Значајни личности од македонската историја - Дедо Иљо Малешевски

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Значајни личности од македонската историја - Дедо Иљо Малешевски

Пишување by king on Сре Јан 14 2015, 21:07

Ќе започнам со отварање на теми (секако да тоа може секој да го прави)  Значајни личности од македонската историја - ххххххххх ххххххх

Како за прва тема е одбран Дедо Иљо Малешевски


Последната промена е направена од king на Сре Јан 14 2015, 22:58. Мислењето е променето 1 пати

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8683
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: Значајни личности од македонската историја - Дедо Иљо Малешевски

Пишување by king on Сре Јан 14 2015, 21:10

Како за почеток на темата ќе се послужам со позајмен текст


Дедо Иљо Малешевски


Иљо Марков –Малешевски (Берово, 28. V 1805 – Ќустендил, 29. IV 1898) – македонски револуционер, ајдутски и востанички војвода. Честопати е именуван како „последниот македонски ајдутин“.




Основал ајдутска дружина кон средината на XIX век. Со својата дружина дејствувал во областа на Источна Македонија, главно во Малешевијата. Учествува во секоја вијна против Осмалиската империја. Во летото 1859 година преминал во Србија, а на 5 јуни 1862 година, во оружениот судир во Белград, предводел 400 македонски доброволци во т.н. „Иљова легија“ или „Македонски одред“. Со македонски доброволци учествувал во Српскоосманлиската војна во 1876 година во составот на Руско-македонскиот батаљон. Тешко ранет се лекувал во Србија, а потоа заминал во Романија. Со македонски доброволци (ополченци) се борел и во Руско - турската војна (1877–1878) во ослободувањето на Бугарија. Се истакнал во борбите на Шипка. По ослободувањето на Ќустендил, во почетокот на 1878 година со 150 македонски доброволци учествувал во востаничкиот продор во Пијанец. Со своја чета од 200 до 300 востаници учествувал и во Кресненското востание во 1878 година. Опеан е во народните песни.
Иљо Марков Поп - Горгиев – Малешевски е роден на 28 мај 1805 година во Берово. Неговиот дедо поп Ѓорѓи загинал како четоводител во борба со турскиот башибозук по поставената заседа кај селото Пастух, додека татко му Марко бил сиромашен земјоделец.  До дваесетата година живеел во своето родно место, а по кавгата со турскиот старешина кој се намерачил на неговата сестра, Иљо Марков заминал кај својот роднина калуѓер во Рилскиот манастир. Во периодот од 1830 до 1838 година, работел како чувар и секогаш бил вооружан. Манастирот го чувал од турските и фругите разбојнички банди, но таму се сретнувал и со ајдуците кои барале засолниште во манастирот.
Откако  се оженил во 1838 година, Иљо Марков се вратил во Берово. Неможејќи да го трпи турскиот зулум во 1850 година се скарал со беровскиот бајрактар Мехмед, кој потоа за одмазда пукал од заседа и го ранил неговиот брат. По овој настан, Иљо Марков ја зел правдата во свои раце и го убил Турчинот,  а потоа избегал во планина. Таму собрал мала дружина со која крстосува неколку години низ Малешевијата, Пијанец и Осогово, штитејќи го македонското население.

За време на Кримската војна (1853 – 1856), позната уште како руско-турска војна, неговата дружина се зголемила на 70 души. Кога во 1854 година дознал дека Турците од Дупница се подготвуваат да ги нападнат христијаните, војвода Иљо им се заканил дека со својата дружина ќе го збрише турското мало во градот од лицето на земјата. Неможејќи да се справат со силната дружина на  војводата Иљо, Турците се обидуваат да го фатат на измама. По излегувањето на Хатихумајунот во 1856 година, од Истанбул пристигнало писмо со кое се препорачува да не се гони Иљо војводата доколку со својата дружина се врати на мирниот живот.
Указот со кој е помилуван, Турците го испраќаат преку митрополитот Авксентиј Велешки, а Војводата Иљо со неговиот другар Нико Камбера слегуваат во Ќустендил. Властите свечено го пречекуваат и му дозволуваат да носи оружје, но тоа е само привидно. Меѓутоа по враќањето во Берово, тој ја открил заверата на локалните Турци. Заедно со Нико Камбера ги ликвидирал заговорниците и повторно бегаат во планина. Бегајќи пред големата потера тој побарал засолниште во Солун и Света гора.
Во 1859 година, по наредба на нишкиот валија Зејнел, куќата на Иљо војвода е ограбена и срушена, покуќнината и стоката уништени, а неговата жена Цона и нивните две деца се однесени во Ќустендил каде се чувани под најстрога контрола. Иако им било опростено, по наредба на нишкиот валија биле фатени 12 ајдуци од дружината на Иљо војвода кои се вратиле во своите домови. За да го заплашат народот четворица од нив биле јавно обесени во Ќустендил и другите во Ниш. За семејството на војводата Иљо настанале тешки моменти.
Во 1860 година Иљо Војвода со својата дружина преминал во Србија, а во 1861 година станал помошник на бугарскиот револуционер Георги Раковски, голем поборник на илирската идеја и панславизам. Војводата Иљо ги подготвувал луѓето на Раковски од Првата бугарска легија. Тој ги обучувал да стрелаат и им го пренесувал своето знаење за водење на ајдучката борба, а истовремено го поткревал духот на младите воини.  На 5 јуни 1862 година, во оружениот судир во Белград, носејќи го знамето на легијата го предводел батаљонот, меѓу кој и 400 македонски доброволци вклучени во т.н. „Иљова легија“ или „Македонски одред“. Со својата отвореност и добродушност,  со црврстата воља и карактер, како и со херојските подвизи, Војводата Иљо ги восхитуваше Србите и Бугарите.
По растурање на Легијата од страна на српската влада, Иљо Војвода со дел од четата отседнал во Крагуевац. Турците кои со внимание ги следат неговите активности, повторно го уапсиле неговото семејство и го чувале под строг надзор во Скопје. Додека Иљо е во Србија на семејството им помага Најден Геров. По две години престој во Крагуевац Иљо се враќа во Белград. Кнезот Михајло Обреновиќ го наградува со орден и титула, а му доделува и пензија од 150 денари.
Во 1876 година Иљо војвода со 300 македонски доброволци учествувал во Српско-турската војна во составот на Руско-македонскиот батаљон. Во војната учествувале и неговите синови Никола и Иван. Кон крајот на војната, во разговор во една кафеана во Књажевац, ги обвинил српските официри за недостаток на храброст и дека само знаат да парадираат со своите мечеви во градот, додека на бојното поле бегаат од Турците.  Во  кавгата која настанала со српскиот аѓутант на Хорватовиќ, Иљо Марков бил тешко ранет. За покажаната храброст во војната добил српски „Татковски“ орден.
Се лекувал во Србија, а потоа со почетокот на Руско-турската војна (1877/78), како христијанин и заклет непријател на Турците, уште незаздравен заминал во Романија. Во Свиштов се ставил на услуга на руската команда од која добил чин на капетан, а по ослободувањето на Софија бил назначен за командант на доброволните четии и се бори за ослободување на Бугарија. Се истакнал во борбите на Шипка, која е прекретница за ослободување на Бугарија. Заедно со македонските доброволци дејствува во заднината на турската војска на потегот Радомир – Ќустендил.
Дедо Иљо Марков со измама успева да ги наговори градските татковци да го предадат Ќустендил и на 11 јануари 1878 година, неговата чета заедно со руските војници под команда на полковникот Задерновски влегуваат во градот. Иако се приморани веќе другиот ден под притисок на бројни турски војски кои доаѓаат од страна на Крива Паланка да го напуштат градот, дедо Иљо повторно ќе влезе во Ќустендил на 17 јануари 1878 година на чело со силен одред на генералот баронот Маиндорф.
По ослободувњето на Ќустендил, во почетокот на 1878 година, дедо Иљо Марков со 150 македонски доброволци учествувал во востаничкиот продор во Пијанец. Тој бил пречекан со големи почести од месното население. Го собрал оружјето од Турците и помагал во организирање на месната власт.
Дедо Иљо Марков – Малешевски бил во Сан Стефано, кога во март 1878 година бил попишан Санстефанскиот мировен договор меѓу Руското царство и Отоманската империја. Но под притисок на големите сили, Австро-унгарија, Велика Британија и Франција кои не биле задоволни од проширувањето на руското влијание на Балканот, како и на Грција и Србија кои не посакувале создавање на голема Бугарија, кратко трае овој „прелиминмарен договор“ за создавање на т.н. „бугарско царство“ во кое би влегол поголем дел Македонија. Само неколку месеци подоцна, по Берлинскиот договор со кој претходниот станува неважечки, бројни турски војски повторно се враќаат во Македонија. Родното место Берово останува под турска власт, а Дедо Иљо со семејство останува да живее во Ќустендил. За неговите заслуги Народното собрание му одобрува пензија од 220 лева месечно.
Дедо Иљо не престанува да се интересира и да работи за слободата на македонскиот народ. Со својата чета од 200 до 300 востаници учествувал и во Кресненското востание во 1878/79 година, на десната страна на реката Струма. Иако веќе возрасен учествува и во Српско-бугарската војна во 1885 година, по што ја губи српската пензија.
Во 90-тите години, кога почнува активно дејствување на македонската револуционерна организација во Македонија и Одринско, Ильо војвода со интерес ги следел настаните и ги помагал револуционерите кои поминувале низ Ќустендил. Дедо Ильо војвода дава вредни совети за изградба на организацијата на ВМОРО.
Уште додека беше жив Дедо Иљо станал легенда, а неговата храброст и јуначки дела се испеани во многу народни песни. За покажаната храброст во војните одликуван е со повеќе ордени од страна на српската, руската и бугарската власт. Умира во Ќустендил во 1898 година, Погребан бил со највисоки почести во присуство на бројни пријатели и прврзеници. Целиот град излегол да се прости со последниот прочуен ајдустки војвода.


http://www.mn.mk/makedonski-legendi/4410-Dedo-Iljo-Malesevski

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8683
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот