Ирак, Сирија...арапскиот свет

Страна 2 of 28 Previous  1, 2, 3 ... 15 ... 28  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: Ирак, Сирија...арапскиот свет

Пишување by concrete on Пон Aвг 11 2014, 20:22

Arhimed напиша:И ова го доживеавме - НАТО ќе ја штити Турција од ирачките милитанти
А камповите за тренинг на борците против Асад, лоцирани на територија на Турција, за што ќе служат?

Прво ќе продадат троа оружје на ИСИЛ (или на С. Арабија како нивен снабдувач), потоа и на Турција за да се брани.

Важно оружјето се продава, а политичарите од НАТО (+ конгресмени, сенатори ) не прават будали дур си зимаат провизија.


..хммм , јас Архимеде , не сум баш многу сигурен дека НЕ ПРАВАТ будали, повеќе ми личи дека само ги користат погодностите кои им ја дава насекаде раширената таква состојба на умот.... Very Happy Very Happy Very Happy

concrete

Posts : 6055
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ирак, Сирија...арапскиот свет

Пишување by Arhimed on Пон Aвг 11 2014, 20:23

Ова е стар проблем. Турција изгради брана на Еуфрат, што ги става на милост и немилост Сирија и Ирак.

Сега ИСИЛ упатува јавни закани. На мапа сите брани на Еуфрат:

Arhimed

Posts : 242
Join date : 2014-06-11
Location : Мисисага, Канада

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ирак, Сирија...арапскиот свет

Пишување by concrete on Пон Aвг 11 2014, 20:32

Занимливо, не сум знаел за турскава брана...,но браните  во принцип не можат да го украдат Еуфрат, а како гледам сите си имаат свои брани и акумулации....што им дава шанса подобро да ја менаџираат водата???
Но во пустинската клима која доаѓа, може да биде предмет на сопнување...народ лесно се манипулира...

concrete

Posts : 6055
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ирак, Сирија...арапскиот свет

Пишување by Arhimed on Пон Aвг 11 2014, 20:37

concrete напиша:Занимливо, не сум знаел за турскава брана...,но браните  во принцип не можат да го украдат Еуфрат, а како гледам сите си имаат свои брани и акумулации....што им дава шанса подобро да ја менаџираат водата???
Но во пустинската клима која доаѓа, може да биде предмет на сопнување...народ лесно се манипулира...
Одамна (пред 15 години) гледав документарец за користењето на водата. Турција со контролата на Еуфрат беше само еден пример. Отд Турција зависи количините на вода, и соодветно на тоа и квалитетот на водите на Еуфрат која ќе пристигне во Сирија. Соодветно на тоа и земјодалските приноси во Сирија зависат од турската волја.

Друг пример од документарецот беше реката Колорадо, која САД максимално ја цица, а остатокот тече во Мексико.

ПС, и ние со Грција имавме проблем во 1988, кога го исцицаа Дојран.

Arhimed

Posts : 242
Join date : 2014-06-11
Location : Мисисага, Канада

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ирак, Сирија...арапскиот свет

Пишување by concrete on Пон Aвг 11 2014, 23:45

...хе ...наредните стотина години ќе почнат вистинските цицања.....и геноциди заради вода која може да се пие и наводнува со неа....т.е. чиста несолена вода Very Happy Very Happy

concrete

Posts : 6055
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ирак, Сирија...арапскиот свет

Пишување by чучулига on Вто Aвг 12 2014, 21:23

Ха... се потсетив на муабетот за Либија и подземниот басен на вода.

И друго...

http://off.net.mk/vesti/svet/od-liniite-na-kalifatot

не сум сигурна дека баш чекам да го видам 4вртиот дел.

И плус то таткото шо му даде на својот син отсечена глава и го слика за на фб... ко то косовецот со сликите му за отсекувањето на глава на чоек, дете....

И муабетот ми е, како да се реши? како ќе рехабилитираш така воспитано дете?...

Чудно ми е... мислам дека се менвам. На никако.

EDIT

Мислам дека би било во ред на сите тие господа од ИСИС ИСИЛ ИС кои се од европските земји а своите семејства ги оставиле во европа кога кинисале во бој, да семејствата им бидат доставени на тековната им адреса. За поддршка. Ферски е.

чучулига

Posts : 12711
Join date : 2014-07-11

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ирак, Сирија...арапскиот свет

Пишување by concrete on Сре Aвг 13 2014, 01:13

..мрзливи, глупави, пијани или дрогирани лудаци секогаш се кријат зад некој бог, исус, јехова....мухамед..фурер, пастир  или нешто слично. Никогаш не створиле ништо корисно со свои раце, секогаш продавале муда за бубрези.. Секаде во свет е така и во  секое време....24/375, во престапни години 376.. Very Happy 
Својот комплекс на изгубеност, некорисност, нереализираност  во реалниот свет го бараат во некакви имагинации..илизии.
Не вреди да се тврди дека , ако сите се потепаат тоа нема да се случува. Треба да се бараат други методи, ама на педофилистичарите и глобалните свињи тоа не им одговара.., секогаш и постојано ескалираат во својата намера да го држат светот во состојба на контролиран хаос... И маштовити се во тоа нема што..., будали секогаш колку сакаш ..глеам сега хит шема им е сечење глави на јутуб.
Во принцип ништо не се менува, освен глумците, сценографиите и слично..сижето на драмата и книгата на снимање се исти ., уште од кога има бележена  историја.., а веројатно и пред тоа било така.

concrete

Posts : 6055
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ирак, Сирија...арапскиот свет

Пишување by чучулига on Сре Aвг 13 2014, 01:19

Не спорам.

Само сакам да потенцирам дека има еден сосем поинаков генерациски свет за кој никој не е свесен.

Производ на вашите генерации.




чучулига

Posts : 12711
Join date : 2014-07-11

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ирак, Сирија...арапскиот свет

Пишување by concrete on Сре Aвг 13 2014, 11:44

чучулига напиша:Не спорам.

Само сакам да потенцирам дека има еден сосем поинаков генерациски свет за кој никој не е свесен.

Производ на вашите генерации.




.....мојата генерација???? мојата генерација ја спичкаа глобалистичките свињи ко бебешко тропалце..и ја уништија шансата светот да биде подобар..,а не да деца денес мафтаат со исечени глави на други деца, заради тоа што некоја џукела мисли дека мухамед е бољи од исус, а амон-ра е којот.... т.е. дека пепси-кола е попивка од кока-кола , а др пепер може само вода да им носи...
Ниеден од тие екс-Ју економисти кои го наслутија решението не доби Нобелова награда..., не беа евреи јеби га... Very Happy Very Happy Very Happy 

concrete

Posts : 6055
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ирак, Сирија...арапскиот свет

Пишување by чучулига on Сре Aвг 13 2014, 12:37

concrete напиша:
чучулига напиша:Не спорам.

Само сакам да потенцирам дека има еден сосем поинаков генерациски свет за кој никој не е свесен.

Производ на вашите генерации.




.....мојата генерација????   мојата генерација ја спичкаа глобалистичките свињи ко бебешко тропалце..и ја уништија шансата светот да биде подобар..,а не да деца денес мафтаат со исечени глави на други деца, заради тоа што некоја џукела мисли дека мухамед е бољи од исус, а амон-ра е којот.... т.е. дека пепси-кола е попивка од кока-кола , а др пепер може само вода да им носи...
Ниеден од тие екс-Ју економисти кои го наслутија решението не доби Нобелова награда..., не беа евреи јеби га... Very Happy Very Happy Very Happy 

Срам ме фаќа шо јас би одговорила ако за 20-30 години некој ме праша истото... или па и не мора тогаш... дете некое денес да ме праша: а шо прајш ти мори тетко за мојата подобра иднина?

Какво залудно постоење  Sad 

чучулига

Posts : 12711
Join date : 2014-07-11

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ирак, Сирија...арапскиот свет

Пишување by king on Сре Сеп 03 2014, 12:31

Асад не се заебава ....


king

Posts : 8683
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ирак, Сирија...арапскиот свет

Пишување by punter ohrid on Пет Сеп 05 2014, 01:45

Асад е цар, што е многу важно, неговите подржувачи се водат според со мотото "Асад до смрт"

punter ohrid

Posts : 95
Join date : 2014-05-21

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ирак, Сирија...арапскиот свет

Пишување by concrete on Пет Сеп 05 2014, 09:16

...може е искуство на годините, или може со годините се станува параноичен , ама имам некој шпириус дека полека ќе излезе на видело целата таа мрачна конструкција на таканаречената калифатска држава зад која ќе почнат да ѕиркаат неколкуте глобалистички фамилии кои ја управуваат англија и америка....
Се ми се чини дека сите нивни досегашни манифестации со шеријатски војни , театрално сечење глави и остали трици ќе си ја покаже вистинската цел: војна со Русија.
Најавена е пресметка со неверниците во Чеченија. А кога ќе почне таа пресметка, ќе почне долго очекуваната трета светска војна.
Овие во нинџа костими, дизајнирани према холивудскиот фетиш  како треба да изгледан денес војник на алахот, не се собрани од некоја нива со бостан , ниту целата таа опрема која ја носат и покажуваат расте на гранки, а скапата логистика се финансира со бобинки и дудинки...
Сепак врти сучи Русија е главната цел , а тие само маша на познатите белосветски мангупи и џукели.

concrete

Posts : 6055
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ирак, Сирија...арапскиот свет

Пишување by punter ohrid on Пет Сеп 05 2014, 09:35

concrete напиша:...може е искуство на годините, или може со годините се станува параноичен , ама имам некој шпириус дека полека ќе излезе на видело целата таа мрачна конструкција на таканаречената калифатска држава зад која ќе почнат да ѕиркаат неколкуте глобалистички фамилии кои ја управуваат англија и америка....
Се ми се чини дека сите нивни досегашни манифестации со шеријатски војни , театрално сечење глави и остали трици ќе си ја покаже вистинската цел: војна со Русија.
Најавена е пресметка со неверниците во Чеченија. А кога ќе почне таа пресметка, ќе почне долго очекуваната трета светска војна.
Овие во нинџа костими, дизајнирани према холивудскиот фетиш  како треба да изгледан денес  војник на алахот, не се собрани од некоја нива со бостан , ниту целата таа опрема која ја носат и покажуваат расте на гранки, а скапата логистика се финансира со бобинки и дудинки...
Сепак врти сучи Русија е главната цел , а тие само маша на познатите белосветски мангупи и џукели.

и мене најмногу ме чуди болдираното, за другиот дел од текстот не би навлегувал ама болдираното ми е ептен сомнително, тука сепак се работи за големи пари, не е едноставно, тука се работи за многу пари,како она што кај нас се вика, "ако не можеш да го купиш со пари, можеш да го купиш со многу пари". Све си има цена па и ......а и ќе заборавев, Асад има каква таква подршка од Русија, може и тука да лежи зајакот за кој зборуваш.

punter ohrid

Posts : 95
Join date : 2014-05-21

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ирак, Сирија...арапскиот свет

Пишување by concrete on Пет Сеп 05 2014, 10:02



и мене најмногу ме чуди болдираното, за другиот дел од текстот не би навлегувал ама болдираното ми е ептен сомнително, тука сепак се работи за големи пари, не е едноставно, тука се работи за многу пари,како она што кај нас се вика, "ако не можеш да го купиш со пари, можеш да го купиш со многу пари". Све си има цена па и ......а и ќе заборавев, Асад има каква таква подршка од Русија, може и тука да лежи зајакот за кој зборуваш.

..никогаш не ги испуштај од вид зборовите: СИБИР, АРКТИЧКИОТ ОКЕАН и ПОСЛЕДНОТО СУРОВИНСКО и ЕНЕРГЕТСКО ЕЛДОРАДО.... Very Happy Very Happy Very Happy Very Happy
Кога ќе ги ставиш во именител, дропката лесно се решава......

concrete

Posts : 6055
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ирак, Сирија...арапскиот свет

Пишување by Arhimed on Пет Сеп 12 2014, 12:01

Семејствата на жртвите од 11 Септември 2001 ги тужи добротворните организации, но и Саудиска Арабија!
Дупката во историјата за 11-ти септември http://off.net.mk/vesti/svet/dupkata-vo-istorijata-na-11-ti-septemvri
Пред 10 години во име на жртвите на 11-ти септември, нивните семејства и компаниите кои ја исплатија оштетата беше поднесена тужба против Саудијците. Во неа тврдењето е дека киднаперите добиле директна помош од претставници на саудиската влада, и заради тоа се бара оштета од земјата.
...
'Ние тврдиме дека наводните добротворни организации, основани од Владата на Кралството за низ светот да пропагираат радикална вахабистичка идеологија, служат како примарен извор за финансии и логистичка поддршка на Ал Каеда повеќе од една деценија пред нападите на 9/11. Не случајно овие т.нр. добротворни фондови се управувани од Министерството за исламски работи, кое од своето формирање во 1993-та ја превзема одговорноста за ширење на вахабистичкиот ислам,' изјавил еден од главните адвокати во тужбата.

Дневник пишува за парите кои доаѓаат од заливските земји:
Датум: 03.09.2014, 18:14 KАKО СЕ ФИНАНСИРА РАДИKАЛНИОТ ИСЛАМ http://www.dnevnik.mk/?ItemID=CD067DAC796DFE43A208EB4147308A12
Парите за џихадистите се собираат дури и од милостината за рамазан
Прибирањето на верските давачки надвор од контролата на ИВЗ, добивањето на парите од странство преку разни невладини организации, плаќањето луѓе кои „повикуваат на вера“, создавањето „свои“ бизнисмени, па с` до илегалното внесување пари преку аџии од Мека, се најчестите примери како во нашата земја се обезбедуваат парите за ширењето на радикалниот ислам.
Вкупно 1,5 милијарда евра годишно влегуваат пари од странство во МК. Еден дел се пари од исселеници кои праќаат пари во МК, но поголем дел се пари од заливски земји, како и пари од црна/сива економија.

Arhimed

Posts : 242
Join date : 2014-06-11
Location : Мисисага, Канада

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ирак, Сирија...арапскиот свет

Пишување by concrete on Пет Сеп 12 2014, 12:52

Кога ќе тргнеш од Скопје накај Тетово, од кај мостот во Сарај натака саде гледаш ЏАМИИШТА. Не нормални џамии туку зданија од класа на Аја Софија. Последен пат ги изброив 40 кои се гледаат од патот, всушност секогаш како возиш во визура пред себе имаш минаре или дупло минаре. Концентрацијата на мегало џамии во Македонија е апсолутно најголема во свет.., гарантирано.
А тоа чини пари, многу парi за градба и уште повеќе за "каде треба".
Разбирам потреба од место, храм  за молитва, ама никој не може да ме убеди дека секое село треба да има по две , со какви би се гордееле и во Мека.
И ај оди кажи нешто, сорос и оној феудалниот господар , американскиот амбасадор одма очи ти вадат преку своите гавази инфилтрирани секаде и гласни како лајави хиени.

concrete

Posts : 6055
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ирак, Сирија...арапскиот свет

Пишување by кнез on Пет Сеп 12 2014, 13:09

Јас мислам дека пикот на нивното дивеење и менување на македонската земја е поминат.
Медведот од Истоот кој беше тешко ранет и ги лижеше своите рани стана на нозе уште е реконвалесцент ама некој уљези на својата територија ги разбуца,го гедам добро се движи и за брзо време ќе стигне да ги види и најдалечните свои територии.
А постарите кои се сеќаваат како тоа медведот влезе во Софија и Белград да воспостави мир во своите територии знаат како тоа робусно доаѓа медведот. Very Happy

кнез

Posts : 545
Join date : 2014-06-04

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ирак, Сирија...арапскиот свет

Пишување by Arhimed on Пет Сеп 12 2014, 14:00

кнез напиша:Јас мислам дека пикот на нивното дивеење и менување на македонската земја е поминат.
Медведот од Истоот кој беше тешко ранет и ги лижеше своите рани стана на нозе уште е реконвалесцент ама некој уљези на својата територија ги разбуца,го гедам добро се движи и за брзо време ќе стигне да ги види и најдалечните свои територии.
А постарите кои се сеќаваат како тоа медведот влезе во Софија и Белград да воспостави мир во своите територии знаат како тоа робусно доаѓа медведот. Very Happy
Дали воопшто има Русија интерес да интервенира во Македонија? Попрво Русија ќе се замеша рамковно да ја уреди Украина.

За Македонија, Конкрит одамна кажа убаво решение - воведување на соодветен данок на имот. Овде во Канада данокот е во просек 1% годишно, па луѓе што живеав во имот вреден 1 милион долари плаќаат 10 000 долари годишно на општината заради имотот кој го поседуваат. Во Тетовско се градат палати, ама општините чекаат од централната влада пари. Што би се рекло цела Македонија плаќа за комуналните проблеми во Џепчиште. Иако нивните жители примаат добри пари од странство (и од иселеници, и од исламските организации).

Arhimed

Posts : 242
Join date : 2014-06-11
Location : Мисисага, Канада

Вратете се на почетокот Go down

U.S. is off to a war that doesn't make sense – again: Neil Macdonald

Пишување by Arhimed on Сре Сеп 17 2014, 13:35

Мојот омилен аналитичар од CBC News:
U.S. is off to a war that doesn't make sense – again: Neil Macdonald

America is going to war again. People are scared again.

The American news media have a scary monster in the Middle East again, and commentators are practically saluting on air. Again.

Polls suggest an overwhelming majority of Americans now believe that ISIS is a direct threat.

Seventy-one per cent of people responding to a poll conducted by the Opinion Research Centre believe ISIS already has cells inside the U.S., ready to strike. Eighty per cent of respondents wanted Congress to authorize military action. Ninety per cent said ISIS is a direct threat to the American homeland.

Four months ago, barely anyone here had even heard of ISIS. They were just another Sunni extremist group, more or less as violent as the Mexican drug cartels operating right on America’s southern border.
Eight months ago, President Obama mockingly compared ISIS to a “jayvee” – a junior varsity team, playing out of its league.
Now, after a couple of public beheadings of American reporters, the mightiest nation in human history is suddenly scared. Not to diminish the horror of those executions, but this beheading business is hardly new – ISIS and its fellow extremist groups have been carrying out medieval executions for years. Nearly all the victims have been Arabs.
Убава забелешка. ИСИС никој не ги познаваше, иако обезглавуваа Арапи, сега во медиумите/пропагандата ги воздигнаа на ниво на чудовиште.
Важно да се тера бизнисот со оружје (како и обично).

Arhimed

Posts : 242
Join date : 2014-06-11
Location : Мисисага, Канада

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ирак, Сирија...арапскиот свет

Пишување by concrete on Сре Сеп 17 2014, 14:23

Рука на срце Архимед, почнувам , каков сум скроен , да се сомневам дека и оние обезглавувања на американски новинари у помаранџа гвантанамо комбинезини , он нинџа-холивуд дизајнирани калифи е НАМЕШТАЉКА.
Не видовме бе чоек глави на колец у вистински стил како прилега на багдадски калифати и муслимани- арапчуги со скорни.
Овие трговциве со оружје стануваат скржави околу маркетингот и пропагандата се некоја треторазредна продукција . Тоа само кажува дека на глобалистичките свињи им успеало да им ги измијат мозоците на западниве овци и други папкари, па веруваат во се и сешто..., само од холивуд да е Very Happy Very Happy

concrete

Posts : 6055
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ирак, Сирија...арапскиот свет

Пишување by кнез on Сре Сеп 17 2014, 20:22

Конкрете не знам дали некаде ги виде братот и сестрата на тој обезглавениот како даваат интервју насмеани после обезглавувањето.
Па нема и не може да има ниеден нормален човек на овој свет да се смее само неколку минути после таквата егзекуција на својот млад брат.
Мене ме нервира по малку што ние уште и уште се прашуваме дали е тоа некој измислен повод за остварување на нивните намери.
Дека сето тоа е испланирано и дека сигурно тие нема да чекаат вистински настан без тие да го испровоцираат или наместат за да тргнат во агресија тоа не смее да биде никогаш поставено како дилема.
Единствената дилема е тоа како тие го извеле сето тоа,а тоа значи дали вистински ги платиле тие бандити да го убијат или целата оваа трагикомедија е во потполност лажирана.
Јас мислам дека е ова второво. Very Happy

кнез

Posts : 545
Join date : 2014-06-04

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ирак, Сирија...арапскиот свет

Пишување by Arhimed on Чет Сеп 18 2014, 14:09

кнез напиша:Конкрете не знам дали некаде ги виде братот и сестрата на тој обезглавениот како даваат интервју насмеани после обезглавувањето.
Па нема и не може да има ниеден нормален човек на овој свет да се смее само неколку минути после таквата егзекуција на својот млад брат.
Мене ме нервира по малку што ние уште и уште се прашуваме дали е тоа некој измислен повод за остварување на нивните намери.
Дека сето тоа е испланирано и дека сигурно тие нема да чекаат вистински настан без тие да го испровоцираат или наместат за да тргнат во агресија тоа не смее да биде никогаш поставено како дилема.
Единствената дилема е тоа како тие го извеле сето тоа,а тоа значи дали вистински ги платиле тие бандити да го убијат или целата оваа трагикомедија е во потполност лажирана.
Јас мислам дека е ова второво. Very Happy
Цел напис има овде - http://nodisinfo.com/smiley-faces-james-foley-family-hoaxers/
Ги нарекуваат измамници.
Всушност, на гоогле пребарување излегоа повеќе резултати - https://www.google.ca/search?newwindow=1&hl=en&site=webhp&q=brother+sister+of+victim+smile+after+isis+decapitation+&oq=brother+sister+of+victim+smile+after+isis+decapitation+&gs_l=serp.3...34486072.34511055.0.34512030.55.50.0.5.5.0.170.4869.23j22.45.0....0...1c.1.53.serp..15.40.3862.LSBi5WE-L14

Мене ова ме потсети на новинарката која наводно загина во авион на 9 Сеп 2001 (а после ја видоа негде во бел свет).

Arhimed

Posts : 242
Join date : 2014-06-11
Location : Мисисага, Канада

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ирак, Сирија...арапскиот свет

Пишување by concrete on Чет Сеп 18 2014, 15:08

...вампирите и другите крвопии отворено го освојуваат светот , без да се кријат по темниците. Изгледа дека сепак не се само мит , туку реална и опасна по луѓето од човечкоит род, стварност... Cool

concrete

Posts : 6055
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ирак, Сирија...арапскиот свет

Пишување by Arhimed on Саб Сеп 20 2014, 00:43

Отворена џамија за хомосексуалци
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=39763

Овие ептен вицкасти во Јужна Африка Smile
Open mosque
Освен за хомосексуалците од двата пола, џамијата е отворена и за немуслиманите. Бројни полициски сили биле распределени околу џамијата поради голем број насобрани противници на овој новитет кои, меѓи другото, извикувале: „Ќе одите во пекол!“.

Arhimed

Posts : 242
Join date : 2014-06-11
Location : Мисисага, Канада

Вратете се на почетокот Go down

Re: Ирак, Сирија...арапскиот свет

Пишување by Sponsored content Today at 13:44


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 2 of 28 Previous  1, 2, 3 ... 15 ... 28  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот