ВЕТЕРНИЦА
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

РОК, ПОП легенди ... Битлси

3 posters

Go down

РОК, ПОП легенди ... Битлси Empty РОК, ПОП легенди ... Битлси

Пишување by king Саб Мар 28 2015, 02:48

Битлсите (англиски: The Beatles) беа поп и рок група од Ливерпул, Англија, формирани во 1960. година. Примарно составени во текот на нивната кариера од Џон Ленон (ритам гитара, вокали), Пол Мекартни (бас гитара, вокали), Џорџ Харисон (водечка гитара, вокали) и Ринго Стар (тапани, вокали), Битлсите се познати за водењето на музичката „британска инвазија“ во Соединетите Држави во средината на 60-те години од дваесеттиот век. Иако нивниот музички стил зема корени од рокенролот на 50-те години, групата истражува голем број на жанрови, од тин пен ели до психоделичен рок. Нивната облека, стиловите и ставовите ги направија тренд-сетери, додека нивнита социјална свесност влијаеше врз социјалните и културните револуции во 60-те. Откако бендот се распадна во 1970., сите четири члена продолжија со соло кариери

Битлсите се комерцијално најуспешните и критички најпризнатите бендови во историјата на популарната музика, продавајќи над билион албуми интернационално.  Во Обединетото Кралство, Битлсите продале повеќе од 40 различни синглови и албуми кои стигнале до број еден на британската топ листа; единствени во историјата на листата со 15 различни број еден албуми. Нивниот комерцијален успех е повторен во многу други држави; нивната продуцентска куќа, EMI, проценила дека до 1985 продала над еден билион снимки низ целиот свет.  Во САД, Битлсите продале повеќе албуми од било кој друг бенд.  Во 2004, Rolling Stone магазинот ги рангирал Битлсите како број еден на својата листа на 100. најголеми изведувачи на сите времиња.  Според истиот магазин, иновативната музика и културното влијание на Битлсите помогнало да се дефинираат 1960-те, а нивното влијание на поп културата е видно и до денес. Во 2008, Billboard магазинот за својот педесетти јубилеј издал листа на најпродавани уметници; Битлсите повторно стигнале до број 1.

Создавање на групата

На конечното формирање на групата му претходат неколку фази низ кои минуваат членовите на „Битлс“, почнувајќи од Леноновата аматерска група „Кверимен“ (The Quarrymen), од 1957 година. Членот на „Кверимен“, Иван Вон, го запознава фронтменот на својата група, Џон Ленон, со Пол Мекартни, кому навистина му се допаѓал стилот на оваа група (особено нескриениот афинитет спрема стилот на Елвис Присли); тогаш Мекартни се обидува да добие место како гитарист во „Кверимен“, за себе и за својот гимназиски другар - Џорџ Харисон, исто така гитарист. Неколку месеци подоцна, разочаран од неуспешните настапи на својата група, Ленон ги расформира „Кверимен“ и ја продолжува соработката само со Мекартни.

Наскоро, повторно им се приклучува Харисон, како и двајца нови членови - тапанарот Пит Бест и басистот Стјуарт Сатклиф. И покрај неискуството, „Битлси“ во 1961 година минуваат неколку месеци во Хамбург, Западна Германија, каде брзо напредуваат и каде низот на успешни настани во еден локал на Улицата на црвените фенери е прекинат по апсењето на Харисон поради недозволен престој надвор од Англија (во тоа време Џорџ е малолетен) како и поради тоа што и Мекартни и Бест ја доживуваат сличната судбина како и Харисон - уапсени се заради тоа што предизвикуваат мал пожар во станот во кој живеат додека се обидуваат да најдат полуксузно место за живеење.

Групата набрзо продолжува со своите настапи во „Кафе Каверн Клуб“, но без Сатклиф, кој на местото бастист е заменет од страна на Мекартни. Сатклиф умира следната године, од излив на крв во мозокот, предизвикан од с? уште сосема неразјаснети причини. Сопственикот на една продавница за плочи, Брајан Епстајн, станува менаџер на Битлс и ги испраќа нивните снимки во „Декa Рекордс“. Тука е одбиен, со објаснување дека групите кои свират на гитара излегуваат од мода. Овој настан е обележан како еден од најголемите бизнис-промашувања во музичката индустрија. Продуцентот на „Еми-Парлофон“, Џорџ Мартин се согласува да го издаде првиот сингл на групата - Love Me Do, кој се појавува во продавниците на 5 октомври 1962 година. Во почетокот на следната годинa, „Битлси“ го договараат снимањето на својот прв ЛП-албум - Please Please Me.




Еден ден пред почетокот на снимањето, Бест е заменет од Ринго Стар, зашто остатокот од групата смета дека ? е потребен друг тапанарски стил. Албумот е издаден на 22 ноември истата година со што и официјално започнува една од најголемите приказни во музичката индустрија...
king
king

Posts : 11124
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

РОК, ПОП легенди ... Битлси Empty Re: РОК, ПОП легенди ... Битлси

Пишување by king Саб Мар 28 2015, 02:52

Битлманија

„Битлси“ стануваат вистинска сензација во Велика Британија кон крајот на 1963 година, феномен кој британските весници ќе го именуваат како Битлманија. Оваа појава е окарактеризирана со толпи жени кои врискале и паѓале во несвест секој пат кога се појавувала групата, на сцена или во јавност. Битлманијата се проширува и на северно-американско тло во почетокот на 1964 година, по што популарноста на групата се проширува во најголем дел од светот. Во текот на следните пет години, нивната музика напредува од очигледната едноставност на првите синглови (како She Loves You и I Want Тo Hold Your Hand) до уметнички амбициозните (како што се целокупните концепт-албуми Revolver, Sgt. Pepper's Lonely Hearts Club Band и Abbey Road). Пишувајќи ги своите оригинални песни, истражувајќи ги можностите на студијата и тежнеејќи по невиден квалитет во секоја издадена снимка, „Битлси“ имаат оставено далекусежна трага на популарната музика. Групата исто така прави и долгометражни филмови изложени на внимание без преседан, како и серија акти преку кои станува симболичен водач на меѓународната млада против-култура на 1960-те години (меѓу другото, јавно истражување на источниот мистицизам, психоделични дроги и револуционерна политика).

Неибните албуми од периодот меѓу 1963 и 1966 година, без разлика на големиот успех, не се специфични како оние од подоцнежниот дел на нивната кариера. Вториот британски албум - With The Beatles, претставува природен продолжеток на првиот. Првите албуми наменети за американскиот пазар се состојат од песни од британските албуми, само со други наслови и други опаковки, од причина што „Капитол“, американскиот партнер на „Еми-Парлофон“, сметал дека Битлсите нема да успеат во САД. И нормално, токму поради овие причини, првите албуми на „Битлси“ во САД се здобиваат само со просечен успех. Но по турнејата низ Европа, „Битлси“ се упатуваат и на една американска турнеја, која конечно им носи светска слава и на американска почва. Конечното запечатување на вечниот примат крај нивното име - најдобри - „Битлс“, во САД го достигнуваат со незаборавното гостување во „Шоуто на Ед Саливен“ - една од најгледаните емисии во историјата на САД.

Следи албумот A Hard Day's Night, снимен за потребите на истоимениот црно-бел филм, со членовите на „Битлс“ во главните улоги. Филмот кој раскажува еден ден во животот на славната рок-група станува навистина популарен, а истовремено на прво место на светските топ списоци се пробива песната Can`t Buy Me Love. 




Потоа следат неколку класични продукти од нивниот репертоар: албумот Beatles For Sale, филмот Help! (во кој групата ја прогонува индиска секта), како и истоимениот албум, чиј плод се два незаборавни евергрина - Ticket to Ride и секако, можеби најпозната песна во музичката индустрија - Yesterday.

king
king

Posts : 11124
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

РОК, ПОП легенди ... Битлси Empty Re: РОК, ПОП легенди ... Битлси

Пишување by VOL Саб Мар 28 2015, 02:53

РОК, ПОП легенди ... Битлси 1413392563516_Image_galleryImage_BNPS_co_uk_01202_558833_P
VOL
VOL

Posts : 17150
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

РОК, ПОП легенди ... Битлси Empty Re: РОК, ПОП легенди ... Битлси

Пишување by king Саб Мар 28 2015, 02:53

Со албумот Help! за многумина завршува еден период од кариерата на „Битлс“.



Зашто по Help!, „Битлс“ ги раскинуваат нишките со комерцијалната поп-култура и потполно се ориентираат кон откривање на нови жанрови во музиката. Ова се годините кога следат трите познати албуми - Rubber Soul, Revolver и Sgt. Pepper's Lonely Hearts Club Band објавени на 30 декември 1965, 5 август 1966, односно на 1 јуни 1967 година и поставени на петтото, третото и првото место на листата 500 најдобри албуми на сите времиња соодветно.



Последната промена е направена од king на Саб Мар 28 2015, 03:10. Мислењето е променето 2 пати.
king
king

Posts : 11124
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

РОК, ПОП легенди ... Битлси Empty Re: РОК, ПОП легенди ... Битлси

Пишување by king Саб Мар 28 2015, 02:58

Предводници на новата музичка генерација

„Битлси“ секако дека ќе останат запаметени и како предводници на новата психоделична генерација. На оваа нова титула ќе ? претходи одлуката на групата да ги напушти турнеите и по издавањето на албумот Revolver да се посвети исклучиво на студиска работа. Секој од членовите во тој момент има повеќе време за себе и своето семејство. Смртта на нивниот менаџер Брајан Епстајн, поради предозирање со дрога, ќе ги услови „Битлси“ да ја основаат команијата „Епл“ со цел истата да се занимава со неколку активности во рамките на психоделичното друштво, меѓу кои како најважна се истакнува издавањето на нивните нови албуми. Во меѓувреме, користењето на дрога, пред с? ЛСД како и слушањето на индиска музика (под влијание на Џорџ Харисон), ќе има најголем удел во создавањето на веќе споменатиот антологиски албум Sgt. Pepper's Lonely Hearts Club Band, како и на следниот - Magical Mystery Tour. Воедно, тоа се првите два албуми на Битлси, истовремено објавени во Велика Британија и САД.

Sgt. Pepper's Lonely Hearts Club Band се смета за magnum opus на Битлси и самиот албум до денес нема изгубено од својата актуелност. Неговата незаборавна опаковка го прикажува Битлсовиот Пантеон и е избрана за најдобра во историјата. Некои од песните на овој албум исто така доживуваат незаборавен успех, а некои контроверзна судбина (како Lucy in the Sky with Diamonds, која, и покрај тврдењето на членовите на групата дека е инспирирана од истоимената слика на Леноновиот син - Џулијан, е дел од една урбана легенда која вели дека првите букви од зборовите сугерираат користење наркотични средства - ЛСД, под чие влијание бил напишан надреалистичниот текст на песната). Magical Mystery Tour пак, пропратен со истоимениот филм претставува врв на психоделичниот период во кариерата на „Битлс“. Ниту албумот, ниту филмот не поминуваат добро кај публиката (особено кај англиската, каде албумот е издаден во форма на двојна плоча), а критиката го велича само албумот. Филмот пропаѓа поради неинтересното сценарио (магичните авантури на „Битлсите“ во автобус), премиерата во црно-бела техника на Би-Би-Си, како и поради отсуството на сега-легендарната песна I Am the Walrus. Сепак, денес и филмот и албумот имаат култен статус. Првиот светски сателитски ТВ пренос - Мондовизија, планирал учество на музичари од целиот свет. Велика Британија ја представуваат „Битлси“ кои, заено со уште неколку познати музичари (Мик Џегер, Кит Ричардс - од Ролинг Стоунс, Ерик Клептон, Кит Мун од The Who и многу други) ја изведуваат песната што Ленон и Мекартни ја пишуваат специјално за оваа намена - All You Need Is Love.



Во почетокот на 1968 година, после снимањето на матрицата за албумот/цртаниот филм Yellow Submarine, сите членови на „Битлсите“, заедно со своите поубави половини, заминуваат во индискиот камп „Ришикеш“, каде учат трансцедентална медитација. Прво Ринго Стар и Мекартни, а потоа и останатите членови на групата го напуштаат кампот, отфрлајќи го учењето. Со триесетина нови песни, „Битлси“ влегуваат во студио. Работата оди бавно, а резултатите се страшни - најдобрите песни се исфрлуваат и се објавуваат како синглови. Како целина, албум одвај и да постои. Ленон и Мекартни работат истовремено во две различни студија, притоа речиси и да не соработуваат - Ленон се поексплицитно повикува на користење на наркотиви, а Мекартни ја отфрла психоделијата. Песните на Харисон безмалку и да се игнорираат, иако се најмузикални. Стар дури и ја напушта групата во период од две недели (кога Мекартни одвоено ги свири тапаните), и во еден момент се чини дека „Битлс“ се наоѓаат на работ на амбисот.

Но, на 22 ноември 1968, на две ЛП-а, „Битлси“ го објавуваат албумот The Beatles, многу попознат како Белиот албум поради својата авангардна опаковка на која освен името на албумот нема ништо друго. Белиот албум содржи 28 песни и денес се смета за едно од врвните достигнувања во музиката. Прогласен е за единаесетти најдобар албум на сите времиња. Наскоро, објавен е и албумот Yellow Submarine, кој пак останува забележан како едно од послабите остварувања на „Битлси“.
Распад

Катастрофата се најавува со Мекартниевиот проект „враќање кон корените“ Get Back, објавен како последен албум на групата Let It Be, на 8 мај 1970 година. Идејата била групата да снима во студио како да настапува во живо, а притоа филмските камери би го снимале процесот во вид на документарна емисија.
Но она што ќе биде забележано на камера ќе биде една група во распад. Тензииите биле големи, особено оние меѓу Мекартни и Харисон. Во снимањето на албумот учествува и клавијатуристот Били Престон, но тоа не помага многу. Наместо планираниот голем промотивен концерт, „Битлси“ свират на кровот на својата корпорација, но и тој настап, предвиден за случајните минувачи, е прекинат од страна на полицијата.



За последен пат, групата заедно работи на снимањето на албумот Abbey Road објавен на 26 септември 1969 година. Расцепот во групата тогаш е веќе забележлив, и чувствувајќи го доаѓањето на крајот, Мекартни го замислува албумот како последен. Сепак, Let It Be, иако е работен пред Abbey Road ќе биде издаден како последен Битлсов албум. Денес се верува дека „Битлси“ планирале барем уште еден албум - The End of School Days - и тоа составен од песните кои членовите на групата подоцна ќе ги објават како солисти. Групата се распаѓа во 1970 година. Причините се многубројни - пропаста на компанијата „Епл“, основана од групата со цел да го надохнадат недостатокот од менаџер, недоразбирањата околу начинот на кој треба да се пишуваат песните, политичката идеологија на Ленон, која не му се допаѓала на Мекартни...

На 9 април 1970 година, Мекартни објавува дека ги напушта „Битлси“. И покрај првобитните деманти на Ленон (кој тврди дека „Битлси“ можат да функционираат и како трио), по објавувањето на албумот со трогателен наслов - Let It Be, и официјално се растура најголемата и критички најдобро прифатената рок-сензација во историјата на музиката.


Година     Име
1963.     Please Please Me
1963.     With the Beatles
1964.     A Hard Day's Night
1964.     Beatles for Sale
1965.     Help!
1965.     Rubber Soul
1966.     Revolver
1967.     Sgt. Pepper's Lonely Hearts Club Band
1967.     Magical Mystery Tour
1968.     The Beatles
1969.     Yellow Submarine
1969.     Abbey Road
1970.     Let It Be


Последната промена е направена од king на Саб Мар 28 2015, 03:06. Мислењето е променето 1 пати
king
king

Posts : 11124
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

РОК, ПОП легенди ... Битлси Empty Re: РОК, ПОП легенди ... Битлси

Пишување by чучулига Саб Мар 28 2015, 03:01

чучулига
чучулига

Posts : 13528
Join date : 2014-07-11

Вратете се на почетокот Go down

РОК, ПОП легенди ... Битлси Empty Re: РОК, ПОП легенди ... Битлси

Пишување by чучулига Саб Мар 28 2015, 03:05

чучулига
чучулига

Posts : 13528
Join date : 2014-07-11

Вратете се на почетокот Go down

РОК, ПОП легенди ... Битлси Empty Re: РОК, ПОП легенди ... Битлси

Пишување by king Саб Мар 28 2015, 03:15

Членови на групата





Пол Макартни

Сер Џејмс Пол Макартни, МБЕ (роден на 18 јуни 1942 година) е англиски пејач и текстописец, еден од основачите и членовите на легендарните „Битлси (Beatles)“. Макартни, заедно со Џон Ленон го формирал едно од најуспешните и највлијателни кант-авторски дуа во музичката историја. По напуштањето на „Битлси“, Макартни започнал успешна кариера како солист и како член на групата која ја формира заедно со својата жена Линда

Макартни - „Вингс (Wings)“, што значи крилја.

Макартни е запишан во Гинисовата Книга на Рекорди како најуспешен музичар и композитор во историјата на популарната музика, со преку 60 дискови кои имаат достигнато златен и тираж и со продадени повеќе од 100 милиони албуми и синглови. Неговата антологиска песна "Yesterday" е исто така дел од книгата како песна со најмногу обработки (ја препеале над 2.200 пејачи) и песна која е пуштена повеќе од 7.000.000 пати на американската телевизија и радио. Синглот на „Вингс“ од 1977 година "Mull of Kintyre" станува првиот сингл со повеќе од два милиони продадени копии во Велика Британија, и останува со епитетот најпродаван се до 1984, кога песната "Do They Know It's Christmas?", на Band Aid избива на првото место. Пол Макартни е еден од членовите на оваа група.

Покрај своето делување во рамките на музичката индустрија, Макартни е исто така сликар како и бранител на животинските права, вегетаријанството, и музичкото образование; активен е во кампањите против мините, против ловењето на фоки како и против осиромашувањето на земјите од Третиот Свет. Макартни е Член на редот на Британската Империја (МБЕ) од 1965, а одликуван е со титулата витез во 1997 година.


Детство

Мeкартни е роден на 18 јуни 1942 година, во болницата Валтон во Ливерпул, Англија, каде неговата мајка Мери заврши училиште за медицинска сестра. Неговиот татко Џејмс Мекартни бил отсутен за време на раѓањето на својот син, поради неговата волонтерска работа како пожарникар за време на Втората светска војна. Пол има еден помлад брат,Мајкал (роден 7 јануари 1944).

Основниот носител на приходот во фамилијата била Мери, која работејќи како акушерка им овозможи да се преселат на улицата Фортхлин 20 во Алертон,каде живеат до 1964. Таа возеше велосипед до нејзините пациенти.

Макартни опишал ран спомен од нејзиното заминување, ”околу 3 часот наутро улиците...покриени со снег”. На 31 октомври 1956, кога Мекартни беше четиринаест,неговата мајка почина од емболија. Загубата на Мекартни подоцна беше причина за поврзувањето со Џон Ленон, чија мајка Џулија, починала кога тој бил седумнаесет.

Музичка кариера
1957–1960: Кверимен

На 6 јули 1995 година, на 15 годишна возраст, Мекартни го запознава Ленон и неговиот бенд Кверимен, во црквата Св.Петар во Волтон. Бендот Кверимен свиреа комбинација на рокенрол и скифл, еден вид на забавна музика со влијанија на џез, блуз и фолк. Бендот го поканил Мекартни да им се придружи како гитарист за ритам и тој воспоставил близок работен однос со Ленон. Харисон се придружил во 1958 година како прв гитарист, а во 1960 година по него следел Стјуарт Сатклиф на бас, школскиот друг по уметност на Ленон. До мај 1960 година, бендот пробал неколку имиња, вклучувајќи ги и Битлси, Џони и Мундогс и Силвер Битлси. Тие го усвоиле името Битлси во август 1960 година и кратко пред 5-годишниот договор за престој во Хамбур го примиле тапанарот Пит Бест.
1960–1970: Битлси

Неформално застапувани од страна на Ален Вилијамс, во 1960 година, во Хамбург, првото настапување на Битлсите беше серија на изведби. Во 1961, Сатклиф го напушти бендот и Мeкартни против сопствената желба, стана нивен басист. Битлсите за прв пат снимаат професионално додека престојуваат во Хамбург, во чест на Бит Браќата, тие настапуваat како придружен состав на англискот пејач Тони Шеридан, за песната My Bonnie. Со овој настан тие го привлекуваат вниманието на Брајан Епштејн, клучна фигура во нивниот подоцнежен развој и успех.

Тој станува нивен менаџер во јануари 1962 година. Ринго Стар го замени Бест во август и бендот во октомври го има нивниот прв хит "Love Me Do", станувајќи популарен во Велика Британија во 1963 и една година подоцна во САД. Хистеријата на нивните фанови стана позната како "Битлманија", а новинарите често го именувале како

“слаткиот Битл”.

Во 1965 година Битлсите ја издаваат композицијата на Мекартни "Yesterday", која вклучува гудачки квартет. Вклучена на лонгплеј плочата Help!, ова беше првата песна на групата, која беше снимена со употреба на класични елементи и нивен прв запис кој вклучува само еден член од бендот. Песната "Yesterday", е најобработуваната песна во историјата на забавната музика. Подоцна истата година, за време на студиските снимања на албумот Rubber Soul, Мекартни почна да го заменува Ленон како доминанта музичка сила во бендот.

Музиколот Ијан Мекдоналд напиша “од [1965] ... Мекартни ќе биде доминантен не само како тескстописец, но и како инструменталист, аранжер, продуцент и де факто музички директор. Критичарите го опишаа албумот Rubber Soul како значаен напредок во префинетоста и длабочината на музиката и текстовите на бендот. Она што се смета за највисока точка во каталогот на Битлсите е тоа што, Ленон и Мекартни и двајцата тврдеа дека се главните автори на оваа песна. Мекартни за албумот изјави “имавме добар период и сега дојде време да го прошириме. ”Техничарот за снимање, Норман Смит изјави дека средбите за Rubber Soul откриле знаци на зголемено недоразбирање внатре во бендот: “Конфликтот помеѓу Џон и Пол стануваше се поочигледен…(и) што се однесува до Пол, Џорџ Харисон не можеше да стори ништо, Пол беше премногу пребирлив.”

Првата од трите последователни А-страни на Мекартни, синглот "Paperback Writer" претходеше на издавањето на лонгплеј плочата. Битлсите направиле краток промотивен филм за оваа песна, и друг за неговата Бонус трака, „Rain“. Филмовите,опишани од страна на Харисон како, ”предвесници на видеа” се емитуваа на „The Ed Sullivan Show“ и „Top of the Pops“, во јуни 1966 година. Албумот „Revolver (албум)“ исто така ја вклучуваше песната „Eleanor Rigby“, чие обележје е жичаниот октет. Според Гоулд,песната е неокласичен „tour de force“ ...вистински хибрид којшто неможe да се поврзи со било кој препознатлив стил или жанр на песна. Со исклучок на некои придружни вокали, песната го вклучува само вокалот на Мекартни и жиците аранжирани од продуцентот Џорџ Мартин.

Последниот комерцијален концерт на Битлсите беше на крајот од нивната турнија во САД, во 1966 година. Подоцна, истата година Мекартни го заврши својот прв музички проект, без групата- којшто резултираше со британска продукција на филмот The Family Way. Резултатот беше соработка со Мартин, кој употреби две теми наМекартни, за да напише тринаесет варијации. Саундтракот не успеe да стигне до топ листата, но му ја донесе на Макартни наградата Ivor Novello Award за Најдобра Инструментална Тема.
На крајот на изведувачката кариера на бендот, Мекартни почувствува неспокој во бендот и сакаше тиа да ја задржат креативната продуктивност. Тој инсистирал да започнат нов проект, „Sgt. Pepper's Lonely Hearts Club Band“, којшто нашироко бил прифатен како првиот рок концертски албум. Инспириран да создаде уште еден личност за групата, да служи како возило за експериментирање и да им покаже на нивните фанови дека тие музички созреале, Мекартни го измисли фиктивниот бенд на насловната песна на албумот.

Како што Мекартни објасни „Навистина ни беше преку глава да бидеме Битлсите.Навистина го мразевме тој пристап со четирите мали „mop-top“.Не бевме деца,ние бевме мажи...и ние себе си се гледаме повеќе како уметници,отколку како само изведувачи.

Почнувајќи во ноември 1966 година, бендот усвои експериментален пристап за време на средбите за снимање на албумот. Според техничарот Геоф Емерик, Битлсите го прифатија ризикот, како музички така и соничен ...ние употребувавме многу снимки со различна брзина и други манипулативни техники..ограничувачи и ...ефекти како фленгинг и автоматско дупло снимање. Нивното снимање на „A Day in the Life“ наложуваше оркестар составен од четириесет души,со којшто диригираа Мартин и Макартни. Во февруари,на средбите ја создадоа двојната А-страна на песната „Strawberry Fields Forever"/Penny Lane“, додека лонгплеј плочата следуваше во јуни.Песната на Макартни, „She's Leaving Home„ е оркестрална поп песна. Мекдоналд ја опиша песната како најдоброто дело од Sgt. Pepper –трајна,популарна уметност на неговото време. Врз основа на цртежот со мастило од Макартни,лонгплеј плочата вклучуваше и колаж креиран од поп артистите Питер Блејк и Јен Хаворт, вклучувајќи ги Битлсите во костуми,како стојат со познати личности ,пред Sgt. Pepper's Lonely Hearts Club Band.

Во август, 1967 година,смртта на Епштајн, остави празнина,којашто ги остави Битлсите збунети и загрижени за нивната иднина. Макартни,истапувајќи да го пополни празното место, стана де факто лидер и бизнис менаџер на групата, која некогаш ја водеше Ленон.Неговиот прв креативен предлог,после промената на раководството,беше предлогот бендот да продолжи понатаму со своите планови за продуцирање на филм за телевизија,кој требаше да стане Magical Mystery Tour. Според историчаот на ,Битлсите, Марк Левисон, проектот беше "од почеток до крај административен кошмар".

Главно Макартни го режираше филмот, којшто и ја донесе на групата првата неповолна критичка реакција. Сепак,саундтракот за филмот беше поуспешен. Двојно проширениот компакт диск, со шест музички нумери, надополнет со пет од последните синглови на бендот беше издаден во Велика Британија и со идентичен наслов во САД.Единствената Capitol компилација, која подоцна беше вклучена во официјалните студиски албуми на групата, лонгплеј плочата Magical Mystery Tour оствари заработка од 8 милиони американски долари, во рок од три недели од објавувањето,повисока почетна продажба од било која друга Capitol лонгплеј плоча.

Во јануари 1968 година, продукциската куќа EMI ги снимаше Битлсите за промотивни рекламни инсерти, кои беа наменети за рекламирање на анимираниот филм Yellow Submarine, главно базирани на имагинарниот свет, кои се темелат на композицијата на Мекартни од 1966 година. Иако критичарите му се восхитуваа на филмот за неговиот визуелен стил, хумор и музика и саундтрак, албумот, издаден седум месеци подоцна, доби помала ентузијастичка реакција. До крајот на 1968 година односите во групата се влошуваа. Тензијата растеше,за време на снимањето на The Beatles, попознат како White Album. Работите се влошија следната година, за време на the Let It Be сесиите, кога снимателите го снимаа Мекартни како им држи предавање на групата: „Многу сме негативни откако почина Епштајн...секогаш се боревме против неговата дисциплина,но смешно е да се бориме против таа дисциплина,ако таа е лично наша“
Во март 1969 година, Мекартни се ожени со Линда Истман и во август двојката го доби своето прво дете, Мери, крстено по неговата покојна мајка. За послендниот снимен албум на групата Abbey Road, Мартин упати на „парче музика кое постојано се движи“, наговарајќи ја групата да размислува симфониски. Мекартни се согласи, но Ленон не. На крајот тие се согласија, согласувајќи се за предлогот на Мекартни, лонгплеј плоча, која содржи одделнипесни на една страна и долг сплет на втората страна.

Во 1970 година во екот на бизнис несогласувањата со членовите на групата, на 10 април, Мекартни го најави своето заминување од групата. На 31 декември 1970 година, тој поднесе барање за формално распаѓање на групата. Следеа повеќе правни спорови, кога неговите адвокати, неговите сватови Џон и Ли Истман, го тужеа менаџерот на Ленон, Харисон и Стар, Ален Клајн за авторски права и креативна контрола. На 9 јануари 1975 година англискиот суд законски ги расформира Битлсите, иако се до 1989 година постоеја споредни судски спорови против нивната издавачка куќа EMI, Клајн и меѓу нив.

По распадот на Битлсите, во 1970 година, Мекартни ја продолжи својата музичка кариера со своето прво соло издание, „McCartney“ , американскиот број еден албум. Освен некои вокални придонеси од Линда, албумот „McCartney“ е самостоен албум на Пол, самиот е одговорен за композициите, музичките инструменти и вокалите.

Во 1971 година, за вториот албум „Ram (албум)“ тој соработуваше со Линда и тапанарот Дени Сејвел, број еден албум во Велика Британија и американски топ 5, „Ram“ го вклучуваше американскиот број еден хит сингл „Uncle Albert/Admiral Halsey“. Подоцна истата година, поранешниот Moody Blues гитарист Дени Лејн, му се придружи на Мекартни и Сејвел во формирањето на музичката група „Вингс“. Мекартни го кажа ова на формирањето на групата: „Вингс“ отсекогаш беше тешка идеја...секоја група којашто гo следела успехот на Битлсите би имала тешка работа....Јас самиот се најдов во таа позиција. Сепак, беше избор помеѓу продолжување или повлекување, а јас премногу ја сакав музиката за да помислам да престанам да се занимавам со неа. Во септември 1971 година, се роди Стела, ќерката на Мекартни,крстена во чест на бабата на Линда, по која беа крстени и двете Стела.

По додавањето на гитаристот Хенри Меклаф, првата концертна турнеја на групата „Вингс“ започна во 1972 година,со деби настапот пред пубилика од седумстотитини души на Универзитетот во Нотингам.Следеа уште десет датуми, како тие патуваа низ Велика Британија во комбе за време на ненајавената турнеја на универзитетите, при што бендот престојуваше во скромни сместувања и добиваше плата во железни пари, собрани од студентите, а за време на своите настапи не ги пееја песните на Битлсите. Низ Европа следуваше дваесет и пет неделна турнеја од дваесет и пет настапи, на која бендот настапуваше со материјал на „Вингс“, и соло материјал на Мекартни, со исклучок на неколку обратботки, вклучувајќи го хитот на Литл Ричард, „Long Tall Sally“, единствената песна претходно снимена од Битлси, која Мeкартни ја изведуваше за време на турнејата. Мекартни сакаша турнејата да ги избегне големите места за настапи, поголем дел од малите сали каде што настапуваа имаа капацитет не повеќе од 3000 души. На првите две турнеи по распаѓањето на Битлси, Мекартни рече „Главната работа која не ја сакав беше да дојдам на сцена, соочен со целото измачување предизвикано од првите пет реда со новинарите со малите бележници, сите гледајќи во мене и зборувајќи, „Па,и не е толку добар колку што беше“.Па решивме да одиме на таа универзитетска турнеја,која ме направи помалку нервозен...на крајот на таа турнеја се почувствував подготвен за нешто друго,па отидовме во Европа.

Во март 1973 „Вингс“ го остварија својот прв американски број еден хит, „My Love“, кој беше вклучен на нивната втора лонгплеј плоча Red Rose Speedway, која во САД беше број еден, а во Англија во првите пет. Соработката на Пол со Линда и поранешниот продуцент на Битлси, Мартин, резултираше со песната „Live and Let Die“, која беше главна музичка тема за филмот за Џејмс Бонд,со исто име.Номинирана за Оскар,песната го достигна второто место во САД и број девет во Велика Британија.Исто така со оваа песна Мартин заработи Греми награда за неговиот оркестарски аранжман. Музичкиот професор и автор Винсент Бенитез, музичкиот запис го опиша како „најдобриот симфониски рок“.

Во 1873 година, по заминувањето на и Меклаф и Сејвил, Мекартни и Лејн го снимија албумот „Band on the Run“. Албумот беше првиот од седумте платински лонгплеј плочи на бендот „Вингс“. Албумот беше број еден во САД и Велика Британија, првиот број еден албумот на бендот и во двете земји и првиот којшто во три наврати, стигна до топ листите на списанието „Billboard“ .Еден од најдобро продаваните изданија на оваа деценија, албумот остана на топ листите во Велика Британија 124 недели. „Rolling Stones“ го нарекоа албумот Албум на годината за 1974 и во 1975 година тој доби Греми награди за Најдобар Современ/Поп Вокал и Најдобро Осмислен Албум. Во 1974 година, „Вингс“, го оствариле својот втор американски број еден сингл со насловната нумера. Албумот исто така ги вклучуваше топ тен хитовите „Jet“ и „Helen Wheels“ и го достигна 413 место на Rolling Stones листата на 500 Најдобри Албуми на Сите Времиња.

Она што следеше по Band on the Run беа албумите „Venus and Mars“ (1975) и „Wings at the Speed of Sound“ (1976), албуми кои го достигнаа врвот на топ листата. Во 1975 година,групата ја започна четиринаесет-месечната „Wings Over the World“ турнеја, која вклучуваше посети на Велика Британија, Австралија, Европа и САД. Турнејата го одбележа првото настапување на Мекартни со песни од Битлси, во живо со „Вингс“, пет песни за време на двочасовната листа: „I've Just Seen a Face“, „Yesterday“, „Blackbird“, „Lady Madonna“ и „The Long and Winding Road“.

По вториот европски дел од турнејата и долгите проби во Лондон, групата започна амбициозна турнеја во арената во САД, којашто ја донесе американската трикратна број еден лонгплеј плоча во живо, „Wings over America“.

Во септември 1977 година,Мекартни го доби третото дете,син кој го крстиле Џејмс.Во ноември,песната на групата „Вингс“, „Mull of Kintyre“, заедно напишана со Лејн, за кратко време стана еден од најдобро продаваните синглови во историјата на англиската топ листа. Најуспешниот сингл од соло кариерата на Мекартни „She Loves You“, заработи двојна продажба од претходниот рекордер и продолжи продава 2.5 милиони копии и го задржа рекордот на продажба во Велика Британија се до добротворниот сингл во 1984 година „Do They Know It's Christmas?“

Синглот „With a Little Luck“, од албумот „London Town“ (1978), стана број еден американски сингл и најпродаваната лонглплеј плоча на групата „Вингс“, по албумот Band on the Run, достигнувајќи меѓу првите пет и во САД и во Велика Британија.Критичката реакција беше неповолна, и Мекартни изрази разочарување за албумот. Албумот „Back to the Egg“ (1979) ja вклучуваше соработката на Мекартни со супер рок групата  „the Rockestra“. Успехот на „Вингс“ беше заслуга на Пит Тауншенд, Дејвид Глимор, Гери Брукер, Џон Пол Џоунс  и Џон Бохам. И покрај потврдениот платинум, критичарите го критикуваа „Back to the Egg“. „Вингс“ ја завршија својата последна концертна турнеја во 1979 година, со дваесет настапи во Велика Британија, кои ги вклучуваа деби изведбите на песните од Битлси „Got to Get You into My Life“, „The Fool on the Hill“ и „Let it Be“ во живо. Во 1980 година Мекартни ја издаде својот втора соло лонгплеј плоча, сопствена продукција Мекартни II, која го достигна првото место во Велија Британија и третото во САД. Како и со својот прв албум ,тој го создаде и изведе сам. Албумот ја содржеше песната "Coming Up", верзијата во живо од бендот „Вингс“, снимена во Глазгов,Шкотска во 1979 година, која стана последниот број еден хит на групата. До 1981 година, Мекартни сметаше дека целата негова креативна работа со бендот „Вингс“ ја има постигнато и реши дека му е потребна промена. Бендот се распушти во април 1981 година,по што следеа несогласувања околу авторските прави и плати.

1982–1990

Во 1982 Мекартни соработува со Стиви Вондер на број еден хитот „Ebony and Ivory“ продуциран од Мартин, кој е вклучен на плочата Tug of War на Мекартни, и со Мајкл Џексон на „The Girl Is Mine“ од Thriller. Следната година, тој и Џексон работеа на „Say Say Say“, последниот американски број еден на Мекартни до 2012. Мекартни го добива својот последен британски број еден до 2012 со насловната тема од издадениот албум истата година „Pipes of Peace“.Во 1984 , Мекартни учествува во музичкиот игран филм Give My Regards to Broad Street, кој што самиот го напишал и продуцирал вклучувајќи го и Стар како глумец.

Обезвреднет од критиките, Variety го опишува филмот како „без карактерен, блед и безсмислен“. Роџер Еберт го наградува само со една звезда и напишал, „можете слободно па го пропуштите филмот и да преминете на музиката од него“. Албумот поминува многу подобро, станувајќи број еден во Британија и го донесува „No More Lonely Nights“ во топ-десет во Америка, заедно со Дејвид Глимор на водечката гитара. Во 1985 Warner Brothers го овластуваат Мекартни да напише песна за игран филм- комедија Spies Like Us. Тој ја компонирал и снимил песната за четири дена, заедно со Фил Рејмој како копродуцент. Мекартни учествува на Live Aid концертот, изведувајќи ја „Let it Be“,но првите два стиха поради технички потешкотии, неговиот вокал и пиано едвај се слушаат, испрекинати од повратно ехо. Техничарите за опремата ги решаваат проблемите и Дејвид Боуви, Алисон Мојет , Пит Тауншед и Боб Гледоф му се придружуваат на Мекартни, добивајќи ентузијастичка реакција од публиката. Мекартни соработува со Ерик Стјуарт на Press to Play (1986), заедно пишувајќи ги повеке од пола песни на албумот. Во 1988, Мекартни го издава Снова во СССР, издаден само во Советскиот Сојуз, кој содржи осумнаесет препеви, снимени само за два дена. Во 1989, тој се здружува заедно со Merseysiders Gerry Marsden и Холи Џонсон да сними дополнета верзија на „Ferry Cross the Mersey“, добротворениот фонд катастрофата во Хилсбороу. Истата година, тој ја издава Flowers in the Dirt; соработка со Елвис Костело вклучувајќи и музички придонеси од Глимор и Ники Хопкинс. Мекартни потоа формира бенд кој се состои од него и Линда, заедно со Хемиш Стјуарт и Роби Мекинтош на гитари, Пол Викс Викенс на клавијатури и Кријс Вајтен на тапани. Во септември 1989, ја започнуваат „the Paul McCartney World Tour“, неговата прва светска турнеjа во последните 10 години. Следната година тој го издава тројниот албум, „Tripping the Live Fantastic“, кој содржи одбрани изведби од претходната свестка турнеjа. Во 1990, aмериканскиот Amusement Business го наградува Мекартни со награда за шоу со најголема заработувачка во годината ;Неговите две изведби во стадионот Биркли заработуваат преку 3.5 милиони американски долари. Тој настапува пред најголемата публика на стадионот со платена влезница во историјата на 21 април во 1990 кога 184,000 луѓе го слушаат неговиот концерт на стадионот Маракана во Рио де Жанеиро, Бразил.


1991–2000

Мекартни се вклучува во музиката на оркестрите во 1991, кога Royal Liverpool Philharmonic Societyго овластува да напише музичка творба за да ја прослави сопствената сескуицентиалност.Тој соработува со композиторот Карл Дејви, продуцирајќи го ораториото Ливерпул. Во изведбата учествуваат оперските пејачи Кири Те Канава, Сели Бургес,Џери Хедло и Вилард Вајт, заедно со Кралскиот Филхармониски Оркестр на Ливерпул и хорот од ливерпулската катедрала.Коментарите биле негативни. Весникот „The Guardian“ бил посебно критичен, опишувајќи ја музиката како „да се исплашиш од пристапот на брзо темпо“, додавајќи дека делото има „малку од свесноста за повторливи идеи кои ќе го поврзат делото во целина“. Весникот објавува и писма со одговор од Мекартни во кои тој изјавува "за среќа, историјата покажува дека многу успешни музички остварувања не биле одобрени од критиките во на време, јас сум задоволен..... нека луѓето пресудат сами за оправданоста на работата. The New York Times бил малку подарежлив, објавувајќи, „Има моменти на убавина и задоволство во овој драматичен зборник,... невината искреност на музиката не дозволува лесно да се изостави амбицијата на делото“. Изведувана ширум светот после премиерата во Лондон, ораториото Ливерпул станува број еден на класичната неделна топ листа во Велика Британија Во 1991, Мекартни изведува серија од акустични песни на MTV Unplugged и издава албум во живо од настпаот насловен Unplugged (The Official Bootleg). Низ 1990-те, Мекартни два пати соработува со Youth од Killing Joke како музичко дуо „the Fireman“. Во 1993 година,двајцата го издаваат нивниот прв заеднички електронски албум Strawberries Oceans Ships Forest. Истата година, Мекартни го издава рок албумот, Off the Ground, по што следи нова светска турнеја, која подоцна го донесува издавањето на албумот Paul Is Live.

Почнувајчи од 1994, Мекартни прави четири годишна пауза од својата соло кариера за да работи на Apple's Beatles Anthology проект соХарисон, Стар и Мартин. Снима радио серијал наречен Oobu Joobu во 1995 за aмериканската мрежа Westwood One, која самиот ја нарекува „радио со широк екран“. Исто така во 1995, Принцот Чарлс го наградува со стипендија на Кралскиот Музички колеџ — „неверојатно љубезно од некој кој незнае да чита музички ноти“, коментираше Мекартни. Во март 1997, англиската Кралица го наградува со титула за заслугите во областа на музиката. Во 1997 година, Мекартни го издава рок албумот Flaming Pie. Стар се појавува како пратечки вокал и свири на тапани во „Beautiful Night“. Подоцна истата година, тој ја издава класичната творба Standing Stone, која се качува на врвот на класичните топ листи во Британија и Америка. Во 1998 година, го издава Rushes, вториот електронски албул од the Fireman. Во 1999 година, Мекартни го издава Run Devil Run. Снимен за една недела, заедно со Ијан Пејс и Дејвид Глимор, главо се содржи од препеви на три оригинали од Мекартни. Тој го планирал овој албум со години, претходно охрабруван од Линка, која умира од рак во април 1998 година. Во 1999 година, тој продолжува со експериментирање со класиците во оркестарската музика. Во 2000 година, го издава електронскиот албум Liverpool Sound Collage со Super Furry Animals и Youth, користејќи го звучниот колаж и музичките техники кои го фасцинирале во средните 1960-ти. Ја создава песната „Nova“ за албум со класична и хорска музика наречен A Garland for Linda (2000), посветен на неговата сопруга.


2000-2010


Последната промена е направена од king на Саб Мар 28 2015, 03:37. Мислењето е променето 2 пати.
king
king

Posts : 11124
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

РОК, ПОП легенди ... Битлси Empty Re: РОК, ПОП легенди ... Битлси

Пишување by VOL Саб Мар 28 2015, 03:16

so naprai be Laughing ...
VOL
VOL

Posts : 17150
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

РОК, ПОП легенди ... Битлси Empty Re: РОК, ПОП легенди ... Битлси

Пишување by чучулига Саб Мар 28 2015, 03:21

Ги испоштова Битлсите максимално, то напрај.
чучулига
чучулига

Posts : 13528
Join date : 2014-07-11

Вратете се на почетокот Go down

РОК, ПОП легенди ... Битлси Empty Re: РОК, ПОП легенди ... Битлси

Пишување by king Саб Мар 28 2015, 03:39

Пол - продолжение



Тоа што бил сведок на нападите од 11 септември 2001 година, од асфалтираната авионска писта на аеродромот ЏФК, го инспирирале Мекартни го земе водечка улога во организирањето на Концертот за Њу Јорк.Неговиот студиски албум „Driving Rain“, објавен во ноември,истата година,ја вклучуваше песната „"Freedom"“,напишана поради нападите. Наредната година, Мекартни оформи бенд со гитаристот Расти Андерсон и Брајан Реј, придружувани од Викенс на клавијатури и Еби Лабориел Џуниор на тапани. Подоцна истата година тие ја зпочнаа „Driving World“ турнејата, која вклучуваше настапи во САД, Мексико и Јапонија. Турнејата резултираше со двојниот албум во живо „Back in the U.S“, кој беше меѓународно издаден во 2003 година под името „Back in the World“. Турнејата заработи 126.2 милиона американски долари, просечно по преку 2 милиона американски долари за една вечер, а „Billboard“ ја именуваше турнејата како најдобра турнеја на годината.

Во јули 2002 година,Мекартни се ожени со Хедер Милс. Во ноември, на годишнината од смртта на Харисон,Мекартни имаше настап за концертот одржан во чест на Џорџ. Во 2002 година, тој учествуваше на Националната Фудбласка Лига за Супер Купот, изведувајќи ја „Freedom“, за време на шоуто пред започнување на играта за Супер Куглањето XXXVI и го водеше шоуто за време на полвремето на Супер Купот XXXIX во 2005 година. Во 2002 година, англискиот Колеџ за државен грб му оддаде почит на Мекартни со доделувањето на државен грб. Неговиот грб, влучувајќи ја птицата Ливер (Liver Bird), која држи акустична гитара во својата канџа, ја отсликува позадината на Ливерпул и неговата музичка кариера. Штитот вклучува четири извиткали амблеми,кои ги наликуваат на грбовите на битлсите.Мотото на грбот е „Ecce Cor Meum“, латински за „внимавај на моето срце“. Во 2003 година, на Мекартни му се роде дете, Беатрис Мили.

Во јули 2005 година, Мекартни настапил на концертот „Live 8“,во „Hyde Park“, Лондонд,отворајќи го шоуто со „"Sgt. Pepper's Lonely Hearts Club Band"“ и затворајќи го со „The Long and Winding Road“. Во септември, тој го издаде рок албуот „Chaos and Creation in the Backyard“, албум за чиј најголем дел од инструментација тој самиот беше одговорен. Во 2006 година,Мекартни ја издаде калсичната работа „Ecce Cor Meum“. Во 2007 година,следуваше рок албумот „Memory Almost Full“. Во 2008 година тој го издаде неговиот трет „Fireman“ албум Electric Arguments. Исто така во 2008 година Мекартни настапуваше на концертот во Ливерпул, за прославувањето на градот како Европски Град на Културата. Во 2009 година, по четири годишно пазуирање, тој се врати на турнеите и оттогаш има настапено на преку 80 шоуа. Повеќе од 45 години откакако Битлси за прв пат се појавија на американската телевизија,за време на „The Ed Sullivan Show“, тој се врати во истиот театар во Њу Јорк, за да настапи на „Late Show with David Letterman“. На 9 септември 2009 година, продуцентската куќа „EMI“, повторно го издаде каталогот на Битлси,по што следеше четири-годишен напор за дигитално подобрување,следниот ден издавајќи, музичка видео игра, наречена Билтси-Рок Бенд.

Долготрајната слава на Мекартни го направи популарен избор за отворање на нови места. Во 2009 година тој одржа 3 распродадени концерти на ново изградениот Citi Field - место конструирано за да го замени Shea Stadium во Квинс, Њу Јорк. Подоцна истата година, овие настапи го произведоа двојниот албум во живо „Good Evening New York City“. Во јули 2011 година, Мекартни одржа два целосно распродадени концерти на новиот Јенки Стадион. Според весникот „New York Times“, Мекартни „не се збогувал со сцената,туку правел турнеи на стадионите и изведувал маратонски концерти“.
2011- денес

Во септември 2011 година, по барање од New York City Ballet, Мекартни во соработка со Петар Мартин, ја издаде својата прва музика за танцување наречена Ocean's Kingdom. Исто така во 2011 година Мекартни се ожени со Ненси Шевел. Во февруари 2012 година, тој ја објави Kisses on the Bottom, колекција на стандардна музика;истиот месец National Academy of Recording Arts and Sciences му оддаде почит за најдобар музичар на годината, два дена пред неговиот настап на 54-тото издание на Греми наградите.

Исто така и во 2012 година, Мекартни остана еден од светските најголеми атракции. Тој свиреше пред повеќе од 100.000 луѓе за време на двата настапи во Мексико Сити во мај, настапите заработија близу 6 милиони американски долари. Во јуни 2012 година, Мекартни го затвори конертот одржан во чест на дијамнтскиот јубилеј на Кралицата Елизабета, кој се одржа во Бакингамската Палата, изведувајќи ги песните Let It Be и Live and Let Die. Тој на 27 јули, ја затвори церемонијата за отворањето на Летните Олимписки игри 2012 година во Лондон, пеејќи ги The End и Hey Jude и поканувајќи ја публиката да се придружи на кода. Од организаторите на Олимпијадата,за неговиот настап тој заработи 1 милион американски долари.
Музичка кариера
Бас Гитара

Вештината на Мекартни, како бас гитарист, беше призната од други басисти, вклучувајќи ги Стинг, Др Дре, басистот Мајк Елизондо и Колин Маулдинг од  XTC. Знаејќи да свири исклучително, употребувајќи перце Мекартни само повремено свиреше со прсти. Тој не употребуваше техники на удирање или придушување. Под сериозно влијание на Мотовн, а особено од Џејмс Џејмерсон, Мекарнтни го нарекуваше херој на неговиот молодичен стил. Исто така под влијане на Брајан Вилсон, Мекартни коментираше: „поради тоа што тој одеше на многу необични места“. Друг омилен басист е Стенли Кларк.

Во текот на раните години со Битлси, тој првично употребувал Hцfner 500/1 бас гитара, иако во 1965 година, повремено за снимање употребувал и Rickenbacker 4001S. Иако обично употребувал Vox засилувачи, до 1967 година тој исто така започнал да употребува и Fender Bassman за засилување. За време на доцните 1980ти и 1990ти, тој употребувал Wal 5-String, за која тој рекол дека може да свири подлабоки звуци, за разлика од полесната Hцfner, која го инспирирала да свири почувствително, нешто што тој го сметал за основно за неговиот стил за свирење. Во 1990 година, поради таа причина тој повторно се вратил на Hцfner. Додека настапува во живо, Мекартни употребува Mesa Boogie бас засилувачи.

Мекдоналд ја идентификува песната „She's a Woman“ како точка кога бас свирењето на Мекартни почнува да се развива драматично, а биографот на Битлси, Крис Ингман, ја извдојува Rubber Soul, како моментот кога свирењето на Мекартни манифестира значителен напредок, особено во песната „The Word“. Бејкон и Морганс се согласиле нарекувајќи го Мекартни „groove on the track“ висока точка во поп бас свирењето и ...прв доказ за снимање на неговиот сериозен талент за свирење на инструментот. Мекдоланд го заклучил влијанието на „Papa's Got a Brand New Bag“ од Џејмс Браун и „In the Midnight Hour“, од Пикетс, американси соул песни песни од кој Мекартни попримил елементи и му послужиле како инспирација за тој да „го создаде најспонтаниот бас дел до денес“.
Акустична гитара

Додека свири на акустична гитара, Мекартни главно употребува перца, иако исто така ги употребува и прстите. Примери на песни од Битлси каде тој свири на неговата акустична гитара има во include „Yesterday“, „I'm Looking Through You“, „Michelle“, „Blackbird“, „I Will“, „Mother Nature's Son“ и „Rocky Raccoon“. Мекартни ја издвојува песната „Blackbird“ како свој лични фаворит и ја опишува својата техника во делот на свирењето на гитарата, на следниот начин: Јас имам мој личен мал начин на мамење[употреба на прсти]...Јас всушност можам да повлечам две жици истовремено...Се обидував да ги имитирам оние фолк свирачи.Мекартни употребуваше слична техника за „Jenny Wren“. Тој свиреше Epiphone Texan, на многу од неговите акустични снимки,но исто така употребуваше и Martin D-28.
Електрична гитара

Мекартни свирел прва електрична гитара на неколку записи на Битлси,вклучувајќи го и опишувањто на Мекдоналд како „бестрашно соло на гитара“ на песната „Drive My Car“, каде Мекартни свири на Epiphone Casino. За инструментот Мекартни рече: „Долку треба да бирам електрична гитара, тоа би била оваа“. Тој придонесе за она што Мекдоналд го опиша како „сензационално соло на гитара“ на композицијата на Харисон, „Taxman“ и „врискачка“ гитара на „Sgt. Pepper's Lonely Hearts Club Band“ и „Helter Skelter“. Мекдоналд исто така го пофали „сјајното псевдо-индиско“ соло на песната „Good Morning Good Morning“. За неговото соло на песната „Taxman“, Мекартни рече „бев многу инспириран од Џими Хендрикс“. Тоа беше навистина моето прво патување во минатото. Кога во 1990 година го прашаа кои му се омилени гитаристи, тој ги вклучи Еди Ван Хален, Ерик Клептон и Дејвид Глимор, образложувајќи „но најмногу ми се допаѓа Хендрикс“. Тој главно ја употребуваше Gibson Les Paul за електрична работа,особено за настапи во живо.
Вокал

Вокалот на Мекартни преминува неколку музички жанрови. Според Бенитез, во песната „Call Me Back Again“, „Мекартни звучи како блуз,соло вокалист“, додека Мекдоналд смета дека „I'm Down“ е „рокенрол класика“, која „го покажува вокалот на Мекартни и стилската разновидност“. Мекдоналд ja опишува „Helter Skelter“ како ран обид за хеви метал, а песната „Hey Jude“ како „поп-рок хибрид“, истакнувајќи ја употребата на црковен стил и мелизмас во песната и псевдо-соул врескањето во постепеното губење на тонот. Бенитес ги посочува песните „Hope of Deliverance“ и „Put It There“ како примери на внесување на фолк елементи во музиката на Мекартни, додека музикологот Валтер Еверет смета дека песните „When I'm Sixty-Four“ и „Honey Pie“, се обиди за водвиљ. Мекдоналд оддава признание на „свинг ритамот“ на дваесет и четири часовната блуз песна на Битлси, „She's a Woman“, како „најекстремниот звук кој што го создале досега“, со гласот на Мекартни на работ, притиснат до најгорната граница на неговиот граден кош, претставувајќи закана дека неговиот глас ќе мутира во секој момент.Вокалот на Мекартни во песната Ive Got a Feeling, Мекдоналд го опишува како”жежок,рокер со средно темпо”,со вокална изведба која е енергична и полна со душа, а „Back in the U.S.S.R.“ како „последното од рокерите со високо темпо (Битлси)“.
Клавијатури

Мекартни свиреше пијано на неколку песни на Битлси, вклучувајќи ги „Every Little Thing“, „She's a Woman“, „For No One“, „A Day in the Life“, „Hello, Goodbye“, „Hey Jude“, „Lady Madonna“, „Let It Be“ и „The Long and Winding Road“. Во песната „Lady Madonna“, Мекдоналд сметаше дека, делот со пијаното,потсетува на Fats Domino, а според него песната „Let It Be“ има црковен ритам. Мекартновиот Мелтрон вовед на песната „Strawberry Fields Forever“, Мекдоналд го смета како целосна карактеристика за карактерот на песната. На песната од Битсли, „Maxwell's Silver Hammer“, како и на траката на Вингс „Maxwell's Silver Hammer“, Мекартни свири на Moog synthesizer. Песните на групата Вингс, „With a Little Luck“ и „London Town“, Ингам ги опишува како, „полни со најчувствителните поп синтисајзерски достигнувања“.
Тапани

Мекартни свиреше на тапани на следниве песни на Битлси: „Back in the U.S.S.R.“, „Dear Prudence“, „Martha My Dear“, „Wild Honey Pie“ и „The Ballad of John and Yoko“. Исто така тој самиот ги свирел сите делови на тапани, на неговиот прв и втор соло албум McCartney and McCartney II, на неговата соло лонгплаеј плоча „Chaos и Creation in the Backyard“, како и на албумот „Band on the Runand“ на групата Вингс.
Музички Ленти

Во средината на 1960-тите, во посета на пријателот, уметник Џон Данбар, во Лондон, Мекартни донесе ленти, коишто тој ги собрал од домот на тогашната девојка Џејн Ашер. Тие вклучувале разни песни, музички дела и коментари дадени од страна на Мекартни, којшто Дик Џејмс ги направил во демо за него. Под силно влијание од американскиот авангарден музичар Џон Кејџ, Мекартни направил магнетофонски ленти со снимање на гласови, гитари и бонго на магнетофонот Brenell и спојување на различни струјни кола. Готовиот производ го опиша како „електронски симфонии“. Тој ги пушти лентите во обратен правец и ги забрза и забави, за да го постигне посакуваниот ефект, нешто што подоцна го употребуваа Битлсите на песните „Tomorrow Never Knows“ и „The Fool on the Hill“.
Рани влијанија

Најраните музички влијанија на Мекарти ги вклучуваат Литл Ричард, Елвис Присли, Бади Холи, Карл Перкинс и Чак Бери. Кога го прашале зошто Битлсите не го вклучиле Присли на насловната страна на Sgt. Pepper, Мекартни одговори „Елвис беше далеку поважен и далеку над останатите дури и за да го споменеме...па не го ставивме на листата бидејќи тој беше повеќе од само ...поп пејач, тој беше Кралот Елвис“. Мекартни изјавил дека во бас стиховите за песната „I Saw Her Standing There“, директно ја цитирал „I'm Talking About You“ од Чак Бери. Мекартни го нарекувал Литл Ричард идол, чии фалсет вокализации, го инспирирале Мекартни за негова сопствена вокална техника. Мекартни рекол дека ја напишал „I'm Down“, како средство за неговото имитирање на Литл Ричард. Мекартни ги откупил издавачките права за каталогот на Бади Холи и во 1976 година, на четириесет годишнината од раѓањето на Холи, Мекартни свечено ја најави годишната „Бади Холи Недела“ во Англија. На фестивалот беа вклучени изведбите на познати музичари, натпревари за текстописци,натпревари за цртање и специјални настани, вклучувајќи ги претставите на the Crickets .
Стил на живеење
Креативен изглед

Додека бил во училиште,во 1950-ите,Мекартни напредувал во уметничките задачи,често добивајќи врвни признанија за неговата визуелна работа.Сепак,неговиот недостаток на дисциплина,негативно влијаел на неговите академски оценки,спречувајќи го биде примен на колеџот за уметност.За време на 1960-тите,тој ги истражувал визуелните уметности,истражувал во експерименталното кино,редовно гледал филмови и посетувал театарски и класични музички изведби.Неговиот прв контакт со лондоската авангардна сцена беше преку уметникот Џон Дунбар,кој го запознал Мекартни со трговецот на уметнички предмети Роберт Фрејзер.Во станот на Фрејзер тој прв пат го видел вреднувањето на уметноста и ги запознал Енди Вархол, Клаес Олденбург ,Питер Блејк и Ричард Хамилтон.Мекартни подоцна купил дела од Магрите,употребувајќи го сликањето на јаболко за логото на Apple Records.Мекартни се вклучи во реставрирањето и отворањето на галеријата Индика  во Mason's Yard,во Лондон,ко-основана од Бери Мајлс,место каде Ленон за прв пат ја сретна Јоко Оно. Мајлс исто така го ко-основаше ‘’International Times’’ , весник,чиј почеток со директна финансиска поддршка го потпомогна Мекартно,обезбедувајќи интервјуа за привлекување на рекламни приходи.Подоцна Мајлс ја напиша официјалната биографија на Мекартни ‘’Many Years From Now’’(1997). Мекартни стана заинтересиран за сликарството по гледањето на работата на уметникот Вилем де Кониг,во студиото на Кониг во Лонг Ајланд. Мекартни почна да се занимава со сликарството во 1983,а за прв пат ја изложил неговата работа во Зиген,Германија,во 1999 година.Шоуто од 70 слики,вклучуваше портрети на Ленон,Енди Ворхол и Дејвид Боуви.Иако првично се колебал дали да ги изложи неговите слики јавно,Мекартни ја одбрал галеријата,бидејќи организаторот на настани,Волфганг Сутнер,покажал голем интерес за уметноста на Мекартни.Во Велика Британија, во септември 2000 година е отворена првата изложба на Мекартни,вклучувајќи 500 платна во галеријата Арнолфини, во Бристол,Англија.Во октомври 2000 година,Мекартни дебитираше во неговиот роден град Ливерпул.Мекартни рече:”Ми беше понудена изложба на моите слики во галеријата Вокер Арт,каде што Џон и јас поминувавме многу пријатни попладниња.Затоа,јас сум многу возбуден за тоа.Не кажав на никого дека сликам 15 години,но сега јавно откривам.”Мекартни е главниот покровител на Liverpool Institute for Performing Arts,училиште во зградата која е главно заземена од Институтот за момчиња во Ливерпул.

Кога Мекартни бил дете,неговата мајка му читала поеми и го охрабрувала да чита книги.Неговиот татко ги викал Пол и неговиот брат Мајкл да решаваат крстозбори со него,за да ја зголемат “моќта на зборот”,како што вели Мекартни.Во 2001 година Мекартни ја објавил ‘’Blackbird Singing’’, том на поеми и текстови на негови песни,кои што ги читал во Ливерпул и Њу Јорк.Во предговорот на книгата тој објаснува”Кога бев тинејџер...имав неизмерна желба да издадам поема во училишниот весник.Пишував нешто длабоко и полно со значење-кое беше веднаш одбиено- и претпоставувам дека оттогаш се обидував да се вратам повторно.Во 2005 година,Мекартни ја објави книгата High in the Clouds: An Urban Furry Tail.соработка со авторот Филип Ардаг и аниматорот Геоф Данбар,која весникот ‘’The Guardian’’ ја окарактеризира како “анти-капиталистичка книга за деца”.

Во 1981 година,Мекартни побарал од Геоф Данбар да режира краток,анимиран филм,наречен ‘’Rupert and the Frog Song’’ ;Мекартни бил авторот и продуцентот,а исто така тој додал и гласеви за карактерите.Во 1992 година тој работел заедно со Данбар на анимиран филм за работата на францускиот уметник Honorй Daumier,со кој ја освоиле наградата BAFTA.Во 2004 година,тие работеле заедно на анимираниот,краток филм Tropic Island Hum.Придружната песна, "Tropic Island Hum"/"We All Stand Together",го достигана 21-то место на Велика Британија. Во 1995 година,Мекартни исто така,го реализираше и водеше документарецот The Real Buddy Holly Story,кој вклучуваше интервјуа со Кејт Ричардс , Фил и Дон Еверли,фамилијата Холи и други.Во 1995 година,тој беше гостин во Симпсонови,во епизодата "Lisa the Vegetarian" и режираше краток докуметарец за Grateful Dead.
Бизнис

Мекартни е еден од најбогатите луѓе во Велика Британија,чие богатство во 2010 година е проценето на околу 475 милиони фунти.И покрај акциите во мрежата на компании на Apple Corps и MPL Communications, тој поседува и значаен каталог на музичко издавање,со пристап до преку 25.000 авторски права,вклучувајќи ги правата за издавање на мјузиклите Guys and Dolls, A Chorus Line, Annie and Grease.Тој во 2003 година заработил 40 милиони фунти,највисокиот остварен приход во медиумските професии во Велика Британија за таа година.Оваа сума се искачи до 48.5 милиони фунти до 2005 година.

Музиката на Мекартни се појавува во неколку музички куќи.Во јануари 1962 година, Polydor Records го објавија првиот комерцијален запис на Битлси,песната "My Bonnie".Благодарение на Тони Шеридан и Beat Brother, Decca Records ја објавија песната во Велика Британија,во април,1962 година.Наредната година во Велика Британија, Parlophone ги издале песните на бендот "Please Please Me"/"Ask Me Why" и "From Me to You"/"Thank You Girl" .Vee-Jay Records ги издадоа овие песни во САД.Истата година, Swan Records го објавија во САД британскиот сингл на Parlophone, She Loves You"/"I'll Get You".Од тогаш,па се до јули 1968 година музичките куќи EMI'sCapitol  (САД) и Parlophone (Велика Британија),ја објавија музиката на бендот.Започнувајќи со објавување на "Hey Jude"/"Revolution",во август,1968 година,нивниот нов материјал ќе се појави со натписи,логоа и корици на Apple,но со сериски броеви на Parlophone или Capitol.По распаѓањето на Битлсите ,музиката на Мекартни продолжи да ја издава Apple Records,според договорот за снимање на Битлси со EMI од 1967 година,кој траел се до 1976 година.По формалното распаѓање на партнерството на Битлси во 1975 година,Мекартни потпиша со Columbia Records во САД и Канада,наводно потпишувајќи го најпрофитабилниот договор за снимање се до денес,додека EMI ја продолжиле дистрибуцијата низ остаток од светот.Во 1985 година,Мекартни се вратил на Capitol и од 1985 се до 2006 година, Parlophone ја издалава музиката на Мекартни во Велика Британија,а Capitol во САД.Во 2007 година,Мекартни потпиша со Hear Music,станувајќи првиот заштитен знак на музичката куќа.Тој остнал тамудо 2012 со Kisses on the Bottom.

Во 1963 година, Дик Џејмс ја основа музичката куќа Northern Songs,за да ги објавува песните од Ленон и Мекартни.Првично Мекартни поседувал 20% акции од Northern Songs,,кои во 1956 година по јавното наддавање станале 15%.Во 1969 година,Џејмс го продал контролниот дел од Northern Songs на Lew Grade's Associated Television (ATV),по што и Мекартни и Ленон ги продадоа остатокот од своите акции,иако го задржаа договорот со ATV се до 1973 година.Во 1972 година,Мекартни потпиша издавачки,здружувачки договор на седум години помеѓу ATV и McCartney Music.Од 1979 година MPL Communications ги објавуваше песните на Мекартни.Во 1981 година,Мекартни и Јоко Оно се обидоа да го купат каталогот на Northern Songs,но Грејд ја одбил нивната понуда и решил ATV целосно да ја продаде на бизнисменот Роберт Холмс а Корт Подоцна во 1985 година,Мајкл Џексон ја купил ATV.Во 1995 година Џексон го соеднил својот каталог со Sony,за јавно соопштени 59.052.000 фунти(95 милиони американски долари),основајќи ја музичката куќа Sony/ATV Music Publishing,во која тој задржал половина од сопственоста.Со текот на годините,Мекартни го критикувал Џексоновото купување и управувње на Northern Songs.По формалното раскинување на партнерството во 1995 година,тој стана дел од каталогот на Sony/ATV.Мекартни ги доби авторските права кои заедно изнесуваат 33⅓ проценти од целосниот комерцијален приход во САД.а коишто на друго место варираат помеѓу 50 и 55 проценти.Две од првите песни на Битлси—"Love Me Do" and "P.S. I Love You"—беа објавени од споредната на EMI, Ardmore & Beechwood,пред потпишувањето со Џејмс.Во средината на 1980-тите Мекартни ги побарал своите издавачки права од Ardmore и тие се двете единствени песни кои ги поседува MPL Communications.
Дрога

Мекартни за прв пат употребил дрога во периодот кога Битлси настапуваа во Хамбург,често употребувале Прелудин,за да ја задржат енергија,додека имале долготрајни настапи.Боб Дилан ги вовлекол на марихуана,во хотелска соба во Њу Јорк во 1964 година;Мекартни се сеќава на “излегувањето од контрола” и “кикотењето без контрола”.Неговото земање на дрога,за краток период стана навика и според,Мајлс,Мекартни го напишал текстот “друга состојба на мозокот”на песната "Got to Get You into My Life",специјално упатувајќи на канабисот.За време на снимањето на Help!, Мекартни на патот до студиото,во автомобилот,повремено пушел џоинт и за време на снимањето го заборавал текстот.Режисерот Ричард Лестер викнал две атрактвини жени,кои се обиделе да го заведат Мекартни да земе хероин,но тој одбил.Вовлечен на хероин,од страна на Роберт Фрејзер,Мекартни редовној а земал дрогата,за време на снимањето на Sgt. Pepper's Lonely Hearts Club Band,продолжил една цела година,но престанал,бидејќи не го сакал чувството на меланхолија после тоа.

На почетокот се колебал дали да проба ЛСД,па на крајот Мекартни пробал во доцната 1966 година, а во март 1967 година по сесијата во студиото Sgt. Pepper го започнал неговиот втор "acid trip",заедно со Ленон.Подоцна тој бил првиот член од групата Битлси,кој зборувал за дрогата јавно,изјавуваќи,”Тоа ми ги отвори очите...[и] ме направи подобар,почесен и потолерантен член на општеството.”Неговиот став за канабисот тој го кажа јавно во 1967 година,кога тој,заедно со Епштејн другиот член на групата Битлси,го додаде своето име во јулската реклама за весникот The Times, која беше за легализација на канабисот,ослободување на оние кои се затворени поради нејзино поседување и истражување во медицинската употреба на марихуаната.

Во 1972 година, шведскиот суд го казнил Макартни со казна од 1.000 фунти поради поседување канабис. Подоцна, шкотската полиција пронашла сандици на марихуана на неговата фарма, по што тој бил осуден за илегално одгледување и парична казна од 100 фунти. Поради неговите пресуди за поседување дрога, владата на САД многупати го одбивала неговото барање на виза, сè до декември 1973 година. Во 1975 година, во Лос Ангелес, Мекартни бил повторно уапсен за поседување марихуана, но вината ја презела сопругата Линда, по што судот наскоро ги повлекол обвиненијата.[1]

Во јануари 1980 година, кога групата „Вингс“ се упатила на турнеја во Јапонија, на аеродромот во Токио, цариниците пронашле околу 200 грама канабис во неговиот багаж. Макартни бил притворен во локалниот затвор, а по 10 дена, тој бил депортиран без обвинение.[2] Во 1984 година, за време на одморот на Барбадос, Макартни бил уапсен за поседување марихуана и бил казнет парично со 200 фунти. По неговото враќање во Англија, тој изјавил: „канабисот...е помалку штетен од пунч од рум, виски, никотин и лепак, од кои сите се комплетно легални....Јас не мислам...дека му наштетувам некому, воопшто“. Во 1997 година, тој агитирал и давал поддршка на декриминализацијата на дрогата, велејќи: „Луѓето секако пушат марихуана, а да се направат криминалци е погрешно“.
Вегетаријанство и активизам

Пол и Линда се вегетаријанци повеќе речиси целиот нивен 30-годишен брак.Тие решија да престанат со конзумирањето на месо,откако Пол видел јагниња на полето,додека јаделе оброк од јагнешко месо.Наскоро после тоа,двојката стана отворен активист за правата на животните.На неговото прво интервју,по смртта на Линда,тој вети дека ќе продолжи да се бори за правата на животните и во 1999 година тој потроши 3.000.000 фунти,за да се осигура дека Linda McCartney Foods ќе остане без генестки добиени состојки.Во 1995 година,тој го раскажување документарниот филм Devour the Earth,напишан од Тони Вардл.

По стапувањето во брак со Милс,тој и се придружи неа во кампањата против мините,станувајќи покровител на Adopt-A-Minefield.На некои од неговите шоуа за Враќањето на Светската турнеја,Мекартни носеше маичка со натпис против-мини.Во 2006 година,тој патуваше до островот на принц Едвард за да ја подигне меѓународната свест за ловењето на фоките.Во шоуто на Larry King Live, двојката дебатираше со Дени Вилијамс,тогашниот Премиер на Њуфаундлен ,изјавувајќи дека ловците трева да престанат со ловењето на фоки и наместо тоа да започнат бизнис со одлгедување на фоки.Мекартни исто така ја поддржуваше кампањата -сиромаштијата да ја направеме историја .

Мекартни учествување на неколку добротвотни снимања настани,вклучувајќи ги и концертите за луѓето од Кампучеа, Ferry Aid, Band Aid, Live Aid и снимањето на "Ferry Cross the Mersey".Во 2004 година,тој донираше песна на албумот за помош на американската кампања за Бурма ,за поддршка на бурманскиот добитник на Нобелова награда Aung San Suu Kyi.Во 2008 година,тој донираше песна за це-дето Aid Still Required,организирано како напор за да се соберат  средства за да се помогне во закрепнувањето од пустошот предизвикан од цунамито во Јужна Азија во 2004 година. Во 2009 година Мекартни, му напиша на Тенцин Гиатсо, 14-тиот Далај Лама,прашувајќи го зошто тој не е вегетаријанец.Како што Мекартни објаснува,”Тој ми врати многу љубезно,велејќи,моите доктори ми кажуваат дека јас морам да јадам месо. И јас му напишав повторно,велејќи,знаете,јас не мислам дека тоа е во ред....Јас мислам дека него сега му беше кажано...дека може да ги прима своите протеини на друг начин....Едноставно не изгледаше во ред од една страна Далај Лама да вели,”Еј луѓе не повредувајте суштества кои чувствуваат...Ох,а да,јас попатно јадам стек.”

Во 2012 година, вечерта пред американските претседателски избори,Мекартни објави видео-реклама за Претседателот Барак Обама.
Медитација

Во август, 1967 година, Мекартни го запозна јогинот Махаришу Махеш, во хотелот Хилтон, во Лондон и подоцна замина во Бангор во Северен Велс,за да присуствува на викенд конференцијата за воведување,каде то и другите членови од групата Битлс,ги научија основите на трансценденталната медитација.Тој објасни,”Целото искуство со медитацијата беше многу добро и јас сеуште ја употребувам манртата...Ми делува смирувачки”.Во 2009 година,Мекартни и Стар,одржаа добротворен концерт во Radio City Music Hall,собирајќи 3 три милиони долари за фондацијата на Дејвид Линч, да финансира обука за трансценденталната медитација за ризичната младина.
Фудбал

Мекартни е страстен фан на фудбалот и јавно го подржува Евертон,а исто така навива и зa Ливерпул.Во 2008 година,тој ја прекина шпекулацијата за неговата преданост кога изјави,”Еве како е работата:”мојот татко е роден во Евертон,мојата фамилија официјално се евертонци,па доколку се одржи дерби меч или куп на Англија помеѓу овие два тима,јас ќе треба да го поддржам Евертно.Но по концертот на арената Вембли,се спријателив со Кени Далгиш,којшто беше на концертот и со помислив ‘Знаете што?Ќе ги поддржуца и двата тима бидејќи се е Ливерпул.
Лични врски
Девојки
Дот Рон

Прва сериозна девојка на Мекартни од Ливерпул беше Дот Рон, која ја сретнал во Казбах клубот во 1959 година. Според весникот Spitz, Рон сметала дека Мекартни бил опседнат со тоа да ја контролира секоја ситуација. Тој често одбирал облека и шминка за неа, охрабрувајќи ја барем еднаш да ја порасне нејзината коса како Бриџит Бардо, потоа инсистирајќи да го си го врати стилот, поради разочарувачкиот ефект. Кога Мекартни за прв пат отиде во Хамбур со бендот Битлс, тој и пишуваше на Рон, редовно и таа ја придружуваше Синтија Ленон во Хамбург, кога тие свиреа повторно во 1962 година. Двојката имаше две ипол годишна врска и беа спремни да се земат се до спонтаниот абортус на Рон; според Spitz, Мекартни „ослободен од обврската“ ја раскина свршувачката.
Џејн Ашер

Мекартни прв пат ја сретна британската актерка Џејн Ашер на 18 април, 1963 година, кога еден фотограф ги замолил да се сликаат за време на настапот на Битлси во Royal Albert Hall, во Лондон. Двајцата започнале врска и во ноември истата година, тој се пресели во резиденцијата на родителите на Ашер на улицата Вимпол 57, Лондон. Тие живееја таму повеќе од две години се до март 1966 година, пред да се пресели двојката во домот на Мекартни, на улица Св. „Џонс Вуд“. Тој напиша неколку песни додека живееше кај фамилија Ашер, вклучувајќи ги „Yesterday“, „And I Love Her“, „You Won't See Me“ и „I'm Looking Through You“, последните три беа инспирирани од нивната романса. Тие имаа пет годишна врска и планираа да стапат во брак, но Ашер ја раскина свршувачката,откако дознало дека тој бил во врска со Френси Шварц.
Сопруги
Линда Истман

Линда Истман беше музичка фан,која еднаш коментираше,”моите тинејџерски години беа помината со увото на радиото”.Понекогаш таа не одеше на училиште за да види уметници како Фабијан, Боби Дарин и Чак Бери.Таа стана популарен фотограф на неколку рок групи,вклучувајќи го искуството со Џими Хендрикс, the Grateful Dead, the Doors и Битлсите,кои прв пат ги запозна на стадиумот Шеа во 1966 година.Таа изјави, “на почетокот ме заинтересира Џон.Тој беше мојот херој од Битлсите.Но кога го запознав восихот избледи набрзо и Пол беше тој кој ми се допадна.Парот за прв пат се запозна во 1967 година,на концертот Georgie Fame ,во клубот The Bag O'Nails,за време на нејзината задача да фотографира рок музичари во Лондон,Велика Британија.Парот стапи во брак во 1969 година
king
king

Posts : 11124
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

РОК, ПОП легенди ... Битлси Empty Re: РОК, ПОП легенди ... Битлси

Пишување by king Саб Мар 28 2015, 03:43




king
king

Posts : 11124
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

РОК, ПОП легенди ... Битлси Empty Re: РОК, ПОП легенди ... Битлси

Пишување by king Саб Мар 28 2015, 03:46

king
king

Posts : 11124
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

РОК, ПОП легенди ... Битлси Empty Re: РОК, ПОП легенди ... Битлси

Пишување by king Саб Мар 28 2015, 03:48

Eве ги Пол, Линда и Џексон

king
king

Posts : 11124
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

РОК, ПОП легенди ... Битлси Empty Re: РОК, ПОП легенди ... Битлси

Пишување by king Саб Мар 28 2015, 10:05

Џон Винстон Ленон, МБЕ (подоцна Џон Оно Ленон) (9 октомври 1940 – 8 декември 1980) е познат како пејач, композитор и гитарист на Битлси. Неговата креативна кариера содржи и епизоди во кои Ленон може да се опише како политички активист, уметник, актер и писател. Дел е од тимот Ленон-Мекартни, можеби најуспешното кант-авторско дуо во историјата на рок-музиката. Истовремено, во својата соло-кариера, Ленон останува запамтен и како автор на Imagine и Give Peace A Chance, две од најпознатите песни на дваесетиот век. Тој е една од големите музички икони на дваесетиот век.

Негова жена е Јапонката Јоко Оно од 20 март 1969 година до 8 декември 1980 година, кога Ленон е застрелан од еден негов психички пореметен обожавател, Марк Дејвид Чепмен, во Њујорк.

Во 2002 година, според анкетата 100 Најголеми Британци на Би-Би-Си Ленон е рангиран на осмото место. Во 2004 година, списанието Rolling Stone го прогласува Ленон за 38 најголем музичар на сите времиња на својата листа "Бесмртните: Педесетте најголеми уметници на нашата епоха". На истата листа, Битлси го заземаат првото место.
king
king

Posts : 11124
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

РОК, ПОП легенди ... Битлси Empty Re: РОК, ПОП легенди ... Битлси

Пишување by king Саб Мар 28 2015, 10:08

Сеќавање на Џон Ленон


Херој на работничката класа

Доколку на 8-ми декември 1980-та Марк Дејвид Чапман не тргнал да го реализира својот крвав список, на кој прв за отстрел беше Џон Винстон Ленон (подоцна Џон Оно Ленон), на 9-ти октомври 2010-та најславниот Битлс ќе го прославеше својот 70-ти роденден.
Вака, остануваат само хипотезите за тоа колку денес овој свет би бил поинаков, со Џон во него... Со неговото заминување пред 30 години, со десет години задоцнување и симболично завршија 60-тите, и се што тие всушност претставувале за светот
Луѓето постојано ме прашуваат дали ќе напишам книга за мојот живот со Џон. Јас им велам дека се уште не сум подготвена за тоа. Ќе бидам ли некогаш? Мислам дека нема... Чувствувам дека нема да  можам да отворам тој дел од моето срце, додека целото срце уште трепери – напиша Јоко Оно, втората жена на Џон Ленон, пред некои пет години. И ништо оттогаш не се смени...
Поголем од вечноста
РОК, ПОП легенди ... Битлси Dzon-joko-dzulijan-lenonДеновите кои ги означуваат датумите на раѓање, или смрт на луѓето кои повеќе ги нема, за нивните најблиски и најмили се посебни. Тие се добар повод за враќања во минатото, сентиментални патувања, насмевки и солзи... Тие денови обично се посетуваат нивните вечни почивалишта, нивните последни станици...
За жал, ниту најблиските на легендарниот Џон Ленон, ниту милионската армија фанови од целиот свет, на неговиот 70-ти роденден, 9-ти октомври 2010-та, нема да можат уште да му се поклонат на гробот.
Наводно, според неговата желба, веднаш бил кремиран и погребан – никаде, односно секаде каде што беше посеана неговата пепел. Ленон е вечен, но не зошто нема гроб, туку затоа што неговото дело допира небесни височини... Сите овие години фановите од целиот свет се поклонуваат на влезот на зградата Дакота, карши њујоршкиот Централ Парк. Тука славниот Битлс беше застрелан...
 
Зошто е Џон Ленон толку голем музичар? Затоа што зад него останаа запаметени речиси 300 композиции и една милијарда продадени албуми. Ленон е една четвртина од најнеобичниот феномен на дваесеттиот век. И уште повеќе! Тој е одговорен за многу работи кои во светот на музиката се случија во веројатно највозбудливите две децении во шоу-бизнисот: од 1960-та до 1980-та.
Ленон е гитарист, пејач, композитор, поет и сонувач. Оној кој вистински ги создаде, а подоцна и ги растури непревазидените Битлси. Оној, кој во најелитното гледалиште во светот, каде седеа кралицата, високодостојници и важни британски функционери, собрани да ги видат тие Битлси, во еден момент кажа: Би сакал сите да ми помогнете во следната песна. Оние од поевтините места, нека ракоплескаат. Останатите нека звецкаат со својот накит...
РОК, ПОП легенди ... Битлси Dzon-lenon-3
Жртва на ветената земја
Без око да му трепне, Ленон својата популарност ја ставаше на исто рамниште со Исус, а орденот на Империјата на кралицата и го врати со обична пошта, разочаран од надворешната политика на Велика Британија.
Ленон прв без страв призна дека има пробано марихуана, и прв, без трошка срам, како од мајка роден се сликаше за обвивката на својот албум. Ленон е тој кој еднаш за секогаш одбил да гласа на избори, и прв, кој во име на многумина разочарани, побарал од Англија јавно да се огради од срамните американски војни во Виетнам.
Најпосле, Џон Ленон е оној маж кој остави жена и син, дозволувајќи и на некоја си таму Јапонка, со чудни филозофии и навики, да го одалечи од светот, на чие чело директно или непосредно се наоѓаше.
Џон Ленон е херој на работничката класа, Ленин на рокенролот, безбожник, еден од најталентираните композитори на изминатиот век, богат и умен човек, гласноговорник, присталица на феминизмот и Битлс кој најмалку го разбиравме.
Во времето кога насилството е насекаде околу нас, се потсетуваме на Џон Ленон како на жртва на истото тоа насилство во државата чија историја изобилува со изобилува со убиствата на невини и познати. Интересно, почина во земја која толку многу не го сакаше! По цели пет години и разни апели, 1976 му беше дозволено да стане граѓанин на ветената земја, за да по четири години стана жртва на истата таа Америка.
Битлси го сменија светот
РОК, ПОП легенди ... Битлси Bitlsi-dzon-lenonЛенон е роден на 9-ти октомври 1940-та во Ливерпул, во несреќен брак на типична англиска средна класа. Несреќните случувања во семејството ги предодредија многуте патишта во животот на Ленон. Во 1955-та се запознава со Пол Макартни, а од тоа пријателство се роди тандем кој ќе стане недостижно творечко јадро во историјата на музиката. Воедно, и прекрасна двигачка сила чие делување во 60-тите ќе ги измени многуте законитости и обичаи во животите на младите ширум светот.
Битлси наметнаа нови правила во светот на шоу-бизнисот, кои подоцна ќе го сменат правецот на културните збиднувања, недостижни до ден-денес...
Есенцијалните Битлси во состав: Џон, Пол, Џорџ и Ринго во текот на своите осум години делување (1962-1970), снимија 13 албуми, учествуваа во создавање на пет филма, а популарната музика ја внесоа во незапаметен публицитет и бројки. Го споија своето задоволство со комерцијалноста, и свртеа пари од кои боли глава. Едноставно, го сменија светот!
Најпосле, на многу фронтови Битлси кренаа револуција, па не чуди што после нив ништо не можеше да биде, ниту имаше смисол да биде како пред нивната појава. Откако тоа го направија, нивната мисија беше завршена!
Му требаа љубов и мир во целиот свет
Во своето последно големо интервју, два месеца пред трагичниот настан, во неделникот Њусвик Ленон им се врати на Битлси, сакајќи да разјасни зошто е безмислено повторно да се соберат бубачките од Ливерпул.
Уште од филмот Како ја добив војната од 1966-та година, барав начин да се извлечам. Битлси беа поим за шеесеттите и можеа да постојат само во тие години. Секој кој мисли дека, ако нас пак не собере, може да повтори некогашен успех – тој е луд! Битлси дадоа се што можеа да дадат, па дури и повеќе од тоа. Пол и јас – На двајцата би ни било здодевно! Секој е градител на сопствената среќа. Тоа е приказна за Битлси...
Запознавајќи ја таинствената и фасцинантна Јапонка Јоко Оно, Ленон не само што ја остава својата жена Синтија и синот Џулијан, и го смени средно име Винстон во Оно, туку започна да го руши митот за Битлси, интензивно упуштајќи се во експериментирања и ангажирања во работи со кои Јапонката беше опседната.
Откако ја испеа пацифистичката химна Дајте му шанса на мирот, а во песната Херој на работничката класа го опеа животот на пролетерите дрогирани со религија, секс и телевизија, Ленон посака да стане жител на земјата против која многу пати крена глас.
По многу перипетии, Америка која верува во Господ, онаа која ги спалуваше неговите слики и ги кршеше неговите плочи, бидејќи кажа дека Битлси се попопуларни од Исус – го прифати пред се како голем уметник, па дури тогаш како човек кој го движат големи пари, без оглед што не и беше до крај јасно зошто нему, кој е богат и славен, му требаат љубов и мир во целиот свет?!
РОК, ПОП легенди ... Битлси Dzon-lenon-2
Копнеж за малку утопија и трошка надеж
Откако во 1970-та Битлси престанаа да постојат, Џон Ленон сними осум албуми. Седум во првата половина на 70-тите, и последниот Double Fantasy, по петгодишната пауза, непосредно пред да замине во вечноста.
Сепак, ремек-делото Imagine од 1971-та година е нешто навистина посебно, и претставува врв во неговата соло-кариера. На овој албум, легендарниот Битлс почувствува потреба за малку утопија и трошка надеж. Искреноста ја препознаа и фановите, па албумот го освои врвот на топ-листите на двете страни од Атлантикот.
Насловната тема Imagine е песна по која Ленон вечно ќе го паметиме. Тоа е химна за човечката вера во подобар свет, без оглед на секојдневието, кое не фрла во очај. На овој албум се и неколку најубави љубовни песни, кои еден маж може да и ги посвети на својата сакана – Oh My Love и Jelous Gay.
Најпосле, Imagine е автопортрет на човекот кој во ист миг е и чувствителен и агресивен, несигурен и силен, самобендисан, но и социјално освестен. Најкомплетен и најурамнотежен соло-албум на Џон Ленон, воедно е и ремек-дело за сите генерации. Достојно за вечноста...
Стана уметник сакајќи да биде слободен
Многу свои вредности Ленон во последната деценија од животот ги жртвуваше испитувајќи се себе си, и барајќи нови начини на комуникација. Крајно оригинален, секогаш чекор пред другите, никогаш не правеше компромиси со актуелните вкусови и трендови. Неговите пораки, неговите идеи и стихови, се примани пошироко и повнимателно. Од својата уметност создаваше секојдневие. Во споменот останува и надвор од музиката, како човек и хуманист, кој копнееше за нешто што не можеше да го најде во своето богатство и слава. Беше среќен кога конечно можеше да констатира дека Војната е завршена!
Во 1975-та Ленон беше разочаран, пред се од себе, па ја остави музиката, со намера да стане подобар и посреќен човек, и користен татко на својот втор син Шон.
Од својата 22-ра година постојано сум врзан со договори, обврски. Станав уметник сакајќи да бидам слободен, бидејќи не можев да се навикнам да одам на работа во одредено време. Одеднаш станав пренатрупан со обврски кон публиката, издавачите, јавноста... Тогаш сосема ја загубив слободата... Мене не можете лесно да ме разберете. Поседувам мир на свештеник, а постојано би сакал да сум на сцена. Нашата работа е таква што постојано мораме да бидеме во центарот на вниманието. Јоко и јас долго посакувавме дете и решивме пет години да му ги посветиме само на него...
РОК, ПОП легенди ... Битлси Dzon-joko-lenon
Битлс кој најмногу го почитувавме
Откако поминаа тие пет години Ленон сними нов албум Double Fantasy, а една од песните (Just Like) Starting Over стана светски хит, без оглед што критичарите лошо го оценија проектот, а публиката покажа огромен интерес.
Кога од болницата Рузвелт во Њујорк пристигна соопштението дека Џон Ленон им подлегна на повредите по атентатот, кој врз него го изврши пореметениот Марк Дејвид Чапман пред луксузниот комплекс Дакота, албумот се наоѓаше на 18-то место на американската топ-листа, за да потоа се вивне до самиот врв. Тоа е проклетството на шоу-бизнисот... На 20-годишнината од убиството, Чапман кажа дека атентатот претставуваше неговата животна мисија. Колку сурово – мисионерот кој молеше да запрат војните, почина од куршум кој некој специјално го наменил за него!
Во 1969-та година едно британско списание направи бесмислена анкета на тема: Кој би бил најславен кога би умрел?, а читателите заокружуваа според овој редослед: Џегер, Ленон, Хендрикс. Од тој список замина и вториот, истиот кој во октомври 1963-та изјави:
Мојот проблем е во тоа што не сакам да остарам. Ја мразам староста...
И така, најславниот Битлс не го доживеа времето во кое ќе остари. Оној кој беше поинаков од сите. Џон можеби не беше сакан колку што беше Пол, ниту симпатичен како Ринго. Не беше конкретен, за да го разбереме како што го разбиравме Џорџ. Но, од тоа друштво беше оној кој најмногу го почитувавме...
Приказни на две оставени жени
РОК, ПОП легенди ... Битлси Joko-ono-sintija-dzulijan-lenonОнаа вечер, во зима 1980-та, кога Џон така ненадејно замина, почувствував дека една половина од мене засекогаш одлете со него. Пролетта дојде и помина. Лето. Ме изненади што дрвјата добија лисја, бидејќи ми се чинеше дека е направда што се друго се уште е така живо. Есента беше прекрасна. И зимата, иако сфатив дека уште долго време зимите ќе ми бидат тешки... Се чувствувам добро кога луѓето се околу мене, мојот син, мојата ќерка... Се смеам, се шегувам. Гледам во небо и дозволувам срцето да ми затрепери... Но, кога ќе останам сама, кога вечерните светла ќе започнат да го бојат светот во виолетово, среде ноќ, пред зора, моето срце и понатаму трепери без престан... – напиша неговата втора жена Јоко Оно во книгата Сеќавање на Џон Ленон, која самата ја осмисли и ја подготви во 2005-та, на 25-годишнината од смртта на Ленон. Таа е составена од сеќавања на неговите блиски и далечни пријатели, кои евоцирајќи ги спомените на Џон, напишаа песна, приказна, нацртаа слика...
И неговата прва жена Синтија, истата таа 2005-та година напиша книга за Ленон. Со наслов Џон Синтија и подари на јавноста извонредна приказна за еден човек, една легенда и еден брак. Имаше 18 години кога се запозна со Џон Ленон, и веднаш се роди љубов. Нивниот заеднички живот, кој траеше десет години, коинцидираше со феноменот на раѓањето на Битлси, од клубовите во Ливерпул до освојување на светот. Синтија Ленон беше интегрален дел од случувањата, кои денес со право ги сметаме за рокенрол историја. Од позиција на соучесник, Синтија изнесува фасцинантни податоци од животот на Џон Ленон, музичка легенда, култен херој и еден од најзначајните личности на 20-от век.
РОК, ПОП легенди ... Битлси Dzon-lenon-joko-ono
Уште еднаш за мистериозната смрт
Без оглед што за официјалната Америка смртта на Џон Ленон е затворена приказна, бидејќи атентаторот Чапман ги призна убиството, па нема спорни елементи, според некои новинари, кои водеа паралелни истражувања, вистината е малку поинаква...
РОК, ПОП легенди ... Битлси Dzon-lenon-3
Имено, заради своите активности во кои најостро ја критикуваше надворешната политика на САД, Џон Ленон постојано беше набљудуван од ЦИА и ФБИ. Затоа, се погласни се размислувањата дека Чапман всушност беше некој кој само добро улета во целата приказна, додека работата ја завршил некој друг. Но, постои и верзија според која Чапман беше човек со измиен мозок или програмиран убиец, кој само ја извршил наредбата. Тие не веруваат дека бил психопат кој имал список со жртви за отстрел...
За било која владеачка гарнитура во САД, мисијата на Џон Ленон и денес би била неприфатлива. Затоа, она што во седумдесеттите не можеше да го прифати Никсон, по неговата оставка заради аферата Вотергејт, не го одобруваше ниту Џими Картер, без оглед што во 1976 година неговата администрација одобри Зелена карта за Ленон и Оно. И тие постојано го набљудуваа Ленон...
Подоцна, ништо немаше да се смени ниту со доаѓањето на Роналд Реган на власт. Неговите војни во Латинска Америка Ленон остро би ги критикувал, а силен противник на властите на Америка би останал и понатаму, не можејќи да ги прифати агресиите врз Либија, Србија и Црна Гора, Авганистан, Ирак..., на Бушовата и Клинтоновата администрација. И, без оглед што во 1997-ма Клинтоновата администрација го објави досијето на Ленон кај ФБИ, недостасуваа десет документи, кои наводно содржаа доверливи податоци кои се однесуваа на националната безбедност.
Ленон беше мисионер, кој и понатаму би правел анти-воени концерти, повикувајќи јавно десетици милиони свои обожаватели во светот да земат активно учество во протестите. А, со неговата ненадејна брутална смрт, неговото дело стана бесмртно!
Иван Беќковиќ
Tea модерна
king
king

Posts : 11124
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

РОК, ПОП легенди ... Битлси Empty Re: РОК, ПОП легенди ... Битлси

Пишување by king Саб Мар 28 2015, 10:14

Ричард Старки, попознат по името Ринго Стар, легендарниот тапанар на Битлси, но и соло-музичар, креативец и уметник, се родил на 7 јули 1940 година во Ливерпул, како син на Ричард и Елси Старки. Родителите му се развеле кога имал 3 години, а мајка му се премажила за Хери Грејвс, кој го охрабрувал Ричард да се занимава со музика. Веќе на 6-годишна возраст преживеал сериозни здравствени тешкотии, кога поради компликации дури паднал во кома. На 13 години го фаќа плеуритис поради кој две години минува во болница. По ваквото долго болничко лекување, не се вратил во училиште, па не можел да се запише ни во гимназија. Отишол во средно техничко училиште, кое го напушта во 1955, и би се рекло дека тогаш едвај знаел да чита и да пишува. Од 1957, со пријателите го основа својот прв бенд, а две години подоцна се вклучува на бендот „Рејвинг Тексанс“, кога го добива прекарот Ринго Стар, пред сè поради прстените кои ги носел, но и затоа што тоа име „звучело каубојски“. До октомври 1960. групата добива ново име, „Рори Сторм енд Харикејнс“ и во текот на гостувањето во Хамбург, Ринго се сретнува со Битлси. Со Макартни, Ленон и Харисон свири прв пат на 16 октомври 1960. Од август 1962 станува постојан член на Битлси. Оваа промена во бендот не е добро примена меѓу фановите, и во текот на еден настап дошло и до тепачка со публиката.


РОК, ПОП легенди ... Битлси Ringo_starr-e1341660639557Ринго Стар со Битлси ќе остане до 1970 година. Тензиите во бендот растеле, а кавгите меѓу членовите станувале сè почести, па Ринго Стар привремено излегува од Битлси, во времето на снимање на „Белиот албум“, 1968 година. Две недели поминува со актерот Питер Селерс на неговата јахта игнорирајќи ги повиците да се врати. И покрај тешкиот период за групата и прекинувањето на снимањето, овој албум добро одекна во јавноста и продаден е во 30 милиони примероци. Сепак, две години подоцна, во 1970, Ринго го снима и првиот соло-албум под името „Сентиментално патување“, а Битлси го објавија конечното разидување.
Неговата страст кон создавањето музика го донесува до тоа да стане прв член на Битлси што ги освоил топ-листите (1971). Идните години се редат хитови, а повремено соработува со поранешните членови на Битлси Харисон и Ленон.
Во текот на 1971 основа и компанија, која се занимава со мебел, во која го покажа талентот за дизајн на мебел, преку препознатливи понекогаш дури и „откачени“ детали во поп арт-стил, како што е на пример, масата во облик на цвет или каминот во облик на крофна. И покрај секој друг облик на искажување на креативност, Ринго остануваше во музиката, а во 1975 основа и своја музичка куќа.

Уште од времето на Битлси, Ринго Стар имаше главна улога во.неколку РОК, ПОП легенди ... Битлси Ringoфилма за самата група, а се појавуваше и во други филмски остварувања. Учествуваше во многу документарни емисии, а во текот на 80-те снимаше дури и детски телевизиски серии.
Од 1989 Ринго гостува низ целиот свет, свири со својот бенд. Покрај музиката, слика, дизајнира, а се занимава и со филантропска работа, учествува во кампањи на еколошките здруженија, на хуманитарни концерти, а последна во низата кампањи е онаа за сочувување на носорозите.
Од 1965 до 1975 беше во брак со својата долгогодишна девојка Морин Кокс, со која доби три сина, Зак, Џејсон и Ли. По разводот од Морин, Ринго се ожени со актерката Барбара Бах.
Ринго Стар живее на релација меѓу Англија, Швајцарија и Лос Анџелес. Активен е, неуморен, секогаш полн со изненадувања за публиката. Најави дека никогаш нема да напише автобиографија, па со овој краток осврт му го честитаме роденденот.

http://www.mkd.mk/42755/zabava/roden-na-denesen-den-ringo-star
king
king

Posts : 11124
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

РОК, ПОП легенди ... Битлси Empty Re: РОК, ПОП легенди ... Битлси

Пишување by king Саб Мар 28 2015, 10:17

Џорџ Харисон, МБЕ (25 февруари 1943 – 29 ноември 2001) е англиски рок гитарист, пејач, текстописец, автор и ситарист, добитник на оскар и Греми, најпознат како водечки гитарист на легендарните Битлси. По распадот на групата, Харисон има успешна кариера како соло-изведувач, а подоцна и како член на Травелинг Вилберис, каде ги добива псевдонимите Нелсон и Спајк Вилбери. Исто така работи и како филмски продуцент, преку својата продукциска куќа Handmade Films, која вклучува работа со личности од типот на Мадона и членовите на групата Монти Пајтон, на чиј хумор Џорџ бил особен обожавател.

Рангиран е на 21то место на листата на 100 најголеми гитаристи на сите времиња според списанието Rolling Stone.



Последната промена е направена од king на Саб Мар 28 2015, 10:20. Мислењето е променето 1 пати
king
king

Posts : 11124
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

РОК, ПОП легенди ... Битлси Empty Re: РОК, ПОП легенди ... Битлси

Пишување by king Саб Мар 28 2015, 10:18

РОК, ПОП легенди ... Битлси GeorgeRshankar-e1330200882238Џорџ Харисон и Рави Шанкар, 1974 година
Харисон, како и другите Битлси, потекнувал од работничко семејство, а уште во раната младост станал еден од најуспешните и најпознати музичари во историјата. Од 1961 до 1966 со Битлси свирел на над 1.400 концерти низ светот, некогаш и по три пати на ден. До својата дваесет и трета година веќе имал искусено живот исполнет со вознемиреност, депресија и дрога. Разочаран од задоволствата, но и од цената што ја носела славата, ги оставил Ленон и Макартни да уживаат во неа, и го започнал патувањето што ја трансформирало неговата музика и го редифинирало остатокот од неговиот живот.
Светот на Џорџ Харисон беше излезен од контрола уште од есента 1965. Парите, дрогата, сексот и дотогаш невидената слава и популарност го оставија Џорџ жеден за нешто повеќе. На снимањето на вториот филм на Битлси (Хелп), Џорџ наишол на ситар, индиски музички инструмент, и почнал да свири обземен од волшебниот звук. Инспириран од ситарот, Џорџ ќе ги купи сите албуми на познатиот ситарист Рави Шанкар, а во јуни 1966 ќе побара и да го запознае Шанкар. Изразувајќи му восхит, тој му признава дека сака да научи да свири подобро на ситар, а Шанкар прифаќа да го подучува. И иако во последните 4 години Џорџ беше постојано во друштво на претседатели, кралеви, ѕвезди и познати личности, никој не успеа да допре до него како овој скромен свирач на ситар, кој му зборуваше за смирување на луѓето со света музика.
„Мојата цел отсекогаш била да ја поведам публиката со себе длабоко внатре, како во медитација, да ја почувствува слатката болка во обидот да се посегне по Возвишеното“, овие зборови на Рави засекогаш ќе го сменат животот на Џорџ Хрисон. Последниот концерт со Битлси ќе го отсвири на 26 август 1966 и со сопругата Пети ќе замине за Индија во потрага по внатрешен мир.

Од Бомбај до Кашмир

Во Индија продолжува со часови по ситар. А кога почувствувал болки во грбот од долго седење и свирење, Рави му повикал јогин да го подучи на одредени положби на телото, но и на техники за дишење. Од бучниот Бомбај, каде што многумина го препознавале, Џорџ Харисон ќе се присели во пустиот Кашмир. Таму започнува неговата духовна одисеја на самопознавање, на практикување јога, медитации и читање на индиските големи учители.
РОК, ПОП легенди ... Битлси Ravi-shankar-george-harrison-collaborations-L-Pd37GN-e1330201065663Рави ќе стане еден вид на духовен учител на Џорџ
По шест месеци Џорџ и Пети се враќаат во Англија, а на новинарите на аеродромот им вели:
„Премногу луѓе имаат погрешна претстава за Индија. Сите веднаш ја поврзуваат со сиромаштијата, страдањето и гладувањето. Но таму има многу повеќе од тоа. Духот на луѓето, убавината и добрината. Таму луѓето имаат невидена духовна сила, која не верувам дека може да се најде на друго место. Тоа се обидував да го научам додека бев таму.“
Следните три децении Харисон ќе ги посвети на духовноста, учествува на кампањи за зашита на животната средина и во демонстрации против употреби на нуклеарно оружје. „Никој од нас не е Бог, туку е само божји слуга“, велел. Станал вегетеријанец, а јогата и медитацијата му станале секојдневие: „За да останам фокусиран и да ги одржам ентузијазмот, енергијата и разбирањето дека сè што се случува околу мене е една обична глупост.Тешко е да успееш тоа да не допре до тебе.“

РОК, ПОП легенди ... Битлси George_harrison_ravi_shankar1-e1330201182369Сакам да го најдам Бог

Во едно писмо што го напишал до мајка си, вели: „Сакам да се самореализирам. Сакам да го најдам Бога. Не ме интересираат материјалните нешта, светот, славата, одам кон вистинската цел. Се надевам дека не се грижиш за мене, мамо“. Во основата тоа е и филозофијата според која живеел сè до смртта. А помалку од една година пред смртта рекол: „Сега ги разбирам 90-годишните луѓе што се чувствуваат како тинејџери. Душата е во телото при раѓањето и при смртта. Единственото нешто што се менува е состојбата на телото.“

http://www.mkd.mk/15806/zabava/roden-na-denesen-den-dzordz-harison
king
king

Posts : 11124
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

РОК, ПОП легенди ... Битлси Empty Re: РОК, ПОП легенди ... Битлси

Пишување by чучулига Вто Aвг 04 2015, 23:07

чучулига
чучулига

Posts : 13528
Join date : 2014-07-11

Вратете се на почетокот Go down

РОК, ПОП легенди ... Битлси Empty Re: РОК, ПОП легенди ... Битлси

Пишување by чучулига Вто Aвг 04 2015, 23:19

чучулига
чучулига

Posts : 13528
Join date : 2014-07-11

Вратете се на почетокот Go down

РОК, ПОП легенди ... Битлси Empty Re: РОК, ПОП легенди ... Битлси

Пишување by чучулига Вто Aвг 04 2015, 23:23

не се брзам јас.. ќе стигниме до Џастин Биберр


Laughing Very Happy Laughing Very Happy Laughing
чучулига
чучулига

Posts : 13528
Join date : 2014-07-11

Вратете се на почетокот Go down

РОК, ПОП легенди ... Битлси Empty Re: РОК, ПОП легенди ... Битлси

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот