Историја - општо

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Историја - општо

Пишување by king on Пет Јан 23 2015, 12:08

Ако некоја работа не знаеме во која тема да ја сместиме .... може тука

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8676
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: Историја - општо

Пишување by king on Пет Јан 23 2015, 12:10

Налетав на ова ....

Грчки убиства во Македонија во 1904 г.

... за бугарски злодела сме пишувале навелико и нашироко ... некако јужноциганиве ги забораваме ...

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8676
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: Историја - општо

Пишување by VOL on Пет Јан 23 2015, 12:12

au... za "narodot " od poranesnata turska provincija ..


tek za niv pak sto ima.. Smile Smile Smile

_________________
The greatest trick the Devil ever pulled was convincing the world he didn't exist. And like that...he's gone.

https://www.youtube.com/watch?v=EZ4ELvmTOnw

VOL

Posts : 13549
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Re: Историја - општо

Пишување by VOL on Пет Јан 23 2015, 12:17

Karnegievata komisija registrirala mnogu zlostorstva na antickite etiopisko nubijski vonbracni potomci..

_________________
The greatest trick the Devil ever pulled was convincing the world he didn't exist. And like that...he's gone.

https://www.youtube.com/watch?v=EZ4ELvmTOnw

VOL

Posts : 13549
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Re: Историја - општо

Пишување by хан Ацо on Пет Јан 23 2015, 16:59

king напиша:Налетав на ова ....

Грчки убиства во Македонија во 1904 г.

... за бугарски злодела сме пишувале навелико и нашироко ... некако јужноциганиве ги забораваме ...
Еве го еден од грчките злодеи во Македония,види што пишувало на неговиот некролог-"Да не остане Бугарин(во Македония)".За Македонци тогаш не станувало збор.

http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%BE%D1%81_%D0%9C%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%81


хан Ацо

Posts : 323
Join date : 2014-11-15
Location : Бугариjа

Вратете се на почетокот Go down

Re: Историја - општо

Пишување by king on Пет Јан 23 2015, 21:32

Хе хе хе ....

[белешка 1]

... „глуп“ бугар ...

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8676
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: Историја - општо

Пишување by concrete on Пет Јан 23 2015, 21:36

king напиша:Хе хе хе ....

[белешка 1]

... „глуп“ бугар ...
..никогаш не ми било јсно како им успева да ги одгледаат такви....на царевка веројатно????? Cool

concrete

Posts : 6047
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Re: Историја - општо

Пишување by king on Пон Јан 26 2015, 15:17

http://www.mkd.mk/Makedonija/politika/diplomatijata-i-deportacijata-na-evreite-od-Makedonija-vo-1943-godina

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8676
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: Историја - општо

Пишување by king on Чет Мар 05 2015, 23:55

Интересен документарец ....
..колку ли сличности има со денешниве случувања во светот


_________________
Види аватар!

king

Posts : 8676
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: Историја - општо

Пишување by VOL on Сре Апр 01 2015, 21:05

http://vecer.mk/Makedonija/za-vatikan-makedoncite-bile-makedonci-i-vo-17-vek

_________________
The greatest trick the Devil ever pulled was convincing the world he didn't exist. And like that...he's gone.

https://www.youtube.com/watch?v=EZ4ELvmTOnw

VOL

Posts : 13549
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Re: Историја - општо

Пишување by VOL on Чет Апр 02 2015, 20:12

king напиша:Интересен документарец ....
..колку ли сличности има со денешниве случувања во светот

15 fevruari, 1989 godina..
posledniot sovet.. go napusta afganistan..
a toa ne e vojnik, tuku visok sovetski oficer. poslednata edinica koja go napusta afganistan e pod negova komanda, zaminuvaat pred pogledite na namurtenite talibani.no za kratko vreme cudo!
odicerot se vrakja so 2(dvajca) vojnici.
talibanite i lokalnoto naselenie zacudeni, vo shock.
afganistancite gio presretnuvaat sovetkiot oficer, zacudeni, a shockot doagja otkako ke vidat deka toj- voopsto ne nosi oruzje.prodolzuva sam kon tolpata. i im veli,dojdov da ve pozdravam.
koga konecno nekoj od tolpata se pribral od situacijata, go prasal zosto dosol-pa uste nevooruzen, toj odgovoril, jas sum toj -i toj, sovetski noficer, ve pozdravuvam, zatoa sto nie go cenime i nasiot neprijatel. jas sum Tadzik.
si zaminal bez vlakno od glavata da mu fali.
vo tie vukoseksacini, prostiot narod, znae da ceni coek so mooda, cest, obraz..

ps: golem del od afganistancite se - tadzici ( istiot narod i jazik kako i vo poranesnata republika Tadzikistan denes sosed na Afganistan..)

_________________
The greatest trick the Devil ever pulled was convincing the world he didn't exist. And like that...he's gone.

https://www.youtube.com/watch?v=EZ4ELvmTOnw

VOL

Posts : 13549
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Re: Историја - општо

Пишување by VOL on Пон Мај 04 2015, 17:33

Гоце Делчев е роден во Кукуш на 23 јануари 1872 год. Основното образование го завршил во родниот град, а средното во Солунската машка гимназија. Во пролетта 1892 година стапил во Военото училиште во Софија. Од таму е исклучен на 16 септември 1894 г. и есента истата година е назначен од егзархијата за учител во Ново Село, Штип, каде што работи две години и целосно и се посветува на револуционерната дејност. Преместен е во Банско, но под сомнение од од властите принуден е да го напушти учителствувањето.
Од крајот на 1896 г. до 1901 г. заедно со Ѓорче Петров тој е задграничен претставник на ВМОРО во Софија.

Гоце Делчев непосредно учествувал во изработката на вториот устав на ВМОРО во 1896 година, со кој настапи нова, повисока фаза во развитокот на македонското-ослободително движење.

На Гоце Делчев му припаѓа заслугата за создавањето на организацијата во Штипско, Кочанско, Радовишко, Струмичко и Кукушко. Тој ги организира и првите канали на организацијата, по кои се пренесува организационата пошта, агитациони материјали и оружје. Создава погранични пунктови во Ќустендил, Дупница, Самоков, Кавакли и други места. Се создава и курирската служба, во употреба се воведени и шифри, хемиско мастило и псевдоними. Така под раководство на Гоце Делчев се оформува организационата структура.

Загинал на 4 мај 1903 година во борба со турскиот аскер, во с. Баница, Серско, Егејска Македонија.

_________________
The greatest trick the Devil ever pulled was convincing the world he didn't exist. And like that...he's gone.

https://www.youtube.com/watch?v=EZ4ELvmTOnw

VOL

Posts : 13549
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Re: Историја - општо

Пишување by concrete on Пон Јун 29 2015, 00:11

Занимлив текст во викнд бројот на Дневник:


Датум: 27.06.2015, 11:26

MАКЕДОНИЈА ВО РУСКИТЕ АРХИВИ


Султанот признал дека без Русија, не ќе можело ефикасно да се уништи македонската револуција

Во декември 1902 година, при својата посета на Софија, рускиот министер за надворешни работи, гроф Ламздорф, се сретнува со задграничното претставништво на Македонската револуционерна организација за да го изрази своето незадоволство од врачениот проект за автономија на Македонија.
Притоа, министерот категорично инсистира да се разбие секаква помисла дека православна Русија стои зад македонските револуционери и во одлучен момент јавно ќе застане на нивна страна. Затоа, претходно, на 3 октомври 1902 година, Ламздорф со таен допис бара целосна ликвидација на македонските револуционерни одреди како предуслов за барањата што треба да се поднесат кај турската влада за реформи во Македонија. Во писмото до Зиновјев, руски амбасадор во Цариград, Ламздорф потсетува дека револуционерното движење во Македонија е еден од значајните фактори што ја попречуваат примената на реформите. Следуваат уште многу документи во кои се гледа антимакедонскиот став на руската дипломатија, а рускиот амбасадор во Цариград, во март 1903 година, самиот признава дека вложува големи напори за надминување на сите пречки за реформи, а за тоа секојдневно му се обраќа на султанот и Портата. Со телеграма испратена до царската влада во Петербург, Зиновјев потврдува дека редовно и со задоволство го информира султанот за сите преземени мерки за спречување каква и да е револуционерна дејност во Македонија. Според телеграмата, Русија со полна доверба ~ ја препушта на Турција слободата за дејствување против „македонските бунтовници“, залагајќи се за жестоко задушување на востанието.

Знаејќи го ова, може да се констатира дека Русија се согласила со илјадниците убиени старци, жени и деца, со палењето стотици села и куќи, со десетиците илјади протерани Македонци од своите родни огништа. Во таа насока, никаква „братска загриженост“, искажана подоцна, не ја вади официјална Русија од дадената согласност за крваво задушување на востанието. А за тоа, во Петербург, не само што знаеле туку и директно учествувале со совети и разузнавачки податоци. Самиот министер Ламздорф ќе изјави дека негова желба е турската влада насекаде да ги уништи македонските комитети, залагајќи се за целосно уништување на четите. Според изјава на Ламздорф, самиот султан Абдул Хамид II сметал дека е должник токму на Русија за уништувањето на востанието и на четите што дејствувале во Македонија. Без Русија, признал султанот, не ќе можело ефикасно да се уништи македонската револуција.

Москва поддржува автономна Албанија, но никако автономна Македонија

Во руските дипломатски архиви има многу документи што недвосмислено зборуваат за тоа дека Русија со сите сили се залагала за уништување на македонското револуционерно движење, односно за уништување на идејата за Македонија како самостојна држава. Според документите во руските архиви од почетокот на минатиот век, Русија постојано инсистирала на статус кво, односно Македонија да остане во догледно време под окупација на турската империја, а потоа, во даден момент, да се подели меѓу соседните балкански држава, што и ќе биде сторено со нејзина силна поддршка и помош по Втората балканска војна. Ваквата политика била константа во руската дипломатија на Балканот. Во 1901 година, на пример, по едно релативно затишје во Македонија, самата руската дипломатија повторно истапува со остар тон кон македонското прашање. Според д-р Растислав Терзиоски, кој ги истражувал архивите на руската дипломатија од крајот на 19 и почетокот на 2век во однос на Македонија и македонското прашање, руската империја инсистирала на сурови дејства против револуционерното движење во Македонија. Рускиот амбасадор во Цариград, искусниот Иван Зиновјев, доставува официјална декларација пред Високата порта со поддршка на турската власт за преземање најстроги мерки против организаторите на безредијата во Македонија. Притоа Русија нема никаква немера да ја ограничува Турција во тој однос. Или, со други зборови кажано - убивајте, палете, бесете, не смее да се дозволи македонската револуција да победи и македонскиот народ да се ослободи. Рускиот конзул во Скопје, В. Машков, во своето писмо од 27 јануари 1901 година до рускиот амбасадор во Цариград, Зиновјев, отворено ја критикува „извесната слабост на султановата влада“ кон постојаната „дрскост на македонските комитети“, која, како што вели амбасадорот, „предизвикува оправдани страхувања на арнаутските патриоти во поглед на интересите на автономна Албанија“. Значи, македонското револуционерно движење треба да се сотре во корен, затоа што „оправдано ги загрижува арнаутските патриоти во врска со нивните интереси за автономна Албанија“. Според оваа констатација на Зиновјев, Русија нема ништо против идејата за автономна Албанија, но никако не може да замисли автономна Македонија. Два месеца подоцна, на 15 март 1901 година, истиот руски конзул во Скопје со огорченост го известува рускиот амбасадор во Цариград за тоа дека „дејците на комитетите остануваат неказнети“, или „недоволно строго казнети од турските власти“, кои, според него, ги затвораат очите за нивните престапи, плашејќи се од крупни политички случувања. Заобиколувајќи ги бунтовниците, нивната дрскост с` повеќе и повеќе расте. Според тоа, „браќата Руси“ инсистираат Турција да биде многу пожестока, да ги ликвидира сите дејци на македонското движење, а не да затвораат очите и македонските револуционери да остануваат неказнети. Русите очигледно биле многу пожестоки антимакедонци дури и од Турците. Сепак, на 29 март 1901 година министерот за надворешни работи Ламздорф со радост констатира дека „благодарение на сериозните сугестии од страна на Русија, биле преземени решителни мерки против македонската организација“.

Мошне интересен е и рускиот однос кон таканаречената афера Мис Стон од септември 1901 година. Имено, во разрешувањето на случајот најдиректно се вмешува руската дипломатија со тоа што рускиот дипломат во Софија, Бахматеев, енергично се заложува за брзо откривање на киднаперите зошто сето тоа може да ги наруши мирот и руското влијание на Балканот, а тоа не оди во полза на руските интереси. Следејќи ја активноста на македонските револуционери, особено таа на Борис Сарафов, рускиот дипломат во Белград, Чариков, во дописот од 2 јануари 1902 година, меѓу другото, известува дека познатиот македонски деец Сарафов се обратил кон српската влада со предлог да им се допушти непречено дејствување на неговите луѓе во Kралството со цел да се подготви големо, пролетно востание во Македонија. Според изјавата на Сарафов, „тој и неговите следбеници се борат за независна Македонија, настојувајќи во таа област да не владеат ни Срби ни Бугари“. Следниот месец, на 8 февруари, Чериков известува за тајната посета на Сарафов во Белград, и помошта што ја барал за организирање на македонската револуција и создавање автономија во Македонија. Во врска со тоа Чариков известува дека „српската влада, следејќи ги советите на Руската императорска влада, не оди на таква поддршка“. Во истиот извештај Чариков сугерира дека за „смалување на шансите за востание“’, Сарафов треба да се „земе во здрави раце“. Дали со тоа можеби не се има предвид ликвидирање на Сaрафов? И, ако е така, ако Русија имала таква идеја, дали во едно такво сценарио не се вклопува и ликвидацијата на Гоце Делчев токму во предвечерието на Илинденското востание, за чиј старт, патем, Русија прва ги информира султанот и Портата во Цариград? Можно ли е Делчев да е ликвидиран со „руска помош“, а ликвидацијата потоа е прикажана само како рутинска работа завршена од турскиот аскер? Министерот за надворешни работи Ламздорф во февруари 1902 година му препорачува на својот амбасадор во Цариград да ~ обрне сериозно внимание на отоманската влада, односно да се „инсистира“ на „соодветни мерки за благовремено спречување на немирите во Македонија, кои можат да предизвикаат крајно опасни компликации на целиот Балкански Полуостров“, што ќе бидат загрозени виталните интереси на Русија. На 27 февруари 1902 година, Н. Чариков го известува својот министер Ламздорф за подготовката на Македонецот Марко Мушович да го посети рускиот цар. Во разговорот што го водел со него му дал на знаење дека „никаков револуционерен обид нема да наиде на поддршка од руската влада“. Десет месеци подоцна, при посетата на Софија на 14-15 декември 1902 година, рускиот министер за надворешни работи Ламздорф, од името на царот, пренесува порака Бугарија да остане мирна, да не се прават проблеми, бидејќи нема да има никаква корист од тоа, а Русија и Австро-Унгарија, во согласност со други влијателни земји, ќе го решаваат македонското прашање преку реформи: „Вие можете да војувате ако мислите дека сте јаки, дури да влезете и во Цариград, но ние нема да ви дозволиме да задржите ниту педа од територијата што би ја освоиле“. Рускиот министер во својата резиденција во Софија ги примил на разговор Татарчев и Матов како задгранични претставници на Македонската револуционерна организација, но, по неколку дена, Ѓорче Петров оваа средба ќе ја коментира како „игра што ја приредиле бугарската влада и кнезот, па двајцата отидоа да му ветат на Ламздорф зачувување на мирот во Македонија во името на некакви реформи“. По враќањето во Русија, Ламздорф го информира царот дека македонските комитети „во никој случај не се задоволуваат со ветените реформи за подобрување на положбата туку бараат автономија на Македонија, ако треба и со насилни промени на постоечкиот поредок на Балканскиот Полуостров“. Затоа во февруари 1903 година, руската амбасада во Цариград ги обврзува сите конзули енергично да ги осудат дејствата на македонските револуционерите и јасно да стават до знаење дека „Русија нема да жртвува ниту капка крв на своите синови за некаков обид да се измени постојниот поредок на Балканот од страна на револуционерите“.

Согласност на Русија со енергични акции да се задуши македонската револуција!

Рускиот дипломатски претставник во Белград, Машков, со тајна телеграма од 14 март 1903 година, известува дека се подготвува големо и масовно востание во Македонија, а тоа значи дека „револуционерното движење не се смирува туку расте“. Во телеграмата остро ги критикува водачите на македонското движење. Руската разузнавачка служба, следејќи го движењето на Борис Сарафов известува дека на 9 април 1903 година по разузнавачки канали е добиена информација дека од пределите на Австрија преку територијата на Србија во скоро време ќе бидат доставени значителни транспорти со динамит за Македонското револуционерно движење. Транспортот на динамитот, се вели во разузнавачкиот извештај, е во надлежност на познатиот македонски револуционер, Борис Сарафов, кој е еден од најзаслужните тајни агенти на австриската влада во македонското движење... Веќе извршените експлозии по линијата на турската железница укажува на активната вмешаност на австриската влада во развојот на македонските револуционерни работи, а целта е вмешување на Големите сили во решавањето на македонското прашање... Според руски извори од средината на август 1903 година, германската влада дала пријателски совети султанот „да ја организира војската и со енергични акции да ја задуши македонската револуција“. На 21 август 1903 година, турскиот амбасадор во Петербург со задоволство ја известува Високата порта во Цариград дека руската влада не само што не ја изменила својата балканска политика, туку препорачува Турција да примени најстроги мерки против востаниците. Во повратната телеграма до турската амбасада во Петербург, султанот Абдул Хамид II му заповедал на својот амбасадор да му се „заблагодари на рускиот министер за надворешни работи за поддршката за задушување на востанието во Македонија“. Kога во есента 1903 година, Петербуршкото благотворително друштво испратило 10.00рубљи за македонските бегалци, а рускиот црвен крст прибрал големи средства за Македонците, официјална Русија постојано се оградувала тврдејќи дека станува збор за хумана помош од поединци, а не за некаква поддршка на македонското револуционерно движење, притоа вложувајќи максимални напори таквата помош во никој случај да не падне во рацете на револуционерите.

Русија прва го информира султанот дека се подготвува востание во Македонија

Грофот Ламздорф, со тајна телеграма од 9 февруари 1903 година, го информира својот амбасадор во Турција, Зиновјев, дека располага со доверливи информации оти напролет или најдоцна до почетокот на летото ќе почне востание во Македонија, па во врска со тоа бара да се обрне внимание востанието да се спречи по секоја цена. Министерот бара амбасадорот веднаш да ~ пренесе на отоманската влада да обрне сериозно внимание на информацијата, настојувајќи Портата да преземе соодветни мерки за пресекување на активностите на бунтовниците во Македонија, кои можат да предизвикаат опасни компликации на целиот Балкански Полуостров. Со други зборови, Русија прва го информира султанот дека во Македонија се подготвува востание, и дека тоа востание треба да биде спречено пред да почне. Само неколку месеци подоцна, користејќи руски разузнавачки информации, Турција крваво го задушува Илинденското востание во Македонија.

Сарафов лобирал да биде прогласен за кнез на Македонија

Во извештајот на рускиот амбасадор во Цариград, И.А. Зиновјев, со датум од 2 јануари 1902 година, меѓу другото, се информира дека „нашиот конзул во Битола од проверени извори дознава оти кнезот Петар I Kараѓорѓевиќ води преговори со претседателот на Македонскиот комитет, Сарафов, за негово прогласување за претендент на идниот македонски кнежевски престол. Овој предлог е примен добро од организаторите на македонското движење, бидејќи кнезот Kараѓорѓевиќ ветил дека ќе ~ даде 3.000.00франци на Организацијата за водење пропаганда. Македонските револуционери се уверени дека оваа кандидатура ќе биде поддржана од Русија со оглед на блиското роднинство на кнезот Петар со црногорскиот кнежески двор.

Само неколку месеци подоцна, во извештај од јуни 1902 година, се зборува дека Сарафов е добро финансиран од Австрија, која го насочува за скоро кревање на востание во Македонија. Според извештајот, „Сарафов живее во Виена, со австриски пасош издаден од австриската влада, посетувајќи ја често својата љубовница што живее во Пешта. Австриската полиција не само што јавно го штити Сарафов туку му одобри и почесно лично обезбедување“. Во заклучокот на извештајот се констатира дека Сарафов „конечно премина на австриска страна и сега, следната пролет, сака да крене, како што вели самиот, револуција во Македонија“. 

Блаже Миневски


............заедно со ова прави интересен тандем...:


Датум: 27.06.2015, 00:08
М-Р РОБЕРТО ТРАЈКОВСКИ, ИСТОРИЧАР

Германците во 1941 година преку летоци ги повикувале Македонците да се ослободат од српската власт

Македонци, за вас нема ништо посвето од слободата, за неа вие сте пролеале веќе реки од крв. Вака пишувало на летокот што на македонски јазик го составиле офицерите за пропаганда од Деветтата германска околопна дивизија потпомогнати од извесен Михаило Михаилов, кој себеси се нарекувал водач на Македонската младинска организација.
Летокот бил испечатен на 8 април 1941 година (два дена по бомбардирањето на Белград) и растурен со авиони за време на освојувањето на македонската територија од страна на германската војска.

Овој леток е објавен во најновата книга на историчарот м-р Роберто Трајковски, „Германските воени операции во Македонија за време на априлската војна 1941 година“. Тој сведочи за употребата на терминот Македонци во тој период, но исто така и за злоупотребата на нерешеното македонско национално прашање од страна на Третиот Рајх за остварување свои геостратешки цели.

Летокот повикува: Да живее слободна Македонија!

Со летокот се повикувало македонското население да не се бори против Германците, туку да го искористи нивното навлегување и да се ослободи од српската власт. Пишувало: „Ослободете се од омразениот српски јарем...скасајте ги прангите. Германскиот војник е ваш пријател. Тој се бори само против српската власт, а не против вас.“

Бидејќи дел од македонското население во Вардарска Македонија во тоа време било мобилизирано од југословенската кралска војска, летокот продолжувал со повик до македонските војници.„Македонски војници“, пишувало во него, „цела Македонија е веќе ослободена од нашите сојузници Германците. Затоа ние како искрени Македонци ве покануваме без колебање веднаш да се предадете на ослободителите Германци иако сте во војничка облека. Германските војници ќе ве примат братски. Да живее слободна Македонија!“. Во тоа време македонскиот јазик не бил кодифициран, па во текстот биле користени стари кирилски букви. На крајот на летокот се потпишани Михајло Михаилов,Спиро Kитанчев и уште 12 други лица од Скопје, Битола, Прилеп и други градови од Вардарска Македонија.

- Не се знае каде точно германската војска се сретнала со оваа група Македонци, ни каде го составиле летокот. Но, овој документ повеќе е насочен за да се пасивизира отпорот на Македонците, кои биле мобилизирани и сочинувале половина од кралската југословенска војска на македонска територија. На Германците важно им било Македонците да го фрлат оружјето и да се предадат, па така што побрзо да ја освојат овдешната територија и да навлезат во грчката. Нив не им пречело што се користел терминот Македонци. Има уште еден документ во кој се спомнува дека летокот бил напишан на македонски јазик - вели Трајковски.

Обиди за злоупотреба на Македонците

Сепак, историчарот додава дека лицата што се потпишале под летокот и им помогнале на германските офицери за пропаганда да го состават, во историската литература се познати како лица што се залагале за присоединување на Македонија кон Бугарија. Трајковски вели дека постојат други примери како Бугарија го користела сојузништвото со Германија да принуди македонски војници од југословенска војска кои паднале во заробеништво да се декларираат како Бугари.

- Дури бил постигнат и договор меѓу Врховната команда на Вермахтот и Бугарскиот генералштаб за да се ослободат сите воени заробеници по потекло од Македонија. Но, тоа имало пропагандно-политички карактер зашто од воените заробеници како услов се барало прво усно, а потоа и писмено да се декларираат како етнички Бугари-вели Трајковски.

Така, во Велико Трново имало околу 10.00барања на Македонци кои биле во кралската југословенска војска и потпишале дека се Бугари за да ги ослободат. Оние заробеници кои се изјасниле како Југословени, пак, ги праќале во логор во Германија, од кои дел не се ни вратиле.

Трајковски за да ја напише книгата користел документи од архивот во Вашингтон САД, а истражувал и во Воениот архив во Фрајбург, Германија. Вели дека низ документацијата може да се следи односот на Германија кон македонското национално прашање.

- Од причини што Германците биле во добри односи со Бугарија во дел од документите на почетокот на војната се споменуваат Македонци од Бугарија. Kако што се заладувале односите со Бугарија доаѓа до продлабочување на погледите и почнуваат да се интересираат повеќе за тоа прашање. Kога настанува голем развој на национално-ослободителната борба во 1943 година има документи од десет страници каде што пишува дека народот тргна по свој национален пат и гледаат Македонци во однос на националното прашање. Во 1944 година кога капитулира Бугарија имаме директна дистинкција меѓу Македонци и Бугари - вели Трајковски.
Во германските документи користен терминот македонски
Во периодот на априлската војна во 1941 година кога Германија ја зазела македонската територија биле формирани милиции од локалното население, кои во германските воени документи се нарекуваат македонски, пишува во книгата. Такви милиции имало во Струмица и во Битола. Германската војска дала оружје за цивилното население да ги обезбедува дел од воените складишта, јавните згради, продавниците, места од културно и историско значење, музеи, библиотеки и друго.
Жанета ЗДРАВКОВСКА

concrete

Posts : 6047
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Re: Историја - општо

Пишување by VOL on Чет Ное 05 2015, 12:47

interesen klip za okupacijata na Makedonija vo ramkite na SHS..
 do 2:43 se zbroruva za italijanskite navleguvanja, se spomnuva Ohrid i zazemanjeto na gradot, ima snimki od gradot itn..
posle se zboruva za Rieka, gore ( Rieka na italijanski Fiume).

_________________
The greatest trick the Devil ever pulled was convincing the world he didn't exist. And like that...he's gone.

https://www.youtube.com/watch?v=EZ4ELvmTOnw

VOL

Posts : 13549
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Re: Историја - општо

Пишување by king on Пон Дек 21 2015, 16:58

http://www.mkd.mk/Makedonija/chepreganov-baraat-kolektivna-amnezija-ne-mozhe-da-se-izzemat-okupacijata-i-ubivanjeto-od

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8676
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: Историја - општо

Пишување by king on Пет Дек 25 2015, 23:12

http://sitel.com.mk/promocija-na-enciklopedija-na-vmro-1893-1934-godina-0

сеа да видиме бугаристанците ко ќе срипаат ко попарени .... Twisted Evil

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8676
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: Историја - општо

Пишување by VOL on Вто Јан 12 2016, 00:49

slikive govorat se...

tenkov e T-34, herojot na WW2...
postaven na postament kako pametnik na golemata vojna, osobeno znacajna za toj narod..

lugjevo dosle da izrazat pocit na borcite od ww2..
dedovo bil ucesnik vo vojnata, sto se gleda I po medalive, sovetite ne stedele na medali, a sigurno imale I zosto, so onolku zrtvi, no toa e nebitno

dedovo, kako tenkist, I ja zavrsil vojnata ama:
spomenikov e I negov licen, pametnik- toj go prepoznava SVOJOT tenk!

eve kako izgleda sredbata na tenkistot I tenkot..
poslednata fotografija vo nizot, kazuva povekje od sto bilo koj bi mozel da opise so zborovi. tenkistot kleknat pred svojot tenk..





This is so touching: an old WW2 Russian tank army veteran has finally found his own tank on which he passed through all the war standing in small Russian town as a monument and got emotionally shocked that people worried his heart won't be able to cope with this.

_________________
The greatest trick the Devil ever pulled was convincing the world he didn't exist. And like that...he's gone.

https://www.youtube.com/watch?v=EZ4ELvmTOnw

VOL

Posts : 13549
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Re: Историја - општо

Пишување by king on Вто Јан 12 2016, 00:54

Душа му знае низ каков пекол прошол со тенкот ...

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8676
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: Историја - општо

Пишување by VOL on Вто Јан 12 2016, 08:02

hm.. ke vrzam nekolku temi, ( nastani, istorija, film.,..) vo edna, ama vekje pripagja na istorijata- koja se pameti, so fakti Laughing

1. Filmot
se raboti za film-vrz baza na vistinski nastan - "9-ta rota" ( prev,. rusk. "devetata ceta".  )..
sekako, najprvin za filmot- napraven e vrz osnova na vistinski nastan, koj se slucil vo 1988 godina t.e godinata koga sovetskiot sojuz gi povlekuva svoite edinici od afganistanskite teritorii..


nakratko- vo filmot, ( koj sepak go preporacuvam vo temata "filmovi za gledanje" Wink ) edna mala edinica uspeva da ja zadrzi strateskata kota kade sto e locirana nivnata privremena baza iako nastanite se dvizat kon povlekuvanje na celata vojska..
e sega, ako se gleda filmot, ke se vidi edno scenario, koe kazuva deka site izginuvaat osven eden- ama skapo si ja prodavaat kozickata pa ubivaat ogromen broj na mudzahedini....

ona sto go potenciram vo filmot se - specijalnite efekti, inaku sovetite, a denes, uste povekje,rusite I ruskata kinematografija se nenadminati majstori za efekti vo filmovite, zatoa sto najrealisticno ja prikazuvaat bitkata.. nema "laserski gunovi", "svetlosni sabji", letacki cinii" , kaj niv... Wink

vo filmot ke se vidat realni borbeni helikipteri koi ispukuvaat boeva munciija, vistinski bmp vozila,vistinski eksplozii i odlicni simulacii na eksplozii!.
tolku za filmot, koj saka neka go gleda ....ama otkako ke go izgleda treba da go znae ova, sto navistina se slucilo:

2. Vistinskiot nastan


sovetskata edinica vo vistinskiot nastan bila locirana tokmu i kako vo filmot,na nekoj vrv , daleku od "civilizacija, na "kota 3234", vo oblasta Khost,Afganistan...
tie bile del od 345-ta gardiska padobranska regimenta, ( gardiski polk na VDV).
nivnata brojna sostojba vo momentot na napadot broela 39 ( trieset i devet) vojnici,podoficeri i oficeri.

nekolku frapantni fakti,za vistinskata bitka spored koja e napravem filmot:
- bezimeniot vrv kade sto im e  bazata, se naogja na kotata 3234- toa ne e naziv na bazata tuku- nadmorskata visina! 3234 metri nadmorska visina..
..e biele bitka  na surov kamen planinski rid, na ogormna visina koja mnogumina ja osvojuvaat kako planinari Wink i alpinisti..so specijalni opremi.nesto sto, ne e videno vo holivud-bolivud filmovite, i tokmu zatoa treba da se pogleda filmot... zatoa sto filmot duri i pokazuva premalku od toa sto se slucilo.!
-  brojnata sostojba , napisav  e samo, 39 lugje, del ( a ne cela..) od 9-tata ceta, po koja e imenuvam i filmot , od 345 gardiski polk na VDV ( desnjtciki, Wink voenodesantna vojska. rus..)
- napadnati se od preku 200 mudzahedini
eve zosto preku 200- vo vistinskiot nastan, pronajdeni se preku 200 tela na mudzhedini, a dosta i raneti-dek izbegale,znaci brojkata e sekako na d dveste..
 se procenuva deka brojkata na napagjaci bila najmalku dvapati povekje, !
- i pokraj dvodnevnite neprekinati borbi, potpolno opkoleni i bez nikakva pomos, ovie hrabri vojnici uspeale da unsitat 200+ mudzajhedini  a da zagubat samo 6 ( sest) svoi drugari!... toa vo filmot e pretstaveno poinaku,samo 1 ( eden) prezivuva, znaci ovaa bitka e vsusnost sovetska pobeda a  ne poraz so samo eden prezivean.( kako vo filmot.... nesvatlivo za eden holivud, a Smile ?  )
za razlika od , za zal, se povekje nametnuavnite holivud, gluposti, ovde, se raboti za skromen film koj pokriva izvonreden voen istoriski nastan koj duri ne ni dovolno favoriziran i "holivudiziran" za da bide "block buster"....
zatoa i smetam deka mestoto mu e vo istorija, a filmot samo kako potsetnik...

- lokacijata ne napstena , bazata e zacuvana vojnickata cest obelena,
do vkupno 39 sovetski vojnici, nema koj ne e ranet!
6 zaginuvaat vo bitka
28 se raneti
site se nagradeni so orden na crvenata zvezda i orden so crvena lenta,


dvajca ,. posthumno se proglaseni za Heroj na sovetskiot sojuz, titular koja ne umira,
1. Aleksandar Vjeceslav Aleksandrovic, pomlad vodnik koj gine pokrivajki ja edinicata so svoeto mitralesko odelenie a negovata akcija bila presudna zatoa sto ne ja napustil pozicijata i zaginal dejstvuvajki so tezok mitralez 12.7 mm odbivajki go mudzahedinskiot juris..proglasen e posthumno za Heroj na SSSR
2. Andrej Aleksandrovic melnikov, mitralezecot od oddelenieto na prviot, po cin -vojnik regrut, za istoto delo kako i negoviot komandir, so toa sto ovoj bil operator na tezok mitralez 12. 7 mm..proglaen isto taka za Heroj na SSSR, posthumno.
poslednata scena  odnosno poslednata bitka.



nastanot se slucil na 7 januari , bitkata zapocnala na 7 a traela  2 dena...
..vo ona vreme, sovetskata armija se odrzuvala o regruten system, kako porano JNA...pa edno vreme i ARM.. , t.e lugjeto vo nastanot , bile vojnici regruti- 18,19, 20 godini..

_________________
The greatest trick the Devil ever pulled was convincing the world he didn't exist. And like that...he's gone.

https://www.youtube.com/watch?v=EZ4ELvmTOnw

VOL

Posts : 13549
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Re: Историја - општо

Пишување by king on Вто Јан 12 2016, 13:53

Филмот ми е гледан многу одамна ...уште кога излезе ... во ерата кога се изнајмуваа двд -а
... но и видео играта  кота-3234 (така некако се викаше) од руско производство ја имам завртено ... гадна и супер динамична беше ....

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8676
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: Историја - општо

Пишување by concrete on Вто Јан 12 2016, 14:57

VOL напиша:


This is so touching: an old WW2 Russian tank army veteran has finally found his own tank on which he passed through all the war standing in small Russian town as a monument and got emotionally shocked that people worried his heart won't be able to cope with this.
..секоја чест на сторијава , ама ваква сентиш ситуација може да биде само измислена..Тенкист и тенк не се сретнуат после војна..., ама ич.
Нема шанса.....ниту временски, ниту просторно нити незнам како. Нема теоретска шанса... Па башка тенк ставен на постамент.... Тенкистов да нема изгребано срце на тенкот со никад нема да те заборавам или по сериски број го нашол??? Гарантирам не ги памти имињата на последната посада со која се демобилизирал.... 96-7 години бе.., енглеската кралица мајка беше ко макета на тие години, а не па русин одгледан на вотка...
Или едноставно е доволно стар и сенилен , да секој тенк му се гледа како НЕГОВИОТ ТЕНК.., па окенаски бранови на чувства го брануваат.... Very Happy Very Happy

concrete

Posts : 6047
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Re: Историја - општо

Пишување by VOL on Вто Јан 12 2016, 15:09

A, ako e vistina Smile jegermeister dodeka ne ti recam dosta mi e ,
ako ne e , i so dva ke pomines Smile Sad

_________________
The greatest trick the Devil ever pulled was convincing the world he didn't exist. And like that...he's gone.

https://www.youtube.com/watch?v=EZ4ELvmTOnw

VOL

Posts : 13549
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Re: Историја - општо

Пишување by concrete on Вто Јан 12 2016, 15:30

VOL напиша:A, ako e vistina Smile  jegermeister dodeka ne ti recam dosta mi e ,  
ako ne e , i so dva ke pomines Smile Sad
..не е проблем јегермајсторот.., ама причава е  само за словенска душа напатена..... Very Happy Very Happy Very Happy

concrete

Posts : 6047
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Re: Историја - општо

Пишување by VOL on Вто Јан 12 2016, 15:33

Wink
 ne sumJaj u Vol-ot za vakvi raboti be, beton Smile
http://www.fokuzz.com/svet/lista/najmocnije-fotografije-ikada-koje-su-sokirale-svet-40-srcecepajucih-fotografija-koje-ce-vas-rasplakati/

http://balkanspress.com/index.php/zanimljivosti/foto-video/4609-fotografije-koje-su-sokirale-svet-36-srceparajucih-fotografija-koje-ce-vas-rasplakati

http://englishrussia.com/2008/05/29/the-old-vet-and-his-tank/

ne kleci 90 godisen starec tek taka , beton..

_________________
The greatest trick the Devil ever pulled was convincing the world he didn't exist. And like that...he's gone.

https://www.youtube.com/watch?v=EZ4ELvmTOnw

VOL

Posts : 13549
Join date : 2014-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Re: Историја - општо

Пишување by concrete on Вто Јан 19 2016, 23:39

VOL напиша:Wink
 ne sumJaj u Vol-ot za vakvi raboti be, beton Smile
http://www.fokuzz.com/svet/lista/najmocnije-fotografije-ikada-koje-su-sokirale-svet-40-srcecepajucih-fotografija-koje-ce-vas-rasplakati/

http://balkanspress.com/index.php/zanimljivosti/foto-video/4609-fotografije-koje-su-sokirale-svet-36-srceparajucih-fotografija-koje-ce-vas-rasplakati

http://englishrussia.com/2008/05/29/the-old-vet-and-his-tank/

ne kleci 90 godisen starec tek taka , beton..
  in which he passed through all the war.....VOL не ме засмејавај со сентиш приказни... А бе знаеш дека НИЕДЕН тенкист не траел all the war.... башка  колку што се произведувале нови толку и се ремонтирале погодени во борба... посадата обично со шпакла ја стругале од внатрешноста, пред повторно да го состават тенкот од ремонтираните и , ако требало новите делови....  Нажалост тоа е онаа скриената страна на херојската приказна за војната. Во авијација било уште позаебано....на сите завојувани страни.. Cool
Апсолутно е неверојатно старинава која 45 да имала 18 години и веројатно била во тенк некој месец на некој бочен фронт да налетала туку така на својата макина на постамент. Прво локациски русија е голема, второ малку од тие тенкови не отишле во лом и топење....како сакаш земи релативен шкарт произведен во војни услови...  Но , ако си сакаш романтични приказни , нека ти.... Very Happy Very Happy

concrete

Posts : 6047
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Re: Историја - општо

Пишување by Sponsored content Today at 05:33


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот