Која е користа од факултетот?

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Која е користа од факултетот?

Пишување by Guest on Сре Јун 04 2014, 16:10

За или против?

Јас сум строго против, и да се родам уште 1000 пати никад нема да запишам факултет.

Домашното образование е најдоброто ако од дома не те направиле човек сигурно тоа нема да го направи некој што зима плата за тоа.
Факултетот е чист репресивен систем замислен е да ја затупави и комплетно деиндивидуализира младината.

На секој нефункционален систем му требаат лојални поданици, па затоа е тука  факултот како една од полугите на владеење која треба  од младите и полетни луѓе да направи изгубени случаеви, првин ќе ги обезписмени, а потоа ќе ги направи комплетно зависни од државата и како награда ќе ги храни со трошки.  
Затоа кај нас немаме претприемништво и затоа немаме успешни луѓе тоа е затоа што некој кој управувал со образованието го уништил уште пред тоа да се роди.
Наместо богата и успешна држава имаме армија на социјални случаеви и невработени, наместо газди создаваме работници.
Молиме за милост за секоја странска инвестиција која ќе ни дојде наместо самите да ја создаваме својата реалност.

Освен медицина факултетот треба комплетно да се исфрли од употреба, а другите знаења/вештини треба да се зимаат како курсеви.

п.с
Ова важи и на глобално ниво не само за Македонија.

Guest
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Која е користа од факултетот?

Пишување by king on Сре Јун 04 2014, 20:05

Високото образование постои со векови, нажалост и тоа ги следи модерните трендови и како и се друго и тоа се искомерцијализира па наместо грижа за создавање на квалитетни стручни лица на него се гледа како на само уште еден начин за стварање профит.
Критериумот квалитет е напуштен, дадено е првенство на квантитетотот ... повеќе дипломци повеќе профит.

Понатаму, кај нас во високото образование е тотално напуштено планирањето на потребните профили кадри ... се е препуштено на стихијата ... но тоа е веќе тема за некој докторант ...

king

Posts : 8683
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: Која е користа од факултетот?

Пишување by кнез on Сре Јун 04 2014, 21:37

Да ви посакам се најубаво и еден вистински демократски и креативен форум

кнез

Posts : 544
Join date : 2014-06-04

Вратете се на почетокот Go down

Re: Која е користа од факултетот?

Пишување by punter ohrid on Чет Јун 05 2014, 09:41

кнез напиша:Да ви посакам се најубаво и еден вистински демократски и креативен форум

кнеже,добро што намина на слободна територија

што се однесува до темата, не дека сум против факултетите али пред се, без разлика да се работи за средно или високо образование,потребано е повеке практична настава а не само трубење теорија.

punter ohrid

Posts : 95
Join date : 2014-05-21

Вратете се на почетокот Go down

Re: Која е користа од факултетот?

Пишување by concrete on Чет Јун 05 2014, 17:06

..образованието од најосновно.., последоватолно до највисокото е камен темелник на една нација и основен услов за долговечност на една држава. Кај нас станува траљаво, никакво..бојовистичко, шупливо и празно.....затоа некому може да му се пристори и непотребно... Cool

concrete

Posts : 6053
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Re: Која е користа од факултетот?

Пишување by кнез on Пет Јун 06 2014, 11:52

Од факултетот корист нема,ама во знењето се состои целата сила на оваа планета. Very Happy 

кнез

Posts : 544
Join date : 2014-06-04

Вратете се на почетокот Go down

Re: Која е користа од факултетот?

Пишување by Guest on Чет Јун 12 2014, 16:29

Грешка си кнез.
Знаењето ќе те однесе од точка А до точка Б, а фантазијата било каде.
Факултетот не е по сам себе лош проблемот е ако нема добар професорски кадар кој ќе ги исполни очекувањата.

Ќе повторам ние на нашите факултети(а ова е и практика и во целиот свет) создаваме работници, а не создаваме матици, со трутови и пчели работнички, а без централна команда нема да стигнеме нигде.

Guest
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Која е користа од факултетот?

Пишување by чучулига on Пет Jул 11 2014, 21:40

За мене заради животното искуство.

На факултет или силно се судруваш со авторитет или си сведок на такво нешто.


чучулига

Posts : 12711
Join date : 2014-07-11

Вратете се на почетокот Go down

Re: Која е користа од факултетот?

Пишување by Sponsored content Today at 01:02


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот