Уставни измени

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Уставни измени

Пишување by king on Саб Jул 05 2014, 09:54

Уставните измени влегуваат во Собрание


Кон средината на овој месец ќе започне процедурата за уставните измени. За предлогот на Владата за пристапување кон измени на Уставот, прво ќе се изјасни матичната Уставна комисија на 15-ти овој месец, а потоа Парламентот на пленарна седница. За воопшто да почне процедурата потребата од уставни измени треба да добие поддршка од најмалку 2/3 од пратеничкиот состав. Последната измена на Уставот беше во април 2011-та, а се однесуваше на екстрадицијата.

Пред распуштањето на претходниот парламентарен состав, без успех помина обидот за дефинирање на бракот, кој сега повторно се најде во најновиот владин предлог заедно со уште седум други предлози - уставна жалба, проширување на Судскиот совет со судии избрани од фелата, редефинирање на одлучување на Советот по жалба, ограничување на дефицитот, меѓународна финансиска зона и независност на Државниот завод за ревизија. Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, доколку има позитивно изјаснување и се се одвива според процедурите, очекува уставните амандмани да бидат изгласани до средината на октомври. Притоа, за секој амандман ќе биде потребна двотретинска поддршка од актуелниот собраниски состав..

Доколку во првата фаза не се изгласа потребата за уставни измени, целата постапка се запира. За вака предложени амандмани не е потребно Бадентерово гласање.
Последните измени на Уставот беа донесени на 12 април 2011 година.
Оставките на пратениците од опозицијата нема да се најдат на собраниска седница летово. Собранискиот спикер Трајко Вељаноски одлучи до есен да остави простор за дијалог. Освен Љубица Буралиева и Солза Грчева, досега ниту еден друг пратеник од опозицијата не ја повлекол својата оставка. Без разлика дали ги повлекле оставките или не пратениците од опозицијата земаат цела плата од Собранието, која во просек изнесува околу 65.000 денари. Имајќи предвид дека оставките нема да им бидат констатирани ниту во јули, ниту во август, најверојатно тие ќе земат цела плата и за овие месеци.

Претходно на седницата закажана за 10 јули, Собранието ќе треба да се изјасни за новиот режим за добивање апанажи. Откако предлагачот Александар Николовски го повлече предлогот, сега тој, во предлог изготвен заедно со Талат Џафери, предлагаат скалесто остварување право на апанажа за избраните функционери. Според најновите предлози пратениците би добиле 3 месеци плата без работа ако функцијата траела 6 месеци. Шест месеци апанажа за функција од 6 до 12 месеци, 9 месеци за претходна функција меѓу 12 и 24 месеци и едногодишна апанажа за функционери кои на работното место се задржале повеќе од 24 месеци. Овие нови правила би важеле за сегашниот и наредните пратенички состави, се разбира доколку не претрпат дополнителни измени.

На седницата закажана за следната недела на дневен ред ќе бидат и одлуките за надомест на трошоците на политичките партии за претседателските и парламентарните избори. За секој добиен глас политичките партии и кандидатите кои освоиле гласови ќе добијат по 15 денари по глас.
Можно е на оваа седница да бидат изгласани и замениците-министри, но тоа зависи дали до тој рок премиерот ќе достави предлог-листа до Собранието.

http://www.vecer.mk/default.asp?ItemID=31872504BC21D34FB2E1F65CBF0E5A09

Potrebni li se, sto se dobiva ili gubi so niv so niv...

Interesno e ona za apanazite i dzabelebarite na drzaven trosok!


king

Posts : 8679
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: Уставни измени

Пишување by concrete on Саб Jул 05 2014, 16:55

...во принцип , Устав се менува еднаш на 50 години, тие што држат до себе не го пипаат док постои државата..., ние сме некои перо-лаки.., кој и да дувне , од каде да дувне "ветрец" ...не носи све ближе и ближе ..у лепу пизду материну.... Cool 

concrete

Posts : 6050
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот