ВЕТЕРНИЦА
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Првото заседание на АСНОМ

Go down

Првото заседание на АСНОМ Empty Првото заседание на АСНОМ

Пишување by king Нед Aвг 02 2015, 09:58

Преземен текст...


Прво заседание на АСНОМ


Првото заседание на АСНОМ AsnomПрвото заседание на АСНОМ претставува државно конституирање на македонскиот народ и народностите во Македонија. На него се донесени повеќе решенија, меѓу кои се решението за конституирање на антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија АСНОМ во врховно законодавство и исполнително тело на Македонија и заведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава, решение за донесување декларација за основните права на граѓаните во демократска Македонија.
Во есента 1943 година беше формиран Иницијативен одбор за подготовка за создавање на АСНОМ. Во март 1944 Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ донесе одлука за избор на градски, селски, околиски и окружни народноослободителни одбори, како и за избор на делегати за Првото заседание на АСНОМ.
Во писмото на Иницијативниот одбор (од 14 март 1944) се укажува дека кандидатите за собранието без оглед на нивната верска или политичка припадност треба да бидат луѓе што на дело ја покажале преданоста кон НОБ, што се согласуваат со политичката концепција изложена во манифестот на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија, од октомври 1943 година.
Во пролетта и летото 1944 година во Македонија се одржаа селски, градски и окружни конференции на кои се избрани раководствата на органите на народната власт на повеќе од 500 народноослободителни одбори и делегати за Првото заседание на АСНОМ.
На 2 август 1944 во манастирот Прохор Пчињски, почна Првото заседание на АСНОМ за кое беа избрани 116 длегати... На Заседанието е избран Президиум во состав: претседател Методија Андонов-Ченто, и двајца потпретседатели - Панко Брашнаров и Мане Чучков и 18 членови, од кои два секретара - Љупчо Арсов и Владо Полежина, потоа претставници од Македонијаза АВНОЈ, како и повеќе помошни тела на Президиумот.
Заседанието на АСНОМ за својата работа објави прокламација до македонскиот народ, во која, меѓу другото, стои: „Од тешките борби и пролеаната крв на најдобрите македонски синови излегува денеска првото народно собрание, тој симбол на твојата слобода и изразител на твојот суверенитет...Вековниот идеал на македонскиот народ се постигна.
Заседанието на АСНОМ претставуваше потврда за постигнатите политички цели, а едновремено и повик за општа мобилизација на македонскиот народ и народностите за конечна победа - за истерување на окупаторите.
Со Првото заседание на АСНОМ како врвно достигнување на НОБ на Македонија се обележува почетокот на постоењето на Социјалистичка Република Македонија во федерација со југословенските народи... На 28 декември 1944 година во Скопје во ослободена Македонија започна со работа првото вонредно заседание на АСНОМ, познато како Второ заседание.
Президиумот на АСНОМ по Првото заседание ја презеде грижата околу развитокот на културата и просветата. Така, уште пред Македонија да биде ослободена, се организира широка мрежа училишта од различен вид и различен степен. Пото се донесе решение основната настава да трае седум години, а средната - пет. Беа разгедувани и можностите за формирање на некои институти. Се преземаат мерки за отворање гимназии во Скопје, Битола, Штип, Куманово, Прилеп, Струмица, Тетово, Велес и Охрид.
На 1 декември 1944 Президиумот на АСНОМ решава во Скопје да се организира музичка академија, уметничка и учителска школа и други средни школи... По ослободувањето на Скопје, во декември 1944, се организира посебна офицерска школа за усовршување на старешинскиот кадар... Во овој период се раѓа првата повоената генерација македонски поети и писатели, ликовни и музички уметници.
Во почетокот на есента 1944 година, културно-просветната група "Кочо Рацин" создава јака театарска група и дава драмски претстави во џамијата во село Горно Врановци. По ослободувањето на Скопје, во културно-просветната група "Кочо Рацин" од составот на единиците се вклучуваат извесен број сртисти кои почнуваат да градат професионален македонски народен театар со драма, опера и нешто подоцна балет... Во октомври 1944 година во Врановци се формира машки хор при Главниот штаб, кој по ослободувањето израсна во хор на Армијата во Скопје... Во октомври 1994 село Горно Врановци станува место каде што се воспоставува повоената македонската наука, култура и уметност.
Извор: ("Историја на македонскиот народ"- Александар Стојановски, Иван Катарџиев, Данчо Зографски, Михаило Апостолски).
…Како што е општо познато, Првото заседание на АСНОМ се одржа на 2 август 1944 година во конаците на Манастирот Свети Отец Прохор Пчински.
Заседанието го отвори Панко Брашнаров, учител од Велес, кој на 122 народни пратеници им се обрати со поздравна реч. Тој на делегатите им се обрати со следниве зборови:
Другарки и другари народни претставници,
Во овој момент, во ова историско место Св. Отец Прохор  Пчински и на овој историски ден - Илинден, кога објавувам дека е отворено првото Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија, душава ми е преполна со радодост и пред премрежените очи гледам како се раздвижиле сите реки од Пчиња до Вардар до Места и до Бистрица, заплискувајќи ја целата македонска земја, сакајќи од македонскиот народ да го измијат десетвввековниот  ропски срам од пропаста на Самоиловата држава, за да се роди денеска нова, светла и слободна македонска држава.
Во овој момент, земјата на нашите покојници - многубројни народни херои, кои што паднаа и ги посеаа коските по цела Македонија, им станува полесна и тие во мир веќе го гледаат изгревот на нашата слобода, ја гледат идеалната дружба старите илинденци - на Гоце Делчев и на денешните илинденци - младата македонска војска, и поставените темели за остварувањето на идеалот, на две поколенија, на две епохи- слободна, обединета Македонија.
Во знак на почит кон паднатите јунаци, ве поканувам да им ја изразиме со едноминутно молчење нашата вечна, бескрајна благодарност. Вечна слава на паднатите херои за слободата на Македонија!
Другари народни представници, жив сведок сум на два Илиндена -1903 и 1944 година. Во моите спомени се нижат безброј моменти за илинденската народна епопеја за Крушевската република. Бескрајни беа напорите на вооружениот македонски народ, огромна беше жедта за слобода, борбата го дарува со слободна Кришевска република. Но, разјарениот башибузук и турската регуларна војска се нафрлија и го затрупаа оазисот на слободна Македонија-Крушевската република, го задушија востанието и го стегнаа искрвавениот народ во ново робство.
Животворниот извор на слободата не секна. Македонија ја поделија, ропствата се сменија, но борбата на македонскиот народ не престана. Кога сите поробени народи на Југославија се дигнаа против денешниот непријател на целото човештво - фашизмот, и македонскиот народ се нареди во таа борба. Тој во неа виде можност да ја помогне општата борба, на сите поробени народи и на целото  слободољубиво човештво и да го оствари својот вековен национален идеал.
И ете, како резултат на тригодишните крвави борби, македонскиот народ ја врза својата судбина со судбината на сите југословенски народи, помогна, со крв и со борба, да дојде до нова братска, демократска и федеративна Југославија. Денес на вториот славен Илинден, последен Илинден на неослободена Македонија, се ставаат темелите на македонската држава, во која што нашиот   народ ќе се обедини и ќе заживее онаков среќен живот каков што заслужува по своите претрпени ропски маки и петвековни борби.
Да е жива нашата мила македонска федерална држава!
Да е жива федеративна, демократска Југославија, заеднички покров на братските јужнословенски народи!”
Од говорот на членот на Иницијативниот одбор, стариот илинденец Панко Брашнаров, повеќе од очигледно е дека македонското Собрание го одржуваат на македонска територија и во македонски манастир.
Извор: Ставре Џиков-СВЕТИ ПРОХОР ПЧИНСКИ; Скопје, 2000.

http://www.mn.mk/istorija/8276-Prvo-zasedanie-na-ASNOM


king
king

Posts : 11124
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Првото заседание на АСНОМ Empty Re: Првото заседание на АСНОМ

Пишување by king Нед Aвг 02 2015, 10:05

Првото заседание на АСНОМ Images?q=tbn:ANd9GcRRrZztfxt43_gze7PaBuflO_SoTxpjf-Yxe-eUxMlxM_UtRIl3
king
king

Posts : 11124
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот