СДСМ не е веќе втора политичка сила

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

СДСМ не е веќе втора политичка сила

Пишување by king on Вто Јун 24 2014, 14:48

Анкетата на ИРИ- Народот ја наградува работата и реализацијата на проекти, дебакл на политиките на СДСМ

Ако утре се одржат парламентарни избори во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе ја добие довербата на граѓаните. СДСМ од друга страна бележи драстичен пад во рејтингот, што значи дека ќе добие уште помалку пратенички мандати.

Ова го покажуваат резултатите од последната анкета на угледниот институт ИРИ која направи истражување на јавното мислење за рејтингот на политичарите, политичките партии и проблемите со кои граѓаните се соочуваат.

Според анкетата, ВМРО-ДПМНЕ се уште ужива најголема доверба кај граѓаните со 34 отсто, што е за 4 проценти повеќе од минатата анкета. Ако утре има парламентарни избори во Македонија, владејачката партија, според резултатите од анкетата, повторно убедливо ќе победи.

Довербата која македонските граѓани ја имаат во СДСМ опаѓа, па сега опозициската партија има доверба кај само 10 отсто од испитаните граѓани.

Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ расте, на СДСМ драстично опаѓа.

Анкетата на ИРИ е огледало на тоа каква е политичката состојба во Македонија. Со своето мислење граѓаните докажаа дека се одлучуваат за програма и работа, наспроти деструктивност.

Со години наназад владејачката партија добива нови мандати од македонските граѓани. Стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ да излезе со прецизна програма и да ја продолжи практиката на отчетност и транспарентност со технократски начин на работа со постојана будност и респонзивност спрема потребите на граѓаните се покажа како полн погодок.

Тоа се гледа и од првиот ден на работа на новата Влада каде Груевски на секоја седница на Влада уште од почетокот започна со реализација на ветеното.

Разликата меѓу најголемата владејачка и најголемата опозициска партија во Македонија, граѓаните ја воочија уште во предизборието. ВМРО-ДПМНЕ понуди обемна програма со илјадници проекти, со конкретни рокови и потребни средства. Груевски не им вети на граѓаните нереални работи и проекти, а на другата страна Заев ветуваше проекти кои реано не можат да бидат исполнети.

Затоа, нов удар за СДСМ е делот во анкетата на ИРИ која ја истражуваше и довербата кај граѓаните во политичарите.

На прашањето „Во кој политичар имате најголема доверба“, една четвртина од испитаниците одговориле Никола Груевски. Наспроти неговите 25 отсто, Зоран Заев има доверба кај само 3 отсто од граѓаните кои учествувале во анкетата.

Останатите социјалдемократи имаат дури и помал процент- во Црвенковски доверба имаат 2 отсто, а во Шекеринска 1 процент од гласачите.

СДСМ веќе не е ниту втора партија во земјава, туку трета според рејтинг. Тројцата клучни фигури на СДСМ Заев, Црвенковски и Шекеринска, сите заедно немаат ниту половина од рејтингот на Груевски. Народот го казнува СДСМ за деструктивната политика. Над три пати поголемиот рејтинг е резултат на постојаната работа и програма.

Експертите воопшто не се изненадени од новата анкета за довербата на политичките партии. Велат тоа се должи на драстичните разлики меѓу програмите, пристапот и работата на политичките партии и нивните лидери.



Доц. д-р Иванка Додовска смета дека трендот на континуираниот раст на рејтингот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во изминативе 8 години се должи пред се на пристапот со кој оваа партија се доближи непосредно до македонскиот електорат.

-Примената на јавните политики кои подразбираат транспарентност, јавност и отчетност, го подобрија угледот и реномето на ВМРО-ДПМНЕ и истата уште во 2005 година според релевантните анкети го најави својот нов нагорен тренд, кој во текот на сите овие години од како ја освои власта во Република Македонија постојано расте. Во споредба со рејтингот на СДСМ, оној на владејачката ВМРО-ДПМНЕ е исто така во континуитет дупло, а некогаш и трикратно поголем, што говори за ставот на мнозинството граѓани на Република Македонија дека тие повеќе не ги прифаќаат конзервираните леви концепти кои го носат товарот на елитистичкото и апсолутистичкото политичко дејствување кое единствено им наметнуваше режим на живеење и ги доведе до работ на комплетна мизерија и во својата суштина ја избриша од демографската карта добро стоечката развиена средна класа во нашата земја. За сметка на оваа застарена демагогија и хипокризија со која и понатаму продолжи политичкото дејствување на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ се одважи и се фокусираше на подобрување на животниот стандард на граѓаните на Република Македонија, собра тим на професионалци кои ги распореди во раководството на сите витални сфери од општественото живеење и му даде шанса на македонскиот граѓанин повторно да заживее еден достоинствен и порелаксиран живот. Сметам дека овие параметри се најконкретните општествени показатели кои го градат високиот рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ и од каде оваа владејачка гарнитура ја црпи својата виталност и снагата за идните предизвици. Сумарно речено, потврдата за оваа констатација деновиве дојде и од страната на беспрекорната и независна анкета на реномираниот ИРИ, во која се говори за тоа дека тимот кој изминативе години раководи со Република Македонија на чело со премиерот Никола Груевски ја има формулата која коренспондира со сфаќањата и потребите на македонските граѓани и истата, во континуитет ја докажува и на дело, рече Додовска за Курир.

Универзитетската професорка Татјана Каракамишева Јовановска во изјава за Макфакс, вели дека СДСМ и членството на оваа партија, веќе подолг временски период е влезено во „лош филм“ и во исклучително деструктивна политика на однесување кое нема допирни точки со политичката реалност во земјава режирајќи “хорор филм“.

-Во недостаток на позитивна и креативна политика која ќе биде генератор на нови програми, нови политички и економски решенија, идеи за тоа како да се подобрат работите во земјата, раководството на СДСМ режира хорор филм, со конкретен наслов, со конкретни главни актери, со содржина, со заплет и со расплет, со кој СДСМ се надева дека ќе ја освои власта. Главните поенти на заплетот се дека во Македонија владее некаков режим креиран од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, иако и самите се изгубени во преводот на поимот режим, дека во државата имаме целосен молк и тотална загушеност на човековите слободи и права на граѓаните, дека во РМ на опозицијата и е ускратена слободата на изразување, иако во реалноста сме „бомбардирани“ од изјави на опозициски протагонисти во кои говорот на омраза и „плукањето“ по секој оној кој не се согласува со сценариото на опозицијата е „нормално секојдневие“ итн. На секој полнолетен граѓанин кој размислува здраворазумски, без разлика дали е македонец или е странец, барањата на СДСМ му се не само нереални, туку и повеќе од проблематични, имајќи ги предвид изборните резултати на неодамна одржаните парламентарни избори, каде опозицијата изгуби со повеќе од 200.000 гласа. Да повторам, опозицијата изгуби со повеќе од 200.000 гласа, вели професорката.

Понатаму, Каракамишева Јовановска вели дека за СДСМ е нејасно дека во демократскиот свет за да се дојде на власт треба да имаш што да им понудиш на граѓаните, програма и работа која ќе ти ја донесе граѓанската доверба, многу труд.

Сумирано, политиката на инает на СДСМ не поминува кај граѓаните. Сево ова се одразува во релевантната анкета на ИРИ.

Анкетата покажува дебакл и на најновите позиции на СДСМ за бојкот кои според пресметкитенаместо успех им носат назадување.

Сликата и статистиката кои со години се повторуваат, а на избори се запечатуваат, е лекција која СДСМ не успеа да ја научи. Опозицијата која претендира да дојде на власт треба да знае дека за да фати чекор до ВМРО-ДПМНЕ треба многу работа, низа проекти и идеи за развој. Тоа е нешто што СДСМ упорно не го прави, па неможе да парира на ваквата владејачка партија.

Разликата во довербата останува огромна- 34 отсто за партијата на Груевски и 10 отсто доверба за партијата на чело со Заев.

http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/162743-Anketata-na-IRI--Narodot-ja-nagraduva-rabotata-i-realizacijata-na-proekti-debakl-na-politikite-na-SDSM?utm_source=feedburner&utm_medium=feed&utm_campaign=Feed%3A+kurir%2Fmakedonija+%28%D0%9A%D1%83%D1%80%D0%B8%D1%80+-+%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%29

Pa aj so sreka nek im e patot kon zaborav, mnogumina gi krstat a tie prdat ...

king

Posts : 8676
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: СДСМ не е веќе втора политичка сила

Пишување by punter ohrid on Сре Јун 25 2014, 04:40

ич не сум изненаден, само беше прашање на време кога ке им го кажат тоа што многумина го знаеа од поодамна.

punter ohrid

Posts : 95
Join date : 2014-05-21

Вратете се на почетокот Go down

Re: СДСМ не е веќе втора политичка сила

Пишување by concrete on Сре Јун 25 2014, 10:19

punter ohrid напиша:ич не сум изненаден, само беше прашање на време кога ке им го кажат тоа што многумина го знаеа од поодамна.

...сдсм одамна се никој и ништо на политичката сцена во Македонија, нив единствено  во некаква функција на постоење ги одржува носталгијата на народот по минатите југословенски времиња  и општо познатата трапавост, конформизам и инерција на македонскиот човек.
Но и таа влага полека се суши..и кај и да е овие одат во историјата.
На моја голема жалост..неказнето за огромната штета која му ја направија на Македонскиот народ. Дефинитивно поголема од сите досега..., тие го заковаа последниот клинец на неговиот ковчег.
Сега само останува да се шпекулира колку време ќе помине пред да исчезне како таков......

concrete

Posts : 6047
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Re: СДСМ не е веќе втора политичка сила

Пишување by king on Сре Jул 02 2014, 01:17

Oвие веке изгубиле секаков допир со реалноста, двоецот без кормилар го негде има изгубено компасот...


Со собрание и влада во сенка СДСМ ќе брка гласови

http://dnevnik.mk/?ItemID=AA743FF01B8FC24DBD02FA0848D91B65

собрание и влада у сенка .... ха ха хааааааааа... зар мислат дека некој ќе ги есапи за нешто,
.. а бе тие отидоа у долината на сенките ...
.. цели се у сенка ... тие дури и си имаат лидер у сенка....

king

Posts : 8676
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: СДСМ не е веќе втора политичка сила

Пишување by punter ohrid on Сре Jул 02 2014, 02:20

овие се повеќе заличуваат на циркузанти, јас да сум сега ко властите ама ич не им обрнувам внимание, народот веќе и така не ги есапи и почна да не ги ни следи какви изјави даваат, никој веќе не си губи време со вакви лузери, за едно 6 месеци рејтингот ке им падне на ниво на Љупчо Георгиевски, и после анкетите ке им бидат лажни.

punter ohrid

Posts : 95
Join date : 2014-05-21

Вратете се на почетокот Go down

Re: СДСМ не е веќе втора политичка сила

Пишување by concrete on Чет Jул 03 2014, 21:56

.....го гледам Пендаровски и ја слушам неговота квалификација на Собранието со ...ТАКАНАРЕЧЕН ПАРЛАМЕНТ!! Тој човек е дефинитивно будала..

concrete

Posts : 6047
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Re: СДСМ не е веќе втора политичка сила

Пишување by king on Чет Jул 03 2014, 23:51

Се јавил ... жив бил ... добро е!

ТАКАНАРЕЧЕН ПАРЛАМЕНТ ... И не само тоа .... туку дури и сите што не гласале за сдсм ги нарече ... корумпирани ... а тоа е една многу гооолема бројка на граѓани на РМ, прошлиот пат, пред изборите ги нарече ..стока... како бе не му е срам ... или само толку има во главата..
... тој бе се контролира ли што збори?

.. а бе .. се чудам .. па што очекуваш од искомплексиран човек полн со тикови ... погледни му го држењето и неконтролираното трзање додека збори ...  а тек чудното феминистичко мавтање со рацете ...

.. изглеа стварно ќе да е ... дека народот не чинел ... е па , не знам кај мислат да најдат друг ...

king

Posts : 8676
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: СДСМ не е веќе втора политичка сила

Пишување by Ацева on Нед Jул 06 2014, 13:15

Имаш право, Кинг. Кум није дугме. Кум се наследува, како семеен пријател, или се избира како најдобра пријател. Во обата случаја, посебно во вториот, човек треба да процени со кого тоа има работа.
Мене лично, многу ми пречеше политичката заслепеност на Ангелов во врска со неговиот Кум. Да не кажам дека беше главниот разлог што го напуштив Достоинство. Настрана од аферава, не можев да се согласам со „кумските“ совети, а немав ни претстава до каде одела “искреноста“ и „добронамерноста„ на Крстевски, доедека не го прочитав самата, на неговиот ФБ профил.

Зоран Крстевски на ФБ напиша:По повод ЈАВНОТО ОТКАЖУВАЊЕ од мене како КУМ од страна на моето КУМЧЕ, Генерал Стојанче АНГЕЛОВ

МОНСТРУОЗНА КОНСТРУКЦИЈА !!! /Ќе се види, ќе се докаже.../

МОЕТО НАЈГОЛЕМО РАЗОЧАРУВАЊЕ Е - СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ !!!
Јас уште минатата недела дадов назнака дека се “случува“ монструозна конструикција, според која ЈАС и СТОЈАНЧЕ требаше ДА СЕ “СПУКАМЕ“!!! Можеби било замислено и со - ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ (не знаат и двајцата како пукачи). И... еве го него - ПРВ ИСПУКА НА МЕНЕ?!?! Дали НАИВНО, или СМИСЛЕНО, сеедно - ИСПУКА! Сега за сега - вербално! Знам, со силна подршка на пакосно и осветољубиво расположената му - втора сопруга!
СЕГА ЈАС СУМ ВИНОВЕН ЗА НЕГОВИОТ ПОЛИТИЧКИ ДЕБАКЛ, ЗА НЕГОВИОТ ТОТАЛЕН ПОРАЗ и болните амбиции на неговата сопруга!!!
Стојанче Ангелов ме нарече - МОНСТРУМ ?!?!
Стојанче бре, па јас за тебе и сум - МОНСТРУМ! Во споредба со тебе, јас сум монструозен ум, монструозен стратег и воин (со четири војни зад себе), со ВМРО во душата и идејниот свет... за тебе - НЕДОСТИЖЕН МОНСТРУМ!!! (Но, не таков, на каков што ти алудираш по подметнатата бедна “конструкција“)
Стојанче Ангелов ме посочи како - КРВЕН НЕПРИЈАТЕЛ ?!?!
Е па, ти Стојане брате, мене НЕ СИ МИ КРВЕН НЕПРИЈАТЕЛ !!! НЕ, затоао што јас никогаш нема да ја заборавам твојата братска помош кон мене и мојот син во нашата најголема животна криза. Ти се покажа како вистински другар и брат кој ми дава помош без да му ја побарам! Тоа нема никогаш да ти го заборавам! Но, нема да ти ја заборавам ни оваа ГАДОСТ!!!
ТИ - моите добрини кон тебе - ГИ ЗАБОРАВИ, Стојанче!!!
Се сеќаваш кога те молев: “Не ме терај дете, да те доживеам како - “НЕБЛАГОДАРНИК“!!!... Како Љубета, да... ТОЈ беше првиот НЕБЛАГОДАРНИК кон мене!!! 2004-та ГО СОВЕТУВАВ - НЕ ОДИ НА ИЗБОРИ!!! НЕ МЕ ПОСЛУША! Му се случија “Раштански“, па “Хаг, па... 2009-та, кога се врати од Хаг како маченик ГО СОВЕТУВАВ: “Прифатија понудата на ВМРО-ДПМНЕ! НЕ МЕ ПОСЛУША... и еве сега каде е...
ТИ Стојане, ИСТО - НЕ МЕ ПОСЛУША !!!... И... еве сега каде си...
2011-та (од затвор) ТЕ СОВЕТУВАВ - НЕ ПРАВИ ПАРТИЈА, ќе го разбиеш најголемото до сега македонско боречко здружение, оти сите тие идеолошки припаѓаат кон разни партии... НЕ МЕ ПОСЛУША! (Се растури „Достоинство“)
ТЕ СОВЕТУВАВ: Не оди по Љубчо, ЌЕ ТЕ ОДНЕСЕ ВО СДСМ (во таа апатридска и анационална, немакедонска струја). НЕ МЕ ПОСЛУША!
ТЕ СОВЕТУВАВ: ИЗЛЕЗИ ОД СДСМ - МЕ ПОСЛУША - ИЗЛЕЗЕ!
ТЕ СОВЕТУВАВ: ВЛЕГУВАЈ во Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ! Ем ќе ги обединиме бранителите (Ти и Јохан) - НЕ МЕ ПОСЛУША!... Те опоменував дека влегуваш во суицидна кампања, во политички дебакл... НЕ! Ти (од свои, нема да кажам кои прагматични побуди) продолжи...
И СЕГА... ЈАС СУМ ТИ ВИНОВЕН, Генерале... Генерале...
ЈАС СУМ ТВОЈОТ ПРЕДАВНИК?!?!
ТИ СИ СВОЈОТ - НАЈГОЛЕМ ПРЕДАВНИК!!!

Ацева

Posts : 3
Join date : 2014-07-05

Вратете се на почетокот Go down

Re: СДСМ не е веќе втора политичка сила

Пишување by Sponsored content Today at 03:23


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот