ВЕТЕРНИЦА
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Музички легенди - Мадона

Go down

Музички легенди - Мадона Empty Музички легенди - Мадона

Пишување by king Пет Мај 01 2015, 18:37

Мадона Луис Чиконе (официјално Мадона, на англиски: Madonna Louise Ciccone или Madonna), родена на 16 август 1958 година, е американска пејачка, танчерка, текстописец, продуцент, актерка и писателка. Позната и како „Кралица на попот“, Мадона ја стекнала својата слава со нејзините иновативни музички спотови, изведби и често контроверзната употреба на сексуални и религиозни теми. Таа има добиено бројни награди во нејзината кариера и има издадено многу албуми.





Мадона се смета за една од најголемите музички икони во историјата на популарната музика, како и за секс симбол на денешницата. Во 2000 година, Гинисовата Книга на Рекорди ја окарактеризирала Мадона како најуспешната женска музичка уметничка на сите времиња, со околу 120 милиони продадени албуми. „Ворнер Брос“, куќата која ги издава нејзините албуми, изјавила дека во 2005 биле продадени преку 200 милиони плочи на Мадона. Во 2005, на манифестацијата Најголем Американец, американската публика ја изгласала Мадона за една од шеснаесетте најзначајни жени во американската историја

Мадона Луиз Чиконе е родена во Беј Сити, Мичиген. Таа е третото од шесте деца на Силвио „Тони“ П. Чиконе, инженер во „Крајслер“ од итало-американско потекло (таткото на Мадона води потекло од Пачентро, во регионот Абруцо, Италија) и Мадона Луиз Фортин, од франко-канадско потекло. Мадона била одгледана во католичко семејство, во предградијата на Детроит - Понтијак и Рочестер Хилз. Мајката на Мадона починала од рак на дојката на триесетгодишна возраст, на 1 декември, 1963 година, кога Мадона имала пет години. Мадона често зборува за влијанието на смртта на мајка си врз нејзиниот живот, нарекувајќи го „една од најтешките работи со кои се имам соочено во мојот живот“. Подоцна, нејзиниот татко се оженил со Џоан Густафсон (семејната дадилка) и имал две деца со неа.




Таткото на Мадона сакал сите негови деца да земаат музички часови, но, по неколку месеци на пијано часови, Мадона го убедила својот татко да ѝ дозволи да зема часови по балет. Таа се покажала како надарена танчерка. По матурирањето во Rochester Adams High School во 1976, таа добила стипендија за танцување на Универзитетот во Мичиген, каде што го запознала учителот по танц Кристофер Флин. Освен што ја подучувал, тој за прв пат ја изложил во геј-дискотеките, момент кој подоцна ќе има големо влијание во музиката и стилот на Мадона. Во 1977 година, со охрабрување од Флин, Мадона го напуштила колеџот на крајот на втората училишна година и се преселила во Њујорк за да оствари танцувачка кариера. За нејзиното доаѓање во Њујорк, Мадона вели: „Кога дојдов во Њујорк, тоа беше прв пат да патувам со авион, прв пат да патувам со такси, прв пат за сè. А дојдов тука со 35 долари во мојот џеб. Тоа беше најхраброто нешто кое сум го направила.“

Мадона имала финансиски проблеми во ова време, живеејќи во беда и работејќи за ниска плата. Исто така, таа работела и како нудистички модел. За сето ова време, таа учела со Марта Грахам и Перл Ланг, а подоцна танцувала со неколку компании за модерен танц, вклучувајќи ги и Елвин Ејли и Валтер Никс танчерите. Додека работела како танчерка за францускиот диско-уметник Патрик Хернандез (на неговата турнеја во 1979), Мадона го запознала и станала романтично врзана за музичарот Дан Гилрој, со кого ја формирала својата прва рок-група „Breakfast Club“. Освен како вокалист, таа била и тапанар и гитарист, пред да ја формира групата „Еми“ во 1980 година со тапанарот и поранешен пријател Стефан Бреј. Таа и Бреј напишале и продуцирале бројни диско и денс-песни кои го привлекле вниманието на њујоршките клубови, особено на ,,Денстерија" и ,,Канзас Канзас". Диџејот и продуцентот Марк Каминс бил доволно импресиониран од демото на Мадона за да го привлече вниманието и на основачот на Сер Рекордс - Сејмур Штејн.

Приватниот живот на Мадона бил многу бурен. Најпрвин, таа била во брак со актерот Шон Пен. Во 1995 година, Мадона започнала романтична врска со својот тренер по фитнес, Карлос Леон, со кого, една година подоцна, ја добила ќерката Лурдес Марија. Набрзо по нејзиното раѓање, Мадона и Леон се разделиле. Во 2011 година, Мадона стапила во врска со танчерот Брахим Заидбат, кој бил 30 години помлад од неа. Тој бил дел од тимот што ја придружувал Мадона на нејзината турнеја „МДНА“. Нивната врска се распаднала во 2014 година. Потоа, Мадона почнала да излегува со танчерот Тимор Стефен (кој, исто така, бил далеку помлад од неа, т.е. имал само 26 години), но врската се распаднала многу брзо, поради презафатеноста на Мадона






Албуми


   Madonna (1983)
    Like a Virgin (1984)
    True Blue (1986)
    Like a Prayer (1989)
    Erotica (1992)
    Bedtime Stories (1994)
    Ray of Light (1998)
    Music (2000)
    American Life (2003)
    Confessions on a Dance Floor (2005)
    Hard Candy (2008)
    MDNA (2012)


Филмови


    Arthur and the (2006)
    Die Another Day (2002)
    Swept Away (2002)
    I Star (краток филм) (2001)
    The Next Best Thing (2000)
    Evita (1996)
    Girl 6 (1996)
    Four Rooms (1995)
    Blue in the Face (1995)
    Dangerous Game (1993)
    Body of Evidence (1993)
    A League of Their Own (1992)
    Shadows and Fog (1991)
    Dick Tracy (1990)
    Bloodhounds of Broadway (1989)
    Who's That Girl (1987)
    Shanghai Surprise (1986)
    Desperately Seeking Susan (1985)
    Vision Quest (1985)
    A Certain Sacrifice (1980)

king
king

Posts : 11124
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Музички легенди - Мадона Empty Re: Музички легенди - Мадона

Пишување by king Пет Мај 01 2015, 18:45

Мадона како Евита

king
king

Posts : 11124
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот