ВЕТЕРНИЦА
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Можеше ли Југославија да опстане?

+3
concrete
кнез
king
7 posters

Страна 1 of 3 1, 2, 3  Next

Go down

Можеше ли Југославија да опстане? Empty Можеше ли Југославија да опстане?

Пишување by Guest Сре Јун 04 2014, 16:24

По мое мислење, не.

Премногу глуп народ на малце простор.
Не зборам за рајата туку за тие што ја владееле.
Ниту економски ниту општествено неможела да ја одржи кохезијата.

Guest
Гостин

Вратете се на почетокот Go down

Можеше ли Југославија да опстане? Empty Re: Можеше ли Југославија да опстане?

Пишување by king Сре Јун 04 2014, 19:55

Не....
нејзиниот опстанок никако не се уклапаше во „новиот светски поредок“ каде се предвидуваше да доминира само една супер сила
king
king

Posts : 11124
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Можеше ли Југославија да опстане? Empty Re: Можеше ли Југославија да опстане?

Пишување by кнез Чет Јун 05 2014, 08:49

Прашањето дали можеше да опстане Југославија е историско прашање и секако дека е многу интересно,но јас би прашал дали може да се форимира и опстане некоја идна Југославија или како веќе ќе се вика и тоа не од истите членки туку од Македонија Србија Црна Гора Репулика Српска и Бугарија.
Инаку за темата,Југославија ја победија поголеми сили а таа се покажа како неспособна одвнатре да одговори на нападите однадвор потпомогнати одвнатре.
Значи Југославија беше поразена и како таква уништена како држава.
Тоа што се случуваше со Јужните Словени и нивниот пораз сега е во обид со источните и западните Словени а единствена пречка за тоа е Путинова Русија.

кнез

Posts : 688
Join date : 2014-06-04

Вратете се на почетокот Go down

Можеше ли Југославија да опстане? Empty Re: Можеше ли Југославија да опстане?

Пишување by concrete Чет Јун 05 2014, 17:22

кнез, добродошол...ни фалат овде кнезови... Very Happy 
Мора да се работи на реконструирање и возобновување на Јужнословенската државна заедница, прво во економски,одбрамбен,а полека, полека  и во политички смисол.
Иако изгледа сега невозможно , многу бргу сите ќе сватат дека тоа е единствениот пат да опстанат како слободни луѓе  и не исчезнат од лицето на планетата Земја.
Како ми се гледа тоа може и многу бргу да се случи, побргу и од секоја луда претпоставка. Работите стануваат многу јасни и се избиструва кај сите сознанието: ќе не има или нема да не има..прашањето е сега.
concrete
concrete

Posts : 7035
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Можеше ли Југославија да опстане? Empty Re: Можеше ли Југославија да опстане?

Пишување by Guest Чет Јун 12 2014, 16:35

Ако чекаме на политичарите кои практично се сите до еден купени и слуги на Западот ќе биде од нас едно големо ништо.
За обновување на Југославија зборам во економскиот дел потребно е приватна инцијатива, а не да се седи во кафана и да се прават празни муабети за едни убави времиња.

Guest
Гостин

Вратете се на почетокот Go down

Можеше ли Југославија да опстане? Empty Re: Можеше ли Југославија да опстане?

Пишување by Arhimed Чет Јун 12 2014, 18:19

еве_сега_одма напиша:Ако чекаме на политичарите кои практично се сите до еден купени и слуги на Западот ќе биде од нас едно големо ништо.
За обновување на Југославија зборам во економскиот дел потребно е приватна инцијатива, а не да се седи во кафана и да се прават празни муабети за едни убави времиња.

СФРЈ зариба економски.
Не смеам да постирам линкови 7 дена, така да без линкови повели цитати:
ШТО Е СО НОСТАЛГИЈАТА ПО ЈУГОСЛОВЕНСКАТА ЕКОНОМИЈА?
Дилемата не е околу "добрите времиња," дилемата е дека тие добри времиња не се базирале на економија изградена на стабилна основа како што тоа сакаат да веруваат најголемиот дел од луѓето што живееле во овие добри времиња...неколку децении градење на економија која беше така структурирана што нејзиното преживување зависеше од постојано зголемување на надворешниот долг - зависничка економија
Слично заглави и Грција, само што СФРЈ зариба подлабоко.
Сличен напис имаш и од Виктор Трифуновски
Од Вардара, па до Триглава колективен банкрот се одиграва!
..за прв пат е создадена илузијата кај нашите луѓе, дека навистина е возможно да се живее со кредити кои НИКОГАШ никој нема да ги врати. И уште повеќе, дека е возможно да се живее со помалку труд, трошејки ги парите на гастербајтерите кои беа праќани во родниот крај. Така почнува да се гради овдешната економска култура која постои и денес, да се троши повеќе одколку што реално се заработува. И што е најлошо, годините кои следат таквата заблуда ја надоградуваат уште повеќе.[/quote]

Економско поврзување на остатоците од СФРЈ е сосема можно. Македонија има договор за асоцијација со ЕУ и трговија без царини, така да пазарите на Словенија и Хрватска (+ Бугарија и Грција) се отворени.

Разликата до членството во ЕУ е во тоа што стоката при извоз мора да помине низ царина, т.е. златна рака на цариник да ти потпише документи.

Arhimed

Posts : 242
Join date : 2014-06-11
Location : Мисисага, Канада

Вратете се на почетокот Go down

Можеше ли Југославија да опстане? Empty Re: Можеше ли Југославија да опстане?

Пишување by concrete Чет Јун 12 2014, 18:35

Arhimed напиша:
еве_сега_одма напиша:Ако чекаме на политичарите кои практично се сите до еден купени и слуги на Западот ќе биде од нас едно големо ништо.
За обновување на Југославија зборам во економскиот дел потребно е приватна инцијатива, а не да се седи во кафана и да се прават празни муабети за едни убави времиња.

СФРЈ зариба економски.
Не смеам да постирам линкови 7 дена, така да без линкови повели цитати:
ШТО Е СО НОСТАЛГИЈАТА ПО ЈУГОСЛОВЕНСКАТА ЕКОНОМИЈА?
Дилемата не е околу "добрите времиња," дилемата е дека тие добри времиња не се базирале на економија изградена на стабилна основа како што тоа сакаат да веруваат најголемиот дел од луѓето што живееле во овие добри времиња...неколку децении градење на економија која беше така структурирана што нејзиното преживување зависеше од постојано зголемување на надворешниот долг - зависничка економија
Слично заглави и Грција, само што СФРЈ зариба подлабоко.
Сличен напис имаш и од Виктор Трифуновски
Од Вардара, па до Триглава колективен банкрот се одиграва!
..за прв пат е создадена илузијата кај нашите луѓе, дека навистина е возможно да се живее со кредити кои НИКОГАШ никој нема да ги врати. И уште повеќе, дека е возможно да се живее со помалку труд, трошејки ги парите на гастербајтерите кои беа праќани во родниот крај. Така почнува да се гради овдешната економска култура која постои и денес, да се троши повеќе одколку што реално се заработува. И што е најлошо, годините кои следат таквата заблуда ја надоградуваат уште повеќе.

Економско поврзување на остатоците од СФРЈ е сосема можно. Македонија има договор за асоцијација со ЕУ и трговија без царини, така да пазарите на Словенија и Хрватска (+ Бугарија и Грција) се отворени.

Разликата до членството во ЕУ е во тоа што стоката при извоз мора да помине низ царина, т.е. златна рака на цариник да ти потпише документи.

хммм.., не би се сложил. Посебно па споредба со Грција нема веза. Југославија не зариба и потоа исчезна во услови на крвава режирана квази-националистичка војна за лепе очи.
Таа требаше да исчезне и тоа е направено со сите нишани и со сесрдна помош на НАТО предаторите и ЕУ педофилистичарите, и нема врска ниту со кредити ниту со некава измислена омраза меѓу луѓето...
Ако е за така,  една Грција ќе отидеше парам-парче со багажот од Граѓанската Војна...уште многу пред да украде и евро од европските фондови и банки....
Или ќе кажеш дека  на пример либијците се генетски кретени, несвесни во каков убав свет живеат..па заради преголемата желба за крвава демократија завршија каде завршија???
Економското поврзување кое се спомнува е само илузија. Џабе ти е било какво поврзување на робови. Парите и капиталот одат на други адреси...далеко-далеко... На овие екс-jу простори останува само она малку дадено на робовите да преживеат. И долговите од кредитите на пари напечатени во федералните подруми...без никаква покриеност со стока и труд зад неа. Very Happy  Very Happy  Very Happy

.............не ми е јасно за каква забрана од седум дена на постирање овде збориш...???, кој ти забранил????
concrete
concrete

Posts : 7035
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Можеше ли Југославија да опстане? Empty Re: Можеше ли Југославија да опстане?

Пишување by Arhimed Чет Јун 12 2014, 19:27

Нови членови не смеат да постираат линкови - морав да ги тргнам линковите, инку не ми се прифаќаше постот.

Темата ја сфатив како обид за економска обнова на СФРЈ, така и ја третирам.

Набрзинка за распадот на СФРЈ:

Во Либија, Сирија и во Украина беа вооружени противниците на власта. Меѓутоа, СФРЈ имаше внатрешни проблеми кои беа искористени од надвор (САД, Британија, ...) за да се предизвика нејзин распад. Главниот извршител потоа го уапсија и го скинаа, џабе се пенавеше да ги викне како сведоци нарачателите од 1991.
Ако трагаш по нарачатели - Во едно интервју Никола Младенов, Бог да го прости, има кажано дека од САД ни испорачале про-фактура за одредени побарувања на МАкедонија кон Грција. Притоа образложи дека една регионална војна со Грција и Турција е голем пазар на оружје.
Најевтина варијанта на подбуцнувачите им беше да најдат корумпирани политичари кои ќе бараат Голема Македонија.

Војната во СФРЈ дополнително им одговараше на оние кои планираа да извршат трансформација на општествениот капитал ( во Србија и Хрватска), а во Македонија ситуацијата исто ја искористија локалните мафијаши.

Arhimed

Posts : 242
Join date : 2014-06-11
Location : Мисисага, Канада

Вратете се на почетокот Go down

Можеше ли Југославија да опстане? Empty Re: Можеше ли Југославија да опстане?

Пишување by concrete Чет Јун 12 2014, 19:34

Arhimed напиша:Нови членови не смеат да постираат линкови - морав да ги тргнам линковите, инку не ми се прифаќаше постот.

Темата ја сфатив како обид за економска обнова на СФРЈ, така и ја третирам.

Набрзинка за распадот на СФРЈ:

Во Либија, Сирија и во Украина беа вооружени противниците на власта. Меѓутоа, СФРЈ имаше внатрешни проблеми кои беа искористени од надвор (САД, Британија, ...) за да се предизвика нејзин распад. Главниот извршител потоа го уапсија и го скинаа, џабе се пенавеше да ги викне како сведоци нарачателите од 1991.
Ако трагаш по нарачатели - Во едно интервју Никола Младенов, Бог да го прости, има кажано дека од САД ни испорачале про-фактура за одредени побарувања на МАкедонија кон Грција. Притоа образложи дека една регионална војна со Грција и Турција е голем пазар на оружје.
Најевтина варијанта на подбуцнувачите им беше да најдат корумпирани политичари кои ќе бараат Голема Македонија.

Војната во СФРЈ дополнително им одговараше на оние кои планираа да извршат трансформација на општествениот капитал ( во Србија и Хрватска), а во Македонија ситуацијата исто ја искористија локалните мафијаши.

хмммммм.... Very Happy 
concrete
concrete

Posts : 7035
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Можеше ли Југославија да опстане? Empty Re: Можеше ли Југославија да опстане?

Пишување by David 1 Саб Јун 14 2014, 21:02

ajde minut pred utakmicava, ( si mi pustil mail za debata Wink...okolu raspadot na YU, kauzalnosta barajte ja na relacija US vs SSSR, t.e. ako SSSR ne se raspadnese nemase ni nie..Regan go stegna Gorbacov so zvezdenite vojni, go uslovi > ili daj demokartija ili nema stopiranje na star wars...i kako Gorbacov dade demokarija vo zapaden smisol taka i nie, i dojdovme do ovde, nbitu pak tie se poarni ...btw, toj sistem nemozese da opstane ...

David 1

Posts : 2
Join date : 2014-06-14

Вратете се на почетокот Go down

Можеше ли Југославија да опстане? Empty Re: Можеше ли Југославија да опстане?

Пишување by concrete Саб Јун 14 2014, 21:45

David 1 напиша:ajde minut pred utakmicava, ( si mi pustil mail za debata Wink...okolu raspadot na YU, kauzalnosta barajte ja na relacija US vs  SSSR, t.e. ako SSSR ne se raspadnese nemase ni nie..Regan go stegna Gorbacov so zvezdenite vojni, go uslovi > ili daj demokartija  ili nema stopiranje na star wars...i kako Gorbacov dade demokarija vo zapaden smisol taka i nie, i dojdovme do ovde, nbitu pak tie se poarni ...btw, toj sistem nemozese da opstane ...

...а кој можеше???? Very Happy 
concrete
concrete

Posts : 7035
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Можеше ли Југославија да опстане? Empty Re: Можеше ли Југославија да опстане?

Пишување by David 1 Саб Јун 14 2014, 21:57

samo onoj koj e vo sluzba na negovoto visocestvo Wink

David 1

Posts : 2
Join date : 2014-06-14

Вратете се на почетокот Go down

Можеше ли Југославија да опстане? Empty Преместен пост

Пишување by Arhimed Пет Aвг 15 2014, 01:59

СВЕДОШТВО НА ГАВРО ДОТЛИЌ, УПРАВИТЕЛ НА РЕЗИДЕНЦИЈАТА „ЈОСИП БРОЗ“ (1):

Тито сериозно мислеше дека е крал на Југославија и дека сè му припаѓа нему Дневник
Дотлиќ, кој по војната останал сосема сам, семејството целосно му било ликвидирано од усташите, вршејќи ја ревносно својата работа, многупати не можел да разбере што се случува со голтарите што по војната почнале да се однесуваат како вистински буржуи живеејќи во раскош кој се држел подалеку од очите на јавноста. Оние што влегле во поскромни куќи во елитниот дел на Белград им љубомореле на оние што зафатиле поубави, пораскошни туѓи вили и имоти. Сметајќи дека народот еден ден сето тоа мора да го дознае, Дотлиќ тајно правел копии на документи од разни малверзации, набавки што се правеле за резиденцијата, но и за разните патувања, подароци, дневници, хонорари, случувања и настани на кои учествувала комунистичката елита на Југославија која немала мерка, која крадела како ќе стигне и што ќе стигне. Благодарение на неговите документи, сега може да се види во каков раскош живееле луѓето за кои обичниот народ, оној што по војната гладувал, а потоа одвај врзувал крај со крај, морал дури и да пее дека никогаш нема да скршне од неговиот, односно нивниот пат.
„Одлуката да пишувам за развратот и за финансиското злосторство што се случуваше околу Тито ја донесов уште кога бев управник на земјоделските стопанства, ловиштата и на другите имоти на Тито во Земун, Вршац, Чортановци, Динавка, Раковица, но и на Стариот и Белиот на кралски двор на семејството Kараѓораѓевиќ на Дедиње, кој сега беше имот на Тито. Значи, гледајќи што се случува со овој имот, а слично беше и со ваквиот имот насекаде во Југославија, сфатив дека Тито не избира средства за својот раскошен живот, за стекнување лично богатство. Kако што годините поминуваа, така се трупаа и злоупотребите, па се прашував може ли и треба ли сето тоа да остане тајна за нашиот народ и за историјата знаејќи дека богатството што тој го имаше узурпирано, всушност, треба да е богатство на народот. Kога дојде денот на моето заминување во пензија во 1968 година, документацијата што ја собирав и копирав требаше да ја однесам дома. Тогаш ме обзеде чувство на страв затоа што уште беше свежо сеќавањето на елиминацијата на Ранковиќ, кога по барање на Јованка беше до темел претресена неговата вила. Си мислев што ли би му се случило на еден обичен службеник, каков што бев јас, и на неговото семејство, ако ме фатат како ги изнесувам опасните документи за безобразната разузданост и алчност на Тито, Јованка и на луѓето околу нив. А знаев дека ако не ги изнесам документите веднаш, никогаш веќе нема да имам шанса за тоа. Документите што ги имав селектирано, сепак успеав да ги изнесам без последици. За нив долго не знаеше никој, дури ни моите најблиски. Не се осмелив да објавам ништо од нив цели петнаесет години“, запишал Дотлиќ во своите спомени објавени заедно со збирката документи што ги изнел од резиденцијата на Тито на Дедиње. А во документите навистина има фрапантни докази за финансиските злосторства што ги правела комунистичката елита околу Тито. Притоа секој што ќе ги види документите, сигурно ќе се запраша зарем е можно сето тоа да се случувало во куќата на првиот комунист, на безгрешниот татко на нацијата, на саканиот другар и на неговата другарка, но и во куќите на неговите соработници, луѓето околу него, особено оние што биле под директна контрола на аѓутантот на Тито, генералот Милан Жежељ.
Ништо чудно. Тито во 1949 пребега од кај Сталин кај Черчил (како што во македонскиот парламент пребегнуваат пратеници). За убави очи секако не.

Arhimed

Posts : 242
Join date : 2014-06-11
Location : Мисисага, Канада

Вратете се на почетокот Go down

Можеше ли Југославија да опстане? Empty Re: Можеше ли Југославија да опстане?

Пишување by king Пет Aвг 15 2014, 02:20

Пааа ... во тоа време секој директор на било кое ООЗТ па и на тоа најутепаното си беше своевиден крал .. за тие од СИЗ-овите па ич муабет да не правиме, ...
па сеа за Тито ќе ситничариме ....
..камо да беше само тој ....
..а бе шо ти е гајле ... важно сите пееја ...„друже Тито ми ти се кунемо“ ..и тоа најискрено ...
.. а тек она ... Тито партија, омладина акција ...
...нарочито омладинките ... lol!

..ама па.. од друга страна ... ебеш му матер ... за разлика од денес, за сите имаше по нешто ...
...
..само ...јбг.. заврши тоа ...
... никаков ќар неаме од тоа што некој сензационалистички ќе извади некакви си „документи“, на кој начин тоа денес ни помага???
king
king

Posts : 11124
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Можеше ли Југославија да опстане? Empty Re: Можеше ли Југославија да опстане?

Пишување by king Пет Aвг 15 2014, 02:21

Напишано од Архимед

Дали имаме ќар? Па да не се сопнуваме пак на истиот камен, да не дозволиме жедни преку вода да не преведат.
Сите тие кралеви што ги спомна беа најобични паразити.

Последниве два поста се ископирани од темата ... „Разни вести онака без врска„ ... а од таа тема се избришани ...
king
king

Posts : 11124
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Можеше ли Југославија да опстане? Empty Re: Можеше ли Југославија да опстане?

Пишување by Arhimed Пет Aвг 15 2014, 18:28

На тема Македонска Економија имаше ваква забелешка од Конкрит:
concrete напиша:И крајно време е да се престане СФРЈ со опањкавање..околу некакви си ти долгови, таа држава НЕМАШЕ ДОЛГ.., ни фрактал од она што денес се подразбира...како долг..., нејзината смрт ја  уприличија  од сосема дриги причини....
За СФРЈ викаш немаше долг? И дека други и ја уприличија смртта?
За разлика од Либија и Ирак, никој не ја бомбардираше СФРЈ за да се распадне.
СФРЈ сама се зароби во должничкиот круг, никој не и стави пиштол на глава за да зема кредити од тогашни 20 милијарди долари. Елементарната логика за да земеш кредит е да можеш да го вратиш со одредена камата. А не да земеш нов кредит за да се раздолжиш.

Еве мал пример. Македонија зема кредит од Јапонија за изградба на брана кај Пробиштип. Основано е ЈПХС Злетовица како корисник на кредитот и управител на браната. Според студијата за економска оправданост (feasibility study) требаше ЈП да го врати кредитот со наплата на вода за пиење, вода за водоснабдување и производство на струја.
Јапонците дадоа поволни услови - отплата после пуштањето во употреба (поточно грејс период од неколку години), и камата до 2% годишно. Согласно планот, ЈПХС требаше од свои средства, од наплатата на вода и струја, да ги враќа парите.

Арно ама кратовскиот феудалец ( Ѕинго ) имал други планови. Парите од кредитот отидоа кај што отидоа, како во старите добри времиња на СФРЈ ( паразити ги изедоа, или папала маца), а сега Владата на РМ ги враќа парите.

Arhimed

Posts : 242
Join date : 2014-06-11
Location : Мисисага, Канада

Вратете се на почетокот Go down

Можеше ли Југославија да опстане? Empty Re: Можеше ли Југославија да опстане?

Пишување by concrete Пет Aвг 15 2014, 20:57

хе.., незнам што да кажам.., аргументите ти се несоборливи...,да не беше Ѕинго да ни се беси на какараска , ние до сега како Македонија ќе бевме демек у ниска орбита.., со добро темпо према стационарна.... Very Happy Very Happy Very Happy 
concrete
concrete

Posts : 7035
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Можеше ли Југославија да опстане? Empty Re: Можеше ли Југославија да опстане?

Пишување by Arhimed Саб Aвг 16 2014, 15:49

Дневник со продолжение за Тито.
Како се крадеше на Бриони
За децата на функционерите тајно се купуваа играчки од странство! ...
Се разбира, разликата ја плаќал работниот народ и другарите самоуправувачи.
Се прашував зошто ако сметаа дека имаат право на такви привилегии, зошто тоа го криеја од својот народ? Дрскоста одеше дотаму што некои функционери, освен своето семејство, на одмор во функционерските апартмани ги носеа и своите роднини...
Дотлиќ можел да забележи и како кругот околу Тито го покривал арамилакот со разни сметки и потврди за некакви наводни трошоци на резиденцијата. Се користеле разни поводи за да се направи, што би се рекло со денешен, современ криминалистички речник, перење пари. Според документите на Дотлиќ, посетите на странските државници, особено од афричките земји, биле како нарачани за вакви малверзации. За висината на трошоците за ваквите посети никој не водел сметка, а тоа давало можност за големи злоупотреби и расипништво. Во врска со ваквите посети, сите резиденции, особено Бриони, биле жариште на премолчан, одобрен и „легален“ стопански криминал. А ретко кој странски државник што доаѓал во посета на Југославија не го посетувал Бриони.

„Веднаш по завршувањето на престојот на странската делегација на Бриони, се подготвуваше сметката за наплата на сите трошоци и таа се доставуваше во Дирекцијата за репрезентации во Белград. Јас веднаш забележав дека сметките што се однесуваа на количината издадена и потрошена стока за неколкупати беше поголема од својата вистинска вредност. Гледајќи го тоа, побарав да ми направат преглед на издадената храна, пијалаците и друга стока за сите делегации што престојуваа на Бриони во 1966 година, а стануваше збор за делегации од Финска, Индија, Иран, Норвешка, Германија и од Алжир. Целата стока беше издадена за вилата „Брионка“ каде што беа сместени спомнатите делегации, значи, сето тоа наводно беше потрошено за нивни потреби. Во документите стоеше дека индиската делегација од шест члена, на пример, за неполни два дена престој потрошила 1.719 килограми храна, плус 580 јајца, а потрошила и 657 шишиња алкохол и 945 шишиња безалкохолни пијалаци, 270 кутии цигари, 12,5 килограми кафе, 42 килограми шеќер итн. Иранската делегација била уште полакома и пожедна. Потрошила 1.616 тони храна, плус 616 јајца, 716 шишиња алкохол, 873 шишиња сокови, испушила 413 кутии цигари, испила 10,5 килограми кафе, изела 57 килограми шеќер и друго. Норвешката делегација, која на Бриони престојувала само 21 час, потрошила еден и пол тон храна, половина тон алкохол, исто толку безалкохолни пијалаци, 299 кутии цигари, 13,5 килограми кафе, 40 килограми шеќер итн. Сето ова покажуваше дека странските делегации служат само како параван, односно се само покритие за масовен и добро организиран грабеж...
Се поставува прашањето кој ги испил оние 244 шишиња виски, коњак и вино само за време на појадокот на иранската делегација во „Синиот воз“?..
Кога со овој криминал ги запознав надлежните – никој не мрдна ни со прст, барем да се обрне внимание тоа во иднина да не се случува. Иако лично отидов на Бриони и ги открив сите малверзации, за жал, наместо постапка, барем преку партиските организации, веднаш се иницира акција за прикривање како всушност и во сите други случаи. Во писмениот извештај од 47 страници посветен за кражбата, арамилакот и расипништвото, кој му го доставив и на Тито и за кој имав и долго, усно образложување пред него, детаљно го опишав случајот со делегацијата на Камбоџа наведувајќи ги имињата на сите што се замешани во таа работа. Се разбира, повторно не беше преземено ништо, иако Тито вети дека лично ќе им застане на патот на ваквите појави. Грабежот продолжи со несмален интензитет
(продолжува)
Блаже Миневски
Миневски повторно не информира за другарот Мито и Корупција.

Arhimed

Posts : 242
Join date : 2014-06-11
Location : Мисисага, Канада

Вратете се на почетокот Go down

Можеше ли Југославија да опстане? Empty Re: Можеше ли Југославија да опстане?

Пишување by Arhimed Саб Сеп 20 2014, 17:41

Ова не сум го линкувал, последниот дел:
ТИТО И КОМУНИСТИТЕ ОКОЛУ НЕГО ЖИВЕЕЛЕ КАКО НАЈБОГАТИТЕ КАПИТАЛИСТИ ВО СВЕТОТ (3)
KАДЕ ЗАВРШИЈА СТОТЕ ЈАГНИЊА ПОДАРОК ЗА ТИТО ОД ШТИП?

Бидејќи имале многу свои тајни фарми, кои немале проблеми ниту со храната ниту со продажбата, Тито и Јованка секоја есен барале да се заколат неколку телиња и свињи, а потоа, небаре како сите домаќини, сами да подготват зимница. Притоа, се сеќава Дотлиќ, се правеа многу специјалитети на кои инсистираа Тито и Јованка, а јас сето одвај некако успевав да го складирам во објектите за таа намена. Се разбира, се јавуваа одредени проблеми со сместувањето, но Јованка наредуваше да се најде место се да се стави во ладилниците сместени во специјалните магацини околу резиденцијата. Се чудев што ќе им е толку месо. Двајцата никако не можеа да потрошат толку храна, колбаси, димена сланина и други специјалитети што ги подготвуваше специјален мајстор викнат од Градишка. Еден дел од месото секако се расипуваше од стоење, а кога ќе и кажев за тоа, Јованка ќе збеснеше, ќе почнеше да вика по секој што ќе се најдеше пред неа. Во меѓувреме го известуваше Тито за тоа, очекувајќи поддршка и осуда од негова страна. Kога Тито ме повика, кога му објаснив што се случи, ја разбра состојбата, велејќи „видете што можете да продадете, а тоа што е расипано – закопајте го, но за тоа да не се зборува надвор“. Но, Јованка не попушташе, бараше точно да ја известам колку од месото и преработките се расипани, а колку од тоа се уште може да се употреби. Kога и кажав се што бараше, рече: „Од тоа што е расипано дај им на работниците што работат во паркот, а можеш нешто да им дадеш и на ордонансите“. Предложив во тој случај нешто од тоа да им дадеме и на кучињата. Знам дека тешко ќе ми поверува некој кога ќе кажам дека нејзиниот одговор беше буквално овој: „На кучињата не, зашто може да се отрујат!“ Значи, не и беше важно дали ќе се отрујат луѓето што и го средуваа паркот. Важно и беше да не се отрујат кучињата!

Arhimed

Posts : 242
Join date : 2014-06-11
Location : Мисисага, Канада

Вратете се на почетокот Go down

Можеше ли Југославија да опстане? Empty Re: Можеше ли Југославија да опстане?

Пишување by concrete Саб Сеп 20 2014, 19:22

Arhimed напиша:Ова не сум го линкувал, последниот дел:

Ај бе Архимеде , немој да ми кажеш дека веруваш во вакви смешни бљувотини???   Мислам дека посоодветно е да се цитира Марија Антоанета и нејзините колачи отколку писанијата на некоја џукела која за грст долари сега по толку години откако му поминал кобајаги уплавот од ОЗНА и друштво , се осмелува да раскажува пикантерии од спалната соба на некој кој се вика Јосип Броз Тито.....т.е. да ја пљука раката која го направила човек и жител на Бриони..... Very Happy Very Happy Very Happy Very Happy
concrete
concrete

Posts : 7035
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Можеше ли Југославија да опстане? Empty Re: Можеше ли Југославија да опстане?

Пишување by Arhimed Пон Сеп 22 2014, 17:32

concrete напиша:Ај бе Архимеде , немој да ми кажеш дека веруваш во вакви смешни бљувотини???   Мислам дека посоодветно е да се цитира Марија Антоанета и нејзините колачи отколку писанијата на некоја џукела која за грст долари сега по толку години откако му поминал кобајаги уплавот од ОЗНА и друштво , се осмелува да раскажува пикантерии од спалната соба на некој кој се вика Јосип Броз Тито.....т.е. да ја пљука раката која го направила човек и жител на Бриони..... Very Happy Very Happy Very Happy Very Happy
Верувам на веродостојни документи. За жал Дневник не покажа документи, но наодите на Дотлиќ се совпаѓаат со тогашната пракса да се краде.

Рибата смрди од главата. Не ми се верува дека грото од луѓето на врвот крадеа, а Тито да не знаел (или за Голи Оток наводно не знаел Shocked ).

Имаше афоризми за СФРЈ, дека во комунизмот сите крадеа, ама имаше за сите. Сега има и јавно достапни податоци за кредитите и грантовите кои СФРЈ ги добиваше, па знаеме зошто имаше за сите. Дури откако умре Тито секнаа кредитите, па имаше рестрикции, криза за зејтин, ...

ПС, да беше Тито плавуша, сосема ќе му прилегаше зборот спонзоруша Very Happy .
Толку пари да исцеди што од запад, што од исток, ...

Arhimed

Posts : 242
Join date : 2014-06-11
Location : Мисисага, Канада

Вратете се на почетокот Go down

Можеше ли Југославија да опстане? Empty Re: Можеше ли Југославија да опстане?

Пишување by concrete Пон Сеп 22 2014, 18:55

..ахам..што би рекол оној џанго кој пука прв...нееека е така , штом така кажуваш Very Happy Very Happy Very Happy
..и седи така мојот другар тетовски Горан.., со некои архитекти, јавни обвинители, адвокати и академски сликари на тераста на Сенатор и испијаат една за другом.
Тече дискусија дека кога такви фаци се пијанчат и банчат....тогаш се тоа боеми...
Едно време коментира пријателов.......е сеа жена ми да пројде овде ( патем докторка) сигурно ќе се праша..: што заседнала онде онаа мојана пијаница со овие боемчиштава , ама ич не ми е јасно..... Very Happy Very Happy Very Happy
Така и оној Тито браварот , ама ич незнаел каде му е местото , според капиталистичкиве џукели новопечени денешни....
concrete
concrete

Posts : 7035
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Можеше ли Југославија да опстане? Empty Re: Можеше ли Југославија да опстане?

Пишување by кнез Вто Сеп 23 2014, 18:04

Архимед во политиката бидејќи нема емоции и се што треба да правиш е да работиш од позиција на интерес ,би требало да значи дека секој е спонзоруша или точно е дека изреката политиката е курва која никој никогаш не ја ебал е точна.
Има само една мала ситница во поимот интерес а тоа е да работиш за државни или лични интереси,е таа мала ситница е голема колку Џумалунга за човекот кој има част.
Тито или било кој треба да се гледа од тој агол.

кнез

Posts : 688
Join date : 2014-06-04

Вратете се на почетокот Go down

Можеше ли Југославија да опстане? Empty Re: Можеше ли Југославија да опстане?

Пишување by Arhimed Вто Сеп 23 2014, 19:42

Тито самиот се прогласи, или ако повеќе милуваш го прогласија, за доживотен претседател на СФРЈ во Устав од 1974.
Ама ја остави СФРЈ неодржлива и зависна од кредити, и огромен паразитски и мафијашки апарат.
По смртта на Тито, откако ги потрошија сите пари и заштеди (штедачите), наследниците одлучија да живеат одвоено и скараа за поделбата на имотот.

Во Македонија некои политичари не се сменија. И по Ѕинго - Ѕинго.

Arhimed

Posts : 242
Join date : 2014-06-11
Location : Мисисага, Канада

Вратете се на почетокот Go down

Можеше ли Југославија да опстане? Empty Re: Можеше ли Југославија да опстане?

Пишување by кнез Вто Сеп 23 2014, 21:02

Не зборам јас за ликот и делото на Тито.
Тоа ќе биде предмет на историска анализа уште долго време а според мене тој е една историска личност која зад себе имала големи грешки и заслуги во својот мандат гледано од сегашна перспектива.
Генерално,Тито беше грешен,ама не беше и прегрешен особено за оние работи кои го обвинуваат од Западот.Тој стратешки згреши за некој работи за кој тогаш изгледале добри ама времето ги отвори како катастрофални
Како тоа ќе се одвива низ времето никој не знае. Very Happy

кнез

Posts : 688
Join date : 2014-06-04

Вратете се на почетокот Go down

Можеше ли Југославија да опстане? Empty Re: Можеше ли Југославија да опстане?

Пишување by Sponsored content

Sponsored content

Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 3 1, 2, 3  Next

Вратете се на почетокот

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот