Приведен поранешниот градоначалник на Охрид

Страна 1 of 3 1, 2, 3  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Приведен поранешниот градоначалник на Охрид

Пишување by king on Пет Ное 21 2014, 21:29

Во акцијата „Јагула“ приведен поранешниот градоначалник на Охрид

Во полициската акција „Јагула“ рано изутринава е приведен поранешниот охридски градоначалник Александар Петрески и тринаесет негови соработници. Тие се осомничени за злоупотреба на парите од буџетот на Општината Охрид.
Според истрагата, од 2007-ма до 2013-та година, осомничените направиле голем број злоупотреби со општинските пари, спроведувале лажни тендери, примале поткуп, переле пари, ги мамеле доверителите, со што го оштетиле охридскиот буџет за речиси 48 милиони денари, а групата присвоила над 148 милиони денари, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Приведените денеска попладне беа однесени на распит во Основиот суд во Охрид. Поранешниот градоначалник на Охрид во неколку наврати беше повикан на разговор во тамошната полиција додека се водеше истрагата, при преглед на документите од финансиското работење додека раководел со Општината.
Според МВР, Петрески се товари дека е предводник на „злосторничкото здружение“ од 16 лица што во континуитет било вмешано во криминални активности, во корист на повеќе правни и физички лица блиски до членовите на криминалната група. Меѓу приведените се соработници на поранешиот градоначалник во Општината Охрид, како и  тројца сопственици и управители на фирми. Според обвинението, целта била во постапките за јавни набавки да им се даде предност на фирмите блиски на групата. Во обвинението се наведува дека управителите на приватните фирми доставувале лажни фактури, а изведувале градежни работи по усна наредба на градоначалникот, без да биде објавен тендер за јавна набавка.
Со реакција се огласи СДСМ, чиј член е Петрески, како и некои од неговите поранешни соработници. Власта прави монтиран процес за да го одвлече вниманието на јавноста од секојдневните проблеми, сметаат во СДСМ. Томислав Тунтев, потпретседател на огранокот на партијата во Охрид, коментираше дека изгубената доверба во судството, селективната правда, контролата на власта врз судството се нотирани во Извештајот на ЕК и Извештајот на Стејт департментот, како и дека и овој случај претставува политичка хајка и пресметка со неистомислениците со власта.

http://mk.voanews.com/content/ex-ohrid-mayor-arrested/2529677.html

Александар Петрески го урнаа лажни тендери

Поранешниот охридски градоначалник е осомничен дека формирал 16-члена криминална група

Горан Адамовски

Поранешниот охридски градоначалник, Александар Петрески, и уште тринаесет негови соработници се приведени во акцијата „Јагула“ на Одделот за сузбивање организиран криминал при МВР. Осомничени се уште две лица, но едното е во странство, а по другото се трага.

Според истрагата, од 2007 до 2013 година, направиле голем број злоупотреби со општинските пари, спроведувале лажни тендери, примале поткуп, переле пари, ги мамеле доверителите, со што го оштетиле охридскиот буџет, но и нелегално заработила милионска сума за себе.

Високиот функционер на СДСМ беше уапсен во раните утрински часови во Скопје, а со лисици на рацете беше спроведен пред Кривичниот суд, заедно со повеќемина соработници. Приведените денеска попладне беа однесени на распит кај судијката Славица Андреевска, која требаше да одлучи дали ќе биде одреден притвор. Педесетгодишниот Александар Петрески е под лупа на истражните органи уште од времето кога минатата година ја загуби изборната трка за трет градоначалнички мандат. Тој во неколку наврати беше повикуван на разговор во тамошната полиција додека се „чешлаа“ документите од финансиското работење додека раководел со Општината. Водечките луѓе на МВР укажуваа за „одредени состојби кои се индикативни и за постоење на криминални активности во претходното работење со Општина Охрид“.

Првичните информации за финансиски криминал и корупција, како што ги оквалификува директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, резултираа со денешната акција во Скопје и во Охрид.

Според МВР, Петрески е предводник на „злосторничкото здружение“. „Постои сомневање дека групата, составена од 16 лица, во континуитет, во периодот од 2007 до 2013 година, биле вмешани во криминални активности поврзани со злоупотреби при спроведување постапки за јавни набавки спротивно на законските прописи со привилегирање и во корист на повеќе правни и физички лица блиски до членовите на криминалната група“, беше соопштено денеска во МВР.

Покрај Петрески, како организатори фигурираат уште пет лица од Охрид на возраст од 38 до 59 години, додека како помагачи се сомничат десет лица, од кои девет од Охрид и едно од Струга.

Меѓу нив се советникот на Петрески, кој потоа станал раководител на Одделението за сообраќај и патишта, како и раководителите на Одделението за комунални дејности и Сектор за туризам и локален економски развој. Партнери им биле и тројца сопственици и управители на фирми. Целта била во постапките за јавни набавки да им се даде предност на фирмите блиски до нивната група. Од голема помош им биле седуммина вработени во Општина Охрид, кои вршеле надзор на извршени работи во тендерот. Неретко, тврдат од полиција, ставале потпис како да се извршени „непостојни градежни и други услуги“. Меѓу другото, управителите на приватните фирми доставувале лажни фактури, а изведувале градежни работи по усна наредба на градоначалникот без да биде објавен тендер за јавна набавка.

Во 2008 година, пак, Петрески објавил тендери во кои биле содржани и претходно извршените работи од страна на неколку трговски друштва, кои му доставиле лажни фактури за неизвршени работи, а опфатиле и дел од веќе извршените работи од претходната 2007 година без тендер. Со ваквото работење, најголема корист имале повластени доверители на кои им биле исплатени 2,9 милиони евра. Од друга страна, оштетените доверители ја блокирале сметката на Општината, чекајќи да наплатат 724 милиони денари. Не биле прокнижени и побарувања од други 86 доверители. Општината, според сомневањата на инспекторите, исплатила над шест милиони денари на две фирми за наводни долгови, иако тие немале никаква соработка до Градот.

Од МВР велат дека општинскиот буџет бил оштетен за речиси 48 милиони денари, а „криминалната“ група присвоила над 148 милиони денари. Во тие средства се вклучени и 2,28 милиони денари - лична корист за Петрески, а со перење пари легализирале и „противправна имотна корист“ од речиси 16 милиони денари. Полицијата го товари Петрески и за примање поткуп.

Шеснаесетчлената група се сомничи за злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба и овластување, перење пари и други приноси од казниво дело, „оштетување или повластување доверители, фалсификување или уништување деловни книги, примање поткуп и помагање“. Александар Петрески се сомничи за сите наброени кривични дела, освен за помагање.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=97F1994C52930C4681DC4B1885A2B9A4

Овие од сдсм одма се растрчаа да го бранат  ....
...а бе цел Охрид знае за него ...

king

Posts : 8676
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: Приведен поранешниот градоначалник на Охрид

Пишување by OSA on Саб Ное 22 2014, 01:04

e shto sega krade otkako ne e gradonacalnik ....ili go uapsija za da sprovedat ushte eden spin ,i da zatashkaat ushte eden kriminal

OSA

Posts : 793
Join date : 2014-11-05

Вратете се на почетокот Go down

Re: Приведен поранешниот градоначалник на Охрид

Пишување by Sahara raj on Саб Ное 22 2014, 06:55

More toj o"rigjanecot e do gusha vo g..na! Samo se plasham deka ke izvadi nekoj "gazda Nini" pa malku glumenje ludilo, pa krivewe na edna noga....i ke mora Gocka (t.e. drzavata) da mu plakja otshteta ushte!

Sahara raj

Posts : 84
Join date : 2014-11-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: Приведен поранешниот градоначалник на Охрид

Пишување by concrete on Саб Ное 22 2014, 08:36

готов е,  ќе омасти јуженце, што требаше уште мнооогу одамна..охриѓани му се нас'скани до тука бидува...!!

concrete

Posts : 6049
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Re: Приведен поранешниот градоначалник на Охрид

Пишување by YAS on Саб Ное 22 2014, 10:40

Мајката,ова со тендериве било заебана работа. Twisted Evil

Не знам зошто,ама имам впечаток дека некои жалат за преттендерската ера. Laughing

YAS

Posts : 774
Join date : 2014-11-16

Вратете се на почетокот Go down

Re: Приведен поранешниот градоначалник на Охрид

Пишување by king on Саб Ное 22 2014, 10:52

Утрата се ладни а преку ден е сончево со можна умерена облачност!

king

Posts : 8676
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: Приведен поранешниот градоначалник на Охрид

Пишување by concrete on Саб Ное 22 2014, 10:59

YAS напиша:Мајката,ова со тендериве било заебана работа. Twisted Evil

Не знам зошто,ама имам впечаток дека некои жалат за преттендерската ера. Laughing
не се тендери..туку бацуење рука у која оставаш миџидија ко у песната охридска, плус мин.30% од секој проект на негова територија.
Кога му рекол СуперМен , ај сеа парите кај мене назад за "народ"  , овој се копрцал и то...сеа јеби га.. ќе си чека јуженце..

concrete

Posts : 6049
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Re: Приведен поранешниот градоначалник на Охрид

Пишување by кнез on Саб Ное 22 2014, 12:10

Петре може да стане "политичка жртва,борец против диктатурата,демократa втор Мендела,трет Далај Лама,евроатлански борец за чоевови права и западни вредности...",се во едно и тоа само зошто фино си наплаќал у кафана.
Страшно, овој Грујо до каде може да оди и кафани да руши.
HARIS DZINOVIC I tebe sam sit kafano - YouTube

кнез

Posts : 541
Join date : 2014-06-04

Вратете се на почетокот Go down

Re: Приведен поранешниот градоначалник на Охрид

Пишување by YAS on Саб Ное 22 2014, 12:21

concrete напиша:

не се тендери..туку бацуење рука у која оставаш миџидија ко у песната охридска, плус мин.30% од секој проект на негова територија.
Кога му рекол СуперМен , ај сеа парите кај мене назад за "народ"  , овој се копрцал и то...сеа јеби га.. ќе си чека јуженце..
Е тоа ти се вика љубов голема.Од пони да напраиш супермен. Laughing Laughing Laughing

Инаку ова : ај сеа парите кај мене назад за "народ" ... се случува само во твоите сништа. Twisted Evil

Во реалноста е вака : ај сеа парите кај мане назад за у "мој џеб" ... Twisted Evil

YAS

Posts : 774
Join date : 2014-11-16

Вратете се на почетокот Go down

Re: Приведен поранешниот градоначалник на Охрид

Пишување by Centarec on Саб Ное 22 2014, 16:09

ако го докажат нека скапе по затвори.

Centarec

Posts : 996
Join date : 2014-11-16

Вратете се на почетокот Go down

Re: Приведен поранешниот градоначалник на Охрид

Пишување by YAS on Саб Ное 22 2014, 17:12

Нема бре тука што да докажуваат.Непартиската полиција и независното судство на ДПМНЕ однапред знаат. Twisted Evil

YAS

Posts : 774
Join date : 2014-11-16

Вратете се на почетокот Go down

Re: Приведен поранешниот градоначалник на Охрид

Пишување by YAS on Саб Ное 22 2014, 17:14

OSA напиша:e shto sega krade otkako ne e gradonacalnik ....ili go uapsija za da sprovedat ushte eden spin ,i da zatashkaat ushte eden kriminal
У праву си Осичке.Тоа е уште еден од многуте заштитни елеци кои Грујо ке ги облече како превентива од бомбата на Зајко. Twisted Evil

YAS

Posts : 774
Join date : 2014-11-16

Вратете се на почетокот Go down

Re: Приведен поранешниот градоначалник на Охрид

Пишување by concrete on Саб Ное 22 2014, 17:51

..незнам кој им е мотивот, но овој ооодддаммна требаше да омасти јуже..., дал се работи за бавна правда или за Божја, после многугодишно колнење од страна на охриѓани стварно незнам... Very Happy Very Happy Very Happy

concrete

Posts : 6049
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Re: Приведен поранешниот градоначалник на Охрид

Пишување by OSA on Саб Ное 22 2014, 18:08

YAS напиша:Нема бре тука што да докажуваат.Непартиската полиција и независното судство на ДПМНЕ однапред знаат. Twisted Evil
ako neshto neznaat ke si viknat ZASHTITEN SVEDOK i on ke im kaze shto bilo i kako bilo .....

OSA

Posts : 793
Join date : 2014-11-05

Вратете се на почетокот Go down

Re: Приведен поранешниот градоначалник на Охрид

Пишување by OSA on Саб Ное 22 2014, 18:10

concrete напиша:..незнам кој им е мотивот, но овој ооодддаммна требаше да омасти јуже..., дал се работи за бавна правда или за Божја, после многугодишно колнење од страна на охриѓани стварно незнам... Very Happy Very Happy Very Happy
gledam deka si pishal ,samo da te prasham ;SI VERUESH U OVA SHTO SI GO PISHAL ?????
ako on treba da omasti juze ,od ovie trebashe burinja so mas da polnime dodeka gi topime ko chvarki na zar ?

OSA

Posts : 793
Join date : 2014-11-05

Вратете се на почетокот Go down

Re: Приведен поранешниот градоначалник на Охрид

Пишување by OSA on Саб Ное 22 2014, 18:15

YAS напиша:

Во реалноста е вака : ај сеа парите кај мане назад за у "мој џеб" ... Twisted Evil
za ova sporev so moi prijateli ....demek ako ne im ide ne im e gujo kriv (mislat na firmi koi odvaj kuburat )ako znaele da rabotat ...koj neznae da raboti ? od ovie nemoze i najsposobnite bel den da vidat ,shtom malku prknat odma im sobira arach za u negov dzeb

OSA

Posts : 793
Join date : 2014-11-05

Вратете се на почетокот Go down

Re: Приведен поранешниот градоначалник на Охрид

Пишување by YAS on Саб Ное 22 2014, 19:01

OSA напиша:
YAS напиша:

Во реалноста е вака : ај сеа парите кај мане назад за у "мој џеб" ... Twisted Evil
za ova sporev so moi prijateli ....demek ako ne im ide ne im e gujo kriv (mislat na firmi koi odvaj kuburat )ako znaele da rabotat ...koj neznae da raboti ? od ovie nemoze i najsposobnite bel den da vidat ,shtom malku prknat odma im sobira arach za u negov dzeb
Тоа е стилот на работа на ДПМНЕ.Штом забележат успешна фирма,одма праќаат гавазите да му објаснат на газдата колку рекет треба да плаќа како донации во партиската каса.Ако одбие, ке му натоварат на врат мал милион инспекции,полиција,обвинители,корумпирани судии кои ке го пратат во притвор,а бизнисот преку нок ке пропадне или ке премине во рацете на докажан партиски војник.

YAS

Posts : 774
Join date : 2014-11-16

Вратете се на почетокот Go down

Re: Приведен поранешниот градоначалник на Охрид

Пишување by concrete on Саб Ное 22 2014, 19:32

OSA напиша:
YAS напиша:

Во реалноста е вака : ај сеа парите кај мане назад за у "мој џеб" ... Twisted Evil
za ova sporev so moi prijateli ....demek ako ne im ide ne im e gujo kriv (mislat na firmi koi odvaj kuburat )ako znaele da rabotat ...koj neznae da raboti ? od ovie nemoze i najsposobnite bel den da vidat ,shtom malku prknat odma im sobira arach za u negov dzeb
..само од бели ајкули и локални сомови OSA.., кој е паметен не пораснуе поише од просечен делфин или дури белвица ...и не плива на домашен пазар туку у меѓународни води....така ситен никој не те гледа , освен ..јебига, ако не си среќлија право на харпун да налеташ...но тоа веќе  се вика к'смет... Very Happy

concrete

Posts : 6049
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Re: Приведен поранешниот градоначалник на Охрид

Пишување by concrete on Саб Ное 22 2014, 19:33

YAS напиша:
OSA напиша:
YAS напиша:

Во реалноста е вака : ај сеа парите кај мане назад за у "мој џеб" ... Twisted Evil
za ova sporev so moi prijateli ....demek ako ne im ide ne im e gujo kriv (mislat na firmi koi odvaj kuburat )ako znaele da rabotat ...koj neznae da raboti ? od ovie nemoze i najsposobnite bel den da vidat ,shtom malku prknat odma im sobira arach za u negov dzeb
Тоа е стилот на работа на ДПМНЕ.Штом забележат успешна фирма,одма праќаат гавазите да му објаснат на газдата колку рекет треба да плаќа како донации во партиската каса.Ако одбие, ке му натоварат на врат мал милион инспекции,полиција,обвинители,корумпирани судии кои ке го пратат во притвор,а бизнисот преку нок ке пропадне или ке премине во рацете на докажан партиски војник.
А сдсм им праќаше локум , водичка и бели бубрези...нели??? Very Happy Very Happy Very Happy

concrete

Posts : 6049
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Re: Приведен поранешниот градоначалник на Охрид

Пишување by Sahara raj on Саб Ное 22 2014, 20:26

Imalo bacuenje raka i kaj sdsm, imalo! Ama kaj ovie , pokraj raka,treba i mnogu drugi mesta da se bacat ! Koj mesta? E toa izgleda konkret najdobro si znae! Very Happy

Sahara raj

Posts : 84
Join date : 2014-11-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: Приведен поранешниот градоначалник на Охрид

Пишување by concrete on Саб Ное 22 2014, 20:31

Sahara raj напиша:Imalo bacuenje raka i kaj sdsm, imalo! Ama kaj ovie , pokraj raka,treba i mnogu drugi mesta da se bacat ! Koj mesta? E toa izgleda konkret najdobro si znae! Very Happy
..знае, знае.., проблемот е кај оние како Сахара рај кои незнаат, па свашта бацуат.., после завидуат и опањкаваат нели??? Very Happy Very Happy

concrete

Posts : 6049
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Re: Приведен поранешниот градоначалник на Охрид

Пишување by Sahara raj on Саб Ное 22 2014, 20:38

concrete напиша:
Sahara raj напиша:Imalo bacuenje raka i kaj sdsm, imalo! Ama kaj ovie , pokraj raka,treba i mnogu drugi mesta da se bacat ! Koj mesta? E toa izgleda konkret najdobro si znae! Very Happy
..знае, знае.., проблемот е кај оние како Сахара рај кои незнаат, па свашта бацуат.., после завидуат и опањкаваат нели??? Very Happy Very Happy
Sahara bacue samo zensko i kaj sto treba! Na tie sto znaat im ostavam da se bacuvaat,  guskaat i stipkaat - shodno karakter i prirodno opredelenje! 
A gledajki gi kako toa go pravat vo javnost, kako na primer so onoj bombajskiot mustaklija, dobro im ide. 
Koj znae sto pravat pozadi kameri!

Sahara raj

Posts : 84
Join date : 2014-11-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: Приведен поранешниот градоначалник на Охрид

Пишување by YAS on Саб Ное 22 2014, 21:40

concrete напиша:
Sahara raj напиша:Imalo bacuenje raka i kaj sdsm, imalo! Ama kaj ovie , pokraj raka,treba i mnogu drugi mesta da se bacat ! Koj mesta? E toa izgleda konkret najdobro si znae! Very Happy
..знае, знае.., проблемот е кај оние како Сахара рај кои незнаат, па свашта бацуат.., после завидуат и опањкаваат нели??? Very Happy Very Happy
Чекај цигло.Ти тоа потврдуваш, дека покрај бакнуење копито...пардон, рака...за добивање тендер од власта мораш да бакнуеш и некои други места??? Laughing Laughing Laughing

YAS

Posts : 774
Join date : 2014-11-16

Вратете се на почетокот Go down

Re: Приведен поранешниот градоначалник на Охрид

Пишување by concrete on Саб Ное 22 2014, 23:38

хммм...не, ама пошто глеам дека со Индиецов имате некои занимливи фантазии ќе почнам редовно да мијам раце после муабет со вас на форумов..., сигурно си е сигурно.... Very Happy Very Happy Very Happy

concrete

Posts : 6049
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Re: Приведен поранешниот градоначалник на Охрид

Пишување by YAS on Саб Ное 22 2014, 23:55

Не верувам дека тастатурата толку ти е нечиста.Што и направи?Истури радлер врз неа? Laughing Laughing Laughing 
Сепак подобро би било да обрнеш внимание на хигиената после добивањето на некој тендер. Twisted Evil

YAS

Posts : 774
Join date : 2014-11-16

Вратете се на почетокот Go down

Re: Приведен поранешниот градоначалник на Охрид

Пишување by Sponsored content Today at 16:38

Sponsored content

Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 3 1, 2, 3  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот