањето на социјалистичкиот систем во никој случај не смееше да значи и пропаѓање на Југославија по ди фолт или пак пропаѓање на југословенската идеја.
Тоа што некој го искористи пропаѓањето на социјализмот да ги уништи словенските федерации(Југославија,Чехословачка,СССР) е работа која мора да се отвори како тема и да ги разбуди сите нормални луѓе во тие држави да се замислат и да се обидат да направат нешто подобро за нив и нивните сегашни мали татковини. Very Happy



кнез

Posts : 688
Join date : 2014-06-04

Вратете се на почетокот Go down

Кој влади на Балканот се квинслишки а кој народни? Empty Re: Кој влади на Балканот се квинслишки а кој народни?

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот