ВЕТЕРНИЦА
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Бизнис со оружје

5 posters

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Go down

Бизнис со оружје Empty Бизнис со оружје

Пишување by Arhimed Саб Окт 25 2014, 01:38

Ова заслужува нова тема.

Едно име ми падна во очи - Нелко Менкиновски.
Уапсен во 2006, кога МВР прекина транспорт на оружје во Бугарија. Осуден во првостепена постапка, во 2009 Врховниот ја укинува пресудата линк, Вечер. За овој случај не најдов на интернет ништо ново - што се случило со постапката за ова дело.

Менкиновски е спомнат и во пресудата против Бучковски - две години затвор во првостепена постапка - (Кајгана), за Апелација да му ја преиначи казната во условна (Фокус)
Фокус напиша:Покрај Бучковски, две години затвор според одлуката на Апелација доби и поранешниот началник на Генералштабот на АРМ, Методи Стамболиски, поради случајот со набавките на тенковски делови.

Апелацискиот суд ја преиначи одлуката и во однос на другите обвинети. На Ацо Ѓурчевски, поранешниот државен советник во Министерството за одбрана и на Нелко Менкиновски, како и на директорот на МЗТ ФОБ Митре Петковски наместо затворски, им се изречени условни казни.

-На обвинетите им се изрекува алтернативна мерка – условна осуда во која за секој од нив пооделно се утврдува казна затвор во траење од по една година која нема да се изврши доколку тие во време од 3 години по правосилноста на пресудата не сторат ново кривично дело”, соопшти судот.
Сега Нелко во Арсенал го товарат за шверц од 2004 до 2009. Пак ли ќе се извлече Нелко?

Arhimed

Posts : 242
Join date : 2014-06-11
Location : Мисисага, Канада

Вратете се на почетокот Go down

Бизнис со оружје Empty Re: Бизнис со оружје

Пишување by concrete Саб Окт 25 2014, 10:35

Одговорот е прост...:..пак, додека не умре од старост или не пољуби метак у врв, срдечно испратен од некој незадоволен бизнис партнер..,ако стане непријатен товар  Very Happy Very Happy Very Happy
..иако ова второво е малку веројатно, тој е сепак изгледа ситен просечен европски бизнисмен со локални клиенти, малку повеќе храброст и фантазија, некои познанства од младоста , очигледно добро-зборечки на некој од јазиците кои се користат во еснафот..ова онака од тепка човекот не го познавам, освен она што прочитав на нет. после твојов пост.
Но тоа ти е мој Архимеде, ризикот на живеењето.
Инаку многу пара се ваља во таа сфера. Немаш појма пак какви се не ојлевци и дојлевци, претежно недоучени и од типот мали џокици се вклучија овде во него. Некои и се обогатија и оставија дури и латифундии на наследниците. Типично за транзициска земја, во која пред тоа таквото задоволство беше резервирано само за  SDPR и JNA и малку достапно , море ич на очите ма смртните граѓани..
Со оружјето секогаш иде кеш сува пара во енормни количини, за подмачкување, а и затоа што во секоја држава таа сфера е закукуљена-замумуљена и обвиткана со седум обланди.., а најинтересен е фактот што ептен личи на љубовта..никад точно не знаеш кој со којо се ебе.., па затоа гледано од страна некогаш се запрепастуваш.... Very Happy Very Happy Very Happy
concrete
concrete

Posts : 7035
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Бизнис со оружје Empty Re: Бизнис со оружје

Пишување by кнез Саб Окт 25 2014, 15:54

Темава е супер и продажбата на оружје е еден од 10-те најважни артикли воопшто.
Ако се види кој е главен во извозот на оружје веднаш многу рабти стануваат појасни.
Зошто никој не ја потегнал медиски оваа тема како што треба,па да видиме кој е најмилитаристичката држава во светот, кој тоа произведува најмногу оружје, па кој тоа продава најмногу оружје. Very Happy

кнез

Posts : 688
Join date : 2014-06-04

Вратете се на почетокот Go down

Бизнис со оружје Empty Re: Бизнис со оружје

Пишување by Arhimed Саб Окт 25 2014, 16:31

кнез напиша:Ако се види кој е главен во извозот на оружје веднаш многу рабти стануваат појасни.
Зошто никој не ја потегнал медиски оваа тема како што треба,па да видиме кој е најмилитаристичката држава во светот, кој тоа произведува најмногу оружје, па кој тоа продава најмногу оружје. Very Happy
Извоз на демократско оружје е тоа. За одбрана.
Фино К-15 направија скеч, ќе го преименуваме министерството за одбрана во Министерство за Напад Smile. Сите од некого се бранат.



Arhimed

Posts : 242
Join date : 2014-06-11
Location : Мисисага, Канада

Вратете се на почетокот Go down

Бизнис со оружје Empty Re: Бизнис со оружје

Пишување by concrete Саб Окт 25 2014, 16:58

..шемата е од вјек и веков таа.
Војната, нападот или одбраната секогаш биле  ставани на  висока полица и прогласувани за работи од најголем интерес. Со тоа автоматски се завиваат зад превезите на најтемните драперии на тајните и се што иде со тоа. Никој ништо не прашува, а и не смее да праша...кој би смеел, одма се добива по прсти Very Happy Very Happy Very Happy
Што сакате подобри услови за МЕГАЛО ДУБАРИ???
А кога веќе бизнисот е развиен, ако случајно позабави веднаш му се дотура гориво...и тоа е тоа. Лова до крова.
Рука на срце врзува многу ум и работна рака за која нема друг ангажман.
Исто како автомобилската индустрија на пример, само со мноооогу поголеми капацитети за убедување на потрошувачите.
А бидејќи за да истите какви се неписмени  осознаат кои им се потребите, за да бидат мирни, за да децата им растат безбедни и весели, постојат зилион професионалци, посредници и остали заебанти... кои тоа им го објаснуваат, истовремено бутајќи им голема пара на оние кои треба да одлучат. Голема, но ни капка према онаа која глупите овци ќе ја платат после .
Многу често ваквите зделки се и само заради провизијата. Ниту му требаат работите некому , ниту некој знае зошто ги набавува.., ниту што набавува и со кој квалитет.
Скоро 90% од она што е произведено како оружје , животниот век го минува по магацини, на тренинзи и вежби..без да омириса вистинска војна.
Али затоа шоуто мора да тече. Џон Кенеди проба да ги усмери средствата од војно индустрискиот комплекс према освојувањето на вселената.., но тоа значеше парите од едни џебови да преминат во други, и нормално оние кои ги имаа во џеб лесно се одлучија да платат услуги на снајпери. Very Happy Very Happy Very Happy
А во негово време таа мафија беше во детски јасли за разлика од сега кога е на трет докторат ....
concrete
concrete

Posts : 7035
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Бизнис со оружје Empty Re: Бизнис со оружје

Пишување by кнез Саб Окт 25 2014, 19:21

Постов е многу инспиративен за мене,и ме натера да напишам нешто во врска избраните од народот пратеници кои управуваат со заедничката држава и заедничките работи.
Бидејќи овие сега се на трет докторат, и длабоко загазија како никогаш претходно во историјата,во овластувањата и надлежностите на избраните од народот преставници веднаш се доаѓа до заклучок дека во моментов има само неколку во светот демократски држави од кој секако апсолутно најважна е Русија.
Народов го чувствува тоа и затоа го сака толку Путин, но удрен ко со мокра чорапа од медиумиве никако не може да го артикулира и постојано губи во таков судир од истренираните соросоидни Милчини,Латаси и останати.
Неговата совест и свест говорат едно но кога ќе слуша вести и ќе го удрат со ЕУи НАТО со нашите "партнери и пријатели"тој каков што e, за себе мисли дека е мал и не знае повеќе од нели "големиве авторитети" па го премолчува тоа и го држи во себе за да не се посрамоти и не се спротивстави на "големиве авторитети".
Најлошо е што обичниот човек е плашлив,се плаши да се спротивстави да не изгуби, пак, сега нешто лично,а,и , во вербалнниот конфликт овие се професионални манипуланти и прстои опасност и да го понижат и направат глупав.
Ако се соборат тие мантри ЕУНАТО демократија........со кој секојдневно го бомбардираат,тогаш ќе се трзне да размислува и да го искаже своето мислење,а тоа секако ќе биде истерување на реалноста на мегдан. Very Happy
Не мсилам само на Македонецот туку и на сите овие држави-губитничи во транзицијава(од Естонија до Македонија) и историски губитници)од Грција до Португалија)од разноразни причини.

кнез

Posts : 688
Join date : 2014-06-04

Вратете се на почетокот Go down

Бизнис со оружје Empty Re: Бизнис со оружје

Пишување by concrete Саб Окт 25 2014, 19:49

хммм, Руссија... Русија направи невиден квантен скок од 1905 до 1912-13..па и 14. Веднаш ја спастрија со Ленин кого кајзеровата тајна полиција преку Финска го испорача во Петербург... Плус тоа види кој е кој во политбирото во тоа време.
Искрено речено многу ме плаши судбината на Руссија 100 години подоцна..Путин е во истата опасност како и Пјотр Столипин. Тој Пјотр ја мрдна Русија со ВОРП погон...и тој беше министер за внатрешни работи , а после најуспешниот премиер кој Руссија некогаш го имала....додека не го скинале 1911..... Cool
concrete
concrete

Posts : 7035
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Бизнис со оружје Empty Re: Бизнис со оружје

Пишување by чучулига Саб Окт 25 2014, 20:59

Прашање конкрит,

за да ја знајш шемата треба или да си ја осмислил, или да си учествувал во смислувањето и/или спроведувањето.

Ај малку ако сакаш образложи за своите познавања на темата.

Тенкјууууу!

чучулига
чучулига

Posts : 13528
Join date : 2014-07-11

Вратете се на почетокот Go down

Бизнис со оружје Empty Re: Бизнис со оружје

Пишување by concrete Саб Окт 25 2014, 22:09

чучулига напиша:Прашање конкрит,

за да ја знајш шемата треба или да си ја осмислил, или да си учествувал во смислувањето и/или спроведувањето.

Ај малку ако сакаш образложи за своите познавања на темата.

Тенкјууууу!


...не ве разбирам почитувана Чучулиге???  за која точно шема зборувате???...ако е онаа спомната со сентенцата:..шемата е од вјек и веков таа.   незнам што да кажам...сепак не сум стар уште од времето на дедо Ное.. Very Happy Very Happy
concrete
concrete

Posts : 7035
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Бизнис со оружје Empty Re: Бизнис со оружје

Пишување by чучулига Саб Окт 25 2014, 22:17

То и ми е муабетот...

никој не бил сведок а се повикуваме на правила. Од каде, зошто? Кој тврди дека така некогаш било?

Зато, "обеси мачки о реп" ако не е се" 100% сигурно.

Имав убав потпис на воденица "барем знам дека ништо не знам"

чучулига
чучулига

Posts : 13528
Join date : 2014-07-11

Вратете се на почетокот Go down

Бизнис со оружје Empty Re: Бизнис со оружје

Пишување by concrete Саб Окт 25 2014, 22:34

ех.. колку си брза во заклучоците, без ни малку фантазија или желба за гледање у гравче....
...и зар со цел памет мислиш дека еден џентлмен и на сон би зборувал за своите искуства, знаења и сознанија во една област каква е и љубовта  Smile
concrete
concrete

Posts : 7035
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Бизнис со оружје Empty Re: Бизнис со оружје

Пишување by чучулига Саб Окт 25 2014, 22:52

concrete напиша:ех.. колку си брза во заклучоците, без ни малку фантазија или желба за гледање у гравче....
...и зар со цел памет мислиш дека еден џентлмен и на сон би зборувал за своите искуства, знаења и сознанија во една област каква е и љубовта  Smile

Џентлмен, вистински џентлмен никогаш не инсинуира.

Џентлмен нема потреба да биди докажан ко џентлмен.

(Во реалноста, конкрит е џентлмен, прикажано и признаено од чучулиг)
чучулига
чучулига

Posts : 13528
Join date : 2014-07-11

Вратете се на почетокот Go down

Бизнис со оружје Empty Re: Бизнис со оружје

Пишување by кнез Саб Окт 25 2014, 23:09

concrete напиша:хммм, Руссија... Русија направи невиден квантен скок од 1905 до 1912-13..па и 14. Веднаш ја спастрија со Ленин кого кајзеровата тајна полиција преку Финска го испорача во Петербург... Плус тоа види кој е кој во политбирото во тоа време.
Искрено речено многу ме плаши судбината на Руссија 100 години подоцна..Путин е во истата опасност како и Пјотр Столипин. Тој Пјотр ја мрдна Русија со ВОРП погон...и тој беше министер за внатрешни работи , а после најуспешниот премиер кој Руссија некогаш го имала....додека не го скинале 1911.....  Cool
Тие се обидоа и со Путин и тоа повеќепати, се обидуваат и сега во моментов, а тоа што им се слаби позициите се должи на огромната сила на Путин (Петар Велики).
Беслан,Курск,Театарот,Каспаров и останата братија,го сакаат истото што го направија дури и во Украина,па така сега Јацењук и останатите(истите од централниот комитет на КПСС),се модрените Ленини.
За моја огромна жал,зошто мислев дека таа болест ја имаа преболено.

кнез

Posts : 688
Join date : 2014-06-04

Вратете се на почетокот Go down

Бизнис со оружје Empty Re: Бизнис со оружје

Пишување by чучулига Саб Окт 25 2014, 23:17

То е многу површно.

Доволно за почеток на анализа, ама не е добро во никој случај за заклучок.
чучулига
чучулига

Posts : 13528
Join date : 2014-07-11

Вратете се на почетокот Go down

Бизнис со оружје Empty Re: Бизнис со оружје

Пишување by concrete Нед Окт 26 2014, 00:33

чучулига напиша:То е многу површно.

Доволно за почеток на анализа, ама не е добро во никој случај за заклучок.

..ако се однесува на госсподинот од првиот пост, премногу често се спомнува за да би бил случајна појава или само носач на  куферчиња или шишиња со пари Very Happy Very Happy Very Happy  
Како гледам уште од онаа необичната афера со германските пушки со чуден калибар на пропатување низ магацините на МЗТ на пат кон Арсенал од Казанлк... Very Happy  Па резервни делови за тенкови кои не постојат, па сеа и ревизии на Ми17 за наводно крупна пара во Украина..  Во секој случај мора бар руски да збори течно....
..но и целава приказна  е малку чудна и вмро-овски смотана и некако нејасно млитава. т.е. сакам кажам-незнам речам затоа што и јас би го брцнал прстот во медот, а дигам џева само затоа што некој не ме викнал на брцањето Very Happy Very Happy Very Happy Very Happy
Еве и сега пред некој ден имаше некој пожар-експлозија што ли во "фабрика" на среде  мирна Скопска населба која ги чини во тешки мака изгубен живот на три човека, па мукла никој ништо не збори. А такви работи не се праат без знаење и одобрение на врвот на оние задолжените да знаат..
Фирма која се вика  http://www.icemak.com.mk/military-products.html..и има сиц..баш програма за каква збориме. А газдата....анонимен аматер демек... Very Happy  Very Happy  Very Happy
Се сетив пак на онаа сцена кога Брат Љубе со црна паларија и високо закопчен .капут у магловито глуво дома се шеташе околу камионот експлозив уловен на Табановце.
Јадникот појма да ти нема дека којзнае колку години рударски експлозив од Албанија каде се произведуваше, преку Македонија оди за Србија, не му кажале мангупите, па чоеков ко клен голтна удица. И не ми беше последен пат....Very Happy Very Happy Very Happy
Таква да не биде и оваа хеликоптерска ујдурма....
concrete
concrete

Posts : 7035
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Бизнис со оружје Empty Re: Бизнис со оружје

Пишување by чучулига Нед Окт 26 2014, 00:42

Аххххх,

појма немам.

Изгледа погрешно си ме разбрал.

Јас не шпекулирам, никогаш, ако знам, оп на тацна.

А за приказни, секој рибар или ловџија бива.

Туку, сум на мисла да се исселам. Ми се збоктиса.
чучулига
чучулига

Posts : 13528
Join date : 2014-07-11

Вратете се на почетокот Go down

Бизнис со оружје Empty Re: Бизнис со оружје

Пишување by concrete Нед Окт 26 2014, 00:54

.....на каде ти фаќа умот??? Very Happy
concrete
concrete

Posts : 7035
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Бизнис со оружје Empty Re: Бизнис со оружје

Пишување by чучулига Нед Окт 26 2014, 01:20

Мјанмар (Бурма)

ако е режим бар да е ражим.

Или Финска (ради кучињата, поубо им е на студено)
чучулига
чучулига

Posts : 13528
Join date : 2014-07-11

Вратете се на почетокот Go down

Бизнис со оружје Empty Re: Бизнис со оружје

Пишување by king Нед Окт 26 2014, 01:28

чучулига напиша:Мјанмар (Бурма)

ако е режим бар да е ражим.

Или Финска (ради кучињата, поубо им е на студено)

Јас си реков... ради децате ..а она ради кучињата! Very Happy
king
king

Posts : 11124
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Бизнис со оружје Empty Re: Бизнис со оружје

Пишување by чучулига Нед Окт 26 2014, 01:31

А аааааааааа

не е проблем, пак ќе повториме

чучулига не е мајка.

Така требало да биди.

Треба да ја запалите на клада?
чучулига
чучулига

Posts : 13528
Join date : 2014-07-11

Вратете се на почетокот Go down

Бизнис со оружје Empty Re: Бизнис со оружје

Пишување by king Нед Окт 26 2014, 01:59

чучулига напиша:А аааааааааа

не е проблем, пак ќе повториме

чучулига не е мајка.

Така требало да биди.

Треба да ја запалите на клада?

Јок бе ... каква клада .... скраја да е ...
..туку ако е така .... не ми е јасно за кого рмбаш и се мачиш да ствараш нешта?
..ај ..некој „страничен роднина“ на кој очи не си му видела ... после неодреден број години ќе му се нарадува на твоето ... Twisted Evil Twisted Evil Laughing
king
king

Posts : 11124
Join date : 2014-02-19

Вратете се на почетокот Go down

Бизнис со оружје Empty Re: Бизнис со оружје

Пишување by Arhimed Нед Окт 26 2014, 02:31

concrete напиша:Еве и сега пред некој ден имаше некој пожар-експлозија што ли во "фабрика" на среде  мирна Скопска населба која ги чини во тешки мака изгубен живот на три човека, па мукла никој ништо не збори. А такви работи не се праат без знаење и одобрение на врвот на оние задолжените да знаат..
Фирма која се вика  http://www.icemak.com.mk/military-products.html..и има сиц..баш програма за каква збориме. А газдата....анонимен аматер демек... Very Happy  Very Happy  Very Happy
Се сетив пак на онаа сцена кога Брат Љубе со црна паларија и високо закопчен .капут у магловито глуво дома се шеташе околу камионот експлозив уловен на Табановце.
Јадникот појма да ти нема дека којзнае колку години рударски експлозив од Албанија каде се произведуваше, преку Македонија оди за Србија, не му кажале мангупите, па чоеков ко клен голтна удица. И не ми беше последен пат....Very Happy Very Happy Very Happy
Таква да не биде и оваа хеликоптерска ујдурма....
Ицемак беше тнр погон за пиротехника, каде настрадаа 3-ца вработени. Изгледа и оружје правеле, ...
Браво за информацијата Конкрит!

Arhimed

Posts : 242
Join date : 2014-06-11
Location : Мисисага, Канада

Вратете се на почетокот Go down

Бизнис со оружје Empty Re: Бизнис со оружје

Пишување by concrete Нед Окт 26 2014, 06:49

чучулига напиша:А аааааааааа

не е проблем, пак ќе повториме

чучулига не е мајка.

Така требало да биди.

Треба да ја запалите на клада?

А аааааааааа
не збори глупости, прво каква клада какви бакрачи, никако да сватиш дека овде се дружиш со фини, добронамерни, нај пријателски расположени луѓе,
второ.....млада дамо, никад не кажи никад.
И каков бе Мирамар, каква бурма или Финска. У првата врие разни заебани инсекти и буби, а втората е КОЧААААН ЛАДНА. А ти колку знам не си хаски.... Very Happy
concrete
concrete

Posts : 7035
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Бизнис со оружје Empty Re: Бизнис со оружје

Пишување by concrete Нед Окт 26 2014, 07:05

Arhimed напиша:
concrete напиша:Еве и сега пред некој ден имаше некој пожар-експлозија што ли во "фабрика" на среде  мирна Скопска населба која ги чини во тешки мака изгубен живот на три човека, па мукла никој ништо не збори. А такви работи не се праат без знаење и одобрение на врвот на оние задолжените да знаат..
Фирма која се вика  http://www.icemak.com.mk/military-products.html..и има сиц..баш програма за каква збориме. А газдата....анонимен аматер демек... Very Happy  Very Happy  Very Happy
Се сетив пак на онаа сцена кога Брат Љубе со црна паларија и високо закопчен .капут у магловито глуво дома се шеташе околу камионот експлозив уловен на Табановце.
Јадникот појма да ти нема дека којзнае колку години рударски експлозив од Албанија каде се произведуваше, преку Македонија оди за Србија, не му кажале мангупите, па чоеков ко клен голтна удица. И не ми беше последен пат....Very Happy Very Happy Very Happy
Таква да не биде и оваа хеликоптерска ујдурма....
Ицемак беше тнр погон за пиротехника, каде настрадаа 3-ца вработени. Изгледа и оружје правеле, ...
Браво за информацијата Конкрит!
и уште е.... мислам тнр погон за пиротехника..... веројатно , оружје сигурно не прават, може само тргуваат у свое име, за нечија сметка, а информацијата ти е од дневен печат Very Happy Very Happy

Инаку имаш ли некоја идеа како можеме да понудиме портабл ракетен систем у товарна ауто приколка, за 20 км. домет, со глава од 5 кила, наведуван со оптички "конец" и камера во врвот. Ми се здосади да читам за оние самопрајски петарди кои Хезболах наводно ги пука на Израел за да си напраи после беља давајќи повод за дебело бомбардирање. Ако решиле да пукаат, нека пукаат со резултат. Цена по договор..., но секако достапна Very Happy Very Happy Very Happy Very Happy
concrete
concrete

Posts : 7035
Join date : 2013-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Бизнис со оружје Empty Re: Бизнис со оружје

Пишување by чучулига Сре Окт 29 2014, 00:50

king2 напиша:

Јок бе ... каква клада .... скраја да е ...
..туку ако е така .... не ми е јасно за кого рмбаш и се мачиш да ствараш нешта?
..ај ..некој „страничен роднина“  на кој очи не си му видела ... после неодреден број години ќе му се нарадува на твоето ... Twisted Evil Twisted Evil Laughing

Ауууууу колку си ти еднонасочен скраја да е.

Види, јас сум позитивна личност.. и прагматична ако смеам така да кажам.

Шо би рекле америте, ако животот ми дал лимони, јас прам лимонада.

Немам деца факт, не дозолувам то нешто да ме спречи да продолжам понатаму, напротив, немајќи деца, шетам, учам, запознавам многу други аспекти од животот кои никогаш не би ги доживеала доколку би била мајка.

И, не се мачам.

Уживам во животот. То шо ми е на располагање.

чучулига
чучулига

Posts : 13528
Join date : 2014-07-11

Вратете се на почетокот Go down

Бизнис со оружје Empty Re: Бизнис со оружје

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот