Колумни, интервјуа ...

Страна 1 of 15 1, 2, 3 ... 8 ... 15  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Колумни, интервјуа ...

Пишување by YAS on Саб Ное 29 2014, 11:06

За почеток денешната колумна на Горан Михајловски во Вест...


ДРЖАВЕН ИСПИТ
Пишува Горан МИХАЈЛОВСКИ - Тито никогаш не завршил факултет
1   Кога во 1968 година, во комунистичка Југославија студентите протестирале во Белград против црвената буржоазија,Тито го испратил неговиот близок партиски соработник Вељко Влаховиќ да ги смири. Ги сопрел на мостот на Сава за да не дојдат до центарот на градот, и студентите се растуриле. Другиот ден Тито рекол: "Студентите се во право". После, додуша, ги поапсиле најгласните, ама со тој себап, комунистичкиот лидер барем почнал некакви реформи. 
Тито го имал Вељко како курир да ги смирува студентите. Тој никогаш не завршил факултет. Ама ја знаел силата на студентите. И знаел дека мислењето треба да им се почитува, иако не се согласувал со нив. 
Никола Груевски е магистер по економски науки. И за разлика од Тито, нема некој Вељко Влаховиќ. Ама и тој си има курир, не за да ги смири туку да ги бележи студентите. Да им црта црвени крукчиња и да им бара непријателска активност и врски со СДСМ и со Сорос. Не за да ги сослуша туку да им каже: "Вие не разбирате дека ова е добро за вас. И нема што да разговараме, кога и онака имам мнозинство во Собранието за да си донесам закон каков што сакам. И бидејќи тоа што сум го смислил е добро за вас, без оглед на вашето мислење, екстерно испитување на факултетите ќе се воведе, па макар се викало и државен испит".
Иако, стварно не ми е јасно зошто баш студентите треба да настрадаат затоа што газдите на факултетите се корумпирани, па лесно може да се купи и испит и диплома. Настрана што, пак, ич не ми е јасно што толку власта запнала за дипломите, кога и онака за вработување не ти треба диплома. Единствениот услов за успех во животот е партиска книшка.
2   Како ли сме живееле пред ова ВМРО-ДПМНЕ да биде на власт? Сме имале седумдесет години своја држава и сме живееле како дива орда? Нерегулирано, неосвестено и неосознаено? Па сега мора партијата на власт да нe превоспитува за да нe цивилизира?
Во сеопфатната општествена акција на превоспитување, најновата мерка е за време на викенд да се дружат родителите и наставниците. Нормално, во присуство на учениците, за да се избегне пипкање. 
Оваа владина воспитна мерка доаѓа како логичен след на сите други досега. Се знае колку пати смееш да се разболиш. Кога смееш да се разболиш. Колку антибиотици смееш да пиеш. Каков инсулин треба да примаш. Колку пати смееш да одиш на рендген, а колку пати на испитување на тироида и на компјутерска томографија. Се знае дека не смееш да абортираш и оти треба да имаш најмалку три деца. Се знае дека не треба да одиш на одмор во Грција и оти мора да одиш во Охрид. Треба да бидеш културен и љубезен со странците. Ако си државен службеник, со државни пари мора да учиш англиски. Исто така, се знае што мораш да јадеш. Колку чекори треба да истрчаш. Зашто, нели - Ти си Македонија. Како што почна кампањата за превоспитување уште во 2008 година. Ама тогаш не сфативме дека баш така требало да си Македонија. 
Оти, ако не ги почитуваш превоспитните мерки, тешко тебе. Или си јалова стара девојка, или си педер, или си дебел... Ако не се најдеш меѓу тие аномалии на општеството, тогаш сигурно си СДСМ. Или уште пострашно - соросоид. И од тебе Македонија не бидува.
3   Чудесна е оваа земја. Колку повеќе реклами за спречување семејно насилство толку повеќе убиени од семејно насилство. Колку повеќе реклами за безбедност во сообраќајот толку повеќе жртви во сообраќајки. Колку повеќе реклами за здрав живот толку повеќе срцеви удари и дебели деца. Колку построги закони толку повеќе прекршоци. Колку повеќе субвенции толку помалку добиток. Колку повеќе регистрирани трактори толку повеќе жртви во тракторски несреќи. Колку повеќе посадени дрвја толку позагадени градови.
За ефикасноста на рекламите со кои ВМРО-ДПМНЕ почна да нe превоспитува ми стана јасно уште со кампањата "Ти си Македонија". Во 2008 година Грција во април стави вето на Самитот на НАТО. И кога најмногу бевме лути, почнувајќи веќе од јуни, па до крајот на летото, над 300.000 Македонци заминаа на плажа во Грција. А оние 50.000 Македонци што се одважија и зедоа бугарски пасоши, изгледа не ја гледале рекламата. Иако секогаш стои прашањето колку ли ќе беа ако немаше владина кампања за патриотизам.
4   В среда пак ќе има Ден на дрвото. И пак ќе ја садиме својата иднина. Ќе садиме дрвја за да имаме што да сечеме. За да имаме со што да се грееме. Мотото "Засади ја својата иднина", ќе го смениме во "Запали ја својата иднина". 
Ете уште еден од парадоксите. Најзагадени градови се Битола под Пелистер и Тетово под Шара. Е стварно е чудесна оваа Македонија.
5   Пред неполн месец во Кондово се испотепаа вработени во МВР и вработени во АРМ. Пукаа со службените оружја. Потоа во Кавадарци бивш полицаец отепа цела фамилија на невестата. И пред некој ден во Злетово војник на АРМ си отишол од стража, сосе службениот калашников, и покоси тројца. 
Бидејќи оние со приватно оружје не убиваат толку како овие со државното оружје, би можело да се донесе нов закон. На тие што имаат дозвола за службено оружје, да им се одземе. И да му се даде на народот што нема дозвола за оружје. И Владата да ја зајакне оваа мерка така што ќе дели субвенции за оние што нема да го искористат оружјето.

YAS

Posts : 774
Join date : 2014-11-16

Вратете се на почетокот Go down

Re: Колумни, интервјуа ...

Пишување by YAS on Саб Ное 29 2014, 11:11

Петар Гошев за НОВА...


Интервју со екс-гувернерот на Народна банка Петар Гошев за екстремната сиромаштија и невработеноста кои власта ги крие, за загрижувачката задолженост и полнењето на буџетот преку казни, и најавените документи и докази на СДСМ, т.н „бомба“, за која Гошев смета дека ќе го покрене народот и ќе го освести за начинот на владеење на Владата на Груевски.


YAS

Posts : 774
Join date : 2014-11-16

Вратете се на почетокот Go down

Re: Колумни, интервјуа ...

Пишување by king on Нед Ное 30 2014, 12:30

Гошев пак продава памет ...

... а кога на тацна му ја даваа власта ... се исплаши и кидна .... 

.... хе хе хе ... заборава како пројде неговиот и на Љубчо бојкотот ... сдсм уво ја заболе што немаше опозиција во парламентот
....напротив ... убаво си го искористија тоа за да ги направат сите срања во државава...
 ..од кои ако и оние после  оние после нас испливаат ... на коњ ќе бидеме ...

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8683
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: Колумни, интервјуа ...

Пишување by YAS on Пон Дек 01 2014, 14:18

Бранко Тричковски на фејсбук...

Уште ората останаа за заштита!



Унеско решил да го стави под своја заштита македонското оро “копачка”.






Убав гест од страна на Обединетите нации! Но, не можам, по тој повод, да не забележам дека Градскиот трговски центар и зградата на ЕВН не се интересни за Унеско како ѕуцањето напред три назад четири или беше обратно не е битно, чекори на некое поднапиено друштво маскирано во селски носии за лов на фоки, впрочем, како и масакрираната зграда на Муличковски, претворена во барокно срање на еден луд премиер или амбиентално уништената зграда на Операта и балетот! Унеско не беше заинтересиран да го заштити културниот идентитет на цел еден народ изложен на неверојатна агресија на група чипирани идиоти од внатре, неговиот културен код, неговото историско паметење! Го немаше да го заштити градот на солидарноста од уништување преку ѕидање на грозни чудовишта од зградуриништа! Сега ќе му ја штител “копачката”! Па, ете му ја нека ја штити, ако му е малку јас сум спремен да му ги предложам и калајџиското или пиперевкара на премиерот! И уште нешто: нека земат да го заштитат Скопје 2014 оти тоа е неповторливо, единствено наследство на специфичната култура на глупоста на македонскиот човек!
фejсбук статус на новинарот Бранко Тричковски

YAS

Posts : 774
Join date : 2014-11-16

Вратете се на почетокот Go down

Re: Колумни, интервјуа ...

Пишување by кнез on Пон Дек 01 2014, 15:05

Човеков е за на психијатар.
Не знам добри психијатри ама ако некој знае веднаш нека му пише,зошто веќе сега е доцна.

кнез

Posts : 545
Join date : 2014-06-04

Вратете се на почетокот Go down

Re: Колумни, интервјуа ...

Пишување by YAS on Пон Дек 01 2014, 16:28

кнез напиша:Човеков е за на психијатар.
Не знам добри психијатри ама ако некој знае веднаш нека му пише,зошто веќе сега е доцна.
Го заклучи тоа на основа на еден прочитан фејсбук статус на Тричковски???Што ли ке мислиш ако прочиташ повеке од него???Ме интересира па решив да ти помогнам...

Тричковски- Државни испити и државни затвори





Слушам дека на премиерот Груевски му се слошило додека го слушал краткото интервју во кое неговиот пулен Спиро Ристовски, пред камерите на Сител рече, во малку послободна интерпретација на мојата маленкост, дека дисперзијата на високото образование во Македонија произведува “морони” кои не знаат што да прават со дипломите што ги добиваат на бројните универзитети кои, пак, за да избегнат банкрот, го спуштаат нивото на образованието за да мо…жат да произведат повеќе допломи и дипломци за пониска цена по единица “морон”. Државата ќе се бори со оваа шокантна пракса преку некакви државни испити по втората односно четвртара година од студиите!
Во настојувањето да ги образложи мотивите за бесмисленатата идеја за државните испити, Спиро се занесе толку многу што во тие три- четири минути успеа да ја утврди како катастрофална една од клучните реформски политики на својот партиски и владин шеф: дисперзијата на високото образование, неговата идеја секој да може да студира во племната на дедо му, неговата идеја да се урне ” комуњарскиот” елитизам во високото образование, неговиот проект да го доближи високото образование до широките народни маси! Спиро мисли дека на тој начин во Македонија се произведуваат неквалитетни високошколски кадри што јас ги викам морони. И тој, а и јас, сме во право. Но, како што знаеме, главни оперативни директори во таа моронска слободна зона беа Спиро и неговиот претходник пред да премине на уништувањето на уште еден сектор, здравството- Тодоров! Но, Спиро, реков, се занесе и заборави дека идејата на неговиот шеф и беше да се произведат морони на кои ( и на нивните фамилии, јасно) потоа ќе им биде мило да гласаат ко морони односно за вемерето!
Мислам дека пред да ја спроведе идејата за државните испити, Спиро ќе наебе. Прво ќе наебе од Груевски, а второ, кога ќе му дојде времето, ќе наебе и од нас оти на идејата за државни испити ние мислиме да парираме со идејата за државни затвори: за Спиро, за Тодоров и, се разбира, за нивниот шокиран шеф!

Фб статус на новинарот Бранко Тричковски

http://libertas.mk/%D1%82%D1%80%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B4%D1%80%D0%B6%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8-%D0%B8%D1%81%D0%BF%D0%B8%D1%82%D0%B8-%D0%B8-%D0%B4%D1%80%D0%B6%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8-%D0%B7/

YAS

Posts : 774
Join date : 2014-11-16

Вратете се на почетокот Go down

Re: Колумни, интервјуа ...

Пишување by кнез on Пон Дек 01 2014, 19:13

Скоро па да сум сигурен дека човеков има нервно растројство а тоа не го прави да биде глуп.
Луд и глуп се две мнооогу различни работи иако мислам дека неговото растројство не го прави луд,туку во некој период има темни моменти кои ако не ги лекува можат во интервал да се зголемуваат.

кнез

Posts : 545
Join date : 2014-06-04

Вратете се на почетокот Go down

Re: Колумни, интервјуа ...

Пишување by Centarec on Пон Дек 01 2014, 19:47

јееа докторе беее : ))))абе и ти ко газда конкрит сестран : ))да се баравте немаше да се најдете

Centarec

Posts : 996
Join date : 2014-11-16

Вратете се на почетокот Go down

Re: Колумни, интервјуа ...

Пишување by king on Пон Дек 01 2014, 19:51

колумни и колумџии .... свирање и свирачи к...у излазечем ....

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8683
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: Колумни, интервјуа ...

Пишување by YAS on Вто Дек 02 2014, 10:38

Овде не е потребен коментар...



Лекциите што ги научив 
Гинтер Грас




Третата светска војна е во тек. Лоби групите ја убиваат демократијата. Без социјализам нема демократија. Литературата ја застапува вистината на поразените. Ништо толку не поттикнува опсесија како загуба. Тито беше деспот со особини на државник. Денес би бил против бомбардирањето на Сојузна Република Југославија. Кога дознав дека добив Нобелова награда, отидов на забар кај кого претходно имав закажан преглед. Во СС не се пријавив доброволно, бев регрутиран, по половина година паднав во воено заробеништво, злосторства не сум извршил. Јас сум демократски социјалист, политички ангажиран граѓанин кој по занимање е писател и графичар и мислам дека ги разбрав лекциите кои ми беа зададени, вели Гинтер Грас во интервјуто со Андреј Ивањи за белградско „Време“, кое го објавуваме во скратена верзија. 



Кога сега ќе помислите на Вили Брант, што ви паѓа прво на памет?
- Дека ни недостигаат политичари од таков формат. Се чудам колку ретко денес наидуваме на неговиот начин на водење политика, што значи дека противникот не го набљудуваме како непријател туку како некој со кој мора да се разговара, кој треба да се сфати, чии аспирации и интереси треба да се разберат и при тоа да се биде подготвен за долги преговори и серија удари кои процесот го враќаат назад.

Ќе ви наведам еден пример. Пред седум или осум години бев во Јужна Кореја на покана на тамошниот универзитет и Институтот Гете. Бев изненаден што студентите во Сеул беа запознаени со секој чекор од политиката на деескалација на тогашната влада на Брант и Шел кон Источна Германија. Поради тоа што знаеја дека на нив во Кореја им претстои пат под далеку потешки околности. Тие тој пат го препознаа како можност за повторно спојување. Дали еден ден ќе им успее, тоа е друго прашање. Но, на толкав интерес за темата никогаш повеќе не наидов и покрај конфликтите како оние во Кипар или Украина, а камоли меѓу Израел и Палестинците, а долги и напорни преговори се единствениот начин да се избегне војната и да се дојде до попуштање на конфликтот .

Како гледате денес на социјалдемократијата во Европа?
- Во време кога Вили Брант беше на чело на германската влада и додека беше претседател на Социјалистичката интернационала со Бруно Крајски и Олоф Палме, таа имаше надворешнополитичка тежина. Кога, на пример, во Португалија почна „Каранфил револуцијата“, Американците во неа видоа комунистичка закана и сакаа тоа да го решат со модел веќе применет во Чиле. Социјалистичката интернационала со Брант на чело, фала му на Бога, и во интерес на Португалија и народот во Европа, успеа да го спречи спроведувањето на планот на Хенри Кисинџер.
Таква тежина социјалдемократските и социјалистички партии денес веќе немаат бидејќи интересите им се разминуваат. Тоа секако има врска со тоа што капитализмот како систем беше во состојба да се глобализира, а синдикатите во тоа не успеаја. Тие и понатаму во националните рамки се вртат околу проблемите со тарифните договори и не успеваат да воспостават прекугранична солидарност. Тоа е, се разбира, недостатокот и доведува до паѓање на моќта, бидејќи синдикалците секогаш биле во сојуз со социјалдемократските партии. Ова доведе и до тоа работниците во социјалдемократијата и синдикатите да не се чувствуваат како дома.
Глобалната тенденција е да се зголемува јазот меѓу богатите и сиромашните, што влијае на индивидуалните егзистенции, на држави и цели континенти. Во тоа светло ништо не е понужно од заживување на социјалдемократијата, оние интересни групи кои се залагаат за луѓето кои се зависни од другите во најширока смисла на зборот.

Велите дека сте демократски социјалист. Што значи тоа?
- Дека поимите демократија и социјализам се неразделни, едното го условува другото. Демократија без социјална правда не може да функционира, и обратно, без демократска контрола социјализмот се извитоперува во еднопартиски систем, што често бевме во прилика да гледаме.
 
Во романите „Дневникот на еден полжав“, „Измислица или Како Германците изумираат“ или „При лупење кромид“ постојат јасно препознатливи автобиографски делови. Дали книжевната фикција на некој начин може да се доближи до вистината повеќе од сувопарните историографски извештаи?
- Јас секогаш користам множина - вистини. Секогаш има повеќе вистини. Литературата, меѓу другото, поттикнува една подруга, дополнета вистина во однос со реалната вистина. Спротивно од официјалната историја која секогаш ја пишуваат победниците, литературата е во состојба да ја запази вистината на поразените, кои немаат моќ да ја претстават својата визија на реалноста. Тоа се однесува како на политички така и на социјален план. Тоа се гледа и во повоената историја на Германија.
Оваа земја во дваесеттиот век изгуби две светски војни. На избивање на првата војна меродавно влијаеше, втората сама ја предизвика и заврши со апсолутен пораз. Билансот на таа војна не може да биде пострашен. Германија е виновна за геноцид, за холокаустот, уби повеќе од два милиона руски воени заробеници кои умираа од глад во логорите, изврши многу други злосторства. Наспроти сите обиди сѐ да потиснат на поразените Германци не им преостана ништо друго освен на крајот да се соочат со својата историја. Тоа во голема мера им појде од рака, иако недоволно - и никогаш целосно нема да успеат.
Сепак, кога ќе ги погледнам победниците кои до денес не се подготвени да се справат, на пример, со наследството на својата колонијална историја, без разлика дали тоа е Англија, Холандија, Белгија или Франција, тогаш ова е доста голем успех.

Што значи „надминување на минатото“ (Vergangenheitsbewältigung), термин кој настана во Германија?
- Што се однесува до Германија, тоа значи дека прво мора да препознае како тргна по погрешен пат, како за релативно кратко време Вајмарската Република - колку и да стоеше на слаби темели, сепак тоа беше република, можеше да се претвори во диктатура со застрашувачки размери и тоа како последица на избори, бидејќи Хитлер дојде на власт на избори.
Постојат многу причини. Се разбира дека после царска Германија таа слаба Вајмарската Република беше оптоварена со Версајскиот договор, со огромни отштети што требаше да ги плати, со инфлација, црнот петок во 1929 кој се прелеа од Америка... Кога Хитлер дојде на власт во 1933, во Германија имаше шест милиони невработени. Ова е еден дел од приказната.
Вториот дел од приказната е дека тешката индустрија го поддржувала Хитлер уште пред 1933, двете цркви закажаа, граѓанството не беше многу пријателски настроено кон Вајмарската република, партиите секако не, а потоа дојде одлуката на Коминтерната дека за комунистите не се главни непријатели националсоцијалистите туку социјалдемократите. Меѓутоа, суштината е дека немаше доволно граѓани кои би се ставиле заштитнички пред таа слабо втемелена Вајмарската република, а тоа важи и за интелектуалците.

Тоа за мене беше првата лекција која морав да ја сфатам кога на осумнаесет- деветнаесет години се прашував за причините за пропаѓањето во варварство. Од таму ги изведов своите заклучоци, мојот политички ангажман е втемелен во потфрлувањето на Вајмарската република. Тоа за мене значи да се справам со минатото. Дали може да се надмине, тоа е друго прашање.
 
Вашата татковина е Гдањск, по татко сте Германец, по мајка од кашупско потекло, што се рефлектира во вашите дела. Дали книжевност без свест за своите корени и потекло е воопшто возможна?
- Јас мислам дека тоа е предуслов. Тоа мене, како и на некои други автори, засилено ни се наметна како прашање, затоа што јас го изгубив мојот роден крај. А ништо толку не те тера на опсесивно пишување како што тоа го прави загубата - во мојот случај губењето на родниот крај.
Тоа доведе до тоа што во 1958, додека живеев во Париз и работев на „Лимениот барабан“, за прв пат по војната отидов во Гдањск (полското име на градот) за да ги барам трагите на Данциг (германското името на градот) и да истражувам за одбрана на полската пошта за пишување на „Лимениот барабан“.
Германија многу работеше да ги нормализира односите со Франција, и тоа многу добро ни појде од рака. Со Полска тоа одеше потешко. Ставот кон Полска беше една од причините зошто ја поддржав политиката на Вили Брант. Зигфрид Ленц (заедно со Грас јавно ја поддржа Источната политика на Вили Брант), по потекло од Источна Прусија, кој исто така го загуби својот роден крај, и јас меѓу другите, во 1970 бевме со Брант во Варшава кога и покрај големиот отпор во Германија ја призна границата на Одра и Ниса. Тоа беше предуслов за политиката која сакаше да ја води.
Запишано во документ, губењето на територија дури сега изгледаше конечно, иако јас во главата долго пред тоа прифатив дека по тоа прашање сѐ е готово. Од емотивната страна сепак тоа беше тешко.
Јас тогаш се обидов како писател нешто што е изгубено повторно да го повикам со помош на литературата, тоа да го воспоставам на сосема поинаков начин со фикција и фантастичен реализам во „Лимениот барабан“.
 
Па добро, како се чувствувате, како Германец, човек од Гдањск, Европеец, граѓанин на светот ...?
- Во принцип, како сè што набројавте. Не мислам дека е погрешно прво да се дефинирате во однос на регионот од каде потекнувате. Германците своевремено имаа големи тешкотии да се дефинираат, исто како и Италијанците. Овие две нации по тоа прашање доцнеа во Европа, што доведе до големо зло.
Јас долго во дебатата во Источна и Сојузна Република Германија, при што и двете страни инсистираа на дводржавност и сакаа да бидат различни, се обидував спасот да го најдам во поимот „културна нација“ како што ја опиша Јохан Готфрид Хердер (татко на „културниот национализам“ заживеан во 19 век). Германија по Триесетгодишната војна се состоеше од 350 државички, а Хердер ја препозна поврзувајќи нишки на култура како нешто многу витално и стабилно. Неговиот поим „културна нација“ не беше ограничен со национални граници, беше отворен за Европа и културите на другите земји. Јас и сега мислам дека тој поим е многу применлив.
 
Поетот Пол Целан, напиша по Втората светска војна дека „Смртта е мајстор од Германија“. Како ви звучи тоа денеска?

- Прво, тоа е метафора, која има ужасно реална позадина. Треба да се напомене дека оваа позната песна на Целан, всушност, е варијанта на една песна напишана од друг поет, што за жал, Целан, своевремено пропушти да го напомене, па му префрлуваа дека е плагијатор.
Ова е голема песна, но на некој начин е исклучива. Кон крајот на дваесеттиот и почетокот на дваесет и првиот век геноцидот се случува и во други места, го имало и порано, додуша не и во таква техничка изведба и во тие пропорции, тука се покажа тоа морничаво германско мајсторство.
Но ништо не може да не одбрани од одговорност такво нешто да не се повтори. Индикации за тоа доживеавме, на пример - треба да се напомене индикации, не од тој ред на величина и без каква било споредба - за време на распадот на Југославија. Го доживуваме тоа не само со употреба на оружје, туку прикриено: кога поради шпекулативен профит се договораат цени за пченка и соја и други основни прехранбени артикли на берзата во Чикаго, два процента повеќе или помалку значат 100.000 луѓе кои умреле од глад во Африка и Азија. А тоа е секојдневна политика. Тоа е на поинаков мајсторски начин прикриен и постојан геноцид преку берзански шпекулации и монопол на семе за сеидба кој го имаат четири концерни, од кои три се американски, и кои одлучуваат за животот и смртта.
 
Вие бевте една година во СС единица ....

- Не, не една година. Јас бев вклучен во ноември, а крајот беше во мај следната година. Значи половина година.
 
Добро, значи сте биле половина година член на СС единици. Успеавте ли со пишување да се ослободите од таа младешка епизода, кога половина година сте биле член на СС единицата?

- Јас мислам дека успеав. Имаше повик дека тоа сум го направил во подоцнежни години, но јас во подоцнежните години почнав да пишувам директно автобиографски, а тогаш беше логично тоа да го ставам во контекст на младите денови.
Јас не пристапив доброволно во СС. Се пријавив во морнарицата, по секоја цена сакав да бидам во подморница, да бидам херој под вода. Но, тогаш веќе немаше ништо со подморниците и ме регрутираа во единицата СС, што се премолчува кога луѓето судат од денешна гледна точка.

Дури подоцна, како злосторствата што ги извршуваше СС стануваа се појасни и појасни, тоа сознание за мене беше со застрашувачки интензитет, поврзано со чувство на срам. Иако за таа половина година не сум сторил ништо злосторничко, тоа ме оптоваруваше, и тоа чувство ќе остане. Тоа не може да се одработи и да се каже: сега е готово.
Сепак, мислам дека јас, што се однесува на се она што сум го напишал и целата моја работа, и политичката работи како граѓанин на една земја, ги разбрав лекциите кои ми беа зададени.
 
Дали мислите дека е контрапродуктивно денес на младите Германци систематски да им се наметнува вината на нивните дедовци и прадедовци?

- Ако се третира како вина тогаш тоа е навистина нехумано. Но, како одговорност, за такво нешто никогаш да не се повтори, тоа може да се очекува од младите луѓе.
 
Како гледате денес на повторно обединета Германија во Европа, 25 години по падот на Берлинскиот ѕид?

- Додека повеќето не веруваа дека двете Германии некогаш повторно ќе се спојат, јас прилично цврсто верував во тоа. Но имав подруга претстава за обединувањето, односно приближувањето.
Би сакал приближувањето да се случеше на позабавен начин, западниот дел на Германија да не подлегнеше на искушението да присвои сѐ преку параграфот за анексија, како присоединување, а не како обединување. Во Уставот на Сојузна Република Германија е предвидено дека во случај на обединување на германскиот народ треба да добие нов устав. Мислењето и искуството на населението од источна Германија не беа земени предвид. Немаше сериозно разгледување на биографиите на овие нови државјани. Напротив, тоа беше процес на одземање на имотот, 90 проценти од производниот капитал во новите сојузни држави му припаѓа на западниот дел на Германија.
Тоа доведе до тоа дека и 25 години по падот на Берлинскиот ѕид граѓаните во новите покраини себеси да се гледаат како Германци од втора класа.
 
Но тоа е нововоспоставена величина на Германија. Дали во повторната сила на Германија гледате некаква опасност?

- Германија е економски џин, а политичко џуџе. Ние недоволно го користиме суверенитетот кој е воспоставен во 1990. Тоа го има направено само еден канцелар, Герхард Шредер, кога рече „не" за учество на Германија во војната во Ирак.
После тоа, до денешен ден најчесто гледаме магловито држење. Се испорачува некакво оружје, се прави нешто, се дозволува на Американците во западниот дел на Германија на аеродромот во Рамштајн да воспостават и некаков вид команда за беспилотни летала кои испукуваат проектили на терористите во Пакистан, но и на населени места со оние познати колатерални грешки. Тоа за мене е страшно, како што е страшно тоа што Германија е трет најголем извозник на оружје.
 
Канцеларот Шредер не го искористи нововоспоставениот суверенитет на Германија да се спротивстави на бомбардирањето на Сојузна Република Југославија.

- Тоа има своја предисторија. Тука беше Косово, каде што Србија спроведуваше терор над албанското население и јас бев за окончување на тоа. Меѓутоа, бев против бомбардирањето на Србија и Белград, особено кога тие познати колатерални грешки зедоа сила.
Денес да стојам пред тој избор би рекол „не“ за бомбардирањето. Требаше да се предвиди дека акцијата ќе ја води Америка, дека нема да запре во Косово и ќе се прошири и на Србија. Тоа беше мојата погрешна проценка, денес со дополнителното искуство со американските воени интервенции и нивните последици би се залагал против бомбардирањето.
Европската унија и НАТО ги советувам во идните воени интервенции, доколку се неопходни, да не бидат под раководство на Америка.
Ако зборуваме за Југославија, треба да се вратиме во 1991 и нејзиното распаѓање. Тука закажаа, пред се, западните држави. Се прашував тогаш, и сѐ уште се прашувам , сепак, зошто толку лукав, остроумен и добро информиран политичар како Ханс Дитрих Геншер без некоја неопходна потреба ги призна независноста на Словенија и Хрватска, на што Франција ја поддржуваше Србија, и така се зацврсти патот за распадот на Југославија. Немаше сериозни обиди да се задржи Југославија како федерална, сојузна држава во некоја нова форма и да се поддржи со дарежлива економска помош. Сето она што се случи подоцна беше последица на овие погрешни одлуки.
 
Што беше порано Југославија за вас како левоориентиран европски интелектуалец?

- Кога по Источна Германија ќе отидевте во Југославија, тоа беше како одмор. Можеше слободно да се разговара. Се сеќавам на еден мој говор вперен против револуциите кој го држев на Октомвриските средби, бидејќи после секоја револуција доаѓа контрареволуција. Тоа беше необично во една комунистичка земја.
Се воодушевував на југословенскиот став што Југославија стана независна од Советскиот Сојуз и што долго во Движењето на неврзаните играше важна улога. Долго сѐ се сведуваше на конфронтација меѓу Истокот и Западот, а Југославија го зазеде местото помеѓу.
Во толку е посрамно за Западот што подоцна таа Југославија ја испушти од рака и ја препушти сама на себе.
Наместо денес државите што настанаа од Југославија да чекаат ЕУ да одлучи која е зрела, а која не е за членство во ЕУ, би требало меѓусебно да најдат сили за некој вид првобитна федерална форма, и така зајакнати со свои сопствени сили да се обратат на Европа. Народите кои некогаш живееле заедно во Југославија треба да се потсетат на периодот кога функционираше Федерацијата, да извлечат заклучоци од направените грешки и да пронајдат нова форма на заеднички живот. Тоа е и прашање на самодоверба, зајакнување на позицијата во Европа, ако настапувате заедно во некоја конфедерална форма.

 
Што мислевте тогаш, односно што мислите денес за Тито?

- Тито, се разбира, беше деспот. Но, сфати дека со некој вид финансиска програма за урамнотежување побогатите региони, како што се Хрватска и Словенија, треба да издвојуваат пари за Босна и Македонија. Тоа се случува во Германија помеѓу поедини сојузни покраини. Тоа беше вид федерална игра која имаше потенцијал да се развива и која се покажа добро.
Тоа што со партиските неистомисленици се справуваше како и во други диктатури, тоа е друга приказна. Но, во споредба со диктаторите какви што имаше во Источна и во Западна Европа, и во Шпанија, и Португалија и Грција, тој како деспот беше државник, имаше државнички квалитети.

 
Вие често бевте во Југославија, дали таму се чувствувавте добро?

- Тоа беше единствена комунистичка земја во која се објавуваа мои книги една по друга. Веќе и по тоа се разликуваше од сите држави од Варшавскиот пакт.
 
Дали Европа се распаѓа на север и на југ?

- Европската унија постоеше додека Европа сѐ уште беше поделена, тогаш Западна Европа се однесуваше како да е цела Европа. А тогаш дојде до многу брзо проширување по распадот на Варшавскиот пакт. Покрај ветувањата на НАТО дека ќе запре на реката Одра, Полска и балтичките земји влегоа во НАТО.
Мислам дека системот на Русија, Путиновиот систем е ужасен. Но ако сакам да го разберам, морам да знам дека стравот дека ќе биде притиснат од сите страни, дека и Грузија или Молдавија треба да се приклучат на НАТО, придонесоа за воспоставување на таков систем. Хистеричните реакции на Западот имаат причина и во одредената агресија на НАТО, кој се повеќе се шири.
Од Германија, која треба да биде запознаена со руската проблематика, очекувам повоздржано однесување.

 
Дали е тогаш Путин е она зло кое го загрозува европскиот мировен проект?

- Тој секако провоцира и покажува моќ, а Западот реагира на тоа со средства кои ништо не вредат, на Украина ѝ дава ветувања кои не може да ги исполни и со тоа поттикнува немир и во Русија и во Украина. А во Америка има избори и мора да покажува мускули, па го принудува НАТО на однесување кое не придонесува на смирување на ситуацијата.
 
Неодамна изјавивте дека веќе се наоѓаме во трета светска војна. Што сакавте да кажете?

- Да, дека се наоѓаме во трета светска војна чиј почеток не може точно да го дефинираме, идните историчари ќе расправаат околу тоа кога точно почна. Тоа е процес кој се развива тивко и постепено, кој се протега од едно до друго бојно поле, оддалечени еден од друг, а сепак, кај сите е очигледна немоќта на политиката и моќта на индустријата која ја презела предноста.
Порано никому не би му паднало на памет дека, на пример, конфликтот со Русија околу Украина има врска со она што се случува во Сирија. А поврзани со општата немоќ на политиката за решавање на проблемите преку преговори. Ако е тука нафтата тогаш се напаѓа, ако нема нафта, тогаш не.
 
Знаевте дека врз себе ќе навлечете гнев кога објавивте песна за Израел во која предупредувате дека Израел е неконтролирана нуклеарна сила. Зошто сепак го направивте тоа?

- Такви работи имам направено повеќе пати. Кога се водеа жестоки борби околу границите на Одра и Ниса, додека дури и германските социјалдемократи не беа подготвени да го признаат тоа, јас предупредував во говорите за потребата од признавање на овие граници. Тогаш ме пцуеа како комунист, полски пријател, човек без татковина, политичар кој се откажува.
Мислев дека мора да се каже дека Израел е средно голема нуклеарна сила која го презема правото на првичен удар. Една од лекциите што мојата генерација беше принудена да ја научи е дека не треба да се дозволи некој подоцна да каже дека тој не знаел што се случува.

Човештвото никогаш не било толку добро информирано, неправда се случува пред нашите очи на различни места, една вест брише друга. Ние денес знаеме сè. Третата светска војна, која е во тек е и војна за прераспределба. Покрај тоа што луѓето умираат од глад, иако во светот има храна за сите, има недостиг од вода, климатски промени. И сето тоа се случува во исто време.
 
Рековте и дека демократијата не ја загрозува ниту радикалната десница ниту радикалниот ислам, туку лоби групите во Брисел и Берлин. Можете ли да го објасните тоа подетално?

- И кога се преговара за економски или социјални потреби, кога се утврдуваат закони, тоа се случува под влијание на лобисти, кои го опколија германскиот парламент. Тоа оди дотаму што лобистите се вклучени во пишување на некои закони. Лобирањето се одвива надвор од демократска контрола. Непосредна последица е дека се намалува излезноста на изборите, не поради мрзеливост на граѓаните, туку поради верувањето дека е бесмислено да се излезе на избори бидејќи сè се решава во хемиската индустрија, автомобилската индустрија, големите корпорации и банки. Скандал без преседан е, на пример, што даночните обврзници мораа да ги подмируваат загубите на банките, а ништо не може да се направи бидејќи нивното лоби е премногу силно.
Кога ја одмерувам заканата за демократијата, тоа во Германија не е радикалната десница која се одржува во одредени граници, тоа не се граѓаните со исламска религија кои ги има околу два милиона во Германија, туку тоа е процесот што го започна лобизмот, одлуките да се донесуваат надвор од каква било демократска контрола.
 
Дали врз основа на вашето живото искуство верувате во Европа, во некоја идна европска нација?

- Сето тоа започна со Европската заедница за јаглен и челик. Тоа беше тогаш потребно и исправно, тоа беше економска одлука. За жал, остана на тоа, на прашања како што е субвенционирање на земјоделството. Можеше на ниво на ЕУ да се преговара за социјални прашања, за општите минимални плати. Тоа не се случи, меѓу другото и бидејќи синдикатите не успеаја.
Недостасува и културна компонента. Културната разновидност на Европа е темел со кој таа може да се уценува. Предуслов за разбирање на разновидноста е сознанието дека ваква Европа може да преживее само ако не ги занемарува различните региони, ако мислата за Конфедерација заживее насекаде. Во Англија се размислува за напуштање на ЕУ, Шкотланѓаните имаа референдум за отцепување од Англија, Каталонците сакаат да бидат независни. Како да се свртуваме на дел од 19 и 20 век, тоа сега излегува на површината поради централистички егоизам.
Некои европски земји не знаат доволно една за друга. Затоа секогаш одново се појавува националниот егоизам и ги спречува одлуките кои би можеле да ги охрабрат европските процеси.
 
За што се каете, а на што сте горди во животот?

- Училиштето го завршив на петнаесет години, тоа беше така во Германија за сите на моја возраст. Потоа станав асистент во противвоздушната одбрана, почна животот во касарните, па бев мобилизиран во работна служба, продолжи животот во касарни, па бев мобилизиран во армијата и продолжив да живеам во касарна, потоа во американско воено заробеништво, па на слобода кадешто повторно прво живеев во касарна, и откако ме пуштија на осумнаесет години морав повторно да се измислам самиот себе.
Се што знам, морав сам да го научам. Со моето прекинато школување беше тоа поприлична авантура. На тоа во одреден степен сум горд, бидејќи голем дел од она што си го зацртав, иако додуша со различен резултат, сепак на крајот го реализирав.

Политички ангажман, кампањи кои ги водев за СПД, Социјалдемократската партија на Германија, ме чинеа енергија и време, но за тоа никогаш не се покајав. Тоа исто така, често беше поврзано со порази, но во поразот повеќе се учи отколку во победа. И тоа беше процес на учење, преку таа политичка пешачка работа дојдов до региони до кои писателот обично не доаѓа. Тоа го прошири мојот хоризонт.
Во своите политички проценки ја потценив моќта на банките. Предолго верував во моралната сила и супериорноста на Америка, иако требаше подобро да знам. Го потценив богатството и моќта на идејата на капитализмот, кој секогаш одново запаѓа во криза, кој потоа доаѓа на пазарот со нови скапани хартии од вредност и си наоѓа свои приврзаници.
Спротивно на општиот тренд, сепак на овој свет изродив шест деца, мојата сопруга има свои две деца, имам осумнаесет внуци, правнучето е на пат, така што ако Германците изумрат, тоа нема да биде моја вина.




http://plusinfo.mk/mislenje/100/-lekciite-shto-gi-nauciv

YAS

Posts : 774
Join date : 2014-11-16

Вратете се на почетокот Go down

Re: Колумни, интервјуа ...

Пишување by YAS on Саб Дек 13 2014, 10:15

ОБИЧНИ СЛОБОДИ
Пишува Горан МИХАЈЛОВСКИ - Дури ни ѓубре не оставија каде што помина маршот, а ни тревата не беше изгазена. Тоа малку ли им зборува со кого си имаат работа?
1   Нели годинава во април еднаш се пребројувавме кој за кого е? Од кај излегоа сега овие деца на улица? Кои се, чии се? 
Власта вика дека се од СДСМ. Ама многу деца, бе. Од кај му на СДСМ толку деца? 
Во ВМРО-ДПМНЕ би биле среќни студентскиот марш во средата да беше организиран од СДСМ. А во СДСМ би биле уште посреќни. Оти и двете партии си се знаат и се сакаат. Си го разбираат јазикот со кој комуницираат меѓу себе. Така што, ВМРО го сака СДСМ како противник. А впрочем и кој не би го сакал СДСМ за противник. Од друга страна, СДСМ е патолошки врзан за ВМРО-ДПМНЕ. Така што, од студентските протести не е збунета само власта. Туку и опозицијата. Дури верувам и дека СДСМ се чувствува уште понелагодно од ВМРО-вците покрај овие студенти. 
Чуден некој протест се случи во средата. Се појавија некои деца што зборуваат поинаков јазик. Си го кажаа своето мислење, ама без гнев, без плукање, без навреди, без закани и без самосожалување. Со многу хумор. И насмеани, како да одат на журка. Илјадници луѓе поминаа по улиците без ниту еден инцидент. Дури ни ѓубре не оставија каде што помина маршот. А ни тревата не беше изгазена. Тоа малку ли им зборува и на власта и на опозицијата со кого си имаат работа?
2   Сите по нешто кажаа за студентите. Те биле многу, те биле малку, те протестот бил успешен, те бил неуспешен...
А што е тоа успешен протест? И што мислат тие што викаат дека протестот бил неуспешен? Што за нив, на пример, би претставувал успешен протест?Да има демолирани згради, превртени коли, повредени студенти и полицајци, запалени контејнери, напад на Владата и на Собранието? Или да снема црвени фломастери во книжарниците? 
Бидејќи ништо од тоа не се случи, протестот е неуспешен. Така што можат да спијат мирно.
3   Оној првиот протест со маршот од 17 ноември беше против државниот испит. А овој вториот од средата беше протест за право да мислиш поинаку. 
Е дотука стасавме со демократијата. После 23 години демократска држава, дојдовме до дереџе да се протестира со барање за обични слободи. Да можеш да мислиш различно и да можеш тоа да го кажеш. Без опасност да бидеш одбележан со црвено крукче. Ако не се согласуваш со владејачката партија, да не мора нужно да бидеш со опозиционата партија. Ако си гласал за владејачката партија да смееш некогаш и да не се согласуваш со власта. И кога тоа ќе го кажеш, ништо да не ти биде. 
Ова беше баш таков протест. Да можеш да си јадеш чварки, ама не мора да бидат пропржени во маслиново масло за да бидат здрави како од рекламите на власта. И кога жените одат на партиска конференција на женската организација да не мора баш сите да бидат облечени во црно-бела комбинација. Оти и со облека во друга боја, исто така ќе бидат почитувани. И да не чекаат лидерот да им каже што е вистинска жена и на работа и дома.
Обична слобода е дека не мора да имаш трето дете за да те прифатат како патриот. Не мора да имаш ниту едно дете за да бидеш продуктивен граѓанин за државата. Слобода е да можеш да си верник, ама да не мора на власта да $ се докажуваш со донација за градење црква. 
И како таков, со различно мислење, да имаш право да кажеш "И јас сум Македонија".
4   Министерот за образование Абдилаќим Адеми пак не ги прими студентите. Рече дека ќе го викне Студентскиот пленум кога Владата ќе има конкретен предлог. 
Во меѓувреме, на факултетите професорите веќе расправаат за некое писмо од министерот поврзано со предлогот за државен испит. Ако министерот Адеми на студентите им вели дека ќе ги викне кога ќе има некаков предлог, за што ли расправаат сега на факултетите? За никаков предлог?
5   Пак нема да има препорака за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ. Божем тоа е многу битно. Важно е дека сега кога ќе се смени грбот, значително ќе се подобри квалитетот на животот. А и добрососедските односи.

YAS

Posts : 774
Join date : 2014-11-16

Вратете се на почетокот Go down

Re: Колумни, интервјуа ...

Пишување by king on Саб Дек 13 2014, 12:46

Што не ја лупна оваа????? Twisted Evil


Мои прашања што заслужуваат одговор

Моите зборови се мои мисли и чувства. И кога грешам, а грешам, тоа се мои грешки. Зад секој збор стојам лично, па дури и само јас да имам таков став. Индивидуалното ми е поважно од колективното, ама не се ставам себеси над другите, туку индивидуалниот став ми е поважен од оној колективниот. Така ме научивте вие, така ме учи книжевноста, така ме учи Евангелието. Вие, зашто уште од дете ги чувствувам вашите погледи на себе, ме гледате како нешто што не е баш секојдневно, интересен или изрод сеедно, и така ме научивте дека сум посебен, ама и јас научив дека секој е посебен. Книжевноста ме учи исто, уште кога полетав со детето што одби да остари. Евангелијата ми ја потврдија индивидуалноста, секој презема одговорност, оти утре пред судот ќе стојам сам со моите маани, со моите дела и гревови, без адвокат, врски, партија. Така, и оваа колумна е лична, a свесен сум дека ќе налути многу колективи, оти јас, драги мои, имам различно мислење во однос на сето ова што се случува деновиве. Но да појдам со ред.

По студентските реакции, власта како да влезе во Бранковиот филм „еден е изборот“, или нашето или ничие. Како инаку да ја објаснам инаетливоста спрема оние што не се согласуваат со вас? Зошто се дефокусира судирот кога за него треба да се дебатира? На оваа држава ѝ се потребни реформи во образованието и тука не зборувам за нови училишта и бесплатни учебници, сето тоа е добро, ама на нашето образование му требаат реформи од темел. Која е поентата на државниот испит? Велите, да се види дали дипломите се заслужени. Претпоставувам ќе биде успешен како екстерното тестирање, кое толку е екстерно што јас најмалку во три семејства кај што имаат ученици сум ги читал прашањата што тие треба да ги одговараат. Вие им ги давате, тие ги учат напамет. Што ќе ни е државен испит кога јасни ќе бидат резултатите, па две третини од запишаните на факултет од основно и средно излегуваат полуписмени. Кој тоа гради куќа од оџакот? За какви реформи зборуваме кога јас слушам муабет од пријател, професор кому колегите му се смеат, демек што толку се труди околу децата кога и онака се глупи. За партиски вработувања да не зборуваме. Ви велам, со чест на исклучоци, децата ги учат незаинтересирани наставници и професори. Велите, сакате реформи, велам, секој нормален го сака тоа. Затоа, ако образованието е темел на успешна држава, вложете многу пари во него, направете тим од најдобрите, повикајте ги независните ем докажани професори што најмногу ве критикуваат, дајте им и на студентите простор, консултирајте се со данското и јапонското образование и, верувајте, брзо ќе дојдете до вистинските решенија.

Што да се каже за опозицијата? Како, бе, не ви е срам да се шлепате? Дојдовте да видите како е да си меѓу млад свет на кој не му се делат сендвичи за да присуствува? Па уште се истопоривте пред студентите за да ве сликаат. Си реков, некреативноста прави „самослик“. Сами ништо не правите, сите ставови ви доаѓаат од туѓи амбасади, нели ви е срам што студентите вадеа списоци на личности од ваши подмладоци? Што, па, вие имате сторено за образованието? Наместо да се реформирате, да се образувате според волјата на Македонците, да се опатриотите за да не ве срамат странци што ви цртаат што се национални интереси, вие се шлепате. Единствен што оправдано беше таму е Фрчковски. Тој во секој студентски протест гледа журка. Замислете да беше министер за внатрешни работи.
А медиумите? Човек да посака Сител, Канал 5 и „Курир“ да ти читаат струјомер. Ти си потрошил 10 илјади денари, тие ти велат, грешиш, само 2-3 илјади. „Плус инфо“ сонуваш да ти е работодавец. Ти им велиш, ќе работам за 10.000, тие, ма не, за 18.000. Што човек да каже за медиумите, а да не падне во очај? Седмата сила одамна екстерно падна на седмата божја заповед. Не врши прељуба! Прељубодејствуваат веднаш штом намирисаат пари, сакаш владини, сакаш Соросови. А вистината остана затворена заедно со надежта во Пандорината кутија.

Професорите во голем број ги поддржаа студентите. Таков впечаток добив. Претпоставувам дека масовноста ќе го тргне државниот испит од владината агенда. А потоа? Ќе го оставите образованието таму кај што е? На дното. Дали само партиите и владите се одговорни за образованието? Ќе направите ли вие свој професорски пленум? Владата вели дека сака реформи, вие велите дека сакате да бидат здрави, па извинете на прашање, кој тоа, ако не вие што се сметате за квалитетни, најдобро ги знае недостатоците, но и решенијата. Зарем само политиката е одговорна во државава? Ако и едните и другите сакате здраво школство, што не направите вие една анализа со решенија? Па, седнете со таа влада и најдете чаре, јас сигурно не знам подобро од вас.

За вас, драги студенти, крајов. Убаво, се собравте, покажавте став. Ама јас пак не ве разбирам целосно. Велите, не сакате државен испит, сакате автономија. Што ли ви значи побогу таа автономија? Автономија на лоши студентски услови, автономија на лош болоњски систем што продуцира незнаење, автономија на скриптерство, на оценка за прекрстени нозе, на отсутни професори што ги менуваат асистенти? Ве видовме на протест против испит, па ме интересира, ќе ве видиме ли на протест против неквалитетното основно и средно образование од каде што излегувате со незнаење во едната и со ајфон во другата рака, на протест против оние факултетски професори што баш ги заболе за вас, против автономијата на универзитетот што запишува и дипломира сè и сешто, ќе протестирате ли против фактот што нашите универзитети не произведуваат идни научници, туку државна администрација? Оти мене, искрено, ништо не ми значи она „нејќу државен, сакам автономија“. Воведување или укинување државен испит нема да го направи подобро образованието, само ќе го остави таму кај што е, на дното, ама ако и Владата, и професорите, и вие велите дека сакате да го подобрите, бујрум, дејствувајте со идеи и со решенија.

Александар Русјаков

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1212141548522&id=13&setIzdanie=23346

king

Posts : 8683
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: Колумни, интервјуа ...

Пишување by YAS on Саб Дек 13 2014, 15:47

Засатоа што мислам дека ова е уште подобро...

Рапорт во Белата куќа на Лудакот!


Софија Куновска ја видов маскирана во Нинџа желка, професорот Фрчковски го фатив како скока од прозорецот на својот кабинет, маскиран во обичен студент кој лебди во масата како клавир во надојдена река, Кабранов се беше начукал во една синкаста, волнена ли беше, синтетичка ли беше, не знам, истрагата ќе покаже, капа, какви што носат затворениците по американските филмови, синот и таткото Мицковски беа дошле со своите маскирни бради и нападно се трудеа да не изгледаат премногу умно, професорот Унковски ги беше зел најголемите Лореал мустаќи-специјалки за вакви драми, да не беше Лина Ќостарова, немаше да го препознам, Ѕвездан Георгиевски со својот нов шешир беше преправен во инспекторот од “Пинк Пантер”, плус се обиде да се скрие кај “Рори”, демек, му се пиело пиво на Рекорд, Алики Јовчевска се беше маскирала во ослабната и порасната Алики, Живко Кондев ми се виде како момче од некоја банда во Бронкс, Бојчев беше свој, ретка појава на маршот и, што да ви кажам, гледав, гледав така, кога, оп, еден човек ми се виде како се крие зад децата, ало Заев, што се квиеш зад децата, бе, што не си овганизиваш митинг ако си маж, му викнав и така, одевме, марширавме ние маскираните придружувани од по некој студент, видов двајца како мафтаат со своите црвени индекси пред новата зграда на владата плус Твичковски како се обидува да го убие пвемиевот во поим!
Од рапортот на Груевски во Белата куќа на Лудакот!
фејсбук статус на Бранко Тричковски

YAS

Posts : 774
Join date : 2014-11-16

Вратете се на почетокот Go down

Re: Колумни, интервјуа ...

Пишување by concrete on Саб Дек 13 2014, 16:09

..хе Тричко.... кога не е луд, тогаш е ко бајат леб... Very Happy

concrete

Posts : 6054
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Re: Колумни, интервјуа ...

Пишување by YAS on Саб Дек 13 2014, 16:11

Гледам и тебе те бендисал ... 

YAS

Posts : 774
Join date : 2014-11-16

Вратете се на почетокот Go down

Re: Колумни, интервјуа ...

Пишување by king on Вто Дек 23 2014, 14:53

Миленко ...


Топ 10: ИЛ КОМАНДАНТЕ ЧЕ ГЕВАРА

1. Минатата недела во Естонија беше уапсен италијанскиот новинар, екс-европскиот пратеник и интелектуалец Ѓулието Киеза. Бил таму на покана за да одржи предавање НА ТЕМА за Русија и одностите на таа земја со ЕУ.Па еве, минаха денови, многуевропејскиот дипломат Аиво Орав не се огласи со став или сооопштение. Лидија Димова не кажа ништо за европските вредности. Мирјана Најчевска не напиша нешто за човековите права... А за медиумите финансирани од Сорос, овој настан воопшто не се случил.


2. Прес конференција – симултанка со новинарите од светот, оддржа Владимир Путин. Два дена потоа, Обама го ископира својот ривал со прес конференциј во Вашингтон. Путин ја спомена Македонија и економско-инвестициските планови за неа од страна на Руската Федерација. Обама НЕ. Има разлика!
3. После половина век, Вашингтон ги нормализира односите со Куба. Илјадниците обиди за атентат врз Кастро не важат, Заливот на свињите не важи, санкциите и изолацијата на Куба не важи, напрчените ракети кон Куба не важат... Фидел Кастро им фрли лопата на гробовите на Кенеди, Џонсон, Никсон, Форд, Реган... Им го виде крајот на Картер, таткото и синот Буш, Клинтон... Еве сега на колена пред себе го фрли и Барак Обама. Ил Команданте Че доби своја постхумна сатисфакција. Фидел Кастро за живот ја виде исправноста на својата политика. Во Куба на 110.000 квадратни километри живеат 11 милиони луѓе. Во САД на 10 милиони квадратни километри живеат 320 милиони луѓе. Давид – Голијат, тоа – оноа?!
4. Сашко Коцев, обраќајки се на сдсмовските портали и медиуми го “цитираше“ Аристотел (384 – 322 ВС) со мудрата мисла “Бате, бате не ме брани“. Да го дополнам неговово обраќање кон истите субјекти, ако ми дозволи?! Имено, Конфучие (551 – 479 ВС) рекол: “Јебо не јебо, време курцу пролази“.  Кумановски пријателе, на тие времето им е изминато. Ем “не јебо“, ем времето им прошло.
5. Под мотото “Хонорарци од сите соросови и странски сомнителни финасиски извори – обединетете се“, крикнаа оние што лапаат хонорари. Не им е гајле за работниците, не им е гајле за сиромашните, за социјалата, за пензиите, здравството, образованието... Не, ним им е до хонорарите кој ги лапаат од “Проверка на факти“, од УСАИД, од проекти на Сорос и Милчин... И секако, најмногу до хонорарите што професорите ги лапаат работејки се, само не со студентите. Хонорарите на годишно ниво само на Борче Давитковски се со вредност од над 100 илјади евра. 40 илјадарки кон државата го болат професоров?! Сите други професори се со дебело хонорарно конто. Во Шведска на АББА, Бјерн Борг, Ингемарг Стенмарк, во Франција на Жерар Депердје, во Германија, Британија, Италија... секаде на “западот“ се плаќа дебел данок. Нели кон ЕУ и НАТО интеграциите сме далдисале?
6. Андреј Жерновски не се кандидираше за реизбор на местото Претседател на ЛДП. Мала партија веќе не го интересира. По препорака на Пол Волерс и Аиво Орав, тој се подготвува да седне во фотељата на Зоран Заев. ЛДП ќе згасне, Заев ќе биде жртвуван, Рада оди во историја... Тоа е планот на тројката Волерс-Орав-Гарет. Млад е кметот Жернов, има 45 години. Шанси да стане Премиер ќе има на 57-годишна возратст.
7. Екрем Думанли од весникот Заман е уапсен заради промоција на милитантен исламистички тероризам. Турчинот Ерол Ризаов молчи.
8. Поддршка за ГТЦ и од мене. Но, поддршка да се осовремени, модернизира, затвори, променат плочки, таван, тоалети... Овие што сега протестираат, не го ниту паметат. Глупости тресат. Не знаат кај беше “Црвената Ванила“, каде Драгстор (единствен во Македонија, немаше друг), дека паркингот беше огромна продавница за бела техника, велосипеди... Не знаат дека се излегуваше на вечера во Куглана, не знаат каде беше бингото на ФК Вардар. Животот и времето си оди. ГТЦ мора да го следи. Нова фасада, зголемана квадратура, повеќе функции. Кога ГТЦ се градеше градот имаше 300.000 жители. Сега сме накај милионка.
Инаку како тргнало со поддршката за неменување на работите, ја ќе барам: Да не ми се менуваат годините (да останам на 35), да не се менува клубчето Алпино, да се врати Триксон пред Турист, Лина да е како од “Неправда“ на групата “Пу“ а не да е судијка, да се врати дискотеата Скала, исто и журките во подрумот кај Гранит дома, да се вратат Нана и Миче од Бенелукс, да се обнови игралиштето “Гуец“, да се вратат исечените тополи од “помошно“, да се смират Бане и Камиказа, повторно да се фраери Кизо, Долар, Мите ПТТ, Џаџо... Повторно да може со скии да се пуштам во еден здив директно од Церипашина до Тече. Ах, да!!! И Букет да се отвори и постави на старото место. 
9. Викендов зад нас, Петрит Сарачини понуди стратегија/тактика на одмарање и собирање сила, за во понеделник да се излезело на протест пред парламентот. Сила собира божем ќе цепи дрва, како дедо му што работеше (хонорарно).
10. Бранко Ѓероски од друга страна како дете на лижавче се радува што ете имало студентски протести каде тој бил. Па сега ќе имало собиранки за хонорарците, па пред Нова година за поддршка на ГТЦ... И таму ќе одел. Така ти е кога ќе го испуштиш делот од тинејџерството и младоста. Така ти е кога, исто како и Фрчкоски, паметиш како не те пуштале во дискотеки, не те канеле на журки и родендени. Како не си можел цицка да фатиш (преку џемпер). Женска па ич. Како не те примале во тројка на баскет и во тим за фудбал. Сега како старо магаре ќе лечиш комплекси. Кога не си бил сведок како се гради и пушта во работа ГТЦ, кога не си седел на гајбите кај Драгстор, кога појма не си имал дека вакво здание воопшто постои, кога си бил во некој подрум во некоја периферија, сега мислиш дека е време да надокнадиш. Не бива тоа, не бива. Проста дијалектика, ем логика.
Миленко Неделковски за ПАРАХОДОТ

http://kurir.mk/komentari/kolumni/183388-Top-10-IL-KOMANDANTE-CE-GEVARA-

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8683
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: Колумни, интервјуа ...

Пишување by YAS on Пет Дек 26 2014, 12:08

Site stanaa bombasi...


Сите бомби на премиерот 


За аферата на „Фокус“, колешката моја Најчевска вели – тоа е основа за паѓање на влада, а ако такво нешто не се случи, тогаш и немаме држава, туку мафијашка банда која управува со одредена територија. Е па драга колешке ептен си ги навредила мафијашите! Па тие си имаат ред и систем, за разлика од ова што ние го имаме и за које тек треба да и смислиме име, оти вакво нешто е невидено во историјата.
Пред некој ден Груевски кажа дека ќе возврати со „позитивни бомби““. И досега во континуитет сме биле бомбардирани со лаги и измами. Првата бомба беше активирана кога пред девет години власта не убедуваше дека ќе сме станеле како Швајцарија. Па од тука не треба да бараме влез во ЕУ, оти тие ќе молат да се интегрираат со нас! Втората бомба – кога се увиде дека ништо од економијата, и се удри по национализам – „никој не може нам да ни ја скрши кичмата за да го смениме името“. Третата бомба беше посветена на референдумот за името. „Ако ме прашате како јас ќе гласам на тој референдум – јас ќе гласам против“ – кажа премиерот. Четвртата бомба беше ветувањето од осум милјарди евра кои станале магла. Петтата бомба е аферата „Актор“ и бројните невидливи ВМРО-вски станови и деловни простории во вредност од стотина милиони евра. Шестата бомба беше „Македонска банка“, која докажа дека за Груевски судот и обвинителството се смоквин лист или обочна крпа за чистење тоалети. Седмата бомба беше Загорац со корпус деликти виден од Месечината, ама невидлив за правосудството. Осмата бомба е изјавата на Груевски за можното одземање на препораката: „Ништо не можам да исклучам. Се што доделуваат може и да го одземат. Само душата не можат да ни ја земат“, ќе изјави премиерот.
Па сега редот е и јас да фрлам една бомбичка – за да кажам дека крајот на власта е сосема блиску. Заедно со неговата гебелсистичка машинерија која ќе треба да одговара за помагање во суспендирањето на државата (тивок државен удар). Аферата со патните исправи е детска играчка во споредба со тоа што допрва треба да следи. Со партискиот став, власта сама си го призна делото. Во елементарно нормална држава, тоа ќе предизвикаше хаос, но штом власта тоа го прогласува за „комедија“, мора да се работи за трагедија. Чудо невидено колку ја потценуваат интелигенцијата на луѓето. Ги третираат како овци. Мислам дека завршува ерата кога си плаќавме за гебелсизам за да бидеме излажани. Половина милион луѓе се иселија од патриотите заради патриотски причини. Луѓето бегале, умреле, се убивале и самобивале во мизерија, за на патриотските водачи да им биде супер лукс.
На лагите им дојде крајот. Никој веќе не верува во светски лидеризам во „Дуинг бизнис“ за да бидеме најсиромашна земја на светот. Не убедуваа дека имаме здрава економија, ама нездрави луѓе за да го почуствуваат тоа. Отвараме нови работни места за третина од населението да живее во беда. Се гранатирале интеграциите со антички огнофрлач за да се краде немилосрдно и за се да стане пустош. Се тоа во име на патриотизмот. Името беше главната алатка. А таа ќе згаснеше сама по себе кога пред 2012 година ќе бевме и во НАТО и во ЕУ, со невработеност од под 10 проценти и со просечна [url=about:blank]плата[/url] од 700 евра. Но, за да се биде државник треба да се верува или во Бога или во морал. Тогаш, знаете дека бродовите се најсигурни по пристаништата, ама сепак не се градени поради тоа.
Премиерот падна на најниски гранки кога студентски ги искара студентите, а тие премиерски, зрело и мудро му одговориле: „Уморни сме од оваа реторика, преку која премиерот се обидува да даде партиска конотација на иницијативата и со тоа да ја делегитимира. Студентскиот пленум ќе настојува да го врати академското ниво кое се базира на критичност и аналитички пристап, а не на лични дисквалификации и етикетирање.“
А претседателот Ѓорѓе Иванов секогаш радосен: „Со [url=about:blank]радост[/url] можам да кажам дека денес Македонија има најбрзо растечка економија од целиот наш регион, се отвораат нови работни места за младите кои не можат да чекаат години и години да се решат проблемите кои други ги наметнуваат“. Никако да разбере дека среќата за луѓето завршува на скалите на неговата резиденција. Внатре кај него е голема светлина, ама надвор е целосен мрак. Од тој мрак не го гледа извештајот на Светската организација на трудот дека државата со околу 54 проценти невработеност кај младите е свестки рекордер. Дека со над 30 проценти невработеност е светски лидер во апсурдот. А да се фалите малку со овие цифри господине Ставревски!
А Муса Џафери ја фрлил во канта изјавата на својот лидер дека за шест месеци ќе ја напуштиме владата ако не влеземе во НАТО. Па кој будала напушта власт која им служи само ним! А очекуваат АЛСАТ-М да им ја заврши работите! А самите со знамиња да ја покријат катастрофата!
http://plusinfo.mk/mislenje/150/site-bombi-na-premierot

YAS

Posts : 774
Join date : 2014-11-16

Вратете се на почетокот Go down

Re: Колумни, интервјуа ...

Пишување by concrete on Пет Дек 26 2014, 12:13

Мислам ..не претеруј, сепак те слуша народ...не се прај  " најчевска ".., знаеш дека тоа е веќе стручен израз по установи за лица со посебни потреби..Very Happy Very Happy Very Happy

concrete

Posts : 6054
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Re: Колумни, интервјуа ...

Пишување by king on Пет Дек 26 2014, 12:16

Почнав да читам, стигнав до овде ...



За аферата на „Фокус“, колешката моја Најчевска вели


... и оп рачна .... нема потреба од  губење време за читање на нечии вагинални монолози ..

king

Posts : 8683
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: Колумни, интервјуа ...

Пишување by чучулига on Пет Дек 26 2014, 12:22

concrete напиша:Мислам ..не претеруј, сепак те слуша народ...не се прај  " најчевска ".., знаеш дека тоа е веќе стручен израз по установи за лица со посебни потреби..Very Happy Very Happy Very Happy

king напиша:Почнав да читам, стигнав до овде ...



За аферата на „Фокус“, колешката моја Најчевска вели


... и оп рачна .... нема потреба од  губење време за читање на нечии вагинални монолози ..

Никако да ве разберам, ај помош молам.

Кои ви се конкретните замерки кон Најчевска?

_________________
BITCH

чучулига

Posts : 12711
Join date : 2014-07-11

Вратете се на почетокот Go down

Re: Колумни, интервјуа ...

Пишување by YAS on Пет Дек 26 2014, 12:22

A za bombata nisto??? C c c, sto mu trebase na Zajko bombi da spomnuva,vi go unisti mirot.Sega se nekakvi bombi i bombasi se javuvaat.Ne bi me zacudilo bombi i da sonuvate... 

PS. Ciglo posto ti si generacija so Novace, da ne znaes slucajno, ovoj Bosko Buha , da ne bil Makedonec.???   

YAS

Posts : 774
Join date : 2014-11-16

Вратете се на почетокот Go down

Re: Колумни, интервјуа ...

Пишување by YAS on Саб Дек 27 2014, 13:46

Mora da se priznae deka ne mu nedostiga cuvstvo za humor...na smetka na pastirot i privrzocite...


КРУШЕВСКИ МАНИФЕСТ
Пишува Горан МИХАЈЛОВСКИ - Има ли друга држава во светот во која е забранет каналот "Национална географија"?
1   Добро, сега ќе има ли државен испит или ќе нема државен испит? Прво рекоа дека екстерниот испит ќе важи од следната година. И дека ако студентите не го положат во втора година, ќе изгубат право да студираат на тој факултет. Па им се случија први протести. Па излезе дека не сме го разбрале министерот за образование Абдулаќим Адеми. Затоа премиерот Никола Груевски го поправи министерот. Рече дека екстерниот испит ќе се вика државен. И дека нема да важи за сегашните студенти, туку за оние што ќе се запишат од 2017 година. И студентите ќе полагаат додека не положат. Ама ќе плаќаат после второто паѓање. Па потоа заменик-министерот Спиро Ристовски, на телевизискиот пренос од седницата на Владата, објаснуваше дека прашањата ќе биле многу лесни и ќе биле однапред објавени. И дека на почеток тоа ќе се спроведе како пилот-проект. А студентите за да положат, треба да одговорат точно на 60 проценти од прашањата за тестот. 
Ова ли е реформата? Јасно ли е сега зошто протестираат студентите? И зошто им се придружија професорите?Ако е доволно да знаеш малку повеќе од пола на тоа што си го учел и ако можеш да паѓаш на испит на лесните прашања колку што сакаш сè додека можеш да плаќаш, тогаш јака им е реформата. Ќе турнат на испит пет-шест студенти на однапред објавени многу лесни прашања и ќе добијат квалитетно високо образование. Како да лечиш рак со тревките на баба Рада.
2   Премиерот Груевски пред некоја вечер рече дека не може да сфати за што се бунат студентите. Особено што оваа реформа нема да ги фати нив. 
Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се веќе деветта година на власт. И убедени се дека сè што прават е исправно. А можат да прават сè што ќе посакаат, затоа што добиле мнозинство на избори. И секој што ќе им каже дека нешто од нивните потези не е во ред се смета за опозиционер, непријател на државата, неосвестен патриот и предавник. 
Вчера, студентите пред Владата скандираа: "Ние сме државата!" Оти во оваа држава треба да им биде убаво на сите, а не само на тие што гласале за победничката партија. И премиерот треба да води сметка за сите, а не само за неговите гласачи. Белки и тие што не се ВМРО-вци имаат право да бидат среќни. Па ако се среќни, можеби, ќе гласаат и за ВМРО. Не треба да се сакаме за да се гласаме. Треба да си го почитуваме мислењето и да си најдеме заеднички интерес. За доброто на нашата заедничка држава. Така барем јас го разбирам патриотизмот. 
Луѓето не се бесни затоа што куририте им цртаат крукчиња, ги пизмат и откриваат кои мрачни сили ги организирале. Луѓето се бесни затоа што власта не сака да ги чуе. Во крајна линија, ако ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ баш се фалат дека прават нешто за доброто на сите, тогаш треба и да го чујат мислењето на сите. Па и да го земат предвид. 
Просто ми е непријатно постојано да потсетувам дека ако не мислиш исто со владејачката партија, не значи дека $ мислиш лошо на својата држава. За добро на државата е да можеш да кажеш сè што сакаш и да не се плашиш. Затоа што нема "наша" и "ваша" Македонија. И затоа што за да живееме заедно, треба да разговараме. Ова што го имаме последниве години не е дијалог. Ова е еден долг и напорен монолог. А кога имаш монолог, прашање на време е кога ќе престанеш сам себеси да се слушаш. 
И што правиме тогаш со Македонија?
3   На трите студентски протести слушнавме дека се зборува на македонски, на албански, на турски, на влашки, на ромски јазик. Видовме транспаренти на сите јазици. И сите си се разбираа меѓу себе. Прв пат во 23 години се користат сите јазици што се зборуваат во Македонија, без тоа да биде организирано од партија или, пак, тоа да биде пригодно протоколарна државна прослава. Различни јазици кажуваат иста мисла - ние сме Македонија. Ние сме државата. 
Се колнете во Крушевскиот манифест? Се колнете во Рамковниот договор? Слушнете ги. На улица се. 
Тоа е таа Македонија заради која сме решиле да останеме тука. И не сме зеле бугарски пасоши. А и децата сакавме да ни студираат овде.
4   Министерот Адеми вети јавна расправа. И имаше јавна расправа. На јавна седница на Владата, на Собранискиот канал на МТВ. Расправаа премиерот и заменик-министерот Спиро Ристовски. Вчера, во собраниската Комисија за образование за законот плодно се расправаше цели 15 минути. Комисијата го усвои законот. Расправата ќе продолжи в понеделник, на пленарна седница на Собранието. Очекувам остра полемика и жестока дискусија. Најсериозните забелешки сигурно ќе стасаат од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев и Илија Димовски. Оти тие се покажале како студиозни студенти. Одлично ги запознале аномалиите на високото образование. Оти имаат најдолг стаж како студенти.
5   Ректорската управа на најголемиот државен универзитет УКИМ побара одложување на законот и посериозна јавна расправа. Државниот Тетовски универзитет го одби државниот испит. Дваесет и три факултети го одбија предлогот на Владата. Се формираше и Професорски пленум со над 100 професори. На отворено писмо против мешањето во автономијата на универзитетот се потпишаа 110 професори. 
Сите професори се изјаснија. Освен еден. Проф. д-р Ѓорге Иванов. И тој ќе се потпише. Ама на законот што Собранието ќе го донесе по очекуваната бурна дебата. Со кој се предвидува затвор за деканите.
6   Многу е забавно кога премиерот ќе се појави во вести да зборува за работнички права на телевизија во која новинарите јавно се пожалија дека газдата им симнал 30 отсто од декемвриската плата за да исплати К-15. При тоа телевизијата врие од владини реклами. 
Инвентивноста да се задржи легалната форма, а да се зафркне државата на сметка на работниците нема граници. Ова го споменувам за да не се чуди министерот за финансии Зоран Ставрески зошто имаше протести против плаќањето придонеси за хонорарци. За кој што тврди дека е правичен и во интерес на работниците.
7   Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги им забрани на кабелските оператори да пренесуваат странски програми за да не се дели рекламниот колач, оти таму се рекламирале и македонски фирми. 
Дали врховното цензорско тело ќе го забрани и "Си-Ен-Ен"? Оти таму рекламира најголемиот огласувач во земјава. Владата на РМ.
8   Едно лесно прашање за екстерно-државен испит до директорот на агенцијата Зоран Трајчевски. Има ли друга држава во светот во која е забранет каналот "Национална географија"?

YAS

Posts : 774
Join date : 2014-11-16

Вратете се на почетокот Go down

Re: Колумни, интервјуа ...

Пишување by YAS on Саб Јан 03 2015, 09:56

03.01.2015, 09:33
САКАМ ДА КАЖАМ
БАРОК ФАКТОР
Пишува Горан МИХАЈЛОВСКИ - Дедо Мраз изјави: "Оваа година еуфоријата е за никаде". Не гледа македонски телевизии
1   Само злобни луѓе и без чувство за државен интерес можат да кажат дека новите градби низ центарот на Скопје се лажен барок. Не е лажен. Вистински е. Кога веќе се враќаме во барок нека биде како што треба. Оригинал. Во барокот немало струја. 
Изгледа затоа и новите канделабри личат на старите градски фенери. Кога ќе снема струја ќе можат лесно да се прилагодат на газија. А и мразот по улиците и патиштата полесно ќе се дроби под коњските копита. 
За Нова година делови од државата шест дена живееја барокно. На свеќи и на фенери. Тие граѓани иако несвесни за својот импакт што ќе го имаат кон анализата за тоа колку време му треба на обично македонско семејство да се прилагоди кон чист барок, ја имаа привилегијата да ги фати невреме и да бидат дел од пилот- проектот на ЕВН и ЕЛЕМ за комплетно враќање во иднината. Видовме дека повеќето брзо се прилагодија. Иако имаше и такви чии умови останале заробени во 21 век и не успеаја да ги прифатат предизвиците на новото време. 
Не и` прилега на преродената Македонија само зградите на МЕПСО и на ЕВН во Скопје да блеснат во барокен сјај како од пред три-четири века, а луѓето во југозападна Македонија да уживаат во струјата што им ја донел Тито во средината на мрачниот 20 век.
2    Најголема штета што ја претрпеа граѓаните што немаа струја беше тоа што не можеа да го гледаат новогодишното обраќање на премиерот Груевски. Да се надеваме дека до Стара нова година ќе продолжат да го репризираат на сите телевизии. И дека до тогаш можеби ќе добијат струја.
3   Оние што немаа струја не можеа да ја слушнат и веста објавена на МТВ од истражувањето на Галуп според која 54 отсто од Македонците во 2014 година се чувствувале среќни. И дека за оваа година 33 отсто биле оптимисти дека ќе бидат уште посреќни. 
Ова е добар импакт фактор за нацијата, ама можеби не и за Владата. Која во период на најголема среќа на граѓаните решила да се огради. Распишан е тендер за ограда во вредност од 690.000 евра. За толку пари сигурно ќе биде голема оградата. Голема среќа - голема ограда. Така новата Бела куќа на Владата ќе добие екстериторијалност. Владата ќе се огради од државата. 
Во времето на Ангел Чемерски, Милан Панчевски, Јаков Лазарески истата зграда немаше ограда. Ништо чудно. Таа власт беше режим.
4   На 31 декември на вести на телевизија фатив изјава на некој Дедо Мраз од центарот на Скопје. Замислете Дедо Мраз рече буквално вака: "Оваа година еуфоријата е за никаде". Како бе Дедо Мраз? Гледаш ли ти нормални вести? Или и тебе Сорос те плаќа, а СДСМ те искористува како оние студенти што се против знаењето и професори без импакт фактор? 
Па ми текна. Дедо Мраз на 31 декември има многу работа, па нема време да гледа телевизија како нас. Инаку сигурно немаше да му одмине главната вест дека Брзата помош за време на празниците ќе работи 24 часа. И не само таа. Туку и болниците ќе работеле. 
Ти ли бе Дедо Мраз ќе ми кажеш дека еуфоријата била за никаде. Па има ли посреќна држава од оваа библиска Македонија во која, не само што Брзата помош не затвора, туку дури и сонцето изгрева 365 пати во годината?
5   Немало еуфорија? Како да не. Ја гледав новогодишната програма на МТВ: Осветлена триумфална порта. Пред портата голема бина. Околу бината заштитна ограда. На бината се менуваат пејачи. Долу малку публика што чека да се загрее атмосферата. Чекаш, чекаш да почне митингот. А митингот никако не почнува. 
Стотина метри понатаму други луѓе, друга бина, други пејачи. Демек "Град во градот". 
И градот и "градот во градот" се пофалија дека прославите им биле спектакуларни. 
А меѓу двете бини осамена елка. И коњаник во ноќта. Загледан во просјаците што бараат милостина од минувачите. Минувачите заталкани во лавиринтот од тараби на плоштадот. Спектакуларно изгубени меѓу двете прослави.
6   На осми јануари законот за високо образование ќе оди на второ читање во Собранието. Спикерот Трајко Вељаноски даде цели три дена за јавна дебата по првото читање. На 31 декември, на 2 јануари и на 5 јануари. 
Еве и мој скромен придонес кон широката јавната дебата за поддршка на знаењето. Законот е премногу либерален. Затоа што бара од професорите во рок од пет години да објават барем по два труда во научни магазини со импакт фактор. Предлагам уште построги критериуми. На секои 10 години професорите треба да добијат по една Нобелова награда. Или да учествуваат во тим што ќе добие Нобелова награда. Ако не добијат професорите ќе се казнат со по 1.000 евра глоба за неспособност. Следствено на тоа, деканите ќе се казнуваат со по 3.000 евра. А ректорите на Универзитетите ќе одат во затвор од една до три години. 
И така ќе се решат сите проблеми врзани со квалитетот на високото образование. Особено финансиските. Шест илјади професори, по 1.000 евра, ете ти 6 милиони евра. Плус деканите нешто ситно ќе придонесат. И ете ти пари за затвор за ректорите. Може ќе нема автономија на универзитетот. Ама ќе има универзитетска самоодржливост.
7   Кабловските оператори ич нека не ги враќаат странските канали што ни ги забрани цензорското тело. Нека воведат уште некој српски. Оти овие македонскиве што ги имаме, малку српска програма имаат. 
Стварно малку српска програма имаат.

YAS

Posts : 774
Join date : 2014-11-16

Вратете се на почетокот Go down

Re: Колумни, интервјуа ...

Пишување by king on Саб Јан 03 2015, 10:23

Уште се палите на памфлети ко млади скоевки ....

_________________
Види аватар!

king

Posts : 8683
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: Колумни, интервјуа ...

Пишување by YAS on Саб Јан 03 2015, 10:25

king напиша:Уште се палите на памфлети ко млади скоевки ....
Da kazese nesto za ova? 


 Распишан е тендер за ограда во вредност од 690.000 евра. За толку пари сигурно ќе биде голема оградата. Голема среќа - голема ограда. Така новата Бела куќа на Владата ќе добие екстериторијалност. Владата ќе се огради од државата. 
Во времето на Ангел Чемерски, Милан Панчевски, Јаков Лазарески истата зграда немаше ограда. Ништо чудно. Таа власт беше режим.

YAS

Posts : 774
Join date : 2014-11-16

Вратете се на почетокот Go down

Re: Колумни, интервјуа ...

Пишување by Sponsored content Today at 06:00


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 15 1, 2, 3 ... 8 ... 15  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот