ВЕТЕРНИЦА
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Над 100.000 во Грција, 600 во Охрид во моментов

2 posters

Go down

Над 100.000 во Грција, 600 во Охрид во моментов  Empty Над 100.000 во Грција, 600 во Охрид во моментов

Пишување by king Чет Jул 24 2014, 12:31

Samo 600 vo Ohrid!!!!!!!

Pa pred nekoj den koga gi vidov cenite na kafenceto, pivceto itn ... se prasuvam koj se tie 600 "budali"....
Ohrigani nikako da safatat deka nemaat ama bas nikakva sansa da im konkuriraat na okolnite morinja vo letniot turizam, a pogotovo nikako so astronomski ceni vo ugostitelstvoto i parkiranjeto ...Ohrid svojata turisticka atraktivnost treba da ja bara na druga strana ... nikako vo semata ... odi, vrati se, pa pak odi od plaza...

Над 100.000 во Грција во јули, 600 во Охрид во моментов

Лепа Ѓоргиевска

Во 2013 година вкупно 1.572.371 Македонци се упатиле кон трите гранични премини што водат кон Грција. Во првото полугодие од годинава, Богородица, Стар Дојран и Меџитлија ги преминале 708.089 домашни посетители. Иако според туристичките работници, е тешко да се направи процена колку наши туристи летуваат кај јужниот сосед, според статистиката колку семејства ја поминале границата и ако таму потрошиле по 500 евра од семејство (бидејќи во најголем дел се упатуваат на летување), може да се заклучи дека лани и во првата половина од годинава по потрошени пари и по бројот на минувањата на границата кај Македонците нема голема разлика. Многу мал пад на летувања во Грција е забележан во минатата година, ако се земат предвид податоците на Стопанската комора за туризам, а за споредба, ова лето во Охрид може да се оцени како едно од најлошите, според бројот на домашните посетители.

Од Асоцијацијата на хотелиери на Македонија - ХОТАМ изнесоа податок дека нема повеќе од 600 Македонци на летување во најразвиениот туристички град во земјава, ако се исклучат тие што имаат станови во Охрид. Но, и тие во последно време се воздржуваат од одење таму, најчесто поради лошите временски услови.

Досега потрошени 88 милиони евра

По претпоставка дека ако вкупната бројка излезени патници се подели со четири члена, колку што е просечно бројот на едно македонско семејство, значи дека во 2013 година во Грција биле околу 390 илјади семејства. Ако претпоставиме дека секое семејство потрошило најмалку 500 евра, колку што се потребни за летување, ќе се добие податокот оти минатата година македонските туристи во Грција оставиле минимум околу 196 милиони евра.

Во првите шест месеци од оваа година, пак, според истата претпоставка дека станува збор за четири члена од семејство, Стар Дојран, Богородица и Меџитлија ги минале 177 илјади семејства. Ако секое од нив потрошило околу 500 евра, цифрата што ја зедовме како просек, тоа значи дека досега Македонците во Грција оставиле околу 88 милиони евра.

Ако се следи тенденцијата, иако сме на повеќе од половина од годината, бројките на семејствата од Македонија што ги минале премините кон Грција од годинава и лани и парите што таму ги потрошиле ќе бидат речиси исти.

Тоа значи дека ниту е намалена ниту зголемена бројката на Македонци што ги минуваат трите гранични премини кон јужниот сосед, односно дека интересот за Грција во последните години е речиси идентичен.

Ако зборуваме за Охрид, вели Дончо Танески од ХОТАМ, просечно македонско семејство за седумдневно летување таму не би потрошило повеќе од 400 евра, во зависност од тоа каков тип сместување изнајмиле.

Во Грција се 70 проценти од лицата што одат на одмор

За кај јужниот сосед, пак, таа бројка би била поголема, односно би се движела околу 500 евра, со оглед на тоа дека сите трошоци дневно во Грција не би биле помали од 70 евра.

- Студио во Охрид, кое може да прими четиричлено семејство, би чинело околу 280 евра за десетина дена, слично како и во Грција, но за разлика од таму, пак, продуктите кај нас се поевтини. На пример, поевтини се и јадењето и пиењето, но и овошјето и зеленчукот, а на одредени плажи во Охрид има исти цени како и на плажите во Грција – појаснува Танески.

Во минатата година, пак, според Стопанската комора за туризам, бројот на туристите што летувале надвор, но и во земјава, бил намален поради економската криза. Лани, според процените на комората, е регистриран за 20 проценти помалку лица што летувале надвор од земјава, но и 10 отсто помалку што летувале во Македонија. Во Грција летуваат дури 70 проценти од лицата што заминуваат на одмор од Македонија, а втора земја е Турција. Општо земено, бројот на странските посетители на Грција во периодот јануари-мај годинава е зголемен за 17 проценти, надминувајќи три и пол милиони туристи.

Во 2012 година сме оставиле 550 милиони евра

Според грчката Туристичка федерација, Македонците што во 2012 година биле во соседната земја потрошиле 550 милиони евра. Тоа, според нивната анализа, значи дека македонските државјани се на првата позиција по најмногу потрошени пари, особено во текот на летната сезона, по што Туристичката федерација на Грција не прогласи како најдобри туристи за таа година, според просекот на влез на евра во земјата.

Сè повеќе Грци во Македонија

Бројот на грчките туристи во нашата земја бележи голем раст во последните пет години. За разлика од 2009 година, речиси двојно повеќе Грци лани ја посетиле Македонија. Ако во 2009 година во Македонија пристигнале 22.253 илјади Грци, во 2013 година нивниот број бил 46.184 илјади. Големата разлика, според статистиката, првпат се забележува во 2011 година.

http://dnevnik.mk/?ItemID=61C3CF03CFFDCF4E9A7E20999FCE4702
king
king

Posts : 11124
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Над 100.000 во Грција, 600 во Охрид во моментов  Empty Re: Над 100.000 во Грција, 600 во Охрид во моментов

Пишување by чучулига Чет Jул 24 2014, 19:26

Во тој зголемениот број грчки туристи се најверојатно сите тие шо идат овде за на фризер, забар, гинеколог, пазар, чаршија итн... од ко почнаја да се редовни потрошувачи, цените на битолските пазари и услуги се покачија за бааги.
чучулига
чучулига

Posts : 13528
Join date : 2014-07-11

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот