ВЕТЕРНИЦА
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Реформи во ЕУ или си заминуваме!

3 posters

Go down

Реформи во ЕУ или си заминуваме! Empty Реформи во ЕУ или си заминуваме!

Пишување by king Сре Jул 23 2014, 01:14

Хе хе хе ...


OСТРА РЕТОРИКА НА НОВИОТ ШЕФ НА БРИТАНСКАТА ДИПЛОМАТИЈА


Хамонд: Реформи во ЕУ или си заминуваме!


Тој засега не објаснува кои се реформите што ги бараат Британците, но од порано е познато дека се бара враќање на овластувањата што еднаш веќе му се префрлени на Брисел, преиспитување на некои од европските спогодби и нови британско-европски преговори за статусот на Велика Британија во ЕУ


Новиот британски министер за надворешни работи, Филип Хамонд, ги предупреди Брисел и земјите од ЕУ дека "мора да се направат суштински реформи во Унијата или Велика Британија ќе си замине".

Шефот на дипломатијата уште во првите изјави дадени за домашните медиуми навести дека неговата задача ќе биде да изнуди отстапки од европските партнери за реформирањето на ЕУ, онака како тоа го замислуваат британските конзервативци.

Во остро интонираната порака Хамонд вели дека "една нереформирана Унија во иднина ништо нема да и значи на Велика Британија", па затоа, доколку ЕУ сака и понатаму да ги има Британците покрај себе, ќе мора темелно да се промени.
-Велика Британија не е држава на мали изолирани ингландерси - вели Хамонд порачувајќи им на европските критичари на тврдиот британски евроскептицизам дека официјален Лондон, сепак, не е осамен во барањата за реформирање на ЕУ.

Тој засега не објаснува кои се реформите што ги бараат Британците, но од порано е познато дека се бара враќање на овластувањата што еднаш веќе му се префрлени на Брисел, преиспитување на некои од европските спогодби и нови британско-европски преговори за статусот на Велика Британија во ЕУ.

На крајот на тој процес, што според британските проценки би требало да трае не повеќе од две години, во Велика Британија би се организирал референдум на кој луѓето ќе треба да одлучат дали сакаат нивната земја да остане во ЕУ или да ја напушти.

Острите евроскептици во редовите на десното крило на Конзервативната партија на премиерот Дејвид Камерон сметаат дека Британија наместо да се врзува кон ЕУ, треба самата да се сврти кон остатокот од светот, дека така ќе и биде подобро.

Ваквото тврдење на конзервативните евроскептици се поткрепува со изборните резултати на мајските евроизбори на кои победи крајно евроскептичната и десноопределена Партија на независноста на Обединетото Кралство (УКИП).

Оваа партија, што е создадена од поранешни ториевци, главно од нејзиното десно крило и заговара излегување од ЕУ, тесно победи пред лабуристите, но убедливо ги порази конзервативците на премиерот Камерон.

Домашната опозиција, вклучувајќи ги и либералдемократите, кои се коалиционен партнер на ториевците во Владата, се противат на антиевропската тврда реторика, како и на политиката што кон ЕУ ја води Камерон, противејќи се на референдумот.

Лабуристите го обвинуваат премиерот дека е "заробеник" на своите евроскептици и дека "УКИП му ја креира политиката" кон Унијата, иако и опозицијата смета дека реформи се неопходни во ЕУ, особено по кризата во еврозоната и мерките што се преземаа.

http://www.vecer.mk/default.asp?ItemID=528D9C99CB4C1042A27FE37A19603AC6
king
king

Posts : 11124
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Реформи во ЕУ или си заминуваме! Empty Re: Реформи во ЕУ или си заминуваме!

Пишување by чучулига Чет Jул 24 2014, 11:49

Овие како кинисале ќе треба да полнат едра и да се вкотват негде до САД (посебно па ако им се отцепи Шкотска).
чучулига
чучулига

Posts : 13528
Join date : 2014-07-11

Вратете се на почетокот Go down

Реформи во ЕУ или си заминуваме! Empty Re: Реформи во ЕУ или си заминуваме!

Пишување by concrete Чет Jул 24 2014, 12:14

..англиската кралица, а и нивниот бизнис и финансиска олигархија , се во рацете на (условно нарчени) холандските евреи уште од времето на нејзината пра-пра баба , а и ако некој друг таму пркнал , а не е нивен чврсто го држат за јајца...така да ваквите изјави не се од вчера и треба да се гледаат во тој контекст. Колонијата нормално пее како овие свират...Smile
Од друга страна германците и русите се мноогу одамна у тајна љубофф,  па изненадувањата за островјаните можат да бидат и поголеми од  оние кои тие ги калкулираат. Very Happy Very Happy 
Ич не се потресуј.., гледај овде локално како да научиме на зурли да играме кадрил...кој изгледа ќе го договорат како званичен церемонијален танц во ЕУ...
concrete
concrete

Posts : 7035
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Реформи во ЕУ или си заминуваме! Empty Re: Реформи во ЕУ или си заминуваме!

Пишување by чучулига Чет Jул 24 2014, 12:25

 Smile 

Не се потресвам ич.

И не вервам дека би се откажале тукутака од ЕУ... само малку ЕУ и САД им ја расипуваат математиката со барањето за спроведување заострени санкции кон Русија (имав на воденица поставено линк до анализи за тоа колку еу и англија би изгубиле со санкции кон русија).

Вервам дела посебно градот Лондон не е најсреќен деновиве.

Инкау, цк. Не учам јас квадрил..... не сум јас матурантка!!!  Very Happy Very Happy Very Happy 
чучулига
чучулига

Posts : 13528
Join date : 2014-07-11

Вратете се на почетокот Go down

Реформи во ЕУ или си заминуваме! Empty Re: Реформи во ЕУ или си заминуваме!

Пишување by concrete Чет Jул 24 2014, 15:11

чучулига напиша: Smile 

Не се потресвам ич.

И не вервам дека би се откажале тукутака од ЕУ... само малку ЕУ и САД им ја расипуваат математиката со барањето за спроведување заострени санкции кон Русија (имав на воденица поставено линк до анализи за тоа колку еу и англија би изгубиле со санкции кон русија).

Вервам дела посебно градот Лондон не е најсреќен деновиве.

Инкау, цк. Не учам јас квадрил..... не сум јас матурантка!!!  Very Happy Very Happy Very Happy 

Колку ќе узгубат еу и обединетото кралство од санкциите кон русија не треба ни да се смета..., од тепка засигурно неприфатливо многу, а да не ја ни спомнуваме најслабата алка во тој американски синџир за врзување на мечката , германија, на која второто име веќе минимум 3 века и е русија... Very Happy Very Happy Very Happy 
concrete
concrete

Posts : 7035
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Реформи во ЕУ или си заминуваме! Empty Re: Реформи во ЕУ или си заминуваме!

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот